не е само со јадењето, исто е со други работи.на пример , ја носам средена јас измиена заби лице обечена намачкана исчешлана за да по пола час откако ќе заминам одма ја преслекува и коса и се .најтрагично е пшто досега незнаев дека таа ги истура цели оброци оти малото ,,не ги јадело,, . денес се отвори и кажа по две години затоа ми пукна филмот.истото со мене направено нема никаков проблем за јадење.немам избор за зависноста за жал.за многу работи сме узурпирани иако,, делени,, со спратови и врати и се.и порано пишував за инвазијата во дворот од неа кој за жал не го користам од тие причини . знам дека можи е џабе се дури завцисам ама сакав да се исплакам едноставно не се почитува моето дури сум отсутна т.е во нејзини саати јас ќе правам како сакам јас ја чувам- е муабетот меѓу редови.и капак ко ќе си дома во дворот ако излезите.
незнам точно оти се до денес живеев во заблуда,мислев го јаде моето јадење и не ми беше јасно зошто едвај изговара зборови кога ќе прашам што јадела..
Безобразно. Колку и да имам различни размислувања со мојата свекрва уште прв ден ќе ми кажеше дека детето не го изело јадењето и му дала нешто друго. Го имам оставено на неколку саати зашто немам доверба за повеќе и кога ми го носат одма добивам рапорт што јадел, дали какал, што си играл...исто како во градинка да бил. Со право си изреагирала, јас би била бесна. Пробај да се снајдеш друг да го чува, а идеално во градинка да останува цел ден.
@DoubleK и мене таа ми ја чува ,и си кажа од прв ден зависиш од мене и ќе и правам што сакам и стварно е/ беше така. Исто "не јадеше " од тоа па и правев ова... И на крај се откажав само да не е гладна ,а е зошто стагнира со килажа откако почнав на работа. Ама тоа е ,не дека во градинка би јаделе поздраво или па би им се "треселе" повеќе. Оттрпнав во поглед на јадење (освен со тетрапак млекото за тоа уште се нервирам) најмногу затоа што до 10 месеци(толку бев дома) се потрудив да јаде што е можно поздраво и поквалитетно ,без сол/ шеќер. За додуше за солта ме послушуваше и за шеќер ако не рачунаме "коцка" животинско царство. И тоа за ова дознав дури сега. Исто ако не ја прашам што правеле ништо не кажува па и ако ја прашам знае да каже ,јадена пиена ,секаква е ајде чао... Јас сакав камера да ставам ама мм не ми даде.... Може муабетов звучи остави и го детето што сака нека му прави ,ама не не мислам така. Туку друго ме чуди ,како после 2 години сега и текна да ти каже ?
Не чини и да си ќутите да не се замарате со ништо. Другарка за снаа и, "татко ми и збори и збори она само ќе каже "не се замарам јас со тоа не ме интересира". Ако бидете после породување ако покажете емоции за време на доењето, немојте и тоа никако. За готвење исто не чини ни да готвиш ни да неготвиш.
Зависиш од мене и ќе правам што сакам? Како прејде преку ова? Јас би направила се, но на таква жена маче не би оставила, а не дете.
Исто и јас. Па тој маж што дозволува така да зборува мајка му, нека се снаоѓа сам со една плата, јас ќе си го чувам детето.
@edna_malecka Потврдувам. Две години ништо од мене немаше каснато ,ни благо , ни солени ,ни ручек. Завчера направив само колку за нас ,кога виде изедено побара... Ај сега ?! И тоа Цитирам : " Бравос бе домаќини ,све сте изеле сега јас што ќе јадам ? " И јас не знам право да ти кажам. Се тешам дека се работи за само 2 месеци. А поради кредит не можам да земам неплатен одмор... Дека сум се покајала и што се омажив изминатата година ,сум нема што да се правам тука нешто јака. @Oneo морам заради кредит да работам
неверојатно Кога ќе изумре овој вид на хомо сапиенс? Ме пресмеа, ама многу добро те разбирам дека ти параат уши зборовите. Враќај, не ќути. Како ќе ти дојде, враќај. Поценета ќе си. Јас кога бев трудна, на свекорите полот не им го кажувавме веднаш. Свекрва си искоментира надежно и мечтателно "јас женско сакам" , двајца внуци имаат, а и јас синче имам сега. Свекор додаде "првото машко нека е, второто женско" Не знам можда маж ми им врати нешто, јас реков 50:50 сте во право. море ми иде да ги ошамарам. А најглуп муабет дури бев бремена беше од јатрва кога има кажавме пол на бебето, со маж ѝ коментарот беше "аах ќе видите како е со машко", оти тие препекани за женско и сега демек ќе си видите која тешкотија е со машко, демек убедени се дека со женско е подобро. Леле човече значи ЈАС си го носам детево, козичка една. Колку глупав коментар не ми се верува, на бремена такво нешто да ѝ кажеш. И во една ситуација свекориве нешто зборуваа, само со мене и маж ми бевме и свекиво вели за јатрвава "таа сака женско" го промумла тоа онака, јас ѝ велам "е добро и ако е машко ќе абортира??" И двајцата се запелтечија. Зашто јатрвава има велено ќе раѓала пак само ако била сигурна дека е женско. А бе колку ми се нонсенс муабетиве да знаете...
Муабетиве ми звучат како “ штрк да носи бебе по желба”, ти сакаш машко аха важи,ти женско аха важи. Ко наградна игра да е. Пу!
Ау, ау мислиш желботека е ова. Јас секогаш викав уште пред да се мажам, би сакала да имам син, ама што и да е само здраво да е, воопшто и не е битен полот исто се сакаат. Еве желбата ми се исполни, имам син, но и ќерка да беше немаше да ја сакам помалку. Глупа работа е да раѓаш за да погодиш пол. Страшно.. И мене јатрвата ми коментираше откако се роди, ќе видите шо ве чека, а таа има две девојчиња. Од такви глупи коментари ми се лоши..