Де бе сега ќе идеме до крајност така?Ако ја фати пролив?! Чим е до толку дојдена работата да нема разбирачка ќе чекам кога е дома маж ми да се туширам,или кога ќе спие детето.И да е така да му даде дур се туширам ќе се погоди ден два во неделата,не секој ден.
Епа то е проблемот не стално свекрвите се разбираат, а ако се нема разбирање ке има кавги. Не е работа секој ден да се караат кога им се вели нешто не и готово. Зато настрана и ке си седи рат
Јас убаво ја разбрав поентата.Значи станува збор за неразбрани луѓе,со кои делиш живеалиште,ама баш дека се такви немаш поинаков начин да се справиш со нив освен постојан надзор.Околу туширањето одењето во веце,да,сум се туширала со нив,сум одела во вц,едноставно сум немала избор.Беа премногу мали за да разбираат да не се повредат.Помина и тоа.Сега одам сама,ама редовно дремат пред врата и прашуваат дали сум готова. Епа нема и заедница,и помош за раат туширање,јадење,и само твои правила да се почитуваат.Да живееш со разбрани нормални луѓе нема ни да бараш ваков совет.
Ќе кажеш дека си одлучила од денеска нема давање ништо на детето освен главните оброци и здрави ужинки. На секое нивно давање ќе ја тргаш храната на страна и смирено ќе им повториш нема давање глупости за јадење. И така милион пати додека не им здосади. За тоа идење во вц итн, детето со вас нормално исто како што моето доаѓа со мене зашто немам свекрва да го причува да се избањам.
Без мој надзор нема да го гледаат детето. Им кажуваш неколку пати, ако не разбираат нема друго што да се прави. А за тоа за вц или туширање, ќе си ги земате со вас, како што правиме ние што сме сами.
Ако живеете заедно никако и за ништо со неразбрани луѓе нема да се разбереш. Јас после два месеци дознав дека и дава животинско царство по "коцка" секој ден и супа за доручек - да купечка со петел . Пошто нели моите кашички не ги јадеше. И морав да измислам лага за да не и вика веќе куце ,кут кут ,куц куц. Оти со убаво и со не сакам така да и викаш после 10 тина пати кажано немаше ефект ,исто ко на ѕид да зборувавме и јас и мм. И реков дека додека бевме кај моите комшиката викала по кучето да го рани и ќерка ми се вртела ,дека утре ќе и се деси пак дека детето веќе мисли куче е Нормално тогаш ми смени тема не ме ни сослуша. И да пак се случува да и викне така и ја поправам ,првиот пат као заборавив,ако реков јас секогаш ќе те потсетам.
Да и кога сум во тоалет го земам со мене и заедно се тушираме и не знам што е толку чудно, не живеам со свекор свекрва ниту ми треба помош дури и за мои физиолошки потреби @crazylady ако немаш друга опција и си приморана да го чуваат тогаш седнуваш и правиш муабет, во спротивно не го давај и готово
Незнам како се реши сега да икажи валјда и збоктиса секој ден со тавите се носам горе јадење јас и се си кажа не јадело. а фактички е дека таа уствари не го ни нуди моето јадење дирек го турва. те разбирам зошто мора да се оди на работа, да не мора и јас до прваче не би работела би си го гледала сама детето ама едоставно немаме услови за така...сега на градинката само се молам да и е супер да е по цел ден таму само некој сат дома , и таа и јас минимални контакти ќе имаме со баба и.
Еее таман работа да викам некој за да го причува бебето додека сум во вц,хаха. 2 минути работа. Јас и никогаш не се бањам додека сум сама со децата. Ќе почекам маж ми да си дојде. на детето му се обраќа како на куче? Ретардирана работа. Жал ми е за детето, извини вака. Што биде со градинка, нели ќе почнеше?
А како треба да се справам за мое дете? Ако не почитува збор со очи нема да го види толку е едноставно.
Мислам дека свеки лаже а не знам зошто. Прееска влегува као да донеси нешто и му вика на мм абе едни двајца го тепаа кучето на порта, тоа квичеше, и нешто прашаа ама не ги разбрав. И нејзе као страв ја фатило. И вика мажот ми кога? Сега пред малку му вели откако се вративте од прошетка со бебето. Мм ја прашува оти тогаш не ми викна, таа му вика ами бебето плачеше мислев го капите. И викаме дека бебето баш ко ќе се капи не плачи, ама што и да си мислела требало да викниш. И ок слезе мм да види долу. Свеки остана уште кај нас во соба и мене ми текна и викам абе како го тепале сега на порта кога ко си идевме беше врзано (а ко ќе е врзано не може да дојде до портата, далеку му е). Таа ми вика: После тоа го врзав јас! Ама викам ти велиш сега го тепале откако се вративме а веќе беше врзано ко си идевме. Ама не, ми вика, прееска беше. Абе и викам сега рече, дека сега пред малку било. И почна нешто да плетка. И сврти со муабетот, дека главата ја заболила од што се исплашила. Па му се сврте на бебето да го ниша креветчето и да и зборува а бебето скоро заспано. И така се повртка уште малку па потоа замина.
Сум мочала со бебе у раце. Нема поинаку како. Вришти плаче заоѓа ако е само, а јас помочана не можам. Едвај со една рака крева гаќи. И тоа е дел од животот на секоја мајка.
Исто сум била Се сеќавам во корпа пластична ја ставав додека се туширав Немаше на кој да ја оставам и дури ја мислев да не падне некаде по скали ја земав со мене
Па деменција на пример... Не гледам зошто би измуслувала и лажела баш за кучето или сакала да го тргне од сцена за нешто? Ама како што кажуваш ништо посебно не направила откако отишол...
Поим немам. Само беше малку недоследна во кажувањето. Прво кажа едно, па откако и ставив забелешка го смени исказот.
Сериозно следете ја во однесувањето, ако не е жена која е сплеткарош и не ти правела проблеми до сега, може нешто и се случува.