Мт го знае муабетов? Мене мајка ми да ми рече вака втор пат не ја погледнувам а не свекрва ми. Ако н го сака моето дете исто како мене да не ме сака. Јас би му пренела ако не знае и си заминувам во секунда, не заслужува да го гледа како расте и надвор од стомак.
Му кажав по неколку дена заради тоа што и јас тогаш се преиспитав. Кога го кажа муабетот во полусвесна состојба бев. Затоа реков уште еднаш било што речи за беба секундарно заминувам
Ај совет! Мојата такозвана свекрва доаѓа за Ск. следната недела. (Да појаснам, бебето го немаат видено,татко му летоска ни рече дојдете да го видиме, после тоа вика не доаѓајте, и јас реков тогаш нема потреба да го видат никогаш, а јас немам контакт со нив). Е сега госпожа доаѓа тука за на лекар и успат да го види бебето, не можела со стариот да се разбере демек. Мајка ми што вика мене никој не може да ме спречи да си го видам внукот, ќе си се качам во автобус и ќе си го видам, што е тотално во право. Јас бев решена воопшто да не го гледаат, сега не знам што да правам ко ќе дојде, да си дојдам дента кај мајка ми со детето, или да останам дома, па да и исплескам се у фаца. Пошто она реално не доаѓа за внукот туку си има работа, па успат ќе го ѕирне еден саат
Како бе го немаат видено? Во Австралија да не се? На слика/видео го имаат барем видено? Се јавуваат да прашаат како е? Дечко ти шо вели на ова? Ако тој е скрос океј со ова, јас би останала дома со детето за да го видат, ама ако нешто не ми е по кеиф ќе го земам и ќе излезам.
@IRBBB , @Milkiway Не прашуваат, на слика да го имаат видено. Абе она во станот таму секако ќе дојде, само јас не знам што да правам... Ич не сакам да го видат ме фаќа инат пошто се безобразни, свое внуче да не сакаш да го видиш и сеа као успат. А дм му реков нема никогаш да го видат пошо се безобразни, ми вика ако не сакаш нема да го видат, пошо си заслужиле.
Ептен глупа ситуација. Море за инает би останала да и кажам шо ми тежи на душата. Пак ќе речам, во секој момент можеш да си излезеш ако нешто не ти одговара.
Jas bi i rekla deka ne sum slobodna i bi si go odnela deteto kaj majka mi, nema potreba so takvi licnosti da si gi trosam zborovite,postapkata se ke kaze
Ако немаш ништо поконкретно лошо од жената, не гледам причина да не и дозволиш да си го види внукот. Можеби не е здраво баба и дедо да не сакат да си го видат внукот ама нивно си е, а со терање инает ништо не се постигнува, ниту со расправање. Само ќе се нервираш, прими ја на 1 саат ќе дојде и ќе си отиде.
Искрено вака гледано, можи жената стварно има проблематичен сопруг. Иако ние мислиме така,да сака ќе дојди, има жени што до продавница не одат без дозвола. Јас би останала дома, да го види. Ако нешто ми засмета, ќе си излезам со бебе. Секако само неколку часа се.
Не е до толку проблематичен Нит сум се расправала, нит ништо. Ниту ми се јавија кога се породив да честитаат. Ниту нешто пратиле.Ниту прашале како сме... Не знам полошо што треба едни баба и дедо за внучето да направат. Другите внуци си ги гледаат, моево како 13то прасе. Не боли ништо мајка повеќе од нешто за детето. Само не знам нејзе како не ја боли на синот што му го прави тоа, него го боли што му го отфрлаат детето. А мене лично ништо не ми значат у животот. Да напоменам, не ме ни познаваат нивното Височество не ми даде шанса ни да ме запознае!
Па да ти кажам не се мислам, јас реков дека нема да им го дадам да го видат после тоа не доаѓајте, ама ми коментираат(блиски) многу сурова сум била, па ај викам да прашам како вие би постапиле. Викаат сурова, ама мене ме боли бе моето дете да го шуткаат, а он ми е најбитен
Еве, јас да сум на твое место би останала дома, нека го види конечно. Но, на културен начин би и изнакажала се што ми лежи на душа. Незнам што се крие во позадина, може се во нефункционален брак со свекор ти, може има страв од него а душата и гори. Можеби едноставно толку им сече, несакам да навредам, да ги наречам прости. Би дала шанса уште само еднаш, да се покаже како баба. Па од самата средба би одлучила како со нив понатаму.
Многу се буниме сите во секоја смисла, ако се јавуваат свеки и свекор ако прашуваат многу се напорни, ако дојдат да не видат нас или внуче (каде што имаат внучиња) па што бараат сега да доаѓаат не можеме не сакаме, па кажуваат умови... немаме мир, немаме приватност...напорни се ...итн да не должам. Од друга страна пак ако не прашуваат викаме не се заинтересирани, не сакаат да не видат нас нит внуче да видат, какви се тие луѓе како не им жал ...итн па да не должам. Никако не ни одговара. Ама сопствените родители ги фаворизираме, тие смеат се и да дојдат и да гледаат дете и се. Мислам дека да, не мора било каква блискост со родителите на сопругот но еден културен однос каде што има услови може да се има. Ако им дозволуваме на сопствените родители да доаѓаат, не треба на другите да им "браниме". И тие се родители на сопругот. Секогаш кога сум во дилема за било што со свекрва ми и свекор ми се ставам на местото како би се чувствувала јас кога така би им направил мм на моите родители, не е сеедно нели!? И едните и другите се или ќе бидат баби и дедовци, кој колку ќе сака и колку ќе може да се посвети на дцата или внуците тоа е веќе сосем друга работа. @jarec6 горенапишаното не се однесува на тебе лично туку општо кажувам мислење. Тебе би ти рекла дека не треба да и браниш да го види жената внучето, ништо нема да му биде, па крај краева каква таква баба му е. Ете изјавила желба да го види, дај и шанса да се поправи ако сметаш дека до сега не се однесувала како што треба.
И јас како тебе се ставам секогаш во улога да размислам како би било еве мајка ми да е таква, и не би и дозволила да го види ако она исто како и другава нема желба. Затоа што мене не ме боли мене што не сака да ме види, јас не сум и ништо, ама моето дете е дете на син и. Она синот си го гази, мене не. Он се расплака што му го шуткаат детето, јас не.
А зошто не оставиш маж ти да ја донесе одлуката дали да дојде да го види? И ако треба некој да се расправа, тоа да биде тој. Јас ич не би се мешала.
Пандемијава може да ја искористиш како изговор.Патување и идење на лекар-контакти со луѓе. Ризично е. И онака е незаинтересирана.