Он ми вика ти ако не сакаш нема да го видат, пошто така се испонашаа. А ако седнам на исто место со нејзе јас нема да преќутам некои работи дефинитивно.
Ете жената сега изјавила желба да го види...може најдобро е да разговараш со сопругот прашај го за мислење. Одлучете заедно. Ете него ако добро сватив не му е сеедно од нејзиниот однос, заради тоа не го одминувај во одлучувањето. Те молам не ме сваќај погрешно, само кажав општо моето мислење какво е во однос на оваа проблематика не беше за тебе лично ништо, секој си знае најдобро како да постапи сите само споделуваме мислење. Ти посакувам се најдобро.
Е тука е проблемот, ако се задржи на лекар ќе си оди директно нема да остане специјално да си го види внукот. Значи некоја желба нема, ќе дојде ако има луфта до автобусот.
Значи она не доаѓа специјално за внукот туку да си го потполни времето, да не се матка навака натака додека чека автобус. Ако останеш и ако случајно се спречкате немој да бидеш ти таа што ќе си оди од твојот стан. Нека си оди она
Се чудам со какви глупости се замарате и се што трпите. Како може да не сакаат да го видат бебето? Некои со душа сакаат да имаат, а некои имаат, ама не сакаат да ги видат. Друго за изборот на партнер. Гејмер бил, абе ти не знаеше дека со тој нема фамилија и нема вртење куќа? Што мислеше дека значи живот во заедница? Тој да си продолжи со детскиот живот, а ти да му бидеш мајка. Јас пример ваков незаинтересиран не би избрала. Ни заби не си мие, а не пак нешто друго да направи за тие околу него. Нека си остане во брак со компјутерот.
Јарец, јас искрено би оставила на сопругот да реши како ќе биде. Верувам дека е повреден и дека не му е воопшто сеедно, сепак се негови родители, па према тоа негов нека биде крајниот збор. Ако сака да му даде шанса, нека му даде. Нејзино е колку ќе ја искористи таа шанса во иднина за да се зближи со внукот. Ако ја прокоцка повторно, барем ќе знае дека се обидел и дека тоа е тоа.
@jarec6 Јас би ја пречекала онака гордо со дете во рака . Во никој случај не би излегувала ни би лажела дека имам работа а ни кај мајка ми не би одела. Би држела едно високо професионално однесување . Просто кажано ке глумам како на филм и во ни еден момент не би покажала слабост дека моето дете не е гледано како останатите. Не дозволувам никој да види дека мене ми е или би ми било криво или дали на тоа дете толку му недостигале бабата или дедото. Едноставно ке и докажиш дека функционирате најнормано како една заедница. Дека ти си совршена мајка. Не би се ни дрзнала да прашувам зошто ве немаше сето ова време. Тоа синот нека си ја праша него му е мајка. За тебе е само една тетка таа и таа. Нека не те допира нејзината посета. Радувај се дека ке е само кратка таа посета. Дека е нормално тоа ,не е да се разбереме . Но да знаеш не е болест се што боли.
Според мене, штом оди по доктори подобро е ради пандемијава да не се сретнете. Ама сепак мислам е фер дт да пресече, а не да ја префрла топката на тебе. Затоа што на крај на денот и покрај сѐ, сепак му се родители и може да ти каже дека ти не си давала да го видат.
@jarec6 јас размислувам слично како @Happyinlove. Препрочитај го нејзиниот одговор. Не покажувај слабост како што велиш да си кажеш што имаш на душа. Ако не сака да доаѓа и ако не прашува за внукот ,што и да и кажеш џабе би било и пак само вие ќе останете повредени од тоа, на нејзе пак ќе и биде сеедно а вие ќе излезете очајни по нивното внимание за вашето дете. Со сила убавина не бидува. Со сила нема да ги натераш да прашуваат и да сакаат да го видат внукот. Веројатно има некоја позадина сето ова однесување. Неодобрување на врска ,несогласување со синот...или слично (извини може и да не е така , само моја претпоставка е ова дека тераат некој инает инаку во нормални услови мислам дека не би биле рамнодушни за внучето бидејќи како што велиш другите внуци си ги гледаат). Остани си во домот. И нека не ти менува ништо дали дошла или не. Ако дојде, еве го детето си расте во љубов и грижа и доволни сме му - тој став го имај. Најкултурно и прашај ја дали сака кафе. Со таков став на ладнокрвност повеќе може да ја заинтересирате отколку со укажување и прашања зошто не се заинтересирани за внучето. Ако некој треба да каже или да праша за однесувањето и негрижата за внукот ,тоа е твојот партнер, нивниот син. Твојата мајка го гледа твоето дете и ти си ок. Твојот партнер не е ,и нормално е да не му е сеедно. Но ,како што кажав со сила убавина не бидува. Однесувај се најнормално нека го забележи тоа таа , немој да бараш внимание. Така само повеќе ќе се нервираш доколку и после кажаното од ваша страна тие пак продолжат со истиот однос. Мене повеќе ме загрижува тој момент што оди по лекари и болници а потоа кај вас и бебето.
Па добро имало и полошо од мојава Јас искрено не би ја примила, ама јас. Прво би седнала со сопругот да разговараме. Ако гледам дека го боли душата и тука се крие нешто 3то ( многу жени стварно се спречени од мажите за било што ) тогаш би дозволила фа дојди да го види. Ама од друга страна па и не иди стриктно за бебе да види, иди да си заврши работа па ако стаса да го види. Тоа би ме изнервирало премногу. Седи разговарај со дм види како реагира ако сепак такс како маче да не речам зборува тешко му е,па издржи 1 саат. Ако дм гледаш дека се вознемирува, тогаш одбегни земи бебе и да те нема од дома …
Читам и не можам да поверувам каков се народ не постои. Мајка бе, прво за синот не и е гајле што го родила и израснала од нејзе е бе, син ејј, па снаава не ја ни познаваат, а внучето никогаш не го виделе и не осеќаат потреба да го видат? Мене ова ко ненормална работа ми изгледа, некои психи си имаат сигурно. Лоши и не во ред, надвор од секаков памет. И сега ќе дошла во болница успут ќе наминала? јарец, ако сакале да бидат родители кон маж ти најпрвин немало така да се однесуваат, ова е некое хормонално пореметување или не знам што, ама не е во ред и не е нормално, после… ако сакале да ги решат работите да ги поправат на некој начин ќе дошле со најава и специјално кај синот и внукот а не од на болница еден саат, па како не и е срам? После се таа да наминала од болница. А сите години уназад? А внукот до сега? А син и ? Не знам. Не е во ред. ќе сфатев да речеа дека ќе дојде специјално за вас, да поправи можеби однос, ама вака не сфаќам и никад нема да сфатам и не е во ред и не би. ужасен понашај. Маж ти треба да и се јави и да ја праша кај била до сега “мајка му” и дали смета дека е нормално на поминување внукот да го гледа и дали е нормално никад да не го видела и да не честита. Тоа треба да направи.
Потполно го делам твоето мислење, дм ме поддржува што и да одлучам. Он нив убаво им кажа, секогаш до сега е на моја страна, ама пак си тераат по нивно. Читам постови за еден збор што им рекле цел форум одма им вика одете си, разведете се, а мене некако сите да дадам шанса. Не знам еве мајка ми да се понаша вака за моето дете јас ќе ја отпишам сместа. Какви психи си имаат нивни проблем јас не сум доктор а да е нормално не е ич, према нивниот син. Изглеа сепак на моето ќе биде, ако се удостојат внукот да го видат специјално ок, ако не нема што да го гледаат.
Нека направи муабет со нив он, каде биле до сега, зошто не честитале, зошто не се јавиле, зошто не дошле, зошто не се родители како секој нормален родител. Па нека види што ќе кажат. Се ми се чини како да туркаат под тепих се и да дојдам за еден саат? Зошто? Зарем на родители ќе лицемериме? Нема потреба. разбирам некоја рандом особа да ја отпишеш и не се замараш, ама на родители да не ги прашаш зошто така веќе кога нели да дошле… оти па и сеедно и е изгледами. Ужас. Тешко маж ти. Сигурно не му е сеедно.
Остави маж ти/дечко ти (не сум во тек) да одлучи. Сепак е негова мајка. Стварно не сум во тек со ситуацијата но сепак мислам дека не треба он да остави ти што ќе одлучиш туку тој. Со тоа што ти вика ти да одлучиш мислам дека му гори душата да се видат но заради ситуацијата знае дека си во право и нема храброст да го побара тоа од тебе. Едноставно дај шанса. Доколку дојде однесувај се пристојно, поздрави се, претстави се понуди кафе... замерките оатави ги тој да ги каже ако сака а ти остани резервирана како да е некоја негова подалечна тетка. За понатаму ќе видите како ќе течат работите. Инаку разликата во коментарите за други "бегај од таму" и сл се затоа што генерално тие живеат со такви луѓе од кои ти се мислиш дали да ги примиш еднаш на еден саат.
Секаков народ постои. Маж ми е единствено дете и свекрва ми и кога не бевме во брак не се замараше воопшто за него. Ми беше чудно на почеток на мајка да не и е гајле за детето ама ете таква си е жената, толку и сече. На почеток ми беше по малку криво искрено зошто имаше многу ситуации кога нас не потценила, а трети лица ги форсира. Мене не ми купи ништо и ок сум со тос, не ни барав не мора секако сум против китење ланци. Но по еден месец девојчињата од сестра и беа полуматурантки и таа и на двете им купи златни обетки од по 100 евра. За крштевката на синче од нејзин братучед таа купи златна алка, за настани кај братучедки и пријателки таа се расфрлсше со скапи торти и подароци. На фб споделуваше слики од децата на сестра и а на свекорот му викаше сега за сега да не кажувале дека имаат снаа, ќе и оделе на честито ќе требала да части. Од фб разбраа сите дека има снаа. И ред други ситуации имало кога се бламирала на ваков начин. На почетокот ми беше криво но потоа се помирив со тоа, не е толку вредна да се нервирам за нејзини глуппсти. Важно ми е дека маж ми ме сака и почитува, дека имаме убав брак, си ја средибме куќата, шетаме секаде и сл. Не зависиме од нив, живееме посебно. Јас сум задоволна од мојот живот, а таа многу работи изнаправи од љубомора па на крај и се одбија од глава. Зимата бев закачила некој стомачен вирус, катастрофа, цела недела бев на боледување. Маж ми се грижеше за мене и само еднаш и се јави и ја замоли да дојде ако сака, таа не дојде имала работа. Знаеа дека не ми е добро и ниту еднаш не се јавија да прашаат како сум, ниту да дојдат а живеат на пет минути од нас. Помина и тоа решив да не си ставам се при срце и да не си ја стегам душата. Е пред еден месец кога нејзе и се слоши, не беше добра со здравјето ептен западна излезе дека и таа и свекорот позитивни на корона и беа во изолација. Тогаш и текна дека има син, пошто сестра и, внуците никому не и беше гајле за неа. Маж ми немаше да каже ништо но јас ја тргнав гордоста на страна и тие денови што ќе зготвев за нас имаше и за нив по една порција, што ќе купев за нас овошје, сокови земав и за нив. Какви и да се на маж ми му се родители, а тој не е виновен за ништо. Немаше да ми рече зготви им, но не му беше сеедно за нив. Тие неколку дена поминаа, а во очите на маж ми јас останав кралица која не им сврте грб на неговите кога им беше најтешко, а свекрва ми она другото пошто цело време се глупираше. Ми се јавуваше на телефон да ми каже дека многу зеленчук имало во супата, подкопани не јадела и слични глупости. Секогаш се ставам и на онаа другата страна, како би ми било мене во таа ситуација. Еве и татко ми е сам, ќе дојде ден да има снаа не би ми било сеедно да знам дека му е тешко а не сакаат да му помогнат. Знам дека не му е никому должност или обврска да помага. Не мислам дека снаата и свекрвата треба да се како маче и куче, многу сакав да имаме убав и коректен однос, да си помагаме но не наидов на исто од нејзина страна. И не се лутам, се што прсви нејзино си е.
Се согласувам со повеќето, јас одлуката комплетно би му ја оставила на партнерот. Тоа се негови родители и со тоа негов проблем. Те рзбирам дека те боли што ниту те запознале ниту прашалеза детето, но со тоа на син им им прават лошо,не тебе, тебе тие луѓе ништо не ти значат во животот. На твое место би се издигнала од ситуацијата, кога евентуално би дошла, би и пуштила рака да се запознаеме прво, а потоа би си била фина и културна, како со луѓе кои прв пат ги запознаваш. Верувај, игнорирањето ќе ги боли многу повеќе од било какви расправии, со тоа им даваш на важност. Ти ако излезеш од дома ќе испадне дека снаата е крива што не го виделе детето, проблем од ништо.
Пак дојдов да се жалам. Само да ми олесни. Знаете каква е мојата приказна кпга се работи за свекрва и свекор ама секој ден се изненадувам колку ова свекрвиште не може да ме поднесе а ништо не сум и згрешила. Баш напротив. Знаете дека живеам со нив. Јас готвам, јас мијам, јас чистам по 10000 луѓе. Јатрва ми си е посебно и ај што не им прави муабет, не ги ни почитува, не ги ферма, си тера свој живот, 1000 пати им се има закането дека ќе си оди, само се жали, само нешто не и одговара. Што купуваат за дома си купуваат, си јадат сами. Јас и мм купуваме и јаде цела куќа, свекрва ми се шета со чиниите носи кај нив да јадат, им дава пари... Е сега конкретната ситиација е следнава. Вчера направи ручек си седнаа со свекор ми си ручаа, јас бев тука не ни спомнаа дојди седни јади. А јас што и да правам ги канам и ним. Не сакам да ме молат но кога може да носи на јатрва ми во чинија јадење, зошто тогаш мене не ме нуди кога сум тука. Се најадоа и оставија малку за мм. Му кажав и нему, сигурно мислеше дека преувеличувам, ама се увери кога дојде да јаде и ме праша пред нив дали јас јадев и јас му кажав дека не сум јадела од ручекот и ќе варам нудли. Ок помина тоа. Друг пример. Детево на јатрвава и моево надвор играа со свекрва ми, излегувам да го викнам да јаде го гледам само оставено детево, таа со јатрва ми и детето нејзино на пат застанати зборуваат нешто. Го зедов не ме ни примети дека го земам од што беше занесена по јатрва ми. Утре може да ми го изгуби детево негде. Трет пример. Имаме тетка од Америка која секоја година праќа алишта за нас и децава. Отишла кај јатрва ми со најлоните прво они да одберат па "ѓубрето" за мене. Детево отиде таму бев да го земам и му имаше делено алишта кои беа за него и за малово. Имаше и женски маици и и ги тутна на јатрва ми. Не ме ни праша мене. Мислам јас секако ќе ја одбиев зошто имам премногу алишта и немам ни место за нешто што нема да го облечам ниту еднаш ама гестот е битен. Јас секогаш кога нешто не носам или ми е големо и го давам неа. Примериве може се глупи ама преку овие ситни работи може да се примети кога некој не те поднесува. Криво ми е зошто живеам со нив, се, буквално се делам со нив и пак јас и децава мои се на последно место. Ако веќе уште еднаш направи ручек не седнувам да јадам па и да ме моли. Способна сум сама да направам. Сакам да сфати дека знам што мисли има кон мене. Прави зимници мене накриво ме гледа, а ги дели на сите. Чисти кај нас еднаш годишно на криво ме гледа, а кај нив оди им чисти и збор не кажува. Значи многу се нервирам. Свекрва е да и не треба да ми е битно ова ама живеам со неа и овие постапки и те како нервираат и дпкажуваат кпго го симпатизира а кого не.
Извини ама, уште колку треба да те газат за да престанеш да им исполнуваш обврски кои не се твои. Не знам ни зошто се оптеретуваш со нив. Мислам дека не е ни првпат да се жалиш за односот кон твоите деца, зошто им ги оставаш кога гледаш дека не се безбедни со нив?
Тие што неможат да се сменат , неможат .. едноставно се такви и твое е да ја прифатиш реалноста и кога веќе неможиш нив да ги смениш, смени се ти. Седни разговарај или доколку сметаш дека нема ефект да има редно време е да почниш и ти твојот живот да си го гледаш. А одиш на работа?