Значи она е преку врски и докторот може само во петок и она сакала овој петок неможе другиот овој и башка еве го 2саат а во 4 треба во кафана да идеме а мм нигде го нема
Операција е тоа душо, не е контрола па така лесно да се презакажува за друга/трета недела. Кој рече дека не може отпосле да си прославите? Нека му е среќен роденденот на Леонче и нека и` е со лесно операцијата на свеки и малце повеќе компромис во иднина.
Тоа се вика „Во туѓа мајка,дете да правиш“. Ама кој да се надева на такво нешто. Имаме случај во комшии-татко започнал куќа за синот и стасал до фаза-карабина.Синот оди во Авганистан-печали пари,се враќа и си ја жени девојката.Бидејќи синот има пари да ја доврши започнатата куќа-ја завршува и вложува во неа ниту помалку ниту повеќе цели 70 000 е.Е сега,таткото постојано му се заканува на синот дека ќе го исфрли од куќата бидејќи била на негово име.Ненормална работа.Го уценува,збори по народ и сл.Инаку и родителите ивеат само во огромна куќа која е наследство од дедото на внукот-авганистанецот. Е ај сега,кој да се надева на ваква неправда.А да знаел дечкото дека вака сопствен татко ќе се однесува -кај потрошил 70 000 е.ќе дадел уште некое евро за плацот и за карабината.Ама тоа ти е.
Значи ласерски ќе и ги вадат камењата во жолчката и тоа не е итно ама она запна денес па денес јас и викам другиот петок она не денес! Лелел колку сум нервозна
^^^^ Затоа викаат „Надевај се на најдобро, очекувај најлошо.“ Црно на бело само да си имаш за тие работи, пошо и на сенката не може човек да верува. Оф офф, на негово место, мм со тие пари би земал двособен стан за нас (и тоа на убава локација) и би го опремил. Ама некои мажи не разбираат. Штом го туриш потписот, ново гнездо е веќе, ново семејство и прво за него треба да гледаш. Ама ете, кој да ги воспита мажите така да размислуваат...зашо стварно некоаш треба да ги потсетиш a и да ги воспиташ како да се понашаат со жена. Ја не би останала во брак во кој не сум третирана како важен член на неговото новоформирано семејство туку ме гледа како препрека целиот живот на раце да им го даде на неговите.
Леле ,молчи ,немој така. Па ти имаш ли мајка,татко?Дали ти ќе се подготвуваше за славење додека твојата мајка лежи на операциона маса?Немој така,греота е . Детето нека си е живо и здраво,па и утре е ден,задутре...Луѓе свадби откажуваат/презакажуваат и тоа што се прават еднаш во животот,а не пак роденден. И те молам,немој да му мрчиш на сопругот што е со мајка му сега.Само на себе ќе си направиш лошо.Од вакви ситуации бракови почнуваат да се разнишуваат. Јави му се на мт и оди кај него,биди со него,утеши ,мајка му е,го боли.Ајде овозможи му на детенцето да расне во мир и љубов.
Ама неможе така никако!!! Само ради една единствена причина она можеше да прави и другиот петок а не токму денес она е рппреку врски и може кога сака само ради тоа а она запна денес па денес!!!!!!!!!!!!!!!!
уф нека и стопат малце и од лошотилокот и јас така велам за мојава али не и бива ништо бе,не џабе велат НЕ УДИРА ГРОМ У КОПРИВА!!!!! Звони му на маж ти и викај го да доаѓа,па луѓето не ќе ги чекаш сама!!!!
Поделете се со сопругот бе ... Он нека остане во болница со мајка му(воопшто не го окривувам),а ти чекај гости во кафана.Друго чаре нема,штом си одлучна токму денс да се слави роденденот. И велиш има за спремање,порано да се оди...е па тогаш ајде,дисконект на фемина ,такси под газот и оди...нели,се бориме за своите права,еманципација,независност....не го чекај мт таксист да бива,мислам дека не е во можност поради стресот . Озбилна сум.
Леле жено не прави скандали од ништо. И мајка ми така ја викнаа на операција, и татко ми, иако одеше на тешка операција, ден претходно му јавија да се спреми и да оди утредента. Аман! Значи и најбанална операција да е, и се јавиле и ќе оди. Мислам, ајде размисли да е во прашање мајка ти?! Ќе ја отераш у п.м. и ќе се испокараш?! Или ќе бидеш насекирана и ќе сакаш да си со неа? Прво роденден, ОК, важен е, и маж ти сигурно ќе дојде, освен ако не му се испонашаш, да ти кажам, вака да се однесува маж ми, а мајка ми да ми е на оперција, па не знам ни дали би отишла на роденденот. Претера веќе. Хистерии направи како женава да е на кафе кај комшика, а бре на операција е! А ти спреми се, спреми го детето, оди во кафаната кај што треба, ако не стигне мажот на време КУЛТУРНО ќе објасниш дека свекрвата имала операција и дека човекот ќе стигне подоцна... Само престани со хистерииве, мене ме нервираш,а не па сиротиот човек. И уште кој му бил поважен, мајка му или детето? Ај сега да бираме баш во оваа ситуација... Ако веќе се сметаш за подобра од сите нив, треба да се издигнеш над целава ситуација и да покажеш доблест, култура и човечност. За скандали е најлесно. едит: Сега гледам си напишала За жал. не умрела. И сега замисли си дека ова го кажуваш за мајка ти. И замисли си утре маж ти да го прочита ова. Мислам, посакуваш нечија смрт?! Оти не е се како што си планирала?! Засрами се...
ОООО,јадни тие ... Ги жалам и мт и свекрва ти... Ај,па можеби ист третман ќе добиеш и ти за едно 30 години од твојата снаа... Ќе читаме тука по форумов како се жали од тебе..ЦЦЦЦ
Што знаете ма вие двете Ај, доста беа глупости, се надевам жената добро ќе помине на операција, а на крај неизбежно е дека секој ќе си го добие заслуженото
Ја мислам дека сето ова нема врска. Како прво,денеска петок,работен ден,а она вика у 4 закажано роденден у кафана.Работното време не ти се поклопува малку! Како второ,мислам дека синчето спие,а ти си со фризурка тазе,направена за вечер,па неможеш да прилегнеш и сега тепаш време тука на форумов.Точно,погодив? Кој нормален ќе седи на форум во ситуација во која што велиш дека се наоѓаш,а ?Никој.Само некој кој тепа време.
ние цело време знаевме дека тој спрат ќе биде наш затоа и инвестиравме во него никој не ни помислуваше дека кога се ќе се среди тие вака ке се однесуваат.. ништо не ни даде ни еден скршен денар а сега е газдарица на тоа што син и го печали со години а јас уште додека му бев девојак го чекав да оди и да се враќа од брод значи полни 6 години јас го чекав за на крај друг да ужива во тоа.. стварно не знам што ќе биде .. еее и ние испотрошивме многу пари можеби преку 20.000 евра знаејќи дека тоа ќе биде наше бидејќи цео време се збореше дека тој спрат ќе биде наш и да се средиме ние..да знаевме дека вака ќе испаднеше сигурно немаше да инвестираме толку.. многу убаво не насанкаа што се вика ама тоа е.. таа само од инает го прави тоа 100%. имам вакво искуство и знам дека тоа е повеќе инает и желба таа да биде во центар на вниманието и се што е можно околу неа да уништи па макар било тоа и роденденот на нејзиното внуче. ако и била толку хитна операцијата немало да чека туку многу порано ќе била оперирано а по ова очигледно е дека тоа е само од инает. ти не се енрвирај гледај си го детето а гревот е нејзин . и нека му е среќен роденденот убавво поминете си а неа не ја ставај ни на ум воопшто
Малку да ве насмеам http://www.youtube.com/watch?v=4sI_7sidZd4 настрана од предходниве пишења и коментари