Заклучував. Ама некогаш е мм дома, а јас на пример сум излегла. Јас и да заклучам, тој не чувствува потреба да заклучи, и да влези свеки нему не му смета и ќе остави отклучено, а слегува долу да работи. Затоа сакав да ја проверам, дали паѓа во искушение да влегува.
Не знам како на некои им е нормално свекрвата да легне со брачниот пар во кревет, до детето. Тоа е исто ко што плачеше детето по мајмунот во зоолошка, па мајката морала да го украде. Мислам ви се молам, не дозволувајте толку голема манипулација да има детето кон вас. Баба ја сакам, она го сакам, ова го сакам...се се тоа некои знаци. Не дозволувајте тие ваши мажиња по дома да седат и да гледаат драмски претстави. Не знам кој рече или се пофали дека свекрвата легнала со нив у кревет како да е нормално нешто. Не, не е и нема да биде, вие не се омаживте за нејзе туку за нејзиниот син. Син и треба да си поразговара со нејзе, да и објасни што е баба и што е нејзината улога. Па и без оглед, дали си ти на работа и немаш време и таа го чува, не смее да се дрзне лош збор да каже за тебе, па ти си му мајка, ти си таа која си му дарила живот на тоа дете и таа треба да биде благодарна за тоа. Ова е страшно што се случува со свекрвиве, срамно да се раскажува во 21 век.
Стај секс играчки, порно материјали, долна облека на видни места. Па нека влегува. Мене не ми смета да спијам со свекрва ми И ко се 'колевме' се дешавало... Ете не го гледам како проблем. Ама не спиевме сите четворица, оти не не' собира, инаку и така би спиела
Или така се правиш само колку да ги ѕифкаш другите, да се препираш а патем и број на мислења да билдаш. Далеку е таргетот од 50 000, мора вредно да се работи на случајот.
Не бе чоек, озбилно имам спиено со свекрва ми. Како да ти докажам? Да ти дам број, јави и' се, прашај ја, ќе ти кажи. Сакаш?
И железен катанец да ставиш џабе е. Кога некој наумил да влезе ќе најде начин. Од искуство зборам. Никогаш нема да сфатам како може љубопитноста толку многу да им надвладее врз чувството на срам. Нема да спијам вечер додека не и се јавам утре да ја прашам.
Леле за ова спиење со свекрвата јас колку се чудев, и сеуште не можам да си ја замислам таа слика искрено. Уз муабет пријателка ми кажа дека спиеле заедно со свекрва и, со мажот и, и со детето, ама она тоа толку нормално го кажа, и баш ја прашав а зошто и свекрвата со тебе не е нормално тоа, и она беше како во фазон зошто не е нормално, детето сака да спие со нејзе и мене не ми смета.
@jarec6 Јас би ти рекла да се видиш со свекрвата, да го види внукот. И да си ги средите работите бидејќи ќе си купиш мир за понатаму. Соочете се и слушни ја што има да ти каже и ти да си кажеш. За твојот сопруг ќе бидеш голем човек со овој потег,отколку да се криеш кај мајка ти.
Хаха.. Исто има пријателка што спиеле со свекрвата. Овие спиеле сите заедно, да и помагала свекрвата за бебето. После некое време мажот се префрлил во дневна а тие двете со бебето на спална. Тоа и беше исто скроз нормално. Мене не ми е, ни па некогаш ќе ми е нормално
Уффф нема лек за тоа верувај ми од искуство. Неделата бев излезена со маж ми и детето цел ден и кога се вратив сакав да си ги сложам испраните алишта. Кога гледам во фиоката чорапите веќе средени. Ајде фала реков.
Ако им дозволувате на свекрвите да спијат со внучињата,не се чудете после зошто повеќе ги сакаат и бараат бабите од вас. Или заклучувајте ги спалните или стајте камери. Ама,прво еден разговор со мажот.Не е толку крива свекрвата,колку што е крив мажот. Маж ви треба,не убав син на мајка.
И јас кога се роди првава преспав во иста соба со свеки Првата ноќ мм цела ноќ ја нишкаше јас се одмолзував оти не цицаше. Рано стануваше за на работа па свеки се понуди да помогни. Искрено не ми сметаше иако не бевме во добри односи. Мм во спална ние во друга соба. Арно ама беба несакаше да ја види па мм како поп си дојде
Кога бевме мали со сестра ми нашите нѐ носеа на село кај баба и дедо по една недела, ама ние никогаш не спиевме со нив. Во друга соба си бевме. Од кога почина баба, понекогаш во текот на ноќта го викавме дедо кај нас, ама тоа од страв од што влегуваа глувчиња во собата дедо спиеше кај нашите нозе целиот искривен. А со баба или дедо со кои живееме во иста куќа никогаш не сме спиеле. Со свекрва ми никогаш не сме спиеле во иста соба. Моментално сум сама со двете деца, малце е тешко сѐ сама да правам, ама не ми ни паѓа на памет такво нешто
И тогаш кога мислиш дека си слушнала и прочитала се. Спиење со свекрва... Ја утнав терапијата или сериозно читам? Зошто би имала потреба и би сакала? Што праите вака по дома, арни ли сте?