Океј сега ти верувам кога прочитав повеќе примери. А јас мислев дека такво нешто не постои и не постоело никогаш. Ама додека е жив човек ќе слушне и види се'.
Кога бев дете ги сакав и мајка ми и баба ми (од страна на татко ми). Ги терав да спиеме на ист кревет иако они две не се поднесуваа баш. Meне ме ставаа во средина меѓу нив и штом заспиев стануваше една од нив. Значи, не се сексаат со свекрвата аман, да не одиме дотолку нели.
А зошто спиеше со неа кога се породи? Како можете, јака ви душа никогаш не би спиела со неа. Јас кога се вратив од болница и гледам на софата “бејби фон” Таква нервоза ме фати одма го спаковав назад од каде што го имаше извадено. Ајде бре каков бејби фон во соба ќе ми става ко да јас сум глува и не го слушам бебчето.. Тогаш лудував од хормоните и плус од пораѓајот се ми беше насобрано и кога видов бејби фон значи готово, не сакав никого пред очи да видам ќе спијам со свекрва, како да не. Сега ко ќе ми текне се смеам и си мислам, зошто не го ставив па на копчето се исклучува кога сакаш, па ќе го исклучев, таа нека чекаше цела ноќ на другата страна.
Е зошто де Со царски се породив,сите ми велеа ќе ти треба помош и јас чекав помош И со второво царски бев па двете сама ги гледав и се дома сама работев и поголемава ја кревав.
И јас сум со царски, не сакав да ми помогне и не ми помогна. Родив бебче од 4600грама, сама го кревав да го цицам и сама го враќав во креветче. После третиот ден од царски поминуваат болките не се толку страшни. Страшни се првите два дена, тогаш ти треба помош која ја добивав во болница. Кога си одиш дома не ти треба, бар мене не ми требаше.
Да не знаеш како да изреагираш кога ќе слушнеш. Сега пред месец скоро свекрвава фатила корона и морале да се разделат, снашкава (пријателката) толку трагично го поднела тоа, дури не можела да заспие навечер. а јас слушам и си викам, дали јас сум нешто ненормална и не ја разбирам што точно кажува, или оваа е ептен плесната.
Конкретно за примерот јас што пишав безврска причина. Да и помага за бебето а синот се преместил за да не го будат ноќе. Хаххаах.
И јас исто . Керќичката ја родив 4800 и се сама правев. Ма не се ни понуди да ми помогне. Ниту еднаш , не ми ни покажа како да ја бањам ( страв и било на нејзе) . Се сами со мм . Млади , мокри глави , но успеавме . Бебе плаче и ние со нејзе , незнаиме што и е . Но и тоа помина . Барем си имав свој ред , и најбитно помош и подршка од мм од друг никој недобив.
Беба многу плачеше,на болница имаше жолтица не цицаше.Првиот ден не сакаше да цица,одмолзував со рачна пумпа и давав со шишенце. Мораше некој да ја причува,зш многу плачеше. Арно ама беба не ја љубеше свеки,таа не умееше да ја смири и толку беше од љубовта Од тогаш до ден денес сама ги чувам.
Мене сакаше да ми помогне ама јас не давав. Зошто? Јас знаев најдобро што му е и зошто плаче патем и цицката со млеко беше кај мене. И ден денешен ете ја сега не помага во раце не го зема, тежок и бил кичмата ја болело, морала да оди на работа. Ќе го земе 3 минути и вика по мене ајде земи го жив е многу не можам да се наведнам. Ама не се жалам за мене уште подобро не ми се меша. Најдобро е чувството кога сама ќе си го пораснеш на твој начин. Јас имав проблем со кичмата кога се породив, 6 месеци значи толку ме болеше во спиење а бебче се будеше секоја вечер за млеко, секој ден стануваше се потежок и сама го кревав од креветче со офкање и помош не побарав од никого. Ниту од маж ми. Сега сум супер се средив.
Нејзин срам е тоа што го деле детето, а што па машките демек златни, не се замарај со празни глави.Еднаш некој рекол Паметниот ке престане да говори за да не ги повреди чуствата на глупиот.
Секако те разбирам потполно. Не и јас не се жалам , далеку од тоа . Сама како ќе си ставиш ред така ќе си тераш. Поубаво од тоа нема . Проблемот кај нас беше што мојата несака да помага , но сака да командува. Живеевме на 2 различни спрата . Кога се породив горе немав кујна , морав доле кај нејзе да готвам. Ќе слегнам со бебе ,ќе отиде да го ѕирне и почнува зошто така си го облекла , зошто во подебело ќебе не си го завила , зошто ја држиш постојано во раце , остави тоа бебе си мислеш само ти имаш бебе зошто зошто зошто ..... Кога само ќе ми текне сега лошо ми станува. А ќерками беше многу плачливо бебе. По цела ноќ не спиеше. Помош никогаш и од никого непобарав. Се изборив сама , сега веќе е подруго . Голема е оди на училиште и што е најбитно во друга држава сме километри одалечени од свекрва ми.
Сериозно си ги тупнувате свекрвите во кревет? Па уште викаат нормално било тоа. Па ај, нека извадат цице на мажулињава ваши да ги нахранат кога не се способни свое дете да успијат. Кога е веќе тука в кревет де. Не бе не, свашта има