Абе оваа тоа што переше наши работи, што прибираше облека по фиоки, регали, повеќе не го прави, ама очигледно желбата да направи инспекција не ја изгубила.
Ако свекрвата е паметна и знае како да се однесува, мислам дека нема врска колку далеку живее. Мојата е блиску, ама има осет за се. Она не влегува во соба без да тропни ако сме кај нив и на пример го дојам бебето во друга соба, не па кај нас дома да влегува така. За да дојди до брак, прво треба да се средат сите работи поради кои се жалат другите тука. Тоа е живеење одделно, поставување граница што треба да знаат и слично, многу има за пишување. Верувај имавме 9год. врска, а последните 2год. отприлика, средувавме вакви работи, најмногу да имаме наш дом.
Се согласувам. Границите се поставуваат од старт. Не знам од која причина тазе снаите од почеток ќутат за ситници и собираат во себе. Штом еднаш ти влезе во соба и чепка по фиоки, а ти оќутиш. Ојде возот.... Штом ти соли памет за дете, а ти оќутиш, ојде возот. Ти упадне без да заѕвони, а ти оќутиш, ојде возот. Јас сум За се да се сече од корен во моментот. Со кажување дирекно јасно и гласно. Разбрана жена ќе разбере, неразбраната ако се лути, нека и стои. Јас уште полута што се налутила и така... Секогаш вреднувајте го својот мир повеќе, од мислењето на другите.
Не мора да се премислиш. На време ќе кажеш што ти пречи. Ама,најубаво е да не живееш во заедница,туку на посебно место со мажот.
Колку и да ми е луда помислата свеки да легне со мене, толку па и на вас ви се чудам во несвест што паѓате. Не сите си ги мразат свекрвите. Па на некои нормално им е детето да си го шлапнуваат за секоја глупост, швалерај, мажот им ги малтретира ама тука ќе се смееме што некоја легнала со свекрвата. Ако нив им е ок, што има ние да се исмејуваме?
Па,свекрвата може да го земе внучето да спие на нејзиниот кревет. Тоа што легнува на креветот на син ѝ и снаа ѝ и тоа дур они се или еден од нив е на креветот е чудно,морбидно.
Морбидно е скроз. Ни ние би дозволиле свеки да легне, ни таа е толку луда да ми дојде сама. Ама ете погоре неколку членки се изјаснија дека спиеле со свекрвите од нивни причини и што знам, ако тие поубаво спијат зошто да се смееме?
Еј, одамна не сум била во темава, види колку убав муабет Јас многу сакав да спијам со баба и дедо. И така, тројца на кауч од 125 сантими сме спиеле. Мајка ми не ќе ме пушти- ма ќе ме пушти со баба да спијам и оро ќе игра, баш. Имав сезонски баба и дедо, значи не беа постојано присутни, можеби затоа.
Како прајте, сенкир свекрвите се вампири. Луѓе се и тие. Мајка му е на маж ми. Јас се карав-шо се карав со нејзе, ама ќерка ми не беше должна да не и' го прам ќефот, нејзе баба и' е. И со маж ми сум се карала и се карам, ама нема на детето да не му удоволам, оти на овој му сум била лута. За детето ќе си го голтниш егото. Не живеевме во иста куќа и не спиеше за да ми помага, помагањето беше до годината, ова зборувам кога ќерка ми имаше 2-4 години. Ептен си се блиски со баба и'. Криво ми е шо не се и со мајка ми така блиски, оти нема живеено во ист град со нејзе, па поретко ја гледа.
@WildMk А како пример би постапила ако свекрвата секој ден ти е со ќерка ти (1г. дете) бидејќи ја чува. И ко ќе дојде мајка ти( од друг град ,2-3 пати годишно) плаче во неа а свеки упорно ја закача за да бара кај неа и уште толку да плаче ?
Не ја мразам, напротив, ја почитувам многу. Но не би сакала да спиеме во ист кревет. И да, ми е чудно. Што ќе ми праи свекрвата во кревет, прикаски за заспивање ќе ми раскажува. Еден збор има, граница се вика. Штета, може душек кога биравме, требаше и неа да ја викнам, барем на сите да се погоди. После зашто се мешале во се, а даваш дозвола во интима да влага, барем јас така ја гледам својата спална соба.
Значи и го забранувај детето а она го чува па како не ти е срам -зборови на свекрва ми ко и пререков за ова понашање.
Абе не спиеше ради мене, па да ми раскажува прикаски. За внука и' легнуваше. Ти гарантирам дека и нејзе не и' беше животна желба да спие со снаата Ама за внука и', си го голтна гневот. Каде што почнува детето, вие завршувате.
Спиењето со свекрвата за да ти го чува детето заедно со тебе, кажува дека не си дорасната за да имаш дете. Мечката ѕ гората знае да чува мече, жениве неспособни бебето да си го следат со мажот, па свекрвата на спалната им спие. Што нема да видам. И свекорот да дојде ако не.
Врти сучи, сепак мажите поштедени од се. Не ниту еднаш ноќе не ми помогнал никој освен мм. И он станувал рано за на работа, ама кога ептен сме биле уморни сме си легнувале кога бебе ќе легне. За помош не можам да се пожалам зошто знам дека би ја чувала, не баш јас како што сакам но нема да одбие. Ама апсолутно не гледам потреба некој ноќе да ми влага у спална... На 3 дена останав сама со бебе сите отидоа на мекици, бебе си цицаше, какаше, спиеше. 4 години има, никогаш не преспала со друг... Ниту мм преспал у друга соба, па збор нема кажано дека бил уморен. А е знам.
Ама тоа е до мажот и карактерот негов. Он сака сами да си го гледате детето. А има некои мажи што побитно им е да можат во кафана да одат и кафе надвор да пијат и да бидат одморени одколку на жената да и помогнат околу детето. Кога ќе видиме се е до мажот он е тој што треба да постави граници со мајка му.