Да ама тоа се договара пред брак.. Јас му кажав со време, ако мислиш да ескивираш, ич не помислувај на брак со мене.
Procitav i edna grupa na net Snaata stava post i prasuva; Dali treba da se pere carsav za jadenje I postelnina zaedno ?? I dali bilo toa vo red Ja prv pat slusam za vakva glupost U masina ako delime taka raboti ima da vrti 24/7
Не се смеам,се чудам како на некои им е нормално. За некои свекрви тоа може да е ко отворена покана да влегуваат во таа соба кога ќе им текне и да фаќаат и прередуваат алишта и друго. И што ако тоа направи детето повеќе да ја бара баба му отколку родителите?
Маж ми рамно со мене дете гледа. Исто сме ранеле и бањале, и преслекувале, и успивале и шетале. Немаме мака со то. Реков дека не спиевме заедно за да ми помага свекрва ми. Големка беше мојава ко се дешаваше ова. И' беше најдобра другарка баба и', и се' си праеја заедно тој период. Си шетаа, си играа, се шминкаа, па и спиеја заедно понекогаш. Ни мене ми се срона бисерот, ни на баба и'. Детето не заборава кои му се родители. Освен ако не ги напуштиш пред 3 години... засекогаш.
Се фативте за спиењето со свекрвата сите, ко слеп за стап. Големата слика е дека најверојатно свекрвата е нарцисоиден родител. Син и не и се спротиставува и не разбира зашто на жена му се лути, затоа што тој цел живот живеел во таков однос со мајка му. Свекрвата се наметнува врз нив, врз нивниот дом, врз нивното дете, дотаму што им го диктира животниот ритам. Зошто мислам дека е нарциосидна? Што зборува прво- „ме бркаат од мојата куќа“ ова е територијалност. Значи тоа што имаат свој спрат не претставува граница за неа, на нејзина територија се. Колку поголемо его, толку поголема е личната територија. И маж и е нејзина територија, сто посто - зошто и е син. Второ- „Мајка ти е луда“ е класичен пример за gaslighting. Целта е да се посомнева снаата во здравиот разум. Целта е да се убедат и другите кои инаку би ја поддржале снаа и и би се ставиле на нејзина страна, дека таа е стварно луда. Чувањето на детето кога двајцата родители не барале помош, туку сама им ја наметнала таа „помош“, е со истата цел - дека тие не се доволно способни да го воспитуваат детето (бар не поспособни од неа). Сцената со легнувањето во нивна постела кога не била повикана да помогне е заради сето ова што го напишав. И нормално дека ќе ликува после тоа - таа докажала пред синот дека жена му не е урамнотежена, дека таа е лошата, а не она (да ја конфронтираш со ситуацијата само ќе се брани од типот како она само сакала да помогне, или она сето тоа ради љубов кон внучето го прави. Извинување не очекувај.). Нереагирањето на синот е затоа што тој со години го трпел ова однесување, веројатно и многу полоши работи доживеал. Најверојатно и нема да и се спротистави зашто не е ниту свесен за сето ова, а може и е, ама не умее да се носи со неа. Го научила би рекла да не и се спротиставува. Оние кои ги трпат манипулаторите се тие кои прават отстапки, се само за да не ги провоцираат и тие се оние кои даваат извинувања после кавга, иако треба манипулаторот да им се извини. Никогаш нема ниту да им признае дека е крива, секогаш пред другите децата ќе бидат причина за несогласувањето. @delvi Мораш да знаеш дека со овие луѓе е многу тешко да се живее. На маж ти ќе му е и уште потешко да се тргне од токсичната врска (дури и ако живеете на друго место). Би ти порачала да не реагираш нагло и бурно. Не и потклекнувај на провокациите. Не и покажувај дека си вознемирена од она што гоправи и збори. Не излегувај надвор, тоа го сака таа - ти да се нервираш. Ако те напаѓа прво присети се дека таа си има проблем, не ти, и кратко само кажи и дека не е точно и не и се правдај понатака. Одалечи се, прекини го разговорот. Не се докажувај со никого (ни со маж ти) дали си или не си она за што те обвинува, зошто неа тоа и е начин да те контролира - да те стави во ситуација да се преиспитуваш што си и да почнеш развиваш една искривена слика за себе (која не е реална, ама е соодветна на нејзината слика за тебе). Постави граници што смее, што не смее, и во однос на детето и во однос на домот. Реагирај секој пат кога ќе мислиш дека не е нештото ок. Реакцијата да биде емотивно што е можно по умерена. Зборувај јасно и директно, ама смирено, љубезно и културно. Имаш посебен спрат, постави си правила кој и кога може да ви влегува, и кога ви е дома некој што смее или не смее. Нека зазвони пред да влезе. Правилата прво кажи му ги на маж ти и договорете се што е за вас прифатливо. Неможе и тој да очекува ти да прифатиш работи кои тој ги смета за нормални, а тебе ти сметаат (тој не знае друго нормално од она што го живеел со своите). Вака бар дур сте заедно и додека не најдете посебен дом. Маж ти тешко ќе го наканиш да излезе од таму, не дека нема ама мислам дека ќе треба да работиш на тоа постепено. Читам погоре многу викаат бегај одма со детето. Најлесно е да си го земеш детето и да си излезеш од домот, ама тоа не е најпаметниот начин, зошто последици може да има првично по детето и по вашиот брак. Потешко е да се градат односите и да се работи на врските, за тоа треба време и многу труд. Јас на пример, не би дозволила заради родителите (било моите, било неговите) да си го растурам бракот и семејството. Во однос на детето и поставувањето граници со неговото воспитување, тоа ќе е потешко ако цел ден ти го чува детето. И во тој случај ќе треба да си спремна дека во тој период ти нема да имаш контрола што му зборува. Ако немаш доверба во неа, ако не сакаш да биде толку време со неа, сакаш да имаш целосна контрола врз детето, треба да размислиш каде на друго место би го оставила (градинка, друг роднина). Размисли и за последиците од тоа. Да се има пријатно искуство и убави спомени во детството со бабата е многу убаво. Дали можеш да најдеш некој начин да не ја лишуваш од тоа ќерка ти без да и дозволиш премногу на свекрвата? реално, не мора да се 24/7 за тоа да го доживее. Мораш да седнеш со маж ти и да се договорите што е најдобро за ќерка ти и како тоа може да го остварите, настрана од сите вас возрасните, со оглед на тоа дека веќе е многу приврзана за баба и.
Респект. Ако не работиш сеуште, земи отвори си ординација и наплаќај за муабетиве! Многу добар психолог си
Прво, да се изјаснам пак дека никако не ми е нормално тоа и никогаш нема да се случи во моја спална или јас да легнам како идна свекрва во туѓа спална без дозвола или барање. Но, ја разбирам и љубовта на внучето кон бабата зашто и јас ја сакам премногу баба ми. Како мала секое лето спиев кај неа. Имав и периоди кога се пакував и 'бегав од дома' кај баба ми. Но, никогаш ама буквално никогаш лош збор ми нема кажано за мајка ми, напротив. На одмори кога идевме, баба ми спиеше кај нас заради бизнисот и цвеќињата во двор и кога се враќавме куќата беше пречиста што значи чепкала секаде ама веројатно со тек на време мајка ми се опуштила и не и било гајле. Искрено, јас би била пресреќна да одам на одмор и свеки да ми направи генералка, стварно. Уморна сум од домашните обврски. Вредните работи ми се во банка, секс играчки и кондоми немаме, гаќи како гаќи ми е гајле жени сме. И онака кога се породив неколку пати ме има видено скоро гола. Скроз исто ќе се осеќам како мајка ми да ми дојде дома. Во секоја друга ситуација, како намерна манипулација со детето, задни намери и слично засекогаш ќе биде избришана.
Не се мажете додека не ви е решено станбеното прашање ; се додека не го решите ќе ви биде тешко... Само чоколадо смоки со сила му пикат во уста на детево сто пати им е речено не разбират.. Нема што да прават и само дај му чоколадка ; дај му смоки .. Исто и ручек не можам салам да си направам во се иди и се меша ; дури и во леќата става вегета ... Маж ми му има кажано ама тие си терат по нивно ...
Добро смоки не е страшно моето јаде смоки од 5 месеци. Чоколадо не секако. Леле како се нервирам ко ќе читам вака. Како немаат акл.
Јас да бев на твое место, уште кога ќе ми речеше искочи и не драми пред детето ќе ја фатев за коса и ќе ја исфрлев надвор за коса и веќе немаше да ја примам никогаш дома..
Јас не можам да го разберам моментот каде таткото спие во посебна соба а мајката сама со бебе а не па свекрва да спие на спална со мене/нас. Стапување во брак и имање бебе е далеку од наивно но за жал има луѓе шо гледаат преку розови наочари и после леле мајко. Или раѓаат деца и отчекуваат помош како да е нај нормална работа детето да ти го гледа друг. Пораснете пред да донесувате животни одлуки.
Не мислиш дека е ова е ту мач за исполнување на ќефови на 2-3 годишно дете? Вака и ги тераш сите ќефови и желби?
Мм така два три пати на почетокот ми вика да спиел тој во другата соба. Аааа му викам... ако беше за сама да гледам бебе ќе си седев кај моите. И оттогаш нема спомнато такво нешто.
Ок,де. Ама,различни луѓе имаат различен праг на толеранција. Некои не сакаат приватноста да им биде нарушена.
Да бе ќе родам дете да спие со некој друг цела ноќ пошто таа персона е сама и разведена. И мојата е разведена, детето еднаш нема спиено со неа. Може ко ќе порасне за ќејф понекогаш по еднаш, ама секоја вечер никако. Би се осеќала празно и не би можела да заспијам. Носи го 9 месеци, роди го со триста маки и дај му го на друг. Планирам и јас да работам ама 50% не 100% и за тие 50% на игли ќе седам и работам кога не го гледам детето.
@delvi Господе боже. Како живееш вака? Зошто живееш вака? Размисли како ти поминува животот. Cosmic Girl погоре убави совети ти дала, нешто мораш да направиш, што и да е, само да се промени ситуацијата. За никој не е здраво ова што се случува. Мораш, ама мораш да делуваш. Се знае каде е местото на бабите и дедовците, само сега е све помешано зашто ги чуваат децата, па границите се замаглени. Ама е на родителите да ги постават јасно да се гледаат.