Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека си на нејзин терен.
    Твое е тоа што на хартија е твое, јас да работам цел живот, да трпам све на работа, да плаќам кредити за стан и да дојде снаа еден ден да ми рече мој дом, ќе му кажам на синот да не брза со женење и со деца кога си нема разрешено станбено прашање.
    Во бременоста освен сопругот реално никој друг нема обврска да помага.
    Погрешни очекувања многу и затоа многу разочарувања.
     
    На mjay.yyy, ALISA0000, crazylady и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.185
    Пол:
    Женски
    Може на имотен лист не е на нејзино име ама тоа е нејзин дом ако таму живее. И синот што живее таму е негов дом. И ќерката ако живее таму нејзин дом е. Нема врска тоа што е на име на друг (на родител). Во многу случаи куќата не е на име на свекрвата туку на свекорот што е скроз неважно за муабетов.
    Друг проблем е тука. Не е зрело размислувањето ај ќе се вселам затоа што нели чим ме побарал се разбира идам кај него. Прво се разговора. И се прашуваат родителите за нивното мислење. И имаат право и да сакаат и да не сакаат да живеат заедно, зависи од луѓето.
    Потребен е разговор кој многу го избегнуваат и потоа изникнуваат куп проблеми.
     
    На spacegirl92, crazylady, andrejko82 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    131.067
    Пол:
    Женски
    И што е лошо во тоа да ти каже да си ги испереш алиштата?
    И другите имаат алишта за перење.И пералната ако е нејзина,нормално е тоа да ти го збори.
    Па,на нејзин терен си или ако куќата е на свекорот на негов терен си.
    Се нервираш за банални работи,а нервози не ти требаат во овој период.
    Одвлечи си ги мислите со нешто друго(серии,филмови,слушај музика).
    Ако некогаш не можеш да ја истрпиш,оди поседи малку кај твоите.
     
    На andrejko82 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Не е нејзин дом.
    Во случај на развод, таа ќе си замине од таму, не синот.
    Ако е нешто твое, никој не може да те натера да си одиш.
    Ај нека го собере мажот, нека оди во куќата на татко и кај што е родена и мажот и нека му рече на татко и мој дом е ова.
    Што мислиш, што ќе речат татковците на невестите да беше обратно?
    Јас мислам 90 посто ќе летаа ако се поставеа со тој став.
    На синот е, затоа што тој стан е на мајка му и татко му.
    Наследството оди на децата, не оди на снаи и на зетовци.
    Дури и да му го препишат него, пак таа правно нема право пошто наследство не се дели меѓу сопружници.
    Што поскоро си ја прифатите оваа вистина, тоа подобро за вас.
    Многу нереално очекување е да очекуваш дека стара личност која живеела во тој стан 30 години ќе се смени одма за да се осеќаш ко дома.
    И нема зошто да се менува.
    Тоа е нејзин дом.
    Сите што сакаат приватност, слобода си бараат чаре настрана.
    Ни јас не би се прилагодувала.
    Во дом што сум била во брак, сум гледала деца, сите убави и неубави моменти ми се случиле, на старост место да поуживам, треба да се менувам за снаата да не се нервира.
    Зошто, затоа што многу млади мислат дека старите го одживеале своето и сега нив им е редот, а старциве не треба право на глас да имаат, ни во сопствениот дом.
    Наместо да ги темпираат малку подобро настаните ко свадба и бебе додека не се средат.
    А штом ми дозволила свекрвата да живеам во нејзина куќа, во најмала рака ќе сум благодарна, а не да се нервирам што ме прашала дали ќе пуштам машина да пере.
     
    На fana, ALISA0000, crazylady и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.185
    Пол:
    Женски
    Јас не очекувам ништо од никој. Јас лично не би живела со свекор и свекрва.
    И родителите можат да речат детето да се исели. Законски да, после родителите следува на децата, ама не е должен родителот ако не сака, може да го даде на едното дете или на ниедното а може и да рече дека не може повеќе синот/ќерката да живее таму.
    Тоа што на многу размислувањата им се такви како што напиша, на овој менталитет чудно е зетот да живее кај родителите на жена му. Ама јас пишав за моите ставови. Не може ако живеат во заедница тоа да не е нејзин дом. Во случај на развод се знае кој се иселува ама пишав и пак истото ќе пишам дури живеат во заедница нејзин дом е.
     
    На spacegirl92, Осе, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Ако имате свој стан, мој најдобронамерен совет ти е да го средите пред да се породиш.
    Штом од сега ти одат на живци, ти не си ни свесна колку ќе те нервира кога ќе се породиш.
     
    На Watermelon96, WildMk, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Sarence

    Sarence Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    623
    Да ми си жива, сите што пишавте, да сте здрави и живи. Фала ви за се, се ќе имам во предвид.
     
  8. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    8.361
    Пол:
    Женски
    @Sarence кога се живее во заедница тоест кога се дели иста кујна и купатило, не очекувај да имаш било каква приватност. Сите ќе знаат кога и колку се бањаш, кога и како переш, дури и ако ручекот ти загори сите знаат. :!:
    Јас не те осудувам зошто си се нафатила на живот во заедница, ти си знаеш зошто е тоа така. И мој совет би ти бил да пробаш да се прилагодиш и да бидеш малку потолерантна. за да не си правиш дополнителни стресови во бременоста и за подобар соживот. Размисли само, дури и со твоите да живееш и мајка ти би те прашувале дали ќе се бањаш и кога ќе переш. Кога си во заедница, безразлика со кого приватност не очекувај.
    Помош и поддршка од свекрва не очекувај, не си во брак со неа, маж ти е тој што треба да биде тука за тебе.
    Јас не живеам, ниту сум живеела со свекорот и свекрвата. Тоа е така зошто свекорот му купи куќа на мм, натаму ние си ја средувавме. Сами си се средувавме со мм, сами си плаќавме мајстори, сама си чистев, бришев, перев едно по едно, не очекував било кој да ми помага.
    Да не беше куќава, со маж ми имавме услови да заминеме во странство. Во заедница ќе живеев, но само кога би знаела дека тоа е привремено, 2-3 месеци па и година, додека би се средиле. Во спротивно не.
     
    На pianogirl, ALISA0000, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.061
    Пол:
    Женски
    Мене ми мириса ко тебе самата нејзина појава да ти смета, односно тоа што сѕе во заедница
     
    На ALISA0000 и Sarence им се допаѓа ова.
  10. Sarence

    Sarence Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    623
    Ми смета што постојано ми дише во врат, тоа со пералната го зедов како прост пример, значи за секое мое движење треба извештај да давам, се чуствувам напнато. Ете сестра ми во Србија е мажена живеат во стан со свекрвата неколку години и таму треба организација и се. Ама кај нив, а и кај нас дома додека не бев верена никој со никој не се замара кој кога сака што сака прави. И знам уште милион примери што живееле со свекрва, ама таа немала врска со снаата толку напнато да испрашува за секој чекор во куќата. Јас сепак фина, ај да не бидам идиотката и нетолерантна не возвраќам, и најкултурно одговарам. Да сум сеуште таа Сара што ја знам бунтовна на секое зборче капаче, или тие нови снаи што исто така ги знам влегле во куќа и стројат се живо, одамна ќе си го знаеше местото и ќе имавме само формален однос, здраво/пријатно. Само за него ми е, ајде родители му се да не го ставам во незгодна ситуација.
     
    На Madrugada, steela.honey и Осе им се допаѓа ова.
  11. M.B.

    M.B. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2018
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    Најдобронамерен совет, како ќе се поставиш од почеток, така ќе си тераш цело време. Подобро уште сега кажи си што ти пречи, отколку да "пукнеш" еден ден од најбанално прашање. Сепак и на двете ви е нова ситуацијата, може жената така си мисли дека треба. Разговарајте искрено и отворено, најголем дел од проблемите се од недостиг на комуникација.
     
    На WildMk, crazylady, steela.honey и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    17.600
    Пол:
    Женски
    Тоа со новите снаи е скроз погрешно. Како можи да дојди сега снаа во мојата куќа и да ме строи мене? Па уште ако е привремено како вас, нели средувате ваш дом. Одма би рекла ако ви одговара седете ако не одете под кирија дури се средите. Чиста сметка долга љубов.
    И ние дури реновиравме седевме 1 недела кај свекрва ми(купивме душек на дување после и така спиевме во нашиот дом дури се среди се), јас се чувствував како гостинка а и тоа сум.

    Конкретно кај тебе не гледам проблем. Заедно живеење, мора да праша за работи што треба да си го планира времето и таа. Исто ме прашуваше дали ќе пуштам машина, дали ќе се бањам што е нормално.
    Ако е цел проблем во тоа што прашува за се, не разбирам зошто би била идиотка спрема неа?? Ако луѓето те навредуваат тогаш да, ама само за испрашување идиотка :wasntme:
    Јас на твое место плус и бремена, би си шетала, одморала, би се занимавала со новиот дом. Да си одам таму и да си бидам рает. Гледај да замините пред да се породиш. Ако сега не можиш да трпиш такви работи, верувај после уште помалце ќе имаш нерви.
     
    На januari19, crazylady, Осе и 7 други им се допаѓа ова.
  13. pikabu5

    pikabu5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2020
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    @Sarence Работиш нешто?
     
  14. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.397
    Веројатно и станот е купен со пари на свекорот и свекрвата, ама "наш" е.
     
    На ALISA0000, black dress, baby-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Sarence

    Sarence Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    623
    Моментално сум на боледување поради бременоста иначе работам 7 години
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    2.910
    Пол:
    Женски
    Треба да разбереш дека жената си има некој ред воспоставено и дека не може туку така да и го смениш. Верувај и нејзе не и е лесно сигурно, од целосна комоција и приватност дома и да не треба да организира со друг работи што се делат, сега има уште еден дома. Зошто не мислиш дека те прашува може за тебе да не ти го поремети распоредот? Што ако ти си сакала да переш и одиш во купатило и гледаш машината веќе пуштена? Тогаш ќе беше обратно муабетот, не ме праша јас планирав да перам сега ми се смена планот. Милион вакви работи постојат во заедница што невираат. И јас кога одиме дома со мм сме на исти спрат со мајкаму и татко му па за се можеме да се договориме. И ќе ме праша да не ти треба купатилото и јас ќе прашам да не ви треба купатилото ќе влезам да се туширам. Нормални работи се тоа и не вреди да се нервираш.
     
    На Mantub, Snowflake92 и Jana06 им се допаѓа ова.
  17. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.813
    Пол:
    Женски
    И ние така сме функционирале со прашување и искрено во тоа не гледам лошо.
    И еве и кај мајка ми па пак се прашуваме исто, ќе се бања ли некој пример или да влезам јас?
    Ехее колку пати ме има прашано ќе правиш ли ти утре ручек, па зар тоа е нешто лошо.
    Во заедница за се мора договор.
    Кога сите живеат заедно е дом на сите и сите мора да се прилагодат.
    Пошо станот се води само на една особа, не битно која, зарем само таа особа има право на глас во тој дом.
    Но сепак, не можам јас кај свекор и свекрва да мислам дека можам да си терам само по мое.
     
    На Осе, manako1, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    8.258
    Пол:
    Женски
    Не секогаш се прашува заради организирање, некогаш може е колку да се најди во муабет. Месец два на почетокот перев во нејзината машина, и тоа гледав колку што можам поретко, дури се зеде нашата, сега секој во својата пери и пак си знае понекогаш да праша дали ќе перам.
     
    На Anyshka и Sarence им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Па тоа е тоа.
    Твоја машина си купила.
    Ама дури переш во нејзината, ако праша и ќе мораш да и одговориш.
    Истата логика како за живеење во нејзин стан.
    @Sarence ако и ставаш капаче на секој збор, и нејзе и текне дека не прифаќа такво понашање во нејзин дом, кај ќе живеете, кај ќе се селите, ти трудна? :(
     
    На Sarence му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    8.258
    Пол:
    Женски
    Тогаш јас ја прашував дали е слободна машината за да перам. Е сега таа машина беше во салон ставена веднаш до купатилото и перев само денски за да не им тропа навечер оти малку погласна е машината. Сега кога перам во својата, ќе си ставам кога мене ми одговара.
     
    На Anyshka и Mantub им се допаѓа ова.