Замисли утре тебе син ти да те остави во болница сама? За тоа го раѓала, гледала и со ноќи не спиела извини ама мислам дека сега си нервозна и не си баш свесна што збориш ама ова кога ќе го читаш за година две ќе видиш дека е срамота вака што збориш. Нека ти е жив и здрав синот и нека те почитува и сака во иднина како што твојот сопруг ја сака мајка си
Ееее и после снаите биле само мед и млеко,а свекрвите секогаш криви. Мислам срамота ова што го пишуваш,баш срамота,воопшто си немала човечност ниту хуманост. Значи Среќен нека му е роденденот на син ти,ама и мажот ти е нечиј син,не е твоја сопственост. Како шо те боли тебе за син ти,така и мажот ти го боли за мајка му. Дај размислете нешто во иднина пред да ги напаѓате секогаш свекрвите.
mart 17 сега си му најпотребна на мт , иако му е роденден на синчето , нека му е среќен роденденот , но се согласувам со горните постови ,што ако утре дојде некоја снаа да ти го прави истото , м? Сигурно жената си има мука сепак операција не е лесно да се прави и подготвува , па како ти би славела роденден кога свекрвата е во болница ( а да не зборам па за мт ? ) И која баба не би се радувала за роденденот на внучето , јас мислам дека не постои таква , сепак треба да сватиш дека се е непредвидливо во животот и овој момент би требала да си до мажот а не да се жалиш по форумите
Со самото посакување на нечија смрт јасно е за каква личност станува збор, на најголем душман да не му посакаш зло, а не па на мајката на сопругот. Замисли како ќе ти биде тебе он вака да зборува за твоите родители...на крајот си слушнала за карма?! Се врти тркалцето па и ти ќе бидеш нечија свекрва!
Женски ,а што доколку свеки на 17Март е од оние типови на луѓе кои секогаш сакаат да се во центарот на вниманието? За жал и такви има.Можеби навистина не можела да бира кога да оди ,но што доколку можела?Јас познавав една таква која за инат на снаата ,заврши на операција од слепо црево.Каде и да ја пипнеше докторот таа викаше дека ја боли и под хитна постапка ја пикнаа во сала,за на крај докторот да излезе и да каже дека воопшто немало потреба од операција ,слепото црево мило од мирно помирно.За жал или за среќа женава ми беше тетка.
Нели пред операција на слепо црево се проверува крвта за да се види дали навистина станува збор за слепо црево?! Искрено малце не ми се верува дека некој за инат на снаата ќе легне под нож и дека ќе ризикува 300 можни компликации, самата анестезија не е едноставна затоа и се потпишува пемпеле пред операција кај што пишива дека може и нема да се разбудиш... Друга работа се докторите, никој нема да те оперира оти сам ќе бараш, треба да постои индиција и неопходност за хируршка интрвенција.
А слушнавте за таа свекрва што самоиницијативно и без потреба отишла на лоботомиа-и тоа за инает на снаата?
Моја блиска особа месец и пол ја влечкаа по болници и испитувања пред да ја оперираат од слепо црево, не можеа со сигурност да постават дијагноза, резултатите од испитувањата биле контрадикторни, а имаше ненормално многу болки и крајна фаза на воспаление (пред пукање) на слепо црево. А ми велите дека некоја свекрва, за инат на снаата, ја оперирале од слепо црево кое притоа било здраво. Како и да е, јас си стојам на мислењето дека особа со здрав памет не би легнала под нож само и само од инат на снаата. Мора да си имала мака жената. И општо кажано: Свекрва или не, лоша или не, воопшто не е човечки некому да му посакуваш да умре! Ако не ти чини свекрвата, барај си го чарето. Ајде да речеме, и овде на форумов испукај се, да ти се смири душата, но немој со тие зборови.
Е почекај де,снаата сега игра во кафана. Подетално утре ќе не извести-ама нема да ни каже колку убав бил роденденот,туку се знае-свекрвата не дошла на роденденот ,зор и било да оди на операција. И едно неможам да сфатам-толку ли е моќна свекрвата па сама да си „одбира“термин за операција? Абе ,ај ти се молам,проста маса.
Се согласувам со тебе сепак за операција станува збор...колку и да е лоша свекрвата треба да бидеш со неа ке и ја покажеш својата големина дека си жена со душа и совест...Moira ми се допаѓа твоето размислување,јас тадури ја бањав иако не ми покажа никаква благодарност сепак и покажав дека пред се сум човек...
Немој така девојче, знаеш ли што се камења во жолчка и колку тоа боли, и недај Боже да е преполна жолчката со камења, и колкаво е воспалението, може да пукне, а тоа после да не пишувам што значи, зато верувај не отишла свекрва ти туку така баш денес на операцијата, можеби неможе да се чека ни еден ден, а камоли една недела. Знаеш ли за една недела кои компликации можат да се испослучуваат?! Па и таа носи душа иако е свекрва и колку и да е лоша , на секој му е мил животот. Можеби и затоа е преку врски зашто е хитна работата, затоа немој така. Среќен роденден на синчето, сите да сте живи и здрави, тоа е најважно, нели?
хахахах девоки луди сте цел ден ве читам и се смеам сама ... иначе јас да ви казам што ми се случи ... Нели оти сум од типот добрите снаи си земам да си пеглам постелнина ... (мајка ми ја купи) и ја слушам свекрвица како праи муабет на телефон „Еве мојта снашка колку вредна си пегла се сама,си чисти гајле си немам... и се појавува пред мене и ме гледа онака злобно и ми вика ... Ти знаеш дека оваа твоја постелнина е мала? А јас и велам таман е не мора да се влече по земја од спалната ... и ми вика ти знаеш дека Е МАЛА ЗА МОЈОТ ЈОРГАН ШТО ВИ ГО ДАДОВ ... и нормално дека и ка#ав дека тогаш штом така ќе си купам нов јорган па она онака изнервирана почна да вика на цел глас на толку јоргани уште твојот ке фали да не си смеела да донесеш уште еден ... и нормално кога виде дека не се замарам дека си пеглам типката ми вади МЕТРО па ми ја зема постелнината и почна да мере како луда .... се има по овие свекрвиците ...
17март свекрва ти легнала под нож а ти по итно да одеш на психијатар дај бе молим те како можеш да збориш дека некој самоиницијативно ке бира ден за операција ај ти се молам и да биде во центарот на внимание колку и да не се согласуваш со свекрва ти,таа нема да го мрази своето внуче и да сака да го тргне од мажот ти од него за најуавиот ден на детенцето.А и таа е мајка знае како одат тие раб и ако ти толку си испаничена вознемирена нема да дремеш на фемина и да пишуваш бесмилици и замисли некој ова да го кажува за твојата мајка,да го посакува на твојата мајка.Знај дека не е уаво тоа што го имаш напишано и сето тоа се само твој глупости.Еден ден и ти ке бидеш свекрва и снаати ке ги брани нејзините а тебе ке те напаѓа.Никогаш нема да најдеш маана за своите родители тие секогаш ке бидат најдобри за тебе,а за сопругот неговите (но не во секој ситуации има и такви кој само за кавги се створени).Затоа размисли малку дали исправно размислуваш,и свекрвати ти е крива за се нели...Според мене ти треба да се преиспиташ што посакуваш на некој бре човече и јас сум снаа и мн др тука на форумот сите имаме проблеми со свекрвите па неможеш да посакуваш на некој да умре бре.Доста ниско паѓаш со мислите.
17 Март ме изнасмеа, абре леле нема разбирање, каква свекрва, роденденот пропадна хахаха... Чекам да каже како си поминале... Иначе имав баба, свекрва на мајка ми која живееше со нас си имаше своја соба во куќава. Луѓе верувате или не, кога ќе се најавеа гости дома, од тогаш почнуваше, леле не ми е арно леле што ми е, леле како ми е... кога ќе слушнеше дека доаѓа кола во двор, идат гостиве, земаше марамче ќе го натопи со ракија, лепење на чело и оп во кревет! Она е болна! Доаѓа тетка ми право кај нејзе леле мама болна е, леле што и е, а она се преправа дека спие хахахахахахах абе глумица вода можеше да и носи. Се тоа беше само за да биде во центар на внимание, ништо друго. Исто како дете кога покажува играчки на гости, кога скока беснее да привлече внимание, така и старава моја баба. Мн беше префригана, ама на мајка ми душата и ја вадеше. Ќути цел ден и посматра, мајка ми си работи по дома, а оваа не се мрда и на крај само ќе и промрчи нешто колку да ја буцне и мајка ми ништо нема да и рече ама ќе пукне од нервоза. Беше мн безобразна само да подбуцне некој или татко ми или мајка ми, само кавга да гледа сакаше. Со еден збор проклетија да не речам. Мајка ми кога дошла во куќава, јас знам само дел, верувајте не ми се ни раскажува што се и правела, па затоа и не ја сакав воопшто. На кратко уживаше да слуша и гледа кога татко ми и се развикуваше (дереше) на мајка ми за ништо! Старата проклетија ја викав! Секоја нервоза дома, секоја кавга од нејзе беше створена! Мајка ми колку има проплакано од нејзе, никогаш нема да заборавам! П.С. Беше третирана како да и е мајка на мајка ми, никогаш не ја двоеле. Заедно доручкувавме, ручавме, вечеравме. Не памтам да седне на јадење и да не рече пф ова Стојна (стрина ми) сто пати поубаво ќе го направеше. Ќе се најаде и ќе си отиде во соба, мајка ми ќе полуди. Затоа кога умираше, дома беше залежана подолго, мајка ми од работа одмор зема ден и ноќ и бдееше над глава, додека стрина ми доаѓаше како на визита, го јадеше се тоа што и го донеле на посета на баба ми, да се напие сок кафе и ќе си отиде, гајле си немаше. Пред да умре на мајка ми раце и бацуваше да и прости за сите лошотии што и ги правела!
Еден ден и ти ке бидеш свекрва и снаати ке ги брани нејзините а тебе ке те напаѓа.Никогаш нема да најдеш маана за своите родители тие секогаш ке бидат најдобри за тебе,а за сопругот неговите (но не во секој ситуации има и такви кој само за кавги се створени).Затоа размисли малку дали исправно размислуваш,и свекрвати ти е крива за се нели...Според мене ти треба да се преиспиташ што посакуваш на некој бре човече и јас сум снаа и мн др тука на форумот сите имаме проблеми со свекрвите па неможеш да посакуваш на некој да умре бре.Доста ниско паѓаш со мислите. Togas ona narodnata ko bev jas snaa ne cinea svekrvite a sega necinat nevestite.kazite koja svekrva e dobra?sega pred eden sat stignav od rabota srediv sto trebase a taa sega dalinskoto od tv.go drzi vraka gleda asi ,i komentira a istovremeno po sinmi vika ispoten si ,ce te bolit ova,ona ,a seto toa deka jas sednav na kompjuter i mi ofka (demek ja nesum dobra majka sto go ostavam mojot 8 god.sin da trca.
така е ама ајде животот има убави работи за кои треба да се грижиме да бидат поубави,човек е добар се додека не почнеш да живееш со него и да делиш работи во животот.секој ден си викам нов ден нова надж.
Neznam kolku si vo brak,no jas celi 15god.ziveam so zena na koja jatrvami dobar den ne i veli ama sekogas koga kazuva pred drugi samo nea ja fali.Pa i jas cekam podobro vreme ama eve uste ne e dojdeno.