Тоа го зборам сто саати. Ќерките и биле кај верениците уште од веридба, према таа логика и мене ме собраа таму пред венчавка/регистрирање. Јас сакав да бидам кај моите, така бевме и со него договорени, ама испадна друга прича и пак од неа, ако не бев овде немаше ни бременоста толку брзо да дојде. Незнам што мене ме напаѓаат кога има еден куп други работи што не сакам да навлегувам овде по форуми. Јас едноставно пишав некои работи што не ми се допаѓаат кај жената и следеа 5 страни со напади против мене. Нејзина била куќата станот како да не. Колку знам што се на родителите куќите/становите па не се понашаат како неа, т.е како да сум со неа верена, а не со син и. Пак ќе речам тоа со пералната,бањањето беа само пример. Си дозволува многу небитни коментари и прашања што не ја интересираат, женава се храни со озборување, и со натпревари меѓу комшиите, кој колку дал, што дал, како живее што работи, со што се занимава. Јас не сум навикната на такво опкружување пошто каде што јас живеев секој си гледаше својот бизнис. И за перење, јадење, пиење, спиење, излегување се. Никој со никој не се замараше. Ќе издржам една година, ете не и одам во станот на душичката ( што е од пари на нејзините свекор и свекрва)пошто нели од каде нејзини ко нема ден работен стаж. Фала богу ќе си имам куќа од моите што ќе гласи на лично мое име во иднина, ама и тоа нема да им одговара, зошто да живеете во нејзино ко имаш свое, пак јас виновна.
И јас не разбирам. При прва шанса одма би отишла од моите а не па од кај неговите. Ние живеевме со моите помалку од година додека направивме документи, да се средиме па јас едвај додржав. За маж ми не знам, али јас за првиот стан што ми испадна можност одма ја искористив и се иселив од кај нив. Во Мк барем се ефтини кириите (зборам за други градови, не за Ск) па доколку работат и двајцата, не гледам причина да се седи со родителите.
Можам да те разберам, те убива околината ок. Но, членките ти алудираат на тоа дека имаш можности и начини да ја прекинеш агонијата во секој момент. Само треба да му кажеш на мт сакам сами да живееме, или кај тебе у станот или у мојата куќа - бирај, имаш еден ден да одлучиш и толку.
Абе дечки сите сакаат на готовс така и членката. Никој не сака да е самостален и независен да се мачи. Еее па и вие, многу се напнавте. Поубава е туѓата куќа,од старата сопствена шупа.
Она што сакаме да ти кажеме е дека и ти самата знаеш дека си кај нејзе дома и не можеш да се расправаш зошто ако можеше, немаше ни да пишуваме страници на темава. Кога некој ми доаѓа дома и ми премине граница, нема да чекам да прашам на форум како да постапам, одма знам како да постапам, дома си сум. Ама кога не си дома, е тогаш друго е. Многу си фокусирана на тоа како било кога си живеела со твоите. Повеќе не живееш со твоите, на твоите си им ќерка и ќе те галат и ќе те пазат, кога ќе излезеш во надворешен свет треба да очекуваш секаков карактер. И јас имам свекрва што сака да се меша и да контролира и да навредува, и кај нејзе сме живееле неколку месеци кога со нашето место имавме огромен дефект со водата. Кога влегов со куферот, застанав и го анализирав секој детал за тоа како живеат тие, за јас да се прилагодам на нив и да не им застанувам на патот зошто јас сум кај нив дома и јас треба да се прилагодам, тие веќе се прилагодиле со тоа што се согласиле трет човек да им спие дома и да им го изменува секојдневието. И мојата кога ќе дојде сега кај нас дома знае да каже нешто непромислено, ама чекај, сега си на моја територија, сега ти ќе се прилагодуваш на мене. Не чекам на форум да прочитам како да постапам кога ме навредила дома кај мене, без проблем парче ќе се направиме ако претера. Ни бременост не доаѓа со сила, ни да се вселиш кај некого не може да те натера со сила, колку сака нека инсистира. Што ако утре се разведат ќерките и дојдат и тие во станот да живеат со вас со децата нивни? И тие ќе те нервираат и ќе ти сметаат. А не можеш ништо да направиш пошто тие нејзе и се ќерки, тоа е и нивни стан. Не можеш сите да ги менуваш, можеш само себе си да се смениш. Штом си трудна, стегнете заби со маж ти, веќе не се работи само за вас, треба друга личност да растете, штом ќе раѓате дете не може да се замараш со прашања Кога ќе пуштиш машина, посериозни проблеми идаат со дете.
Колку повеќе ја читам темава толку ми е појасно тоа дека жените се криви за се што им се случува. Ако се договорам нешто со маж ми и ми преправи ради тоа што мајка му така сака има пердуви да летаат
Немам време се да читам. Но, мој совет ти е што побрзо да бегате од таму. Така ќе биде и бракот подобар и дете ќе расте во здрава средина. Тие таквите свекрви ми се познати. Ги има мал милион. Членката погоре што напиша и 5000 км да е далеку и мене од мојата ми се превртува желудникот. Смири се, внимавај на бебето и од почеток од корен решавај ги работите. Те .
Не ми е јасно како те собрале? Посебно ако веќе сте биле договорени со дечкото и ти не си сакала. Само со дечко ти треба да се договараш за животни одлуки и да објасниш убаво што сакаш и како сакаш да живееш, а не да викаш те собрале, те затруднеле... Колку ќе дозволиш, толку ќе те контролираат, а ти изгледа си го испуштила воланот. Заврти нов лист со време.
Мојата кога се меша и прашува нешто што не е нејзина работа, мм знаеш што ми вели? Прати ја кај мене, јас ќе и одговорам Ако ти и маж ти сте биле веќе договорени, како те собраа кај нив? Не е се до свекрвата, размисли убаво.
Жени, не осудувајте, не напаѓајте. Кај си има мака па ние уште да напаѓаме. Давајте совети како најлесно, да се среди се?
Како најлесно да се среди се? Да стисне заби додека да направи една функционална соба и вц и да си отиде од таму. Ама ако чека се да биде цаком паком, па тек тогаш да се сели или ако чекаат некој друг да им го среди станот, тогаш нема лесно средување на ситуацијата. Ќути си, трпи си, додека да си одиш.
Незнам за каде надвор од Ск збориш ама веќе сегде се е поскапено. Најпрост и најблизок пример Охрид и Струга (за мене). Во Охрид моментално под 8/9000 ништо нема. Ами кај се сметки? Кај е јадење? Ако има кредит (шо секој втор има)? Со две плати по 16000 да речеме како ќе преживееш? Баш во мк кириите спрема платите се изгор. Не е исто кирија 500 еур на плата 1500/2000 еур и кирија 150 еур на плата од 250 еур.
Ќути... Месечно 20000 даваме за кирија и сметки. Јас само за тоа работам и остатокот кај малиот на штедна иде. Од платата на мм се плаќа се друго и тоа што ќе остане го заштедуваме. Врти сучи, таман си дошол до некоја сума да уплатиш за стан, ќе ти искочи нешто непредвидено. И така сеуште си седиме под кирија битно среќни.
Ги знаат цените од '95та и лупаат од ракав. Баравме баш за свекрва ми да земеме гарсониера во внатрешноста, руини од по 30м2 кои мора да се приспособуваат дополнително за живеење одат по 20.000е. Нови градби станови и во внатрешноста почнаа да никнуваат по 900/1000е м2 Ама вака на форум едно лесно се' што е, едно едноставно...
Епа тоа е да бидеш возрасен. Мислиш на се. Данокот за да си имаш мир и да не те прашува свекрвата кога ке се переш е да немаш пари за шетања, кафиња итн. И јаре и паре нема. Или ке живееш во заедница и ке трпиш или ке си излезеш и ке си се снаоѓаш.
Да ама на форумов расфрлаат со суми и совети оди под кирија ко да е нешто прелесно. За Скопје можда е пак со подобри плати, ама во мали градчиња кај што пола се иселени од немање работа не е толку лесно.
Абе којзнае на колку родителите им ги плаќаат ратите за кредит или им дале за учество или ставиле нивен стан/куќа под хипотека за да земат кредит или им го опремиле станот, или... Ама вака на незнаено силење... Во реалноста ем ги знаеш па се утепуваат од фалби, за овде ич не е ни чудно.
Ве молам малку да намалите и со тонот и со навредите. Навистина нема потреба од некаков осудувачки тон и деградирање. Ако имате да дадете некој совет океј, дури и критика да е можете да ја составите со подобри зборови. Прочитајте ги уште еднаш Препораките за однесување на форумот. Благодарам.