Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.264
    Допаѓања:
    67.833
    Пол:
    Женски
    Темата е за снаи и свекрви, за кирии, трошоци, осамостојување побарајте соодветна тема.
     
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.717
    Допаѓања:
    182.262
    нешто си ги измешала лончињата
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.185
    Пол:
    Женски
    Зошто мислите дека снаата се тупнува? Таа се сели во својот нов дом каде што не е сама дојдена туку синот ја донел затоа што сака да основа семејство со неа. Најидеално е посебно живеење, барем денес за разлика од порано ама ете некои и живеат во заедница.
    Различни карактери, некогаш и двете страни претеруваат. Факт е дека во заедница треба двете страни да се прилагодат макар и тоа да не е свекрва туку мајка.
     
    На S.o.F.i, Осе, Sarence и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    "Свој нов дом" е бајка.
    Што повеќе се одолговлекува соочувањето со оваа вистина, тоа подолго си страдаат снаите зошто влегуваат со мисла дека тоа е нивни дом и кога во пракса им се покажува дека не е така, тука настануваат нервози.
    Кога од старт знаеш дека е дом на свекрвата, нема да имаш високи очекувања дека можеш да правиш што сакаш.
    Што сакаш можеш само во стварно сопствен дом. Многу се потценува моќта на имотниот лист.
    А и од другата страна да се гледа, јас да сум свекрва не знам зошто од мене да се очекува да се прилагодувам на девојката од син ми во мојот дом.
    Господ само знае со каква мака сум го обезбедила тој дом и сакам да уживам без да се прилагодувам на ничиј карактер.
    Зошто побогу би се прилагодувала на снаата. Ако мене ми пречи да се пушта машина за перење секој ден, ми пречи и нема да се пушта и нема што да се прилагодувам.
    Син ако родам ќе гледам да обезбедам за него, ништо да не му фали дури стане возрасен, а не можам домови да му обезбедувам него, на жената, на децата што ги планираат, нивна обврска си е тоа кога веќе решиле да оформуваат семејство.
    Да немаш кај да живееш е друго, ќе се стегнеш, ќе издржиш, никој нема да е оставен на улица, ама да се трудиш да се иселиш, да се движиш во таа насока, а не заедно ќе живееме цел живот јер традиција или маж ми нејќе да се оддели од мајка му или ќе речат комшиите дека свекрвата сама ја оставија, или што ти знам што.
     
    На ALISA0000, M.B., Daniela93 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.185
    Пол:
    Женски
    Твое право е да не сакаш.
    Јас не би живеела со свекрва ама стојам на ставот дека доколку живеат во заедница е нејзин дом.
    Според мене треба прилагодување затоа што не сме сами, имаме обврски/должност према семејството, за семејството свое треба да има прилагодување. Ама тоа е мое мислење не мора да е правилно за сите.
     
    На Осе и crazylady им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Нема должност и обврска свекрвата да се прилагодува на снаата.
    Штом дошле до женење и мажење редно е да се одделат од мама и тато, и едниот и другиот. И психички и физички.
     
    На anggell, Осе, nena2010 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.185
    Пол:
    Женски
    Нема должност за снаата ама има за својот син.
    Пишав, според некои не е правилно тоа, според мене така треба да биде.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Зошто да има кон синот?
    Мало дете не е синот, веќе е возрасен маж.
    Се знае до која возраст мама и тато се грижат за децата.
     
    На spacegirl92, baby-star и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  9. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Може должност не е, ама човечки е да се прилагодиш на карактерот на снаата. Таа дојдената треба да се прилагодува на куп нови навики, карактери итн а тие што се веќе таму човечки е се потрудат таа транзиција да е попријатна.
     
    На Anyshka, mal.ecka, Осе и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.185
    Пол:
    Женски
    Грижење и должност за мене се две различни работи.
    Точно, не треба да се грижат за синот кој е возрасен маж.
    Или како што пиша @wannaBeMomma човечки е.
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Како да не било човечки.
    Демек овие што сакаат да си ја тераат секојдневната рутина што ја живееле 30 години се нечовечни?
    За да не се прилагодува дојдената, нека живее на нејзино место.
    Пак ќе речам, да немаш ептен каде, секако дека ќе се прилагодиш еден на друг.
    Ама огромен број живеат заедно од што така останало традиционално.
    Од што синот нејќе да се дели од мама. Од што на нејзините родители не мисли дека треба да им бара нешто зошто се останува на брат и, а ваму и смета золвата и чека да се мажи или ако е мажена што бара да доаѓа кај мајка и да и смета цел викенд со децата.
    Човечки е да си тука за помош на семејството во тежок период. Другово нема врска со човечност.
     
    На Daniela93, Spidy, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.813
    Пол:
    Женски
    Абе греота свекрвата која е исто така дојдена и на нејзината свекрва дома, па ја има пикнато старата у дом или у една соба, или па жива среќа починала а снаава-свекрва конечно видела раат, па зар сеа едно снаиште неа да и каже...
    Свекоров сирот нема право на ништо, безгласна буква.
    Јер тоа е домата на свекрвата и никој повеќе.

    Дај бидете реални.
    Ок е да не сака да живее со снаа и тука нема лутиш нејзино право, но не е ок ако веќе си се согласил на таков живот некому душа да вадиш, јер демек ти се може.
    Најглуп изговор за малтретирање некого.
     
    На Anyshka, Watermelon96, butterfly6223 и 19 други им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Не е фер да и каже така свекрвата, точно.
    Ама многу велат така за да не им избега синот настрана.
    И после во секојдневни ситуации покажуваат колку не го мислеле тоа што го кажале.
    Затоа што во генот ни е запишано да сме посесивни за нашата територија и секој што ти доаѓа да ти ја "земе" ти е непријател. Мене ми е пренереално очекување да очекувам да се смени свекрва ми на 70 години за мене.
    Таа за синовите не може да смени некои работи што и се запечатени во корен и се расправа и со маж ми и со девер ми, за мене ли ќе се менува.
    Многу високи очекувања за работи за кои што уште сме животни јебига.
    Не е битна свекрвата, кој ја врти нејзе, муабетиве ги правиме зошто на крај од денот само снаата се нервира.
     
    На Sarence му/ѝ се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.743
    Допаѓања:
    40.200
    Пол:
    Женски
    Најчесто и не е дом на свекрвата, туку на свекорот наследен од неговиот татко. Како може да биде дом на свекрвата, по која логика, кога и таа е снаа во истата куќа?
     
    На Anyshka, Stressed Out, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    А бе станов да е на маж ми немам проблем да живеам и наследен нека му е, ама се дури е на име од свекрва ми...
     
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.743
    Допаѓања:
    40.200
    Пол:
    Женски
    Ти за тебе си кажуваш. Јас кажувам за најголем број од семејствата и браковите во Македонија. Во најголем дел не е на име на свекрвата, а бил нејзин дом. Како?
     
    На Anyshka, buba4e89, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Не кажувам за мене, ти одговарам на прашањето, да сум свекрва и да е станов на маж ми, а јас валда знам со каков човек сум се мажела, нека е, би живеела.
    Ама се дури и е на неговиот татко или мајка, таа не те сака како што те сака маж ти, така да може во жута минута да ти го покаже тоа јасно и гласно.
    А инаку во право си, од што све им препишуваме на машките деца, а женските одат да се мажат и ги учиме да очекуваат некој нечив стан да им е нивни дом, затоа сме во ваква ситуација.
    Свекорите, синовите со станови, а жените ќе се мажат за нив.
     
    На Осе и Mnik им се допаѓа ова.
  18. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Затуцано поднебје до крајност. Свекрва ми еднаш се осуди да ми рече дека не сум имала право јас на дел од куќата на моите зошто сум била женско. Молим? И објаснив и нацртав све убаво дека тоа е и мое колку и на моите браќа и жената го крена човече носот, јас сум имала повеќе од ќерка и. Ко ја да сум и рекла да не и дава ништо. Тој пат и неа и на мм и на свекор ми им реков дека не е фер да не добие сестра му/ќерка им ништо, ние секако наш спрат си направивме, они имаат два, нека и го дадат едниот неа, жими мм што рече слободно и двата дајте и ги, јас си имам свое башка и две ниви има на негово име, ние секако овде не планираме да останеме. Луѓево ненормален го направија. Како така се видело на ќерка да се остави нешто? Си имала кај мажот и ден денес ми вика дека не било правилно моите што ќе ми оставеле дел. Боже сачуј
     
    На Oneo, Peanut Butter, manako1 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Nikolina35

    Nikolina35 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    13.046
    Пол:
    Женски
    Ма што се чудиш, јас колешка 40 годишна имам со вакви сваќања ко на свекрва ти... Главата ми пука од простоќата нејзина, па не се ни замарам да и објаснувам, теле се учи.
     
    На nena2010, steela.honey, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.185
    Пол:
    Женски
    Не си требала да и објаснуваш ич ништо за тоа дека имаш и колку имаш дел од кај твоите. Исто така не си требала да се мешаш да кажуваш за золва ти дека и следува. Вие како сакате планирајте си ама залудно потрошено време и нерви на објаснување безпотребно.
    Голема грешка што на свекрва ти и свекор ти си им кажала за золва ти дека и следува. Не се замарај.
     
    На elimkd и tina2018 им се допаѓа ова.