Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.782
    Пол:
    Женски
    Јас имам 30 годишна комшивка со вакви размислувања. Мажена овде од друг подалечен град. Како што она оставила таму се на брат и, така и золва и требало се да остави овде и да не бара ништо :wasntme:
    На темава, овде не им се мешам, нека се договараат меѓусебно за имотот. Ама утре ден, знам дека мм нема да ми се меша кај моите.
     
    На Mnik и Mantub им се допаѓа ова.
  2. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Зарем таа свекрва не се грижела за тој дом кој што не е нејзин туку на нејзиниот сопруг 30/40/50 години?

    Таа жена готвела, чистела, уредувала и се грижела за куќата секојдневно па макар била домаќинка. И да нема ден работен стаж, таа и нејзиниот сопруг одлучиле заедно, не вие.

    Како ќе се чувстуваат жените кои во моментот ја ставиле кариерата на пауза заради дете, бременост и останати фактори? Или како би се чувствувале вие ако во иднина вашите деца/снаа/зет ви се обратат со ти немаш со прст мрднато, куќата/станот е на татко ми, бидејќи ја наследил од неговите?

    Работата како домаќинка е најтешка, најмногу подценета и неплатена.

    За останатото се согласувам дека треба да има взаемно разбирање на оние кои живеат. Многу добро нагласи @Mantub дека не треба да се очекува некој да се прилагоди на тебе ако станува збор за привремен престој.Ако е траен тогаш потребна е взаемна комуникација и разбирање од сите жители во куќата.

    Реално осамостојувањето е тешко но не и невозможно. Затоа и ги разбирам до некаде старите. Транзиции и пропаѓања на компании, менување на системи, неплатен стаж и со години работа на црно. Имаат добра основа да бидат скептични.

    Од друга страна и мене ми пречи доколку некој постојано ме испрашувал, каде, зошто, како, што, итн, затоа животот на страна па макар и под кирија е бесценет. Мислам дека секој човек кој е спремен на брак/вонбрачна заедница, треба да биде спремен и на самостојност.
     
    На Watermelon96, malerozna, Sarence и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.259
    Допаѓања:
    19.045
    А спратот е и на твое име по пола? И исто нивите и на твое име се?
    Пошто свекрва ти рекла жената од кај мажот ќе земе
     
    На Oneo, ALISA0000, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Во право си. Спратот е на име на мм и нивите, ама ја мислам да си барам по нејзиниот закон.:rofl:
    Иначе пред да ме "нападнете", имам вложено овде, да, знам дека ако треба некој да си оди тоа ќе сум јас, ама секако не планираме да останеме овде, така да не ми е нешто битно.
     
    На Nikolina35 и Milkiway им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.259
    Допаѓања:
    19.045
    Следен пат кога ќе ти каже жената од кај мажот дпбива да и кажеш 50-50 да ти препишат :D
     
    На Snowflake97 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  6. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Едново спратче мое си е, ти избери кое, свекрвче :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Добра идеја ми даде, како не ми текнало до сеа:hug:
     
    На Snowflake97, Осе, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Затоа сите муабети се прават пред брак па колку и да го сакате партнерот дур не го решите станбеното прашање не се согласувајте на брак!!!
    Се прават и непланирани муабети директно секој да си каже што мисли и да се најде заеднички јазик,затоа што се случуваат и непланирани бремености.

    Значи може и по кирија да се седи дур се реши тоа прашање ако имате добри плати. Се се средува полека а не набрзаки.
     
    На hermosa, Осе, kostovaivana и 4 други им се допаѓа ова.
  8. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Неколку пати го имам пишано истово.
    Сите знаеме како е најдобро а тоа е живеењето сами ама прашање е дали можеме да си го дозволиме тоа.
    Просто неверојатно како некои членки пишуваат, мислиш во некоја си бајка живееме, а не во најголемата дупка во Европа.
    80% од семејствата крпат од денес за утре, не па на осамостојување да мислат. Има такви кои имаат скоро по 40 години и уште се само во врска зошто немаат работа (или со минимална плата живеат) за да мислат на брак а не па на оделно живеење.

    А живеењето во заедница е такво. Мора да постои компромис и разбирање. Е сега има секакви луѓе, ако не ви се свиѓа барајте друг излез.
     
    На Anyshka, Snowflake97, Осе и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Daniela93

    Daniela93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    763
    Јас имав ситуација пред месец дена, по која идеше дискусија меѓу мене и мм од околу пола саат.
    Живееме во различни градови од свекрва, се гледаме еднаш во два месеца. Таа си е мирна жена, мм е тој што ја става на место кога пробува нешто да пречекори граница, јас со нејзе лош збор неам скршнато.

    И сега си правеле мм и свекрва ми муабет по тел, тој и кажал дека наредниот викенд планираме да одиме, а не тој што идеше за два дена пошто имавме испланирано веќе што и како. Јас не знам на која емотивна манипулација паднал, ме изненади кога после тој муабет ми кажа - е ај да одиме сега овој викенд ако не, да и направиме ќејф. Таа демек мислела сега дека ќе одиме (иако никој ништо не и кажал такво), па се подналутила, па којзнае што глупости му има зборено, зашто овој никогаш не потпаѓа под влијание да менува било каква одлука ради нејзин ќејф.
    Јас имам нула емоционалност кога пробува некој да ме мава на емоции и реков дека веќе планот е направен и не планирам да менувам ради друг ќејф. Ама вака, така, онака. Јас си држам до моето, иако ми дојде на нерви што ми ја заеба вечерта во тоа да се објаснувам со мм дека не е мало дете за да не може да додржи да не види 7 дена, смирено си држев докрај и нормално овој се сложи со мене.

    Појдовме наредниот викенд, се видовме, се си беше ок, нити спомна за ова, ни ништо. Јас не знам што ја имаше фатено, ама се надевам нема да и се повторуваат често такви епизоди, зашто мрзам мм да се нервира ради глупости, а со тоа и јас.

    Не попуштајте кога сте во право. За ништо, па и за ваква глупост, зашто еднаш двапати, ве фатија во штос. Јас сум перцепирана ко себична особа пошто не мавам многу рецка, али мене ми е многу мирна главата.
     
    На Anyshka, Miss666, Snowflake97 и 20 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.264
    Допаѓања:
    67.833
    Пол:
    Женски
    Ова ако си ја знаете свекрвата дека е манипулативна или изигрува маченичка, па да, не е добро да се подлегнува на манипулациите. Ама ако си е океј жената, дошло до недоразбирање, нема зашто еднаш да не се излезе во пресрет. Особено ако се нема планови. И не е по секоја цена само инат да се води, не оди и тоа така.
     
    На Neda997, IRBBB, Oneo и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Daniela93

    Daniela93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    763
    Па пишав дека имавме веќе испланирано за викендот. Да немавме и да не се служела со емотивна манипулација за да го нервира мм, фино да си кажела, ќе отидевме. Ова беше инат од нејзина страна, кога веќе она наумила да види дали може да и се оствари, и покрај тоа што некој друго има работа, чисто да види дали е она побитната.
    Не поминува такво понашање кај мене, еднаш да се направам фина, па да се научи после на секое плачење по тел некој да и прави ќејф.
     
    На Snowflake97, Осе, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.728
    Допаѓања:
    14.176
    Така е. Генерациски разлики и нормално да има несогласувања. Е сега старите со текот на годините си стануваат досадни по карактер без да бидат свесни. Еве мајка ми колку пати се случувало ручекот да ми го коментира, како таа го сакала ( не дека е лошо направен, ама како таа сакала е најважно). Да сум и снаа веројатно ќе се навредам. Не е дека е со лоша намера, ама сакаат така да си кажат. И снаите во темава имам чувство како светот да го освоиле, ако се омажиле, и сите мора да им угодуваат. Убаво пиша една феминка погоре, рмбај цел век, плаќај кредити, и утре да дојде некој да ти шефува. Па нема да е сеедно.
     
    На x-MajaEsposito-x, mssuniquee, Anne Boleyn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Затоа треба да постои отворена е искрена комуникација меѓу децата и родителите. Уште од помали се учат на самостојност и веќе одкога ќе наполни некои 16 години убаво е да му се збори дека треба да си заштеди некој денар настрана за да си обезбеди кров над глава. Без разлика машко/женско. Тетин ми и тетка ми имаат куќа во приградска населба од татко му наследена, кога ќе се ожени братучет ми си имаат кажано ние таму ќе си одиме, станов за него, за братучетка ми цел живот штедат за да и купат и неа стан. Ако имаат родителите ваква можност супер, ако не, да знае дека вратата во зорт ќе му е отворена, ама на одреден период дур се среди, заштеди. И убаво е родителите дур се мали децата да почнат да им штедат пари. Не е исто на 18 години да имаш да му дадеш барем 3000 еур и да немаш ич да му дадеш.
    Јас несакам да живеат со мене. Сум рекла и да останам овде, ако немам ништо друго да му понудам барем едниот спрат под мене можам да му го дадам и јас ќе бидам таа што ќе напомене дека сме делени и дека секој за себе ќе си гледа. А не да си ја напињам снаата со глупости. Башка штп сум 100% сигурна дека ќе си сакам мир.
     
    На Осе, crazylady и elimkd им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.728
    Допаѓања:
    14.176

    Паметно. Еве јас си штедам, никој не ми рекол и не ме советувал, а убаво би било да ме советувале. Но, за жал уште немам доволно за свој покрив над глава. Сите треба така да ги учат децата, ко што кажа ти, и машко и женско.
     
    На Mnik, crazylady и elimkd им се допаѓа ова.
  15. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.747
    Допаѓања:
    13.629
    Пол:
    Женски
    Требало да им речеш, ако вашата ќерка еден ден биде малтретирана и мора да остане со маж и што ќе ја тепа секој ден само затоа што вие не сте и оставиле место каде што може да се врати и не сте и оставиле никаква сигурност макар и една нива да е, тогаш ќе ве видам дали ќе ви биде сеедно. Ќе рече некој што е една нива, ама да ја продаде ќе може да се снајде некое време додека да може да се дистанцира и заврши со токсичната врска, брак или што и да е и тоа може да биде пресудно за да не биде жртва веќе.
     
    На hermosa, S.o.F.i, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.477
    Допаѓања:
    125.669
    Пол:
    Женски
    Само да ви кажам дека после смрта на мажот имотот кој е наследен од родителите на мажот не се дели пола на жената а другото на децата, туку жената и децата имаат еднакви делови. Така да мислете му со време вие што живеете во куќи/станови на свекрви и свекори да не маштате дека ќе сте газдарици. Секоја чест како издржувате во заедница. Па и на различни спратови.
     
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Наследство не се дели воопшто на жена/маж, само на децата преминува.
     
    На Jana06 и tina2018 им се допаѓа ова.
  18. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    5.616
    Грешиш. Се дели при смрт на едниот брачен партнер. Наследуваат другиот брачен партнер и децата подеднакви делови. Ако имотот е наследен, ако е стекнат во брак е друго.
     
    На nena2010 и elimkd им се допаѓа ова.
  19. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Ааа секогаш имала и ќе има соба во куќава.:D
     
  20. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    И? Шо кажа сега? Седнаа сите да маштаат дека куќите/становите на нивно име ќе се (еве и јас ќе се вклучам како делена на спратови).
    Крај краева мене во животот целта ми е децата да си ги обезбедам ако така гледаме. Не гледам што има лошо во тоа наследството на децата да отиде.
    Исто ко свекрва ми што се прави газдарица на тоа од маж и, така јас сум газдарицата на тоа што е на мм. Ако веќе така гледаш на тоа. Све дур сум во оваа куќа и овој спрат имам потполно право да одлучувам што и како во моето. Ваљда дека живеам со разумен маж, не се осеќам ко гостинка во тоа што е на име на мм, а опремено заедно, баш напротив газдарица сум на мојот дом. Боже господе
     
    На Anyshka, Cherry333, Brpbrp и 5 други им се допаѓа ова.