Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.488
    Допаѓања:
    125.706
    Пол:
    Женски
    Не е така. Ако куќата, станот не е купена во брак туку наследена брачниот партнер на оној што наследил има исто колку децата. А ако е стекнато, купено за време на брак е тогаш пола на брачниот партнер, а другата половина се дели на децата.
    Ова го спомнав зашто се скока овде куќата на свекрвата, снаата нема право да писне и тн...
     
    Последна измена: 11 октомври 2021
    На Mnik и Luna91 им се допаѓа ова.
  2. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    А постои и нешто што се вика тестамент во случај на смрт така да... За се има решение ама ај
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.900
    Допаѓања:
    18.785
    Пол:
    Женски
    Во случај на развод жената не добива ништо од наследство. Во случај на смрт добива.
     
    На LucyLu и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.488
    Допаѓања:
    125.706
    Пол:
    Женски
    Сум за тоа да се осамосталат пред брак, да имаат бар за кирија а подоцна и за кредит ако треба, ама еве утре да сум свекрва нема да се однесувам према снаата како идиот. Мислам ок, мене може не ми се допаѓа, ама се додека син ми е среќен ќе направам се за да и биде убаво додека е под наш покрив. Во животот се се враќа. Не може свекрва да се однесува како кретен према снаа и да очекува таа истата снаа после години да ја догледува, не дај боже пелени да и менува. Ако не си заслужила, директ геријатрија и крај. Ако сака снаата да ја гледа како ќерка, тогаш и таа треба да се постави како мајка и да и текне како и било неа кога дошла во таа куќа.
     
    На Anyshka, hermosa, H.VAGA и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.813
    Пол:
    Женски
    Токму тоа и го зборам.
    И не се однесува тоа само на свекрва.
    Поназад спомнав каде е свекорот во сето тоа?
    Еве мене свекор ми ми даде дозвола да се пишам на нивна адреса, пошо на него е имотниот.
    По таа логика, он ме примил и она не смее да се побуни.

    На оваа тема би зборела многу, ама од шо сум ја "лошата " ми е срам искрено.
    Ти да плукаш толку по свекрва толку многу, да ти смета што јаде, спие и пие, а ти дала кров над глава, ти исчувала дете, па после ти да се праиш газда и да бараш почитување... Еве не знам...
    Затоа викам, нормален човек ако те прими дома треба да те почитува како човек ако ништо друго.
    Нема апсолутно никакво право да се понаша така.
    Човечки е и да неќе да живее со снаа, зошто има право на тоа, ама тоа се кажува. Јасно и гласно.
    А не да се докажуваме сега пред комшии и роднини.
    Од друга страна и за тоа имам зборено, снаата исто така мора да допринесува во таа куќа исто како и останатите. Односно не да се понаша како да е на гости.
    За се постои договор.
     
    На Neda997, Amore.Mio, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.398
    Допаѓања:
    37.567
    Пол:
    Женски
    На која снаа и се споија жичките и ја нападна свекрвата?
     
    На Snowflake97 и elimkd им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.373
    Допаѓања:
    190.342
    Зошто, и тебе истото да не ти се случи?8-|
    Памтам имаше една таква, ама одамна ја немам видено.
     
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.398
    Допаѓања:
    37.567
    Пол:
    Женски
    На сител.мк прочитав сеа :rofl: викам мора да е од темава некоја
     
    На Cherry333, pikabu5, Indiegurl и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Не е снаата куче, па да ја вдомат и да ја тренираат. Ја примиле дома, та ја примиле дома.
    Ок, треба осет, но осет треба од двете страни
    И не, не е услуга да дозволиш син и снаа дома да ти бидат, тоа е балканштина. Да не се одвои пилето од мама и тато додека се живи.
    И не секоја свекрва ги "исчувала" внуците, па и во една соба да се.
    И да, снаата може да допринесува, на пример со храна, за децата и слични трошоци, моментални да кажам, но ниту една жена не смее да си дозволи свои пари да инвестира во туѓ имот.
     
    На Ladybug98, Ivan4e04, Sarence и 17 други им се допаѓа ова.
  10. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.813
    Пол:
    Женски
    Тоа и го зборам де ..
    Прробувам да кажам дека не е свекрвата херој на векот ако "примила" снаа дома.
     
    На Осе, tina2018, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    8.258
    Пол:
    Женски
    Точно така, балканштина. На времето татко ми сакал да земи стан и муабетот од дедо ми бил: Што ќе ти е стан, зошто ја правев јас куќава, што ќе речат луѓето.
     
    На Anyshka, WildMk, MeowMeow и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.230
    Допаѓања:
    17.980
    Иста ситуација и кај моите:shake:
     
    На tina2018 и bertold им се допаѓа ова.
  13. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.312
    Допаѓања:
    16.458
    Ја "вдомиле" снаата, небаре пред тоа на улица живеела. (facepalm) Таквите се однесуваат како само они куќа да имаат и како снаата треба вечно да им се поклонува и да им служи затоа што ја примиле кај нив. :fubar:
     
    На Anyshka, Ladybug98, Watermelon96 и 15 други им се допаѓа ова.
  14. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    8.258
    Пол:
    Женски
    И после старите ќе им кажуваат на младите како тие им дале куќа и ќе им го извадат низ нос тоа што им "дале куќа".
     
    На Anyshka, Watermelon96, MeowMeow и 7 други им се допаѓа ова.
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.744
    Допаѓања:
    40.200
    Пол:
    Женски
    Знам случај кога мажот и жената сакале да си купат стан и свекрвата ѝ викала на снаата дека сакала да го одделе синот од неа. И останале да си живеат во две соби делејќи купатило со старите. А ќерката на свекрвата си направи куќа блиску до неа. Те тоа е себичлук
     
    На Anyshka, delvi, Осе и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    И кој е крив тука?
    Луѓето во животот се можат да ти речат.
    Не можеш да имаш контрола над тоа.
    Можеш контрола да имаш над работите што ти ги правиш.
    Порано си викав свекрвите се криви, после си викав мажите се криви ама во последно време ми се чини најкриви се жените што не гледаат со каков се мажат.
     
    Последна измена: 13 октомври 2021
    На DoubleK, andrejko82, Oneo и 9 други им се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.744
    Допаѓања:
    40.200
    Пол:
    Женски
    Мажот што за сѐ си ја слуша мамичка. Случката е од пред 20+ години. Ама исто е и сега
     
    На Angelalala08, Mantub, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.230
    Допаѓања:
    17.980
    Јас пак би рекла дека свекрвата е крива. Затоа што такви свекрви од најмала возраст ги одгледуваат синчињата со набивање чуство на вина. У стил, јас те одгледа, бев жртва за тебе, бла бла и сега мора да ни вратиш. Во старост да бидеш до нас. И на тие мажи тоа им е вкопано во потсвест и некогаш не размислуваат трезвено. Сите мајки на синови кога ги воспитуваат треба да имаат во предвид дека тоа се идни сопрузи и татковци. Е тогаш би имало се помалку проблеми од ваков тип. И да, деца се раѓаат од љубов, без никакви очекувања. Затоа рекле дај им крила да полетаат и корен да знаат кај да се вратат кога им е тешко...
     
    На Anyshka, delvi, Ivan4e04 и 16 други им се допаѓа ова.
  19. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Се додека нашиве генерации поголемиот дел не се решиме да кажеме стоп на заедно живеење под ист покрив џабе е се. Свекрвата, свекорот, сваќа и сват не битно кој и да е од нив нема право да се меша во изборот на младенците мора да се има осет па макар и да се скараш. Родител не е само да го одгледаш детето и цел живот на цицка да виси, туку треба да се поддржи за да има свој дом и ако сака да му помогне, а не да прибираме снаи па после маста да им се вади.
     
    На Anyshka, MeowMeow, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.744
    Допаѓања:
    40.200
    Пол:
    Женски
    Точно е тоа. И сега имам слушнато од млади жени дека женските деца ќе си одиле од куќата, а машките ќе останале и родителите биле должни да му обезбедат кров. Жално, жално, пожално е што се тоа се млади мајки што вака размилсуваат
     
    На hermosa, Осе, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.