Мизерија, не ми се верува млади и затуцани. Жално за нив не разбираат дека никој не е должен ништо да прави ама ај ќе разберат еден ден кога ќе биде касно.
Точно. Ама кога си возрасен веќе можеш да си поработиш на себе си и да се промениш. Не можеш вечно да ги обвинуваш родителите. Точно е дека е тешко да се ослободиш од нешто што ти е цел живот наметнувано, ама штом си пораснал и планираш семејство да имаш, треба да си превземеш одговорност за себе си. Мажот ако нејќе да превземе одговорност, треба јас да отворам очи и да се погрижам за себе и да не се мажам со таков. Значо све се сведува на себе си. Никој друг не може да ни е крив.
Имам трудна комшивка, носи машко бебе. Еднаш уз муабет типкава кажа подобро што е машко, барем ќе има кој да ме чува кога ќе остарам, цел живот ќе е со мене. Ми се заврте од муабетов, а типкава сега ќе полни 24 години. Тоа затуцано мислење никогаш нема да се искорени од овој народ. Од вакви мајки и воспитувања не е воопшто чудно што речиси секое машко тука е мамино синче, неспособен за самостален живот, а не пак за живот во брак со деца. Јас имав еден таков, на негови 25 години, мамичка и татичко не му даваа да се пресели на спрат бидејќи не им се купувало нова спална баш тој период, после таа изјава моментално му раскинав.
Не секогаш можеш најдобро да го согледаш односот на мажот со неговите родители дури си во врска, оти тогаш не си цело време заедно со нив. Вака ко ќе си во ист дом со нив, гледаш на пример дека свекор ти и свекрва ти алатките што мажот ти ги користи за да заработува, си ги Или на пример, една другарка што има две ќеркички, ја прашувале: Ами не одите на трето, машко, да имате наследник? И тоа вика прашањево го имам добиено и од млади луѓе.
Можеш можеш. Освен ако не се мажиш по 6 месеци врска. Све се согледува ако сакаш да согледаш. Ако сакаш да игнорираш тоа што ти е пред очи тоа е друго. Не мора ни во врска да си со некого, од километар се познаваат дали се мамини галеници или независни, созреани луѓе. Еден муабет да направиш е доволен.
Кога го дознав полот на бебето дека е машко, ваквите ми викаа "ако, женско е за туѓа куќа, ќе имаш син да ТЕ ГЛЕДА". Тоа дека имав мерак за женско, па као не бе боље било. Викам да, уште неродено, ќе го учам паразит да биде.
Е па сега никако не ви одговара, посебно не можело, домазет не можело, ко да е по закон дека мора баш во куќата од свекорот и свекрвата.
Кој рече не можело? Срамота е, имајќи куќа синката да оди по туѓи куќи. И мама да не ја гледа секој ден.