По закон срамота е? Кој вели срамота е? Кој брани? Кој има таков авторитет да ви кажува каде ќе живеете?
Па јас знам за многу такви примери, така си ги учат. Или мајката вдовица, па мора да се бутаат со неа бивало, не бивало додека е жива, да не е сама.
Ахам. Млади модерни снаи кои очи вадат ако добијат совети од свекрвата од типот -прегори шеќер за кашлица или -алиштата наопаку треба да се сушат, сега као се помируваат со тоа свекрвата да им кажува каде да живеат. Демек имаат избор ама ај оти свекрвата рекла -дојдете кај мене и од срам од народот, затоа.
Ама кој се помирува, туку едноставно тоа е проблем со кој се соочуваат многу млади сеуште. Може немаат сите многу избор, ама знам и кога имале избор па МОРАЛЕ да останат со мама да не е сама, а стан нов на лагер.
Јасно е, затоа ако треба да бидат младите благодарни некому, треба да бидат кон оние што им го олесниле или решиле проблемот. Затоа се надоврзав за гледање на старите, не дека Принц даваат, туку место на живеење. Ваљда некако треба да се врати.
Леле Бриџит, какви проливи стари има и кога не даваат живеалиште, дај не зафркавај. Со тоа живеалиштето се фаќате ко слеп за стап, аман. Имам кажано неколку пати, мајка ми немаше живеалиште од нив, па пак за збрки и проблеми беа секогаш тука.
Оптшо си зборам, не за поединечни примери. Пролив се колку ќе им се дозволи. Со сила збрки не можат да ти прават.
Не го "даваат". Она им го "зима". Нема врска што е он 30+ Па особено ако се одделат. Па, па, па...злобница
Нема врска каква е свекрвата, дали срамота било од народот, дали куќа направиле за синот па срамота е тој да живее на друго место, дали ќе рече свекрвата дека и го зела синот итн итн. Битно е само да се пази со каков се стапува во брак, се отвараат не 4 туку 16 очи. Што сака може да прави свекрвата, ако синот не дозволува ништо не може да направи. А синот ако дозволува, нема никогаш да ми се разјасни зошто трчање во брак со таков. А многу жени се соочуваат со проблеми за живеалиште зошто од дома се воспитани дека ќе им се даде дом кога ќе се мажат. И кај нивни родители не бараат ништо, све нека остане на братот, а ваму свекрвата е крива што се правела шеф на куќата, како смеела да се прави шеф кога младиве платиле за мебел. И ако дојде развод, ќе си одиш, а мебелот ќе си остане. Што значи да си жена, рашетувај се цело време, кога ќе се мажиш кај свекрвата ќе одиш, кога ќе се разведеш кај брат ти се враќаш. Една вазна не купувам дури не е на мое име. Сама да се заебувам, не фала. Никој не ни е крив. Сам треба да си свесен, да си превземеш контрола над свој живот у свои раце. Можеме да си се лажеме убаво дека што ако снаата е дојдена, таа е дел од домот, една голема караница да се случи свекрвата може да ти ја покаже вратата и што ќе правиш? Ќе и кажеш ова е мој дом или ќе те фати гордоста и ќе си се собереш и ќе си заминеш. Може ич да не е во право, може синот да прекине контакт со нејзе засекогаш, може све, ама ништо нема да го смени фактот дека у тој момент може да ти ја покаже вратата. Никоја не пишала на темава колку и дале родителите живеалиште во споредба со нејзините браќа или каков став имале родителите кон нејзе во однос на овој менталитет - домата ти е кај мажот ти, не овде. Стално се збори за свекрвата, а родителите на невестата никако да дојдат во фокус. Таа не им е нив дете, не се загрижени дека може нема кај да живеат со зетот? Па колку пати сум прочитала - ми смета золвата, мажена е и што бара да доаѓа кај мајка и цело време со децата да вриштат. Сум прочитала неброени пати. Недај боже мене таква снаа да ми се падне, јас такво нешто да слушнам, не бремена, има последни денови од трудноча да си ги поминува барајќи станови под кирија. Место да се запрашаме зошто само жени имаат вакви проблеми зошто никогаш нема маж да дојде на форумов и да отвори тема - Родителите на жена ми ме примија дома ама се осеќам недобредојден. Реченицава мислам прв пат е кажана во историјава, сега дури ја пишам. Треба да има правило на темава секоја што се осеќа недобредојдена од свекрвата да каже колку нејзините родители помогнале во однос на живеалиште и како ја воспитувале. Во комшии имам огромна куќа на 3 ката, најдолниот за старите, другите два за двајца браќа. Сестричката ќе се мажи, и купивме кола и свадба и направивме. Ќе живее у кола ако се разведе, ќе се покрива навечер со фустанот невестински. Па и она среќна, пресреќна. Не е само мажот воспитуван да не се дели од мама, и жената е воспитувана дека нормално е ништо да не и следува нејзе пошто да си жена значи да си суштество од втора класа. И тоа е ставано 30 години во главите на жените и тешко излегува.
Многу мал дел од младите и општо народот кај нас мисли различно од ова. Ама пак затоа има еден куп примери кога старите ќе се утепаат работејќи и давајќи пари за да му обезбедат на синот куќа, кола и сл. (додека ќерката ја сметаат за дете за во друга куќа и тотално ја занемаруваат) па на крај ќе им се погоди снаа која нема да знае да го цени тоа или пак едноставно ќе си тргне по свој пат и нема да ги погледнува. Е тогаш пак ќе биде ќерката таа којашто ќе им се сожали и ќе трча по нив кога ќе им треба помош. Јас тоа не можам да го сфатам, ќе го отфрлиш сопственото дете и ќе очекуваш нечија друга ќерка да те "гледа" и се грижи за тебе. Е мало сутра. Ама ако, обично таквите родители ги стигнува таква казна.
Колку само си во право.Сакав исто да пишам.За женско дете не се грижат родителите и токму поради тоа многу остануваат во бракови каде се психички и физички малтретирани,зошто со една плата минималец и без покрив над глава реално во нашава држава ќе си умреш за јадење .Една повозрасна жена ми кажуваше дека додека брат и со семејството уживал во богатство од продажба на недвижнини стекнати од оставина,таа децата со крпена облека ги облекувала. Ама така ги воспитале,сестрата да се жртвува за братот,па плачи рикај на песната ,,сестра брата кани на вечера.Еден замисли ми рече дека сестра била проколната ако ,,земе ,, од брат,ете некои таму бел ден не виделе зошто земале дел.Пази молимте.
Да де од братот зема, дека братот се отепа од работа и го заработи сето тоа па му зема него Многу свадбарски песни се шовинистички, а колку се плаче на нив Досега сум мајка слушала, одсега ќе слушам свекрва Ти донесов мајко млада невеста, родот да ми го продолжи Итн итн
Муабетов ме потсеќа на еден мајстор што работеше кај нас. Седна човекот кафе да се напиеме и ајде муабет така за семејство. Ние само што добивме бебе. И овој му вика на мм "брат, сега ќе се осеќаш допрва ко маж", јас мислев за детето нешто дека мисли. Он продолжува да раскажува. Живеел со жена му во заедница со неговите. И после не знам колку години се расправале нешто со неговите и овие му рекле искачај, но им дале одредено време да се снајдат за стан, околу месец- два. Нашле стан под кирија. И вика брат, тогаш сум се осетил ко МАЖИШТЕ! Пет дена со жена ми леб не сме јаделе. Не, имавме ние пари колку сакаш, ехе, ама брат, како ќе се снајдам без моите? Секој ден бев во бунило што не сум со нив. Човеков има 40 години, жена и 2 деца во основно. Ако син ми на 40 години не знае да живее живот без мене, тогаш сме пропали случај и јас и маж ми.
Ме интересира мислење за свекрва ту би,уште на прво видување прв муабет со такозвана снаа,да рече син ми се такви наоѓа што не работат,и прашување дали нејзините работат?
Ау идна свекрвица во лице плеска дека се плаши оти на синчето ќе му ги троши снаата парите, па и без осет и за родители дали биле вработени прашува. Со таква жена немаш некој муабет натаму, се ќе ти шлепка во лице и ќе те навредува и пререкува за секој еден "недостаток". За да си го зачуваш мирот избегнувај средби со неа, и размисли во иднина дали би можела да трпиш вакви испади, или пресечи навреме, за да не стане додатно комплицирано се.
Му кажав на мојот ,рече па кој сака да работи работа има.Го насетив дека со неа е близок ,и ми се виде таа тежок залак ,наводно порано од една бивша тој се изгорел го земала заради пари свашта правела идела со други и незнам што уште.Интуицијата за неа за жал ми вели дека ова не е во ред и насамо не ни одам да разговарам со неговите,тој сега е во странство
Јас да бев ко тебе ќе и речев А јас пак секогаш наоѓам мажи со пари пошто ме мрзи да работам. Баш ова ќе и го речев.