Нема што да кажуваат тие кој да работи, ај да сте во заедница не е фер само едни да придонесуваат а други да трошат. Ама овде се работи за врска на далечина, вие не сте во брак па таа да ви го бере гајлето. Гледај да не одиш веќе, посебно не кога дечко ти не е дома и мирна ти глава.
Така и правам но мојот е крив што и дозволува така.Се осетив како греота за леб што пита ,многу ми падна незгодно .
Тоа повеќе зборува за нејзиниот осет и култура, ако на син и не му смета што си невработена, таа е најмалку важна, не си ставај при срце, само гледај да не поминуваш многу време со неа, посебно сега кога дечко ти не е дома, не си обврзана едноставно.
Така и другарките ми рекоа,ти благодарам Немав ни со него разговарано на таа тема сеуште плус прво видување ни беше
А кај ти е дечкото? Зошто се сретнуваш со неа без него ко да сте другарки? Пред синовите ќутат ко п..., ко ќе ги нема добиваат сила. Тоа е потценување да ти каже такво нешто. Срамота. Некултура на ниво.
Размислувањата и се на место, директноста не. Реално и те како е важно партнерот (нормално и машко и женско да не е мрза). Имам пример во околина, уште не се земени ама девојката абер нема од работење, а и фак. го батали. Тој заработува солидно и шетаат (локал) на негова сметка, ама и кажува дека би сакал да може повеќе да си дозволат, ама нели она не работи (за многу работи има кажано дека и е наводно срам да ги работи, читај и се испод ниво). Ако он е ок со тоа и сака да работи за преживување ок, ама ете не е. Тоа и те како ќе им биде проблем во иднина, ако тој не се реши да излезе од врската или таа не почне да работи. Ова првово како пореално ми стои. И да, многу е битно и од каква фамилија е партнерот. Ама како што пишав погоре, директното прашување не е во ред.
Се тоа ок општо ако збориме ама не гледам како е проблем за свекрвата ако потенцијалната снаа не работи освен ако планираат да живеат на нејзин грб.
Не и се на место ни размислувањата. Јас ако имам договор со маж ми да не работам што и е гајле неа. И факултет ако сака ќе остави, и нема да работи, и пак не значи дека е мрза. А и на мажот да не му е ок, пак е тоа меѓу мажот и жената. Нема што свекрвата да коментира ниту па некои други (како ние сега да збориме дека некоја во комшии била мрза и не работела ) Не им ги знаеш математиките зошто и како.
Ма немој, ај па да не се замара она со синот ич. Не секоја мајка се грижи ама па не на секоја не и е гајле. Родител е и нормално е да размислува дали утре на син и или па да е во прашање ќерка ќе им е ок. Ако не им е гајле на родителите, зошто не им е гајле, кога им е, што има они да берат гајле на синот/ќерката. Мешање не оправдувам, ама размислувањето и е на место. Може затоа што ако утре синот не е задоволен со таквиот начин на живот, нејзе како родител нема да и е сеедно?
Да де синот дошол до девојки и до женење, ама мајкичка уште се секира дали е јаден денеска, не е тоа ич нездрава опседнатост, љубов ќе го наречиме
На ниеден родител не му е сеедно ако детето е несреќно. Ама веројатно возрасен маж знае што сака и што прави и не му треба мамичка да збори во негово име? Па и ако моментално е без работа не значи дека е мрза или дека никогаш нема да работи. Тоа е само нејзина работа, нејзин избор и дечкото може да ја прифати или не. Потенцијалната свекрва нека си го гледа нејзиниот работен стаж.
И што ако не и е сеедно? Треба во животот све да правиш за мајката да не се вознемири? Некогаш родителите не се слагаат со нашите избори и тоа е во ред, треба да научат да се носат со тоа. Сопствениот син си го прави глупав како тој да не може да донесе самостојна одлука, таа треба да одобри и да предвиди дека во иднина ќе е несреќен. Ако некоја не работи може дома домаќинството го води и деца гледа. И тоа не е мала работа и може му е на сопругот во ред таквиот начин на живот. И што има ние да коментираме дека била мрза? Со кое право?
И мене ми е испод ниво да работам некои работи. И на маж ми не му е сеедно да работам било каде. Затоа и до скоро не работев. И сега работам на проекти на апворк и не е ништо стабилно. Уште гледа некој чиновнички фамилии? Мислев престанало во време кога се одвивал Рањени орао филмот.
Си ги вртите муабетите како ви одговараат. Има родители кои ете се мрзи, па такви се и децата. Кои чиновници, кои глупости. И кој кажа дека кажувањето пред девојката е во ред? Е, да во Мк. ако некој не работи и до 30, не значи дека е мрза, едноставно не му се работи. Ќе почне кај и да е на 40 па и на 50, има време. Тоа во некое др. општество важи. Еве се извинувам за грешното категоризирање. Ако сакаш да цитираш не ми ги врти муабетите. Ако те погоди лично муабетот, твој проблем. Мајката има право да и е гајле за синот и да му биде ок со изборот на партнер. Нема право да се меша.
Не може сите да не те сфативме и да ти го извртевме муабетот. Може муабетот не ти чини штом повеќе ти посочуваат. Мајката имала право чиниш детево во градинка оди.
Има и деца кои од алкохоличари и коцкари родители се посветиле на себе и се доктори инженери. Моите работат мене не ми се работи било што. Прво затоа што немам таква потреба. Да имам, за син ми, и улици ке метам. Ако не работи до 30, што е ако не мрза? И таа девојката што ја збориш можеби уште ја мрзи. Тоа не и дава право на свекрвата да се меша.
На времето мојата баба многу ме нервираше со некои муабети од типот : синко гледај од која фамилија е!!! каде ќе отидеш!!! Сета земја што ја имаше во наследство ја подели подденакво на сите нејзини деца 2 сина и 3 ќерки и она се имаше како дел, значи наследството(оставината) од нејзиниот сопруг се делеше на 6, татко ми го зема нејзиниот затоа што тој ја чуваше, така си беа договорени!!! Па мојата баба умре на 85години, снаите и беа снаи и беа почлитувани не беше другарка со нив. Ќерките и нејзините деца и доаѓа на муабет, другите ако сакаа ако не не мораа..Па мојата баба била многу помодерна и зрела во однос на овие сегашниве и мајки и свекрви сеедно..синот им го зема снаата, бог да чува!!! Од каде сега МОРА да седам со свекрва ми ако не сакам, или да живеам во заедница при свое.. Гледајте каде се мажите и очи отварајте!!!
Факт е дека за се ова што се разговара во темава многу влијае заедничкиот живот со родителите до брак. Да се условите како во странство и секој од полнолетство да живее сам, многу работи ќе се поинакви.
Тој отиде до дуќан да купи сладолед,се ме плаши со неа да не бил и договор направено да ме испраша .Сфаќам дека и финансиски е битно во бракот,но неговите знаат дека тој живее тој во странство.Потоа му кажав што рече таа и само кажа на кој му се работи,работа има.
Јас со свекрва ми живаеам во иста куќа ,различен спрат. Жената навистина освен на почетокот кога се обидуваше нешто, после тоа се повлече стварно си немаме згрешно со неа волку како што читам тука, но и по недели иде ред да се неам видено. Кафе не знам кога немаме пиено, не дека нејќам ама обврски. И да ми го рече сето ова ќе биде од едно уво влегло од друго излегло. Така да ако ти зборува климај со главата и прај се на удрено. Секако не живеете заедно, што се замараш.