Дечко ти ти рекол на кој му се работи работа има??? Хм не знам јас ова дали би го сфатила како во моја одбрана или дека ми префрла нешто. Во секој случај свекрвата ту би е безобразна, а очигледно и син и е мамино синче и не планира да застане во твоја одбрана.
го прашав зошто тој прво не разговараше со мене не ми ни кажа дека планира да се запознаам со нив .има друг начин ако сакаат да кажат еве во бракдвата треба да заработуваат.секако дека исто мислам и не само,туку ми стои работата како мамин син дали таа ќе одобри што правиме и како да правиме се таа да биде главна.еднаш летото таа ми пиша спратот е спремен само уште ти ни фалиш ќерко.ме викна неодамна на кафе но се испостави дека маж и нема да биде дома и секако не отидов .Тој барем е среќен за синот и кажа колку ќе почитувате толку.Дечко ми кажа дека има желба внук ако има да се вика како него ,видов колку е радосен и веднаш кажавако и тој се согласува ќе ми биде мило.Таа ги преврте очите дека ете не е главна и нешто стално ќутеше не ми ни обраќа внимание ни за добро ни за лошо освен кога прва уста отвара
Размисли си дали љубовта е доволна. Јас не би останала во врска, барем на време ти ги отвораат очите. Уште не сте ништо посебно веднаш внукот по нив да се викал
тоа за името од срце го реков и би го исполнила.ама мајка му претера а мене тоа ме плаши во моментов иначе не сум од тие стално незапослена
Јас сум пишувала. Новата куќа за брат ми, старата за мене. Па после, немале пари за да ја допрат новата, во доправање спаѓаше наново фасада и иззолација, ограда, и скалите да се направат. И одлучија место 40, да ми дадат 20 илјади евра. И поќутев, иако мислев дека ме оштетуваат. Никој не ми е крив... И после ми рекоа дека ќе ми даеле 18, не 20, е тогаш ми пукна филмот. Баш тие 2000 евра ми беа капаче на се' и ја отерав мајка ми у триста лепе и и' реков дека ако не ми дат 20, ќе барам и пола од новата ко ќе умрат! ... 20 зедов. поарно покасно да ти текни, отколку никогаш... Си се тешам.
Јас да ти кажам совет како паталец, бегај од жена што те вика ќерко а не те ни познава. Па и уште спратот го спремила, значи сине никако несмее да се двои од мама. Лицемерие невидено ти е тоа. Се препознав многу во овие муабети, ептен многу. Јас тогаш дете бев, не ги разбирав до толку работите. И мене така ме прашуваа, каде работат моите, што работат, проценки од сите страни. Им се допаѓаше што сме поимотна фамилија, вредни луѓе и ценети. Ама им се допаѓало бидејќи знаеле дека ќе користат и влечат. Цел живот со рацете во џеб, без стаж ни за пензија, користеа колку што можеа, за жал не им потраја долго. За името истиот муабет, одма наговарање како им се допаѓало по нив да било. А јас жива будала, да ми е овој памет до друга земја би бегала само нив да не ги сретнам. Животот пекол ми го направиа и мојот и на син им. Срам ми е презимето што им го носат моите деца. Од такви луѓе се бега со време. Направи сериозен муабет со дечко ти, незнам колку време сте заедно ама ми делувате како малку, ако е така бегај од таму. Од некои луѓе ни далечината не те спасува. Може делував премногу грубо ама многу се препознав. Кај мене мм и кога ми беше дечко ме подржуваше и сега, но понекогаш мислам дека и тоа е џабе кога ќе размислам во какви ситуации го доведуваа, дали и тој можел поинаку незнам ама гледам дека е тешко кога родителот се однесува така.
Уште не земени името по него да било Кралското име мора да се продолжи Многу црвени знаменца за мој критериум.
Елена пред се благодарам ,и криво ми е што така си поминала.Да токму така сите ми го рекоа истото и моите родители се против врската од тие причини ,инаку тој е во странство така да спратот во мк што е спремен е за кога ќе иде на одмор и толку.Веќе од многу многу мислења и овде на форумот сфатив дека ќе заглавам со него.Не можам да речам дека сакаат пари од мене ,напротив тие имале случај каде него бивша за пари го искористила.Туку тоа што дечкото брза многу по два месеца со неговите ме запозна без да ме праша и тоа како идна снаа .Многу брзаше сакаше и да се земеме без другите да знаат бидејќи моите се против врската ,моите комплицираат за небитни работи исто така,не бил висок,убав и за разлика во години .Да ми кажеше дека се грижи како идна свекрва како мајка на детето и најцрно да мисли не би ја осудила ,и јас еден ден ќе имам дете сигурно секој родител го сака најдоброто за чедото.Но многу работи ме натераа да се сомневам и изгледа за жал поговорката мисли лошо и ќе погодиш била точна.
не го сфаќам за зло јас сум таква ако тоа може да усреќи некого секако нема да се противам .но за други работи се изнервирав е тоа е полошото
Се пронајдов во дел од пишаното, како се справи со нивното лицемерие? Јас стварно веќе не знам како да излезам на крај, толку манипулативни луѓе немам сретнато, секако за тоа и маж ми е крив, дозволува некои работи иако е свесен дека не се во ред.
@hermosa дечкото само гледа да омажи некоја од тука, мирна, поводлива жена за расплод во странство, што ќе го пречекува од работа секој ден со доручек ручек вечера да му биде домакинка. Спратот за на одмор само ама сега е во странство утре може ќе му фали мама па ќе се вратите. Послушај си ги родителите во овој случај.
Нормално тие после 2 м врска да ти наметнуваат такви желби? Најбитно е ти и идниот маж да сте среќни. Ако гледате другите околу вас да ги усреќите пиши пропало. Сигурни нема ќерка ми да ја крстам Петкана против моја воља за да ја усреќам баба му. Мислам дај малку повеќе ценете се. И да, ако веќе сакаш да усреќуваш, усреќи ги твоите. Изгледа се во право.
знам дека сака деца и семејство ми има кажано дури и дека можно е да се врати во Мк .највеќе и на тоа мислам како да ги задоволам другите и моите и неговите .од стресови и на здравјето ми се одрази .јас го сакам и си страдам и онака.ви благодарам девојки на советите
Долги години траеше мојата борба. Еден период мм престана да комуницира со нив. Јас пак ај да не биде со лошо и бев иницијатор да им попушти и прости. Ми беше жал за мм. Ама после извесен период сватив дека сум грешела и премногу сум попуштала. Едноставно за некои луѓе не вреди да се бориш. Сватив дека долг е патот пред мене за да ги пораснам моите деца. Кога ставив се на вага победи мојата љубов кон децата. Неможам вечно да простувам, да бидам навредувана и понижувана и пак да проголтам и попуштам поради мм. Еден ден пресеков и реков дека веќе поради никој и од никој нема да дозволам да бидам погазена, ако сака нека остане со мене а ако сака и нека си оди, но веќе ничиј лек на рана нема да бидам. Некои избори се тешки и болат ама мора да се случат, остана со нас, тој никогаш не го ни доведуваше тоа во прашање. Многу беа манипулативни кај нас и постојано му набиваа чувство на вина, а јас неможев да го гледам дека живее со такво чувство. Пр.одиме да ги посетиме и почнуваат со жалење како два дена не јаделе ништо бидејќи немале пари ни за леб, на маса им стои цела корпа со овошје, гумени бомбони и благо и двајцата седнале цигари пушат и тоа секој по кутија дневно. И мм кога и да им речеше па добро и цигарите се пари, му викаа а што треба да умреме ли за да непушиме. Или ако им речеше да работат одма кавга настануваше и префрлање како он ги оставил. Кај нас ситуациите беа екстремни, со навреди, клетви, бркања и што ли не, се на се дисфункционално семејство. Сега веќе несакам ниту да ги спомнам, а не ги ни спомнувам никаде и пред никој, не постојат. Се било до тоа колку се сакаме себе си, после толку години јас решив да се сакам себе си и да си бидам најважна.
Ќе ви се вклучам во муабетот ама таман да се искажам негде. За живеалиштето и сте и не сте во право сите... Оти најчесто се дешава ние снаите (ете во мојот случај е така ) да одиме во куќата на свекорите на нашите свекори. Куќа која ниту ја правеле ниту ја имале. Уште на име на дедото на мм е. Иако и татко му е починат во 3 години цела ја преправивме плус пред тоа мм сам што менувал покрив и правел фасада ,без денар од госпоѓа свекрва. И за што за да ми вели јас не сум била домаќинка оти претходно никогаш сум немала семејство ,не сум била мајка оти никогаш претходно сум немала деца ? Не ми текна во моментот на нервозата да не требаше син и да земе разведена или вдовица па таа може ќе знаеше да е домаќинка. Не знам само со кое лице ги кажа тие работи кога знае дека кога дојдов перница немаше саглам за да спијат ни тие ни јас ,јас ги купив новите и не само перници еден куп работи,не ситници туку доправање соби од темел за спална ,нова кујна ,покуќнина ,опрема за дневната. Сега знам ќе ме нападнете дека додека не е на мое име не треба да вложувам итн ама како и секоја жена сакав да ми е домот среден и убав и за око и пријатен за мене и мм а таа кога требаше да се одреди кај ќе живееме крокодилски солзи како сама да останела а ние да плаќаме кирии за џабе секако на него ќе била куќата на кој друг.... Таа ќе си седела во нејзиниот дел немало да ни се меша ... И оп се породив и се пропадна во вода. Едноставно некои од нас си имаат работа со тешки манипулатори.
@Elena1001 @Гладиоли Кај мене уште е почеток не сме отишле толку далеку и не сакам. Со маж ми моментално живееме во странство поради проект на кој работи тој. Наскоро ќе треба да се вратиме назад, сега натегањето е за тоа каде да се живее. Јас никако не сакам со неговите не сака и тој, но, за почеток смета дека мораме со нив. Во еден разговор свекрвата ми рече а ти како мислиш да живееш и работиш со мене и многу други муабети со кои ми дава до знаење кој е газда кучи! Се ставаат во позиција тие да донесуваат одлуки, знаат тие што е најдоброто за нас, и кога не е прифатено одма е плачки, ама ти ни вети а мм не се ни сеќава дека збореле за тоа, ме излудува тоа, и јас имам брат и снаа со моите родители еднаш во недела ако се слушнат за како си што си и нишо повеќе а не одлуки за нив да носат...
Вдовици и разведени нели се жени? Ниво под тебе ли се? Срамота е да кажеш така за жена. Којзнае низ што поминала таа што се развела. Ти светица си битно среќа на маж ти.
Жал ми е ако си ме сфатила така односно погрешно . Напротив баш сметам дека се над мене особено ако се самохрани родители! Поентата ми беше дека не ја сфатив што сака да каже со тие зборови ,што требаше да сум јас за да бидам домаќинка според неа. Ии многу далеку од светица се осеќам.