Во тој муабет си мислела дека ти си повредна од таа разведена или вдовица. Да зел маж ти таква за жена немало да е исто.
Не мислеше членката дека е она повредна. Сакаше да каже демек тие со искуство во "домаќинство" се. Како може свекрва и да очекува да е она не знам каква домаќинка коа е прв пат во брак и прв пат е мажена...на тоа мислеше бар ја така ја сфатив
Не туку дека не вредам ништо пошто никогаш не сум била она што сум сега (мајка и мажена жена) и да ја прашав дали ако бев разведена или со починат маж ќе и вредев неа повеќе бидејќи еднаш сум имала маж и дете ,во таа смисла ми е кажаното .
И што има лошо да 'земе' некој таква жена? Евр ја реченицата: Сама си кажуваш со тон на навреда. Демек ке зел разведена, најголемо зло од сите зла на светот. Плус не знам што е чудно, некои девојки од дома се домаќинки. Посебно оние кжна кои родители им работат, не живеат со баба да прави ручек, па тие како ќерки готват чистат итн. Ги има и оние кои ги учат за да не се посрамотат од сваќата.
Епа ете лошо сум го напишала. Мислам дека доволно појаснив ? Или сепак не ? Ете баш таква сум ,не живеев на воздух дома ,работам од 18 г. и готвење и чистење и перење се сакам дома ,е што ми е мана ,гравот јас го сакам со нане и густ таа редок и без ?? И милиони такви ситници што ги слушам секој ден. Како и да е малку е едно мислење или две за да опишам што се случува и како се чувствува м заради неа. Извинете што ве реметев.
Нема што да те напаѓаме што си вложила свесно во туѓа куќа, секој има право на свој избор и со свои пари што ќе прави. Но, не те манипулирале, не си дете, па да не си била свесна дека даваш пари во куќа на дедо му.
Свесно сте влегле во проблем. Сте вложиле пари на туѓо. Јас имам одличен однос со свекрва ми, ама нема ништо подобро од живеење одделно. Заедница е заедница и многу работи трпат. Најмногу психата на снаата. И на неа и на сите други им нема помош. Заедница се знае што е. Па плус и пари вложиле, на име на дедото... Утре може да се јават којзнае колку деленици...
Нигде не рече дека е зло или погрешно. Она не и го кажала како закана тоа.. Тебе ти е грешката што воопшто ти е ова проблем. Домаќинството е на тебе и маж ти. Ти не работиш, домаќинка си?
Зошто сакала да и го каже во нервоза? Ми се чини дека за џабе се натегаме. Сигурно не сум единствена која вака го разбрала муабетот. И нема да ме убедите во спротивното. Да спомнуваш разведена жена или вдовица а при тоа ти си млада невеста, е многу подло.
Да манипулација е ,инсто како што има возрасни жени манипулирани од дечковци/мажи и обратно. Пошто не можам да ви опишам кои драми беа. Работам ,како што кажав од 18 г. работам ,сум имала дупки во континуитет ама не подолги од 3-4 месеци без работа. И тука кога дојдов по 2-3 месеци почнав да работам. Грешка е што ми е проблем ама не може да не ми е кога оди по мене и не вака не така ,ми премива садови , преперува алишта колку и да не сакам се нервирам . Јас уствари само сакам кога ќе си дојдам дома да се чуствувам смирено и средено не некој да ми кажува да простиш како да мочам. Не сфаќам зошто подло ,еве јас во три поста ти објаснив што сакам да кажам ти пак упорна си ,сметам дека немам потреба веќе да објаснувам на некој што не сака да разбере. Ама зошто подло не ми е јасно ? Као демек направена е делба односно префрлање ама данок кога стигна стигна на негово име ( починат е над 20 години) е изговор е дека заглавило негде... Што во мк знае да е и нормално па поим немам што уствари се дешава.
Ама ќе си најдеш начин да не се нервираш. Која е бе она да оди по тебе и да ти збори? Нема да ќутиш. А ако и се мие и пере ти веќе не пипкај ништо. Сеа не те прочитав дали сте на различен спрат ако сте многу лесно менуваш брава и клуч не ставаш. Ја сфатив дека само политички се тера со расправија ништо нема да постигнеш само ќе се јадеш.
@Гладиоли да, голема грешка е што си вложила во куќа која не е ни на име на маж ти. Можеби утре се ќе остане на него, но моментално не е ништо ни на твое ни на негово име. Но, до некаде и те разбираам си вложила зошто и ти ќе живееш таму со маж ти и сакаш на вас двајца да ви е убаво и комотно. Свекрва ти до сега живеела таму и сеуште живее и таа тоа си го осеќа како свој дом, не можеш да очекуваш таа да се повлече од се, како да ја нема, просто невозможно е. Туку мој совет би ти бил, пошто гледам многу млади жени се нервираат од такви работи, да ја оставиш да пере и готви. Цел живот е пред тебе, има време и кога да переш и чистиш, но секогаш учтиво прашувај ја дали има потреба од помош и по тебе нормално раскревај си. Верувај ми вака ќе заштедиш многу нерви, а не можеш да смениш ништо. Колку и да се трудиш, за неа никогаш нема да бидеш доволно добра, зошто таа веќе си има свој ред и така си е научена. Мојот свекор имаше купено куќа за маж ми уште од порано и маж ми пред да се земеме си седеше тука сам. Куќата не беше воопшто средена, само една соба беше функционална, требаше доста да се доправи и купи, но куќата беше на име на свекор ми. Кога се преселив овде, првите 3-4 месеци катастрофални. Многу бев напната и нервозна, во една соба спиевме, во друга соба алишта по земја во кутии, купатилото несредено, готвев на тераса, а веќе и ладно фаќаше ужас. Еден ден го седнав маж ми и со убаво му кажав ова вака не оди, до кога вака ќе живееме, мора едно по едно да се среди. Се договоривме и одлучивме со негови пари кои ги има заштедено од предходно, нешто имав и јас на страна и јас да дигнам кредит да се средиме полека. Ама јас поучена од туѓи искуства направивме отворен муабет, дека не сакам да вложувам во нешто што не е на негово име. Зошто за кратко време го проценив свекор ми каков човек е и ако нешто зацрта не отстапува од тоа, маж ми е избувлив и нервозен и доста често има некое нетрпение меѓу нив. Доста е себичен во многу ситуации и не му е гајле за никого, освен за самиот себе и предтоа се случуваше да префрли дека куќава е негова. А за тоа и говори фактот дека долги години сее тужи со години по судови со брат му буквално за една соба. И тој живее во куќа наследена од татко му, но распоредот на самата куќа е ужасно лош, во другиот дел живее брат му тоест чичкото на маж ми со кој се испокарани долги години. И повќе пари и нерви изгубија по судовите, отколку што вреди самата соба. Иако свекор ми можеше да му ја плати кога веќе е за една соба, но тој не сака и така се влечкаат по судови. Маж ми си разговараше со татко му и проблемот се реши, куќата си е на негово име. Јас си земав кредитт кој уште го враќам и и средивме се. Но немаше да бидам ни најмалку спокојна ако се избрзав и вложев пари кои не беа малку, а куќата е на име на свекор ми. Ќе требаше да молчам на се и сешто и да трпам разни нивни глупости зошто во негово сме. Не знам што ќе биде утре, фрижидерот и телевизорот ќе можам да ги изнесам но паркетот, плочките, каблите, фасадата и ред др. работи ќе си останат каде што се поставени.
А, ме интересира свекрвата работи? Обично тие што се цел живот домаќинки може да направат ваков муабет, не верувам дека некоја еманципиран жена може на таков начин да разговара. Таа сака да каже да не случајно си со синот за пари, дека ете тој во странство, а и коментарот од дечко ти не ми се допаѓа начинот на кој го кажа, и мислам дека е ред флег за тебе. Плус не се изјасни зошто не работиш, дали не сакаш или сеуште студираш или па бараш ама не си нашла соодветна работа. Како и да е очигледно е дека и дечко ти се согласува со мајка му, само не бил директен како неа.
Абе аман шо збораш. Еве јас сум невработена и знам што е нормален разговор, а што траскање зелени и некултура.
Ти си модерна домаќинка, упатена си на секоја тема, не спаѓаш во овие закоравениве домаќинки, што не виделе подалеку од манџата no hard feelings
Затоа што само жените што се вработени се еманципирани и знаат основна култура. Невработениве инаку во пештера ги чуваат.
Таа е во пензија инаку работела, а колку незнам Ред флег е да мама мора да ми каже мамин син за жал .Тоа и мене ме одврати а за работа не сум нашла соодветна .Уште фалеше и тој директно да ми каже ,имавме кавга порано ме направи спонзоруша која само секс и странство ја занима (му беа збореле лошо за мене ),наша заедничка пријателка