Мене ова би ми било доволна причина да прекинам врска со момче, не пак да размислувам за брак со него.
Таа личност е психички нестабилна и секако што и да му рекла тој излезе невин .Како и да е фала на сите на совет мислење многу ми значи и други ќе читаат може ќе им служи за искуство
Ехеее да е само тој. На сопругот познаник, 40 и некоја година има, здрав, прав, живее од пензијата на мајка му, размислува како да добиел соц.помош и се чуди дека никоја не сакала да го "земи".
Фала ти знаеш дека те ценам и моите исто мислат и јас .Тој дури и брзаше за брак што веднаш ме замисли.
На другарка чичко и веке накај 60 год тера и до скоро од пензиите на мама и тате живееше. Бициани облека, ресторани, одмори... Неможел он се и сешто да работи, а жените не биле достојни за него, требало они да го бараат, молат... Е сега мама и тате ги нема, како ќе тера понатаму никој незнае, нити за пензија има некој минимален стаж ништооо...
Свекор ми е таков. 4 години ги спомнува парите од свадбата што сме ги "зеле", требало нему да му ги дадеме. Парите ги вложивме во спратов, во кој и тој живее, а замисли да одевме на меден месец со нив што ќе беше. Веќе ми препукна да го слушам истиот муабет. Од вакви искомплексирани, болни и себични луѓе што подалеку. На син му што му дал криво му е. Не можам да верувам какви родители има. Денес посебно ме изнервира. Веќе неколку пати и се има налутено на ќерка ми (3 години) зошто не му давала нешто и не и зборува цел ден. Денес не му даваше од ајварот да проба и и се налути. Го викна детето од јатрва ми, го седна на маса до него, му извади да јаде, а на ќерка ми не ја ни понуди. А јаде од јадењето што сум го купила јас. Инат тера со 3 годишно дете, не знам дали да се нервирам или да го жалам зошто очигледно не е саглам.
Мм беше на работа, му кажав вика остај го не е во ред. Свекрва ми истото. Вика да е нормален не се понаша вака. Јас премногу се изнервирав, зошто за децава убивам ако треба. Свекрва ми зеде од чинијата од свекор ми и и даде на ќерка ми, јас го фатив и го тргнав настрана и и дадов друго да јаде. Е од сега ќе осети разлика самиот. Не се расправам ама завршив со него засекогаш.
Земи си мини фрижидерче во соба па нека јаде после мраз само штом е толку безобразен. Прво треба да прашаш дали можеш да земеш па после да дадеш. Јас стварно не ги разбирам луѓево како се без осет.
Јас би тањирот од глава би му го акнала. Он нема да се смени, он е себичен и си гледа свои интереси. Игнорирај го и сврти им го вниманието на децата од него , зашто иако е мала 3 годинки ќеркичката сигурно била тажна кога овој од инат не и дал да проба. Идиот
Од глава може да ме тужи ,ама мое јадење да не и даде на ќерка ми богами од прозор ќе лета чинијата а тој веќе нема да ја види ќерка ми. Па ни мене .
Не знам, и јас се чудам како се исконтролирав. Инаку сум избувлива по природа, ама ете сега се воздржав ради да не дојде до поголеми проблеми, зошто очигледно е со каков човек си имам работа. Да, требаше чинијата од глава да му ја треснам, тоа и го заслужи. Ама ќе си го добие тој своето. Секој по заслуга. Ќерка ми можеби е мала ама многу разбира кого треба да го сака, а кого не. Одбивност има спрема него уште од сега.
За вакви треба да дојде до поголем проблем. Нека има еднаш скандал да си ги научат местото. Твоето дете во тебе треба да види заштитник, а не пасивен набљудувач. Јас во моментот би направила драма и би му дала до знаење на вампирот дека мое дете и јадење за него завршиле. И една кришка леб од мене купен не би погледнал.
И моите свекор и свекрва инсистираа за свадба ама јас и маж ми не сакавме. Приоритет ни беше куќата да се среди, да си имаме свој дом и мир. Ако младите, па и родителите имаат желба да се направи свадба и дадат пари, според мене глупаво е потоа парите од подароците да ги барраат назад како долг, демек ти направив јас свадба, парите и подароците се мои. Не е во ред, повеќе би почитувала ако искрено се каже нема пари и можности за свадба и готово. А сум била сведок на многу ситуации кога старите и последниот денар го давале, па и се задолжувале само за свадба, за фалби, за пред народ па после префрлуваат и си бараат назад. Парите од свадбата си се ваши и како ќе ги потрошите исто си е ваша работа. Стари луѓе како стареат се на полошо одат. Но идиотски ми е водење инает со тригодишно дете. Ти имаше пишано една членка погоре, купи си минифрижидер во соба за вас. Пак ќе кажам, добро е што на време си ги отворив очите а и мажот ми е доста свесен и ме подржува, за утре барем од тој аспект да немаме проблеми. Пошто свекор ми е постар човек, си има некои свои сфаќања и размислувања и доста често знае да биде како дете. Кога ќе каже едно, колку и да греши никогаш и ништо не можеш да му докажеш. Со маж ми често знаат да влезат во некоој конфликт и да се скараат, но тоа е моментално само. Во секој случај не сакам да дојде ред да треба да молчиме и да не газат, да се тресам да не му текне на стариот да не избрка надвор. Зошто во многу ситуации докажаа и тој а и свекрва ми, колку се себични и бесуствителни и како немаат обзири спрема никого. Всушност и никој му нема побарано да купи куќа, имал, можел и купил. Да бидеме реални, утре кој родител ако има нема да му даде на детето. Маж ми е едно дете, и пред да се земеме неговите зборуваа како не сакале да живеат со снаа,најдобро секој посебно да си биде. Далеку од тоа дека сум неблагодарна, им помагам и ги услужувам секогаш кога можам. Но и да не беше куќава, имавме и други опции. Дури да бееше и татко ми во прашање, исто ќе постапев. Кога веќе си купил за мене, зошто истото да не биде на мое име. На денешницава никој не ги бере парите на дрво, сакам да си бидам на чисто во што и како вложувам.
Баш дека разбира дека има одбивност он и гледа како на братучетка и дава ќе и остане врежано. Јас со 30 години уште ми е грутка на душава кога ќе се сетам дека кога бевме мали и кога ќе дојдеа роднино од странство само на братучедиве носеа се и свашта , а за нас ни една бомбона. Сега јас не ги сметам дека постојат, ништо не ми значи ни милиони да ми поклонат, но како дете е жално и се осеќав отфрлено. Убаво ти пиша членка, застани ќерка ти да види дека си посилна од него. Само за неа немој да му преќутиш. Нејзината одбивност не е од ништо. За нешто или некој несакаш , секогаш има добра причина. Викај ако ти треба да фрламе тањири. Тоа е човек дебил. Видено и осетено. Има има, нека не те чуди.
Моите па не можам да ги довардам само му даваат во раце по нешто, па се лутам понекогаш. Чудно ми е многу.