гледај си го детето и мажот ако со мажот немаш проблеми не се замарај за свекрва ти а знаеш фалбата е р`ѓа не се замарај се се гледа кој каков нека ја фали остави терај си ја твојата раб не се замарај.
За свекрвами сум пишувала и претходно и додека ми е подалеку од мене и детето одлично е иако живееме карши карши со влезовите т.е на помалку од 1 минута нема дојдено и сакам и така да остане . Не доаѓа зашто она нејќе што мене ми годи зашто кога и да дојде само болни не прави и мене и детето и кога се јавува само прашува да нее некој болен ,а што имам и плескам директ ако не ми одговара не се ни замарам да одам преку маж ми јок тоа искрено и у очи не сум лицемерна
Седиментација мирна ,сите резултати во ред,но заради жалењето на болки во секој можен дел мораа да ја отворат . Секакви ги има и колку да не ти е веројатно ,жива вистина е ,нешто на што и самата бев сведок.И само да напоменам дека ова беше кулминацијата на глупоста и лудоста ,оние поситните секојдневните глупости не се ни за спомнување.Жената знаеше дека само со болест може да биде центар на внимание и затоа цело време беше болна.За иронијата да биде поголема секогаш и секаде снаата ја носеше. Да се разбереме јас не викам дека е добро снаата да и посакува смрт на свеки !!!
Pcelite go nosat medot vo usta,a osiloto im e skrieno.ako se obidete da im go zemite medot ke ve kasnat i bolkata ke bide vasa,a medot sepak ke ostane kaj niv.koj e ovde gubitnikot?
Весна ни мед ни пчели, има разлика од свекрва до свекрва, а и од снаа до снаа. Како што има лоши свекрви има и лоши снаи, а најчесто ако е свекрвата лоша снаата трпи и обратно, разбирачка има само ако е подалеку од очи, да си идат на гости еден кај друг, кратко и слатко. Ама да ти е дома е мн подруго, сакаш неќеш ќе има кавга макар и за најбанална ствар. Кој и да е жртва- трпи, ама не долго, никкој нема вишок нерви на вакво време какво што е дојдено, без работа, без пари, снаоѓај се да го истераш месецот, да се расправа со свекрва, па со сопруг, па нервоза истурање на деца итн и бракот во пропаст да си го тера. Па ко што има исфрустрирани, они биле третирани од нивната свекрва лошо, па сега и враќаат на снаата, чувај Боже само ќе кажам! Кај баба ми во комшии, снаата неможат да си ја приберат дома, нон стоп по кафиња кај комшиките, ама битно е дека она иде на работа и пари носи, па никој ништо не смее да и зуцне, вујна ми е постојано дома после работа, па пак не ја бива зошто цел ден во сериине зјапа ко сељандура некоја, луѓе сите до една ги гледа! Значи никако не си. Мајка ми цел живот од работа дома, куќава за викенд ја превртува откако е влезена, генералка луѓе еднаш во месец прават она секоја недела, ручек еднаш не оставила да нема дома, со нас учела, не воспитувала, еднаш во година кај комшиката на кафе ќе појде, за серија ред не доаѓало, па пак на баба ми не и чинеше, стрина ми поарна беше, што си го преспа животот и што ги памти сите серии од касандра па навака! Абе незнам ама што постари тоа полуди, страв ме фаќа искрено за некогаш ако треба да делам куќа со свекрва, само се молам да не се случи тоа! Ќе ги сакам премногу, на ручек секоја недела ќе ги чекам, на гости кога сакаат, ама заедно живеење само тоа да не биде.
Mila moja,i kerkami iako e 8odd.go kazuva toa,duri i mi veli ne se mazam,istata epizoda i kaj mene se emituva.no bidi sigurna deka iskusenijata se prikrieni blagoslovi sto ne potiknuvaat da barame podobra moznost za pogolema sreka i uspeh
Ракче ,абе јас и ти братучедки нешто да не сме,иста баба да не сме имале?Хахахха. Мојата пак,Бог да ја прости,преку цел ден серии гледаше и штом стане време татко ми од работа да се врати-зема компир ,го сече на крругови,и со марама врзува на чело.Ќе легне и ќе почне да офка,а со едното око зирка и следи реакција.Абе жив циркус.Еднаш татко м порано си дојде,ја виде кај си седи и гледа тв,ама не и се јави.Околу 15 ч.ја гледа кај дроби компир и си прави„преврска“на челото.(а она незнае дека он веќе 2-3 саата е дома).Абе живи циркуси беа.Од тогаш престана со компирите.
Спојлер Незнам ама оваа драми правеше, и тоа колкави! Мене проба да ме чува, толку бев дочувана, лежеше цел ден и само ми викаше, по некое време ќе заспие и ќе спие додека не дојдат моите. Кога ќе ги слушне одма рипа од кревет, викам се изнаспа баба цел ден, а она нееее нема врска не сум спиела, Боже сачувај какво спиење. Манџа ќе фатеше да прави, сите тенџериња црни! Незнам што да кажам, ама мојава баба беше глумица признаена од цела фамилија, само криво ми е што се си кркала мајка ми... Леле само кога ќе помислам, ми доаѓа на памет, да беше жива јас ќе ја задавев Не сакам да звучам безобразно и како најголема лошотија, ама таа жена никогаш не би можела да ја сакам, толку лошо мајка ми има видено, абе крај. Родителите не смееле да дојдат, зошто она се бунела што е ова на гости секоја недела идење, на што личело бла бла... Уф!
ПРОБЛЕМИТЕ СО СВЕКРВИТЕ немаше да бидат толку големи и немаше да имаме толку нервози ако мажите би знаеле да застанат цврсто на нозе на наша страна и да кажат што и како , ама за жал ете пр мојот не прави така. Мајка му му е на прво место, само не знам до кога ќе можам да го трпам тоа!!!!!!!!!! И кога таа е во криво - таа пак е во право , кутрата таа загреота сите треба да ја жзалат
Да ама она е преку врски нејзе ласерски и ги вадат камењата и во среда закажа за во петок!!!! Роденденот помина добро ама после роденден не!!! се случија компликации и поднесов бракоразводна постапка!
А бе ај,не заебавај Кога ја поднесе бракоразводната постапка,после роденденот или сега од сабајле....бај д веј -сабота сме.... Абе ....неможам веќе,пукнав .... ова ептен уфилмано излезе
Се се' средува експресно брзо гарант и во суд има врски, во петок навечер бракоразводна парница ретко кој може да поднесе.
Абе супер моќна свекрва-гледај како и помогнала.И покрај тоа што е оперирана,жената завртила 2-3 телефона и и средила на снаата да се откачи од син и.Алал да и е.
А бе ај доста се зафркававте, девојчето си има проблеми, какви само она си знае, завршете со ова стварно, нема смисла...
Кога јавно ќе си ги кажеш „проблемите“ ќе очекуваш се што ти следува. Ако со вакви филмови се занимава, навистина има проблем, ама тоа не се ни мажот и, ни свекрвата.. како викаат, не е баш сама во главата
Се спасила свекрвата Сигурно налетала некоја женска од форумов во кафаната и прераскажала се што прочитала за свекрвата