Разговарај отвлрено со маж ти, кажи му што ти смета. Види негово мислење и како да го решите тоа. Најдобро е тој да разговара со нив и тох да те поддржува, а тие што ќе рекле мислеле и дали ќе те сакале воопшто да не се змаараш. Истл се согласувам со ченките што те советуваат да почекаш со дете ако не си среќна во сируацијава.седни разговарај со мт.
Искрено многу се чудам кога ке кажете убаво ми е со мм ама не можам да разговарам и да бидам искрена каков е тој брак ако не можеш да имаш отворена комуникација или ако не знаеш како да почнеш разговор, кој да знае? И за шо ке ти требаат неговите?
За да можеш да поставиш граници не треба да ги рачунаш за деца чување. Треба сами да си ги чувате децата. А тоа - сакам деца да ми чува, ама нејќам да ми се меша, никогаш не успева. Кога им бараш нешто, обично се охрабруваат да прават проблеми и за многу други работи. А дете во веќе незадоволен брак само ќе го направи уште понезадоволен, а и детето треба да расте со среќни, не со напнати родители. Вие сте возрасни, а му ставате обврска на детето да ви ги реши проблемите.
Дете нема да го поправи бракот. Може да го разниша само. Хормони ноќи непроспиени мешање вака прави така не, ова сега е мачкина кашлица. Јас живеев со свекор и свекрва две години и беше далеку од идеално и за нас и за нив. И покрај тоа што сите се прилагодивме на ситуацијата, си сакавме и едните и другите мир. Никогаш не сме се расправале, ни па маж сум праќала да се кара со нив затоа што имам разбрани свекор и свекрва, ме чуваа како ќерка да сум им. Ама кога си во иста врата тоа е. Ке ти сметаат работи. Сум кажа сто пати дека имам одличен однос со нив, обострано се сакаме и почитуваме. Сега откако се одделивме уште повеќе се сакаме. Разлика во години го прави своето. Ти ке сакаш на еден начин да го чуваш детето тие на друг. Сега ти се тупнуваат кога си имате гости а замисли бебе кога ке се роди. Ти ке кажеш дајте каша од круша тие ке дадат кремче.
Ниту твоите ниту неговите родители не се должни да ви ги чуваат децата. Ако сакаат да ги видат и прошетаат ок но се знае кој треба да чува дете тој шо го створил. Од друга страна дете не менува ништо освен шо ке направите да страда невина душа. Проблемот е во вас вие треба да си го решите сами, прво научете се да разговарате отворено второ маж ти треба да научи на кој каде му е местото. Никогаш не е крива свекрвата.
Така се научени. Мајка ми ми велеше: 'На маж не се кажува се'. ... па никогаш не сум ја прашала зошто тоа го мисли Ќе ја прашам, фала за идејата
Ама зошто од старт да се правите неспособни да си чувате свое дете? Што ако немаш свекрва? Нема да го исчуваш? Зар покрај сите проблеми би седела и ќутела за да ти чува дете? Некогаш сами си правите проблеми ради вакви очекувања и надежи. Мирот и самостојноста се незаменливи.
Штом имаш добра комуникација, проблем помалку. Седни убаво разговарајте сите, без тензии и кавги. За жал заедниците се такви. И со наши родители да живееме е исто, едноставно постари генерации и тоа е. Имаат друг поглед на нештата, размислување и затоа доага и до кавги. Доколку немате услови за сами да живеете отворен разговор најубаво.
Децата си ги чува мајката,не бабата. Јас со свекрвами живеам на 5мин. оддалеченост па не ја барам да ми чува деца.Имаме одлична комуникација.Одам,доаѓа да се видиме ,да пиеме кафе ама не и давам за обврска да ми чува деца.Јас уживам со децата
Апсолутно си во право. Кај мене понудата од свеки беше таа да готви, сум немала време дека двократно работам, таа дома била. Од старт беше одбиена баш заради ова што кажуваш. Ако ти преземат некоја обврска, после си земаат право да се мешаат и во други работи.
Остај тоа деца чување за понатака, може ќе ти треба помош и ќе чуваат, може нема. Гледај моменталната ситуација да ја решиш, основните сопки да ги поминете за да можете да функционирате и да се осеќаш комотно дома.
Како прво, јас не реков дека сакам дете за да ми го реши проблемот, јас немам проблем со мм. А како второ кажав дека ми смета шо сме заедно, ми иде на нерви тоа. Не очекувам да ми чува деца ама со оглед на тоа шо и по семинари одиме кој ке го земе 24 ч. да чува. Прашав само ум да ми дадите за сама да и текне на неа а не да се карам и да му разлагам на мм и нервози да си стварам уште толку.
Сигурна си дека немаш проблем со маж ти? Ако немаше проблем со него ке разговараш и ке му кажеш шо ти смета а он треба да си реши со неа затоа шо него му е мајка. Сите проблеми на темава се од тензијата на самата заедница тоа се генерациски судири и нормално дека не може да биде идеално со самото тоа што сте се одлучиле да живеете во заедница требало да сте свесни дека ке има проблеми. Проблемот се решава или опција селење или маж застанува покрај својата жена а не по крај мама.
ako i treba obezbeduvanje togas ni maz ni svekrva ne i treba ne treba zenata nekoj da ja brane doma za da opstojuva treba kako ednakva edinka da se bore i za svoe mislenje ne nejzinoto mislenje da go kazuva ustata na mazot sto e pred nea. Ziti zivoto nekoj u tvojo dom da treba da te brane od napadi od istiot toj dom
Да, потполно те подржавам у ова шо го напиша. За тоа барав совет некој. Само членката знае за нас оти иаме проблем со мм. Немам никаков проблем со него. Селење е голема работа и немаме можност. Зборено е за дистанци и такви работи, ама јас сум предобра па и пречутувам, ме смета како да сме многу блиски па мисли дека добро ми праве, а јас ја замразувам со тоа, а немам лице да и речам да не праве. За тоа барав совет од вас шо имате поминато, освен селење и кажување се на мм, нешо да почнам да правам за инат за да и текне. За селење ако вие сте имале можност толку јас немам, а и сакам да ги порсснам децата кај шо пораснал и мм. Само да ја средам оваа..
Таа жена претпоставувам на околу 50 години ти не можеш да ја менуваш. Веќе си и правела лице, сте се зближиле, а ти уствари не можеш да ја поднесеш. И сама викаш таа мисли дека ти прави добро, значи таа нема лоши намери кон тебе. Ако веќе сте во добри односи седни и разговарај, а ако немаш храброст за тоа пробај со постапки да направиш дистанца само да не ве однесе во погрешен правец. Јас пак би идела преку маж ми првенствено зашто тие подобро ќе се разберат и ќе нема hard feelings. Но зошто ти не можеш да му речеш не знам и не е моја работа, само знам дека не е добро да наштетиш на некој кој е добар со тебе и те примил во својот дом.
Забрани и да дише и да постои за да можеш децата да си ги пораснеш во нејзина куќа, со опција да почне да постои кога ќе треба да ти ги причува.