Ок ај може погрешно звучи или не сум знаела добро да се изјаснам.Најпросто кажано чим сакаш да знаат дека знаеш кажи им.Лесно е и едноставно.Јас тој дел би го прескокнала.Не би се замарала со некој кој нема добро мислење за мене .
Мислиш дека ќе ти смени нешто? Верувај дека ништо нема да смени, само може да се нервираш на крај пак ти. Кулирај и не се нервирај. Човек не можеш да го смениш, еве и сопругот знае и доволно е. Таквите луге се полни со злоба. Мојата свекрва неколку пати ја има врегано другата снаа со погрдни зборови пред мене, а од нас двете јас сум ,, полошата" затоа што не давам мешање. Најверојатно иста,, чума ", сум и јас дури и поголема како што вели таа . Пред некој ден еве и свекорот ми кажа дека сум лоша затоа што не одам на именден кај него со други 30 луге во просторија два на два, не било до вирусот до лошотијата било . Ако веруваш си искулирав и се насмевнав. Искрено баш ми е гајле кој што ќе рече за мене, си терам како што јас сакам и крај. Врегале, па нека врегаат очигледно тоа и знаат само Не придавај значење, за се останато прави како што ти сакаш.
Не очекувам дека ќе ми смени нешто само криво ми е оти ме прават глупава или не знам што си замислуваат,ама нека тераат ,кога ќе размислам на крајот од денот не ни вреди да трошам енергија на нив,како што мене не може никој да ми го смени мислењето за нив ,така и јас не можам нив да им го сменам мислењето за мене ,а и воопшто не ми е битно мислењето нивно.Ќе си ќутам. Фала за мислењата.
Ќе излезе дека јас сум многу лоша, а можеби и сум, не знам. Јас во ваква ситуација најпрво нема да им дозволам да ми го гледаат детето (на некое време), што има да го гледа детето кога мајката на тоа нивно внуче не ја почитуваат и ја навредуваат. Не размислуваат ли бе дека на тоа дете што му се радува е благодарение на тебе, па и уште зборуваат. Мислам нормално е ајде некогаш да те оговараат, ама да навредуваат со погрдни зборови толку е, јас не би сакала некој да ме прави глупа.
И јас не би им го дала детето, или мегу редови ќе им речам нешто во стилот дека и зборат на мајката позади грб кога и ѕидовите имаат уши или нешто во тој стил.
Во иста ситуација бев само мене во очи ми изнакажаа све ,мојата е долга и широка приказна,па сега за да си ја гледаат внуката глумат фини и добри..мој совет е да им кажеш све во лице дека знаеш што зборуваат за тебе и дека не те сакаат,и да си ладна спрема нив секако кога веќе не те почитуваат ,ако не живеете заедно и гледањето на внучето ќе му го скратиш кога веќе не те почитуваат нека го гледаат еднаш во месецот или како и да е тоа од тебе зависи како ќе дозволиш.
Јас немам проблем со свекрвами, она излеа има проблем со мене. Веќе три месеци како е во странство, ниту еднаш не се јавила да си ја види внуката и и се јавила на мајками и изнакажала 300 лаги, како не сум и се јавувала, не сум давала внуката да си ја види, ќеркаи која е мажена не сум ја примила дома, не сум ја сакала фамилијата на мажми. Чудни луѓе постојат на светов.
Ти си ги прислушкувала значи. Нивно право е да оговараат. Ако не ти се мешаат во бракот не треба да се расправаш. Ни преку детето да се осветуваш. Тие се род, тебе може да не те сакаат, ама внуче е друго.
Точно внуче е друго, ама детето е мое, па ќе биде лимитирано гледањето. Ваквите луге преку децата дофрлуваат тоа е најлошото. Вака деца гледање во мое присуство, јас никогаш не можам на таков човек да се ослонам дете да ми причува ни пола час.
Прашање е како таа слушнала што се збори за неа? Се сомневала ли од претходно? Освен тоа оговарање има ли уште нешто? Ако е само тоа, требала да им влезе во муабет. Не се расправа по форуми за ова.
Јас во никој случај не се осветив, јас само побарав мислење како другите би постапиле да се на мое место,ми се мешаа и во бракот ги ставив на дистанца,не ни сакам да ме сакаат ,проблемот е лицемерието тука. А и зошто да не се расправа по форуми? Нели форумот е баш за тоа? А имам пишано и претходно на темата во врска со свекрва ми која предизвика голема расправија и не скара сите. И други глупости што ги има правено,нејзиното не е едно. А за тоа јас како дознав е најмалце битно.
Јас да сум, ќе им кажам дека знам што зборувале и после ќе им изнакажам то шо треба и то шо не треба. По цена и да се скараме засекогаш и никогаш повеќе да не комуницираме. Не трпам глумење. Ако имаш некој проблем со мене, кажи ми, ќе пробаме да го решиме.
Јас не прислушкував туку само поминував во ходникот за да се качам горе а и мислам дека кој и да е и да слушне дека нејзиното или неговото име се спомнува нема туку само така да го одмине муабетот и да се прави дека не слушнал или дека не е заинтересиран. Јас сум изгледа премногу наивна што и покрај се преќутев и не чуствувам омраза само криво ми е што мислат дека им верувам на тие нивни лигавења,а за тоа што го кажуваш ти не знам дали би имала храброст да го направам . Ако имав досега ќе го направев.
И што е најјако од се,секогаш вели "Јас не знам лице да правам ,јас тоа што имам на човек ќе му го кажам"..бла бла,манипулатор.
Јас сум катиљача тука за сите вас бе. Јас ич не можам вака, па да ќутам па уште дете да им давам да ми гледаат. Одам правам се партал, кажувам што имам да кажам и пријатно. Ние со свеки си се поставивме многу отворено од сам старт и за многу работи немаме ист став ама се решава на маса во отворени карти. Во секој случај да слушнам погрден збор за мене, за жената што внуци и родила/ќе и роди, ќе дигнам се на клоци дома што мрда. Ако бараш совет, ја би се конфротирала при прв нејзин обид за комуникација.
Ако е маж ти на твоја страна и не зависиш од неа за чување дете, тогаш не се замарај. Ако ти е воља префрли и, кажи дека си ја слушнала. Или не мораш. Не се сеќавам за дискусијата што ја спомна.
Инаку ова се случи на моја најдобра другарка, свеки оговарала на колешка од работа за другаркава дека е најлоша снаа, кокошка, го запустела синче итн. Арно ама колешкава да ти е пациент на другаркава кога сака сака... и дома после пердуви летале како да ти кажам, сите ги дознаа. Стварно е безобразно и одвратно да се оговара снаа која е веќе член на семејство. Среќа твоево било со золвата, во кругот на фамилијата
Гледам повеќето од жените би изреагирале вака. Јас и имам кажано неа отворено имаме многу пати и муабет правено ,ама се е џабе таква си е жената.Ама прво мислев да поќутам ,сега некако ме охрабривте вие жените . Мајтап на страна ,сакав и сакам да знае затоа и се обратив тука, па кога ќе ми падни прва прилика ќе и речам,да се погодиме сами ,не сакам пред детето да се карам со неа. Мм секако е на моја страна,јас не зависам од неа мајка ми ми го причувува детето кога ми треба нешто,ама не можам преку ова да поминам,ме мачи. Едноставно сакам да знае дека знам. Хахаха леле стварно е грдо да се вреѓа со такви зборови ,ама штом зборува со ќерка и ,сигурно зборува и со други луѓе...Ама на другарка ти одма и се наредиле коцките.
А што ќе се промени ако и кажеш? Баш може да и се зголеми задоволството дека си изнервирана. Мајка и ќерка се, нема да престанат да те оговараат. Се дури не ми зборува во лице, со кого што сака нека ме оговара, нејзино право. Уствари тоа е и целата поента на свекрва-снаа однос. Да можете да бидете цивилни една со друга, да можете да изглумите, да се воздржувате од кавги. А зад затворени врати не можеш да ја натераш да те сака.