Ви идат гости,и седи со гостите ? а притоа има каде да си седи…бравос на трпението,јас би експлодирала искрено. И во најбрз можен рок,би се пожалила на сопругот,како знае и умее,фали дирекно дали имдирекно да му се каже! Луѓе млади сме,си имаме башка муабети,гостите идат со нас да се видат да си поседат,изгореле со вас да седат. ОСЕТ се вика тоа ОСЕТ или да си пооткачена да почниш пред нив некој мрсни муабети,па да ги фати незгодно сами да си излезат.
Па и не мора да ја сака. Како всушност и ќе може членката да биде "цивилна" со неа кога со свои уши слушнала што зборува и какво мислење има свекрва и за неа?
Слушнала како ја оговара свекрвата со ќерка и. Нема да престане да ја оговара. Всушност минутата кога членкава ќе и каже дека слушнала, одма ќе и се јави на ќерката и уште толку ќе ја зборуваат. Свекрвата штом знае убаво да се испонаша пред нејзе, тоа е доволно. И маж ми на мојата и рече, ти понашај се убаво, а во тебе што ти е кејф тоа мисли си. Со комшики ако ме оговара баш ми е гајле. Ко што реков нејзино право.
Ај јас дс би кажам. Ме нападнавте сите ама ништо пак совети се ок. Викнав на гости, наша генерсција со бебенце. Свекрвица со нас ко седна, де ти бебе зема, де ни се меша у муабет, овие пола саат и си заминаа. Толку чекав, чеекав и се нервирав и дочекав.мм ме виде нервозна, и кажав дека заради ова само нема никој да ни доаѓа. Се загреа и ги седна двајцата, им кажа оти тука веќе нема заедничко, има наше и нивно. Ако не сме сами у нашето, ке бараме друго наше. И оваа ќуте ќуте ко рече знам оти и сметам на снајката, јас чекав да ми кажете.јас правам се за вас,бла бла почна да се жали. И мм и кажа не мора ништо до сеа си правела од сега имам жена. И оваа ни едно ни две, немој па да ти затребам за нешто, и овој сет така ја гледа со чудни очи, остана без зборови. И рече не реков дека ни сметате, си имате ваше, ако мислите дека сето ова е само ваше а не сме делени, тогаш ке си бараме чаре на друго место,. И се нслутија и двајцата излегоа. И сеа се лути. Толку. Јас збор не кажав, ама пак мене ме спомнаа ете.
Подобро за тебе. Уживај ако само со овој муабет и дојде памет, биди најсреќна. А ако се налутиле нивно е тоа. Убаво им кажал мт.
Секоја чест за маж ти ,само да си останете истрајни на ова Така се постапува ,ова е тоа што му фали на мм ,оти мајка му била ,,многу инат " ако сме оделе со лошо ќе била уште полоша Ама мора да ми чува дете.
Победа Јас не знам зошто толку долго си чекала… 21 век сме,јас и кај моите кога ми иделе другарки мајка ми ќе тропне,ќе ги поздрави и излегува. Па не свекрва да седи со мое друштво,страшно
Не сакам да правам нервози за тоа. Ама чекав и дочекав, само ова го сакав, она секако пак ке праве, ама сигурно мене ке ме закаче следниот пат. Ке и речам се што требаше да знаеш го кажа мм.
Јас пред некои 10 тина год.во два три наврати ги слушнав ( имаше и вреѓање кон моите кое ме повреди и лично и кажав на свекрвата) .Долг период не зборував со неа и сега ми е онака со клешти да ми вадиш зборови со неа Свекор ми балансираше он е мн.добар и џабе. Сега да ми е овој памет ќе си кутам и ќе си свиркам.Тогаш детиште ќе се расправам.
Па и свекрва ми зборува за моите ,еднаш се испијани и што не изнакажа за нив мислеше дека јас не ја слушам ако беше заклучена во вц? Не можеа да ја извадат 10 души од што се направи дроп,тоа го преќутив. И сепак не би се расправала ,само би и дала до знаење,ништо друго.
Па тоа и јас сакам да кажам. Не сакам да ме сака,има кој да ме сака мене ,само е тешко да глумиш кога веќе ги знајш работите како стојат и што мислат за тебе ,и да си од се поттурнат во фамилијата. Толку.
Нема ништо да се промени, може само уште полошо да стане ако ѝ кажеш дека знаеш. Не вреди, не се замарај.
Знам како е зошто сум била во таква ситуација и претпоставувам дека се чувствуваш исто како и јас тогаш. Ете јас не успеав да прејдам преку тие муабети, првин ништо не и кажав ама не сум таква да правам лице и ми сметаше кога ќе ми се обратеше и не можев да издржам и кажав и пак будала ме правеше во очи демек не било така не зборувала така иако убаво ја слушнав. И ден денеска сум огорчена заради нејзините оговарања иако не зборуваме веќе, ама ете нејзино право било да ме оговара.
Јас имав слична ситуација,каде што свекрвата ме оговараше со свекорот,всушност не беше некое оговарање,туку му кажуваше како ми се сменила фацата,кога сум слушнала дека ќе ни иделе некои гости од странство да престојуваат кај нас. Иако јас многу одамна го знаев тоа. Мислеше дека сум излезена,а уствари си ги врзував патиките во салонот. Па ја слушнав,секако, ми се споиа жичките и веднаш и се подвратив. Те молам реков следен пат,кога ќе ме оговараш биди сигурна дека сум излезена прво ,стани испрати ме,затворија вратата,заклучи,да бидиш сигурна дека ме нема па почни.Срам да ти е . Па ме чекаше мм долу ќе излегувавме знам,видно вознемирена ме праша што ти е,му кажав,па и тој лом ја направи преку телефон,како не ти е срам и вика да ја оговараш жена ми. После ми беше криво што му кажав. ама тоа е што е
Те читав наназад. Многу детали имаш пишано, јасна претстава имам. Затоа нема да навлегувам во деталите, и ќе се задржам на суштината: Ќе дојдете конечно до коренот на работите и на несогласувањата: што е чиво и кој и што дава во заедничкото живеење. Кога почнуваш да живееш во заедница без да решиш однапред основни прашања и без да се направи договор меѓу родителите и детето (маж ти) ова се глупостите што се случуваат. Ни ти и маж ти, а ни неговите родители немате јасни одговори на овие прашања: - Сопственоста на живеалиштето- живееме во иста куќа/дом ама чив/а е и чива ќе биде во иднина? Ова е основно прашање кое ги мачи и родителите и децата нивни и е во коренот на сите кавги, манипулации и игрици што се плеткаат. Старите имаат сопственост, ама се плашат домот во кој живеат да го препишат дур се живи да не останат и без него, а децата се плашат да инвестираат во имот кој утре може да го немаат или да треба да го делат со други (брат, сестра, вујко, тетка). Тоа прашање е основно, и мора да се договорите јасно како да биде моментално и како ќе правите во иднина. Да нема простор за сомнеж во нечии задни намери. Некогаш не е доволно ни посебен спрат да се има обезбедено за младите, зошто можеби децата не сакаат да живеат на локацијата, населбата каде што е тој спрат и џабе е инвестицијата. Така да треба и вие да бидете јасни во желбите и потребите. Овде спаѓа и договарање околку покуќнина, мебел и сл. Кој инвестира во тоа и чиво ќе биде. - Подмирувањето на трошоците - сите трошиме во домаќинството ама кој колку и за што ќе плаќа? Струја, греење, вода, ѓубретарина, данок на имот, осигурување на имот мора да има јасен договор кој ќе ги плаќа овие сметки. Не е битно како ќе се договорат, дали ќе плаќаат по пола двата пара или некој ќе плаќа едно друг друга сметка, битно е да се договорите во склад со можностите и желбите. Овде ја ставам и храната која е огромен трошок во месецот и е најспецифичен за делење може и најтежок зошто сите имаат различни навики на исхрана, готвење и сл. - Обврските - поделбата на трудот. Кој ќе ја одржува куќата, дворот, ел. уреди... Кој ќе одржува хигиена дома, што точно ќе прави, колку често, кое време? Тука нема ама се знае кој! Не се знае! Има жени што не сакаат да чистат, можат да си платат сервис за чистење. Има мажи што немаат проблем да мијат садови. Значи ова истотака се договара. За првото и второто треба да го оставиш маж ти да си разговара во ваше заедничко име, зошто негови родители се. За третово и за наредново треба и ти да кажеш што ти одговара што не: И конечно, четвртото - кога ќе дојде приновата. Не се оди со идејата дека некој треба однапред да знае што другиот очекува од него. Тоа не функционира така. Се договара однапред се во врска со грижата, чувањето на детето: кој ќе го чува дури вие работите, колку саати може/сака, што за викенди, каде ќе го чува обично кај нив или кај вас, и сл. Свекрвата на ова мислела кога рекла да не ви притребам утре, да знаеш. За жал многу родители мислат дека ако чуваат внуци, децата се обврзани на некој начин да вратат за услугата (да ги чуваат нив кога ќе снеможат или да живеат со нив и понатака). На некој начин ги условуваат со тоа. Значи дали и што очекуваат за возврат за грижата? Овие прашања однапред треба да се разговараат со нив. Да не биде после години да дојде до разочарување и недоразбирање. Ова важи и за родителите од двете страни значи, не само за оние со кои сте во заедница. Се разговара не после кавга, туку пред да дојде до кавга. Не откако ќе му прекипе на некој. Се разговара директно, во смирена атмосфера, со кафе. Може да биде и со претходна најава дека сакате да разговарате за битни теми. И отпосле разговорот нема да има префрлања зошто нема да има недоречености и нејаснотии. Можеби звучи премногу ладнокрвно, како некоја зделка да се прави ама тоа е реалноста ако сакате да имате добри односи меѓу вас и да имате меѓусебна почит.
Вие барем не зборувате ,и така можеби е подобро,јас раат сум кога не ме бара ,воопшто не сакам очи да и видам. Лигавица. Зошто да ти биде криво? Ти не си греота? И мене од почеток ми беше така,не му кажував да не се нервира,па после си се запрашав ,па зошто јас на крај краева да се нервирам и секирам? Од тогаш, СЕ му кажувам на мм нека си знае.Арно си и ја затнала муцката,друг пат да не и текне да прави такво нешто..
Ова ти е све супер, само што старите нема да сменат мислење и од утре да го препишат спратот на синот зашто јас така сум рекла. Ниту па ќе си скратат од своите секојдневни желби за да стават пари во заеднички фонд за јадење кога јадат само пиперки. Можат само да плаќаат струја и да се жалат колку е скапа. Јас не гледам решение, туку сама да се погрижам за себе и за моите деца.
Кога веќе имаш одговор на овие прашања, на вас ви останува што ќе правите во врска со тоа. Барем знаеш што е на масата. Нема да препишат? Ќе си се дели после нив по закон со браќа и сестри? Ок. Таман работа да ги разубедуваш. И тие имаат право да одлучуваат за својата сопственост, но треба да знаат што значат тие одлуки за вас како семејство. Значи, ако тоа го кажале како нивна воља сега вие треба да одлучите што значи тоа за вас и да им каже маж ти отворено. Прво, дали ви е битно да сте сопственици на домот во кој живеете или не? Ќе останете во тој случај таму или не? Можеби побитно ви е да не плаќате кирија додека инвестирате во нов, сопствен дом? Можеби неможете да живеете со нив додека да добиете свој дом од х,у причини? Знам и за ваков пример- фамилијата е со повеќе деца стариот не сака да го препише домот само на детето што живее со нив зошто не сака другите деца да не му добијат ништо. Ама синот што живее со старите вика дека најмногу труд и грижа вложува во домот и во родителите и дека не е во иста ситуација со другите деца и дека не е фер. Се договараат секое од децата со семејствата да живее по 10/15 години во куќата со своите родители додека се живи. Така и направија, се менуваа и ги гледаа како што треба додека живеела со нив, иако секој помагаше на родителите со што можел колку можел. На крајот немаше раздор при поделбата после смртта на родителите, куќата ја продадоа и ја поделија еднакво. Може ви е чудно ова ама вистинито е. Најбитно е што нашле решение што е прифатливо за сите. Треба само да се седне и да се разговара да се направи договор. Храната реков дека е најтешко да се договори. Полесно е ако се има посебни кујни и има можност за посебно готвење. Или се дели една кујна ама посебно си готви кој што сака. Ако не ви се допаѓа тоа, јадете заедно ама договорете се да делите трошоци на начин кој мислите дека е најфер. Искрено, постарите се тука најчесто со помал трошок зошто тие се само двајца, без разлика што се навикнати да јадат. Младите имаат деца и сосема други трошоци за нив. Тука веќе сами треба да одлучите што ќе правите. Појдете од тоа кој колку заработува и колку троши. Ако гледате дека тие едвам издржуваат со примањата и за своите трошоци, јасно е дека не само што нема да ви помагаат финансиски туку ќе треба вие да ги помагате нив. И најискрено одговорете си дали сакате и уште побитно-дали можете или не да го правите тоа. Ако не, тогаш треба да сте свесни дека не сте за живот во заедница. Уствари уште пред да се почне живот во заедница треба да се прашате дали сакате да делите со нив домаќинство или не. Ако не сакате ич не влагајте во заедница.
Баш би требало да е така како што збориш, ама никогаш не искача така. Стариве си имаат свои желби што не ги оствариле до сега, па ај сега, не ни прашуваат. За јадење, никако не можеш, еден јаде ова, друг она, само за ручек ако се договориме. Маживе живеат со старите до нивна смрт затоа што сме на балкан и така се навикнати. Некој да ги тинтра. А, кога ќе се мажиш, не можеш баш да бираш. Мене не ми смета, иако мои пари идат поише зашто јас сакам све да има, ама нови брачни парови баш не може да бираат. Едно, немаме услови за кредити, друго немаме работа, трето немаме заштеда. Па и друга работа, на запад не се купуваат станови, ама овде мораш да купиш пошто твоите деца нема да има каде да живеат. Се е тоа супер што го збориш, ама во некоја утопија, а не во општество како нашево затворено од сите страни со безработица и без образование. Плус, оди на полошо. Новиве генерации за ништо не се заинтересирани. Ај во мое време, мажите нејќеа да имаат обврски, ама овие деца сега, не знам, страшно ќе биде. Само надеж, дека нешто драстично ќе се смени во државава па да ги гледаме све кривите еднаш месечно, а ние да уживаме средени со работа. Јас на пр имам стан, ама маж ми не сака да дојде, еве тука си има работа. Иначе, све си е така, со разбрани луѓе и средени финансии.
Дека сме утепани, од секој аспект сме, тоа е факт. Знам дека се потешко е за младите парови да дојдат до работа, дом и сл. Но, сето ова што го пишувам не го зборувам теоретски, туку од искуство, мое лично и на тие околку мене. Не е воопшто утопија. Јас бев во иста ситуација како тебе, во домот на неговите, кои немаа доволно финансии. Првите години од мојот заеднички живот и јас го зборев скроз истото како тебе-не ми е гајле, ќе давам за се што треба, да не ми останат децата без греење, струја, храна, но и заради наивност, искрена да бидам. Сакав да им дадам помош на старите, дека немаат. Додека не сфатив зошто немаат и каков е нивниот однос кон парите. До ден денешен се каам за тоа што толкав период дозволив така да се троши. Не се знае кој пие, кој плаќа. Давај, давај само. Потоа се освестивме. Направивме евиденција колку допринесуваме во домаќинството ние, а колку тие, и соодносот беше далеку од фер, без разлика што имавме деца. Колку и да заработувавме повеќе или помалку, ние двајца секогаш го носевме најголемиот дел од финансискиот трошок. Крајниот заклучок беше дека се доведовме во ситуација ти да си кратиш од своите деца за да ги помагаш старите. А кога веќе се во прашање децата, а не твоите лични потреби, секако дека ќе се бориш за нив. Што се па должни децата? Тогаш маж ми ја повлече линијата и од тука веќе многу работи се сменија, да не објаснувам. Значи за што одвојуваш и си кратиш од залакот?? Па ако веќе одвојувам толку многу пари месечно, за трошоци што сами кога би биле не би ги имала, ќе одвојам барем за свој стан, па да не ми е ич криво. Колку и да е балканец, ниту еден совесен татко нема да работи на штета на своите деца. Така да не се согласувам дека се такви овдешните мажи и дека ќе седат по секоја цена со родителите. Можеби кога се тазе венчани живеат во таков филм, ама тоа е кратко. Дури не ја видат реалноста и не сфатат како стојат навистина работите, па да видиш како наеднаш созреваат. После стануваат дури и попосесивни и поекономични и од жените. А ако не ја надминат никогаш таа фаза, дури и откако ќе имаат деца, тогаш прашање е зошто воопшто стапувал во брак? Не знам како е околу вас, но јас сите парови што ги познавам се борат, макотрпно работат, 'рмбаат во три смени ако треба, за да имаат свој дом, свој бизнис или подобра работа, за да имаат за децата што им треба, за да им остават нешто. И сите имале вакви или слични проблеми кои морале да ги решаваат со своите. И децата на паровите што се сега веќе пораснати, сите и учат и работат, се борат и тие како нивните. Ниту еден од мажите во тие парови не седи значи како типичен балкански маж дома, фатен за сукњата на мајка му во некоја нездрава симбиотска врска и да трпи кога не чини. И не велам дека е нормално да се 'рмба дење-ноќе за да имаш доволно за сметки да платиш, далеку од тоа дека е нормално. Само велам дека не треба да чекаш ниту да се вразуми некој друг во семејството, ниту да се смени ситуацијата во државата, ниту во светот за да ти постигнеш нешто. Треба да се бориш сам за своето семејство, најдобро што умееш и знаеш. Не ги оставај работите вон твоја/ваша контрола, тоа најдобронамерно ти советувам.