Другарка кажува како ќе можела да живее со свекор и свекрва. Стари луѓе потребни се во куќа. Свекрвата треба да го бања внучето таков бил адетот македонски. Нема да сака да лежи со маж и 5 саати од сабајле пошто ќе морале двајцата на работа да идат, нема да се буни ако чука свекрвата на сред гушкање. Ако родителите и дале нејзе повеќе пари, брат и сестра и немало да речат "а за мене?". Немало ништо да бара да и се препише на нејзино име, да има каде да се врати. Ќе идела таму кај што живеел маж и. Сега така мислиш и викам, ќе разбереш понатака. Џабе. Ме нападна мене како маж ми ќе ме избркал ако не сум ги почитувала неговите, ако сама си го бањам детето. И викам нема директно да речат "а за мене?" индиректно ќе се налутат, понатака. Вика они гледаат јас да имам мене да ми дадат. И викам луѓето се менуваат. Џабе. Далеку сме двете од брак, али со нејзиниве мислења ќе си пати у животот пуно. Бар ја така мислам.
Тоа е тоа "домашно воспитување", наведната глава мора и да не ја посрамоти фамилијата. Животот ѝ е нацртан уште пред да почне. Но сите сме возрасни и одговорни сами за сопствените избори.. не можеш да ја натераш да мисли за себе, ако од мала ја убедиле дека нејзината улога во овој свет е за да му служи на сопругот и неговата фамилија.
За жал, некои девојки од мали нозе се воспитувани единствен дострел во животот да им е да бидат "добри" снаи, жени, да учат на живот со свекрва, учени од мали на маалски и теткински муабети.
Што не ќе прочита човек. Мене свекрва ми ако ни еднаш не ми ги избањала децава, значи не ја почитувам? Господе Боже. Јас ги родив децава, заедно со мм да се грижиме за нив, а не да терам адети и традиции.
Не сфаќам, зашто е свекрвата должна да го бања бебето, па таа нејзините деца си ги исчувала, сега ако има околу 50+ години, претпоставувам и фатот на рацете не и е ист, не и се исти рефлексите, може да и падне, да го повреди не по нејзина вина. Свекрвата си ги исчувала нејзините деца, и завршила со тоа, а детето треба да си го бања мајката и таткото.
Затоа што и свекрвата не е го бањала нејзиното кога требало, туку нејзината свекрва..и така, традиции глупи. После зошто бабите им се однесуваат како мајки на внуците, епа на нивните деца не можеле до збор да дојдат па сега.
Бабите се однесуваат како мајки на внуците, затоа што родителите дозволиле така. Има многу млади луѓе што сметаат дека бабите МОРА да им помагаат, да бањаат, чуваат, хранат, носат и зимаат од градинка, да дава пеМзија АМА не и да им се меша во животот, like that is possible.
И јас имам една таква забегана другарка, со такви размислувања само што мојата е влезена во брак. Што, не не прави, да се покаже подобра снаа, за разлика од јатрваи. И купива подароци на свекрваи, ташни, џемпери,а таа еднаш и нема купено нешто ниту за роденден. Само и има речено помладите купуваат на постарите и таа си се теши со тоа. Џабе, на такви колку и да се трудиш да им отвориш не вреди.
Познаничка моја се одлучија да живеат посебно од свекорот и свекрвата баш за да имаат приватност, комоција, а сега се жали дека свекорот и свекрвата не и излегувале во пресрет да им ги чуваат децата.
Токму така, затоа што најлесно е да се остави детето друг да ти го чува. Аспектот ми беше дека кога требало свекрвите да си ги чуваат децата владееле традициите на најако, па сега и тие истото го прават.
Зашто и самите жени се растени со тоа. Да се знае како треба жена како маж. Имам блиска што е све што набројувате тука. Од една страна и одговарало , а од друга знае да прокоментира . Дури свекрва и спиеше со неа кога не беше тука маж и , за да и помагала бе. Јас разбирам некоја после пораѓај од Х причини да и е тешко и болно некој ден, ама сепак се неколку дена па и една недела нека е, ама се тоа поминува за таа недела. Па побогу ќе го носам 9 месеци, едвај ќе чекам во раце да го земам и друг да ми го чува, храни, бања...Не не и не
Ауу не да ќе си пати Ова у 14ти век жените не го мислеле за себеси, не па ден денес. Ја жалам другарка ти искрено, пошо многу плитко размислува, и нема самопоштовање. Колкави сте, извини вака? Ми се сфиѓа ти како размислуваш на ова Ти си попаметната другарка Оваа не ти треба.Чим нема самопочитување, а ни кон тебе очигледно, чим ти зборела такво срање.Мани ја. За адети и традиции некои, да, треба да се негува традицијата, за празници некои, за крштевки/сунет кој у што верува итн.
Јас изгледа сум од најлошите снаи. Кај мене нема совети за дете, тоа е најстрого забрането. Има доктори за тоа. Не сакам да ми го чуваат не се должни а и не сакам без мое присуство гледање од оправдани причини. Кога се роди син ми сама се покани да седе со нас неколку време да ми помага, ја одбив. Не се должни да ме финансираат ниту помагаат, имаат многу имот ниту знам колку, ниту барам, ниту сакам, ниту пак да очекуваат јас да давам. Кога одам кај нив сум гостинка исто и тие се гости кај нас. Се гледаме во неколку месеци на некој саат, живееме во различни градови и тоа е тоа. Честитаме празници, а се останато оди преку маж ми. Не знам зошто мислите дека бабите треба да ни чуваат деца, јас дете не оставам, ни на една баба.Кај мајка ми син ми оди затоа што сака да седи сам, а не за чување, или да и го оставам со саати или денови. Бабите имаат некоја контрола ме слушаат, ама дедовците ни за жива глава, еве на пример татко ми и свекор ми 5 мин да им го оставам, на син ми ќе ја исполнат секоја желба, ако сака 5 л газиран сок ќе му дадат да испие и пола килограм чајна затоа што децата требало да јадат се што тие сакаат. Не може човек да се разбере и затоа најарно сами, мирна ни глава на сите. Како прво не се должни, како второ не е исто на 30 год и на нивна возраст да чуваат мали деца.
Што има лошо во тоа? Нормално е да не сакаш да живееш со свекрва, и нормално е да сакаш да ти го чува понекогаш тек-тук детето/децата. Свекрвата треба да ги разбере тие две работи, нормални се. Супер е тоа ако имаш време да бидеш што е можно повеќе со детето и да не зависиш ни малку од бабите и дедовците. Но детето ќе биде со други луѓе, вака или онака. Ако не со баби и дедовци, ќе оди во градинка. Ако не во градинка, ќе тргне на школо итн. Не можеш колку и да сакаш, да имаш целосна контрола врз него. Повеќето родители за жал го немаат тоа задоволство да бидат цело време со децата и да не мора да бараат надворешна помош понекогаш. Всушност, ако веќе навлагам во детали, добро е одвреме навреме децата да добиваат се` што ќе посакаат. Вклучително и благи шеќеросани работи, и тоа баш така, во неограничени количини. Така нема да ја ставаат таа храна на пиедестал или да им е како "забранета". Инаку разбирам колку е тешко да гледаш дека све му даваат.
Каква врска има чување деца со живеење заедно? Немаат обврска баби и дедовци да чуваат внуци ама убаво е. Не чуваат туѓо, внуци чуваат за нивните деца да излезат и прошетаат одморат завршат работа итн. По таа логика, мајка ми и татко ми воопшто не треба да ги чуваат.
Таа не сака да им ги почуваат децата за тие да излезат или да завршат некоја работа, за така им ги чуваат, туку да и ги чуваат секојдневно по цел ден. Извини ми, ама ако сум се одделила за да имам комоција, тогаш не треба очекувам дека тие треба да ми бидат на располагање секој ден за чување деца за јас да бидам слободна.
Абе и нас не ни се наоѓа крајот. Сакаме комоција ама да има некој за без пари да ни ги чува децата по цел ден, да зготви, да зачисти и плус за се да биде крива госпожа свекрва. Стварно се претерува некогаш. Океј е да се побара помош кога си во тесно ама на крајот денот без разлика дали живееш во заедница или одделно, никој не е должен да ти ги чува децата.
И во заедница баба и дедо немаат обврска да чуваат внуци. Ако сакаат само. Или ако е договор снаата да работи а децата да ги чува баба наместо во градинка. Тоа пак ако сака бабата.
Епа тоа е муабетот. Ете во случајов старите не изразиле желба да чуваат, значи нема што да им се лути.