Свекрвата во случајот ги разбрала работите. Немаше никакви замерки дека младиве сакаат посебно да живеат. И не станува во ситуацијава збор за тек-тук чување на децата. Женава се лути оти свекрвата и свекорот не изразувале желба за секојдневно чување на децата.
Треба коренско менување на Балканот дефинитивно секоја втора жена се очекува да е роб на родителите на сопругот.. Се очекува од жената да биде жена а од мажот син а не маж и сопруг..
Попладнево имавме гости, и останаа како зачудени оти свекорот и свекрвата не сум ги викала мамо и тато. Викам... синот не ги вика така што му се мајка и татко, зошто пак јас.
А зошто придаваш значење на небитни луѓе? Кулирај си, ако на вас ви е топ тогаш супер, а за мешање сакала неќела секогаш ќе има такви шо ќе се смешаат.
Јас да бев на твое место ќе им речев затоа што маж ми не ми е брат. Па,нека се осмелат пак да речат нешто.
Зашо уште има такви луѓе бе Се расонив кога прочитав. Нареден пат речи им како што ти кажа @nextredstyle или кажи им ,,пошто не ми се ридители” Колкави се тие што прашале?чисто информативно
Мои братучетки вакво прашање добиваат и од стари и од млади.Од вториве е пострашно јер млад не би требало вака да размислува.
Кај нас се случи да прашаат пред свекрва ми зашто ка викам тетка а не мамо. Свеки у нејзин стил: шо има да ме вика мамо, она си има мајка што ја родила, старски глупости.
Со свекрва ми имаме супер однос, не живееме заедно но откако имам дете некои постапки нејзини ме вадат од такт. Малата е 13месеци и јаде сама од 8 месеци. Едноставно не сакаше никој да ја храни, одбиваше блендирано и почна сама да јаде. Кога сум јас тука не е проблем си јаде сама, ама проблемот е кога некогаш ќе ја оставам на чување. Пред неколку дена мм ја однесе на гости таму, за јас дома да средувам на раат. Имав спремено ручек, приборот што си јаде, си има таму нејзина хранилка. Мм ја наместил да јаде и мајка му почнала да му вика дај да го најадам детето доста го изгладнувате. И почнала да ѝ дава, малата почнала да плаче и да се турка од хранилката и во тој момент свекрва ми ѝ пуштила цртани и ја нахранила но не изела се и почнала да ѝ дава со сила, по што мм ја извадил од хранилката и ѝ кажал дека не е во ред така да јаде. Она почнала да коментира како ние сме ја изгладнувале, греота било детето (пред мене тоа не се дрзнува да го каже, си ќути) А не е греота да јаде насилно со крокодилски солзи или да го брка по соби со чинијата? 100 пати пред неа имам потенцирано колку сум против хранењето со тв со мамење и на сила и она пак си тера по свое. И за некои други нејзини ‘воспитни’ мерки. Пример кога ќе падне и ќе се удри на столот, тепај го баба столот, лош е столот те удри-ѝ вика. Во една прилика и викам, а зашто да го тепа столот? Она се удри, а не ја удри столот неа. И после пак исто, пак си тера по нејзино. Незнам како да постапам за да ѝ кажам дека не дозволувам такви глупости. Мм ми вика батали ја, кај ти се нафаќа да ја чува, уште да кажуваш како треба. А јас вријам кога се случува тоа пред мои очи. Посебно зошто знам колку сум трубела дека не е во ред.
Се согласувам дека не се окау методите на хранење на бабата. Ама ако гледам дека еднаш сум рекла не се почитува тоа, не и го оставам детето. Ќе го гледа на саат два со мое присуство чисто да си поиграат. Можел сопругот да ја занимава со нешто, да ја однесе во игротека пример или дома да си игра со неа.
Најде кој да кажува “ го изгладнувате детето”. Којзнае колку се лупала у гради пред син ѝ,да се докаже демек ‘најбаба’. Среќа, па далеку од тоа е.
Сам кога си многу побрзо ке исчистиш и средиш ама не е причина дете да носиш на гости за да чистиш. Можеш да чистиш додека спие, со правосмукалка додека поминуваш маж ти може да го чува детето. Ако и порано сте имале замерки и не чувате деца на иста бранова должина ке одите комплет сите. Тоа е данокот со неразбрани луѓе. Синко нешто како топол ми беше па го облеков потенко. Татко ми вели ке ги смрзнам, вратот гол му бил. Дома кај нив е претопло. Откако дојдов во стан и клима е на 21-22 видов дека сум се гушела со оган ама не сум ни свесна дека е претопло. Сега ем потенко се облекувам ем поладно е. Ама татко ми си мисли дека ке му е ладно. Разлика во генерации и тоа е.
Штом си имате супер однос, а проблемите се само околу исхраната и чувањето, најдобро е да се укаже на бабата. Дали ти, дали маж ти, некој од вас нека седне и нека и каже како вие постапувате и како малата сака да јаде и точка на муабетот. Баба како баба, ништо ново. Повеќето го прават ова, а може не се свесни. Децата ќе пораснат и ова ќе прекине ама нарушениот однос не може да се подобри.
Не и го оставај. Син ми е помал од твоето и јас не го носам на чување никадез но мм некогаш го носи сам кај нив да го видат, зошто јас не секогаш можам по гости да се влечкам, а не можам ни да забранам да го носи он кај нив. Не знам што прават и тука малце ми е шубе, но со мм имаме договор да нема одстапување од она што сме го одлучиле (поточно што сум одлучила). Се има случено баш скоро свекрвата (која е инаку ок и разумна жена, па ме изненади), да запне да му даде да лиже од НЕЈЗИНИОТ сладолед, пази бебе од 5 месеци. Ама јас сум многу директна кога се работи за мое дете, немам ни срам. И реков нема шанса. На нив им се "чудни" моите одлуки зошто золвата нејзиното го расне на друг начин. Золвата му даваше на нејзиното од 3-4 месеци да лиже сладоледи, шлаг, торти, колачи, да лижка кафенце и они сега мислат дека и јас сакам, па и се пружаат. Чудно им е што не дозволувам да го ставаат во дубак, што не го форсирам да седи. Золвата се налути зошто не дозволив нејзиното дете од 10кг да го носи во раце и шета моето од 8 кг. Или биди апсолутно директна или не го оставај. Мене не ми е гајле кој се лути се додека моето дете е добро, здраво, не се стресира и не го пунат со слаткиши. Јас да слушнам дека позади мој грб идат контра мои правила резил ќе ги направам. Ова не е само за неговите и за моите си важи. За се некако можам да прогледам кроз прсти ама за дете не.
Па ако се нафатила да ја почува, не значи дека треба да му го ремети раатот на детето.И да оди против твоето.Она си е твое дете и ќе биде ти како што ќе кажеш.Ако кажеш сама дека ќе јаде така и треба.Башка ете девојченцето очигледно сака само да си јаде, што е и супер, си се осамостојува.Шо ја ,,осакатува” сеа кај се научила сама да јаде, оваа ќе ја рани.И после децата биле неспособни Ја мислам да не ја носиш веќе или ако ја носите, да нагласите што ти/ви смета.Телевизорот јадењето насила итн.