Е маж ти "убаво " ти влепил. Кај уште ТИ се нафаќа д аја чува. Ајде бе. И ја истиве проблеми ги имам. И на крај завршуваме јас и он да се караме. Што да ти кажам, јас во себе само си повторувам дека брзо растат и се ќе заборавиме. Не ги оставај сами да одат оди ти кај твојте следен пат, а он нека чисти.
@Lovebug01 со неразбрани луѓе никако нема да се разбереш. Факт. Живеам со таква. Е сега лесно е тука да се каже не го носи ,не го давај ,нека не го чува тој и тој... Ама ко ќе дојдат сметките и пазарењето никој нема да ни ги подмири. Во твојава ситуација како што разбрав се работи за одвреме навреме по некој саат. Така да мислам дека за тоа време не би успеала да ја одвикне од било што така да би баталила но ,тие нема да бидат прв избор кога ќе треба да се причува детето и така. Пошто вака само ти за џабе се нервираш . *Може ќе ме нападнете за мислењево ,но ако нешто научив во оваа година и нешто тоа е дека стварно со такви луѓе не можеш да се разбереш.
Во принцип нема таа некој проблем кој не може да се реши. Се чисти и со дете дома. Се оди на работа а дете во градинка. Ако јас ти или било која одлучи да праќа дете на чување треба да си прифати дека има своеглави луѓе. И неразбрани. И точно е дека ке си го чуваат по нивно.
@Lovebug01 а да те прашам зошто се обидуваш да најдеш начин да и кажеш на свекрва ти, кога маж ти бил тука со нив, тој не може да и каже, детето и негово е, зошто ти да се расправаш?
И јас мислам така. Сопругот штом бил таму, не требало да дозволи да стигне дотаму ситуацијата. Попрво требало он да седи цело време до детето и да не допушта никој да го малтретира. Сопругот треба точно да им каже до каде се границите, посебно кога гледа дека сакаат да ги преминат, може точно да им каже што да не прават. Али кога ќе бидат сами со детето, очекувај дека пак тие исти работи ќе ги прават, без разлика што знаат дека не треба. Али не можат да му ги сменат навиките или толку да го истрауматизираат од ретко чување. Така што, јасно е, не можеш да имаш контрола 24/7 врз детето. И сите феминки што ти викаат да не го оставаш не се реални. Зошто детето мора некаде да биде оставено некогаш. Некоја пиша градинка ... а во градинка не е уште полошо?!
Јас да сум на твое место не би ја оставила да иде сама на гости, туку само во мое присуство. Сите треба да го почитуваат редот на детето што го восппставила мајката, во случајов свекрва ти, а не испочитувал ни маж ти. Во конкретната ситуација тој требало да и постави граници кога веќе бил присутен и да и каже дека така не ја храните, туку дека сама си јаде, и да забрани да и пушта цртани за да ја нарани кога веќе тоа не го практикувате ни дома. За чистење и други обврски, сопругот може дома да ја чува, а ти да чистиш. Ние тоа го практикуваме, сопругот ги чува двете, јас чистам, па еве исчистено ни е и без да ги оставиме на чување. Негогаш и поголемово се вклучува, сака да брише прашина, смука, џогира.. Се плетка по мене, па и тоа ни е некоја заедничка игра.
Ако не пак не дозволувајте ич детето да гледа баба и дедо. Шо бара да ги познава Голема работа ако се праат отстапки во храната еднаш месечно рецимо. Утре и вие ќе бидете баби па да видиме дали вака би ги решавале проблемите лесно со "не го носи таму". Не сакам да бидам погрешно сфатена, бутање храна со сила е рамно на малтретирање и не е прифатливо ама кога ги носите на чување не очекувајте дека некој ќе се води по вашите правила. Секој ќе прави како што смета дека е најдобро, во случајов така она мисли за хранењето. Јас би и кажала дека дека не смее така и тоа е тоа. Ако разбере океј ако не никој не ме тера да го носам таму без мое присуство. Мажите ко за украс ви се? Или снаата треба секогаш да изиграва полицаец и лош чичко?
Да де разбрав. Мажот да одмори додека мајката чисти. Голема работа е. И не е еднаш месечно, не живеат во различни држави.
Ако живеат одделно, на различни места и плус имаат работни обврски тешко дека ќе се гледаат секој ден. Еве 3 пати месецот макс.
Сакав да кажам, проблемот е во мажот. Бил слободен, а сепак го однел детето кај мајка му, да И го почува детето на снаата, не можел он да И го чува додека она чисти, да го прошета или било што. Не е дека може да се чисти со дете во куќа, туку може и мажулето да вклучи parent mode.
А ако веќе прифатила да го чува зошто да не се води по правила на мајката? Како тоа таа знае што е подобро? Ова не е отстапка во храна, туку буквално хранење на сила бидејќи детето јаде на начин кој таа не го прифаќа и мисли дека не е добро така. Јас сфатив дека го однел детето на гости за да може членката да исчисти а не на чување, во секој случај таткото требал да изреагира.
Не реков дека не треба да се води по нејзините правила ама сакале ние или не 90% ќе си се водат по нивното. Ако ти смета нема да дозволуваш да ти го гледа и тоа е. Таков ни е менталитетот, така се учени иди смени ги (со чест на исклучоци) и сметам дека е во ред ако се прави отстапки од храната АМА НИКАКО начинот на хранење т.е бутањето храна. Голема работа ако му дала чоколатце бабата, направила отстапка и тоа еднаш месечно (ова не се однесува конкретно на членката него ги коментирам коментарите на некои членки што ја цитираа). И нормално дека мајката знае најдобро што е добро а што не за детето ама ако го оставате на чување бидете спремни дека нема да се чува така како што замислувате.
Желбата на свекрва да дава чоколадце, па макар и еднаш месечно не би дозволила да се исполни. Зошто мајката да е лоша дека не дозволува а кај баба може се? И едно прашање ме мачи: Зошто се дава се само благи,грицки и други глупости? Зошто да не му дадат овошје на пример. Јас како мајка, поставувам граници, ако ги рушат, ќе гледат дете само во мое присуство. Конкретно за проблемот погоре, мажот можи да го прошета детето некаде надвор. А свекрвата ќе го гледа детето само во мое присуство.
Зошто во диетите постои cheat meal? Се што е забрането е послатко и попосакувано А и бабата го гледа ретко сака да му удоволи. Не викам дека е здраво ама во најголем случај тоа е реалноста.
Ретко се случува да ја чува, зошто претежно јас сум дома, а и сопругот работи од дома. Дали 3 пати се има случено сама да ја оставиме ако требало некаде да одиме. Пошо гледам дека одма се фативте за тоа како мм отишол да одмори за јас да чистам, еве да појаснам: за чистење сите заедно чистиме и малата ја вклучуваме, на неа ѝ е како игра. Тој ден беше исклучок, имав и други работи да средувам освен чистењето за кои ми требаше концентрација, а не дистракции по дома. Маж ми требаше да излезе да ја прошета ама надвор врнеше а неа ѝ беше време за ручек па отидоа кај неговите. Со мм сме на иста фрекфенција за начин на воспитување, и он ѝ кажува на мајка му исто како јас што кажувам, ама таа пред него може да се дрзне да прави и да збори што сака со детето, а мене ми ќути. Тој не е тип што сака да се расправа ама кога дошол моментот малата да не сака веќе да јаде а бабава упорно бутала лажица, ѝ се развикал и се скарале. И му рекла ‘ајде таму што е ова нови моди терате, бебе од 1 година само да јаде со лажица да се прља, пола јадење на хранилката исфлекано останува’. Џабе ќе ѝ објаснува нема да сфати. Јас му кажав на мм дека нема веќе да ја оставаме сама таму на подолго време од саат-два и се согласи.
Точно, зависи од начин на живот, што работат, каде. Токму така. Можеби и со добра намера го одвел а свекрвата искористила прилика кога мајката не е тука. Затоа што збориме за деца од 1, 2 години кои треба да јадат здраво. Додека може возрасниот да контролира што јаде детето чоколади се на последно место.
Да не го носам детето кај баба му зашто му давала благо!!! Господе боже. Вие сакате бре децата ваши да имаат баби и дедовци? Зашто толкав отпор кон баби и дедовци да чуваат дете и да му дадат да јаде нешто друго ( освен ако нема алергии). Му викала Удри го столот.. Па и нас така не растеа, тие генерации се.. Си стварате проблеми каде што нема.