Не е начин тоа ние ако сме биле така растени и нашите деца така да растат. Не дозволувам да јаде друго бидејќи сум спремала за него јас оброк,посебен.Правен со многу љубов и внимание, за сето тоа да биде уништено за да и се направи кеф на бабата чоколадо да му даде?! Епа нема. Не им го оставам ако треба ама тоа не бидува. Среќа немам проблем, јаде само тоа што ќе им оставам да дадат.
Кој да шлапне? Дете, дете да шлапне? Па нормално е тоа. Ќе се удрат ќе се степаат, аман не ги чувајте во стаклено звоно. А свекрва или мајка да ми удри дете, е тогаш господ ќе го види. Ама за банални работи да забранувам да оди.. Глупо е.
По дифолт свекрвата крива и за столот. Разбирам дека има секакви свекрви ама по ова шо се пиши на форумов и од младите се претерва.
Иакрено еве како тетка да ми донесе снаа ми спремено јадење од дома за внук ми, нема да сакам да ја видам. Моето јадење е отровно?? Не се свесни колку навредуваат. Прашувам само што смее што не смее и готово. И после гледаш отуѓени баби и дедовци од внуци. Па ќе има.
Се маваат 'кусури' и кај шо треба и кај шо не треба после само свекрвата крива. Ајде сите дај Боже да дочекаме да бидеме свекрви, па ќе прајме пак муабет на темава.
Јас секогаш гледам од другата страна како би ми било. Мајка ми има пропатено многу од баба ми и знам што се вистински маки со свекрви.
Правилно воспитување не е чување во стаклено ѕвоно. Ете и моето удрило во градинка и него го удриле, не фаќам замерки за тоа. Само не ми е убаво да му кажуваат удри го столот, удри ја масата, нема потреба. Еве моите свекор и свекрва го учат да лупа мушки на маса (демек кој е главен), да удира итн, маж ми се расправаше и му враќаа дека многу сме го лигавеле, па само им одговори утре кога ќе им залепи по една да не се чудат зошто. Додека беше помал носев храна спремна од дома зашто свеки се правеше многу паметна и правеше спротивно од моите насоки, а сега кога на детето му е дозволено да јаде се, не правам проблем и јаде од нивниот ручек. А ако не сака да ме види зашто носам спремен ручек супер, ќе ми олесни да не ја гледам како става сол на 6 месечно бебе. Јас напротив, воопшто не го чувам во стаклено ѕвоно ама некои работи не се во ред и треба да се почитува начинот на воспитување кој го поставува родителот.
А без тоа 'удри го столот' ич не удираат. Многу сите воспитувани демек, ама во реалноста децава некако се поневоспитани се. Нешто не штима и не е до 'удри го столот' изгледа
Нашите генерации се далеку од добро воспитани. Комплекси секакви, проблеми со искажување емоции меѓу кои и љубов. Принцип е принцип. Ако кажат родителите не, тогаш е не. Ако дадат чоколада повеќе ке ги сака? Мајката лоша а бабата добра? Тоа е таа психологија.
Мене дека така ми викале еве одам па тепам по улици. А разгалени и размазени деца се сега леле мајко.
А овие деца немаат комплекси? Влези во училиште, па дојди да зборуваме. И многу убаво искажуваат љубов денеска... Едни љубовни... Агресивни, безобразни и лигави само, ништо друго.
Секако дека има исклучоци,де. Ама,тоа не го поништува фактот дека на детето не треба да му се зборува така.
Не можам да водам вакви дискусии без цел. Имало секакви и ке има. Тоа не го менува фактот дека има доста утнати генерации.
Не сум знаела дека дете може да се разгалува и да му се покажува љубов само преку храна, ова де, преку чоколада. Покрај милион начини да го играш, гушкаш, шеташ, учиш, занимаваш бебе/дете и да правиш заеднички спомени, најмногу ќе му покажеш дека го сакаш и сѐ е дозволено кај баба ако му тупниш да јади чоколада или бисквити дур го држи стомакот. Зошто да не носам храна? Ако денес сум планирала да давам нешто шо мајка ми или свекрва ми не го купува, бидејќи не го јадат, ќе се навредат? Или наместо да поминат време со внучето да застанат да готват? Не гледам никој тука да се збунил зошто наместо банана им дале јаболко. Се бунат дека наместо манџа им даваат смоки. Никој не се буни да им пуштат детски песнички, ама за турски серии се бунат. Зошто? Ако мислите дека е во ред, тогаш мислам дека вие имате проблем, не тие што се бунат.
Ама детето не е на диета. И зошто да удоволи со чоколадо? Нека прави спомени со внучето со игра не со јадење. Јас уште дури моето немаше почнато со цврста храна, им кажав на сите за јадење и пиење јас ќе водам ред, вие играјте го доволно е. Сечам од почеток за после да нема ама јас не знаев. Среќа имам разбрани луѓе околу мене не се обиделе никогаш да дадат нешто без мое знаење. Дете гледаат кога сакаат, никој не го забранува тоа ама под мои услови зошто јас сум му родител на ова дете и јас сум одговорност за него и неговото здравје.
Не е на диета ама исто како да е, кога се забранети некои намирници. Секој различно ги гледа работите, мене не би ми претставувало проблем некогаш ако не се пази режимот, сепак за дете станува збор. И кој кажа дека спомени се праат со чоколада? Смешни сте.
Имам една другарка. Мажена е во Германија. Ова и е 2 брак. Колку ѓавол е нејзината свекрва... Да ја видите ќе помислите ангел е. Разни проблеми и прави на другарка ми. Во почетокот на бракот не беше таква, ама откако го роди првото дете се сменила. Се преселила другарка ми и мажот во посебен стан, ама свекрвата не знаела што да прави па измислила демек свекорот имал срцев удар и дека не му е добро. Па тие повторно се вратија да живеат во куќата со свекрвата. Мажот ѝ на другарка ми е многу мутав. Неговата мајка го врти околу малиот прст. Јас разбирам за почит и љубов кон својата мајка, ама ова не е нормално. Сега ќе речете зошто не се вратила кај татко и кога го родила првото дете, ама ни нејзините родители не се добри. Многу ми е жал за неа.
Не знам дали имаш деца. Ако немаш, тогаш и јас размислував како тебе, додека не добив свое, сега се е поинаку кога на мене е одговорноста за него, како и воведување навики и ред.