E па браво за двајцата, успеавте да му го расипете род. на детето....срам да Ви е, заради една операција и неколку инаети унистивте семејство, алал да Ви е
Ако е вистина ова што го пишува, не ќе да е само операцијата. Одмана ја читам женава и све се аи и кука, ова и дојде како оправдание да излезе од тој брак. Греотка роденденот на детенцето. Што ќе беше проблем да се прослави роденден после операцијата на жената, кога ќе се опоравела. Да не памети детето кога славело 1 роденден. ЕЕЕЕ аздисани родители, за да се покажат пред роднини и пријатели циркузи си прават од животот.
17Март морам да ја искоментирам целава твоја ситуација ,од просто што се намешав предходно во темава и открив една наша семејна тајна.Додека мојот братучед и мојата снаа имаа проблем само со тетка ми,која на секој чекор им правеше сопки и која при секоја можна прилика глумеше болест,кај вас очигледно свеки не е единствениот проблем.Додека моите безрезервно се сакаа и подржуваа,а со тоа и успешно се справуваа со секоја новонастаната измислена ситуација,ти и твојот сопруг си имате проблем со самите себе.Кај вас очигледно чашата одамна била полна ,па сега оваа ситуација била само капка која ја прелила чашата.Во твојава ситуација кривци можеш да бараш во било кого ,па дури и во свеки ,но седни и здраво размисли каде и како сте ја утнале работата со мм,при тоа барајќи ги причините во самите вас,а не во околината.
Жено па ти немаш проблем само со свекрвата имаш и со сопругот.И дај те молам не си прави некој илузии во главата иако имаш 21 год твоето поашање не се оправдува во врска со ова што го имаш напишано со свекрва ти ти ги проќитав сите мислења секаде шишува дека ја мразиш,а со омразата знаеш каде ке стигнеш НИКАДЕ и мислам дека ти и сопругот треба да се преиспитате на психијатар дали сте свесниво што имате влетано.Па како можете на душичката да и го расипете животот да се разведете бре алооо со вас нешто не е било во ред и на почетокот.да фатете да се обесете пореметен народ.!!!
Ова ќе биде оффтопик ама не нможев да се воздржам 17 март не те поддржувам меѓутоа детето ќе пати по секако и во лош брак и во разведен брак прашање е каде ќе пати помалку имам другарка која на 15 год си ги молеше родителите или да не се караат или да се разделат зашто девојчето не ни можеше да спие од нивните урлања 24 часа на ден а не камоли даучи сега има 27 год си живее со дечкото среќна се исели од кај родителите
јас мислам кога жената не се сложува со мажот на се ќе помисли и се и секој ќе му биди виновен и свекрва и свекор и девер сите.... еве мене во последно време мм ми вели дека не сум средувала по дома,јас незнам дали свекрвами му има речено нешто ама така мислам и баш преѓе потпецнав демек муабет ми има излезено дека не чистам пред сите го реков тоа и свекрвами го искара мм. ,,не вели така ќе мисли дека ние нешто сме ти зборувале (што и мислам),, ама неможам никогаш сигурна да бидам дали на мм така му истекна или му имаат нешто речено....
Taa izgleda si ja ima muvata na kapata.Znaj deka ponekogas site sme mrzlivi,no nemoj da preteruvas so toa.pa zemi sredi malku,ne dozvoluvaj i za toa da te zborat
Е Стефи ќе ми простиш ама неможам да не ти искоментирам. Мислам дека и ти имаш повеќе проблем со маж ти, а не со свекрвата. Таа може да си коментира и збори колку сака, неможеш да ја закутиш, неможеш да и влијаеш, но на маж ти можеш. Прво и основно кај пишува дека жената е таа што треба да средува по дома, јас колку што знам сопружниците се рамноправни по закон. Значи ако не ви е средено тоа е исто толку негова кривица. Ако ти неможеш да досредиш, деца, работа, јадење, куќа тој е исто толку повикан да учествува, а не да коментира. Одамна е поминато времето кога жената беше домаќинка, па цела куќа на нејзин грб. Извини, не замерувај, ама ако не му е доволно средено нека досредни.
Irena.1,ne velam deka ne si vo pravo,no taka e samo ako ziveete sami.ako si vo zaednica i ako mazot i pomaga na zenata znaes deka ke e papucar vo ocite na majkamu i tatkomu.posebno onamu kade svekorot ne i pomaga na zenamu.se uste ziveeme so turski naviki.
Јас и мојот вереник живееме под кирија и плакаме 200 евра секој месец. Нашите плати се далеку од добри и сами знаеме како ги планираме трошоците. Мегутоа, за таа цел нема причина зошто да се жалам од неговото семејство бидејки освен во неделен ручек не ги гледам. Нашата слобода на однесување нема цена! Затоа што спијам до колку сакам, се шетам по дома како сакам, заглавувам со другарки до сабајле ако сакам и нема кој да ми пререче. Секоја одлука заедно ја донесуваме и единствено се грижам за неговото мислење. И јас можев да бидам "паметна" и да се преселам кај него дома. И да, немаше да ме боли срце за кирија,немаше да мислам дали има прашок за перење и уште колку дена има до 1 ви, ама затоа нешто друго ќе ми ја јадеше душата и немаше да ми дава мир и сон.. Се надеваме дека до крајот на годината ке најдеме наше станче, па киријата ке ја претвориме во рата за кредит. Сите што велите дека не може да се луксузирате со живеење под кирија, не се жалете од животот со свекрвата бидејки и дома сте се расправале со родителите за секакви глупости, тоа го прави разликата во години! Да отидев да живеам со неговите сигурно немаше да тргаме по 200 евра на страна, како што знам дека тие што не плаќаат кирија и имаат исти примања како нас, не го прават тоа.
Се слагам со сето ова од предходниот пост секоја ситуација си има и добра и лоша страна и јас пак ке речам подобро 1 кило месо 3 пати ке го делам за ручек само мир да имам на душава
Ауу мојана идна, се надевам дека ќе ја снема од лицето на Земјата додека да се омажам. Така се паметно си работи, чека јас да пукнам и да каже: Еве јас колку сум фина со неа, она мене вака ми враќа. Не избрка и мене и вереникот од дома (он живее со мајка му, па и јас со нив) и на крај не знам као и успеа, си ја намести мајка и (која живее во истата куќа само на горниот спрат) дека она била крива, дека она не сакала да живееме тука. Уште на почетокот од врската се го подбуцнуваше вереников како јас сум требала да ги замијам садовите, да зачистам (а она не исчистила од кога живеат таму), да сум зготвела нешто (пазете, се тоа уште во првите месеци од врската). Овој мојов е убеден дека мајка му ме гледа како сопствено дете, а јас точно гледам што и како прави. Се правеше како се е ок да живееме со неа, а јас знаев дека на нејзе (пошто е разведена и има 500 швалери - не дека ја мразам, стварно е така, постојано некој нов ни доаѓаше) и треба да и се мафнеме на памет за да може по на раат да си ги носи швалерите дома, да не мора да чека да сме излезени за да се издупи со нив итн итн. Јас после бркањето си се вратив да живеам кај моите и му реков дека сакам сами да живееме (нормално не му посочив дека не сакам со мајка му, внимавам колку можам да не згрешам и да победи она). Дајте ако знаете некој совет како да му го покажам на вереникот нејзиното вистинско лице, зашто ја трпам веќе долго, не знам уште колку ќе можам да преќутувам
туго боже Чекај бре девојко/жено се уште не си влезена во таа куќа како снајка Спојлер како млада снајка убаво е некогаш да покажеш вештини и во кујна и во чистење по дома (колку што читам пишуваш дека ти е вереник). Нема што да се докажуваш, правиш местенки итд итд едноставно договори се со него да си живеете сами и решен проблем, нит свекрва да ти се меша нит мајка или татко. И незнам што толку преќутуваш ако нешто не ти се допаѓа едноставно кажи си на вереникот и најдите компромис. Со тој човек ќе делиш цел живот тамн работа да ти биде измачување зашто ,,преќутуваш,, некои работи.
Не живеам во заедница па маж ми ништо не пипка а пипкаш еправеше ручек и понекогаш усиаваше откако се роди малата не пипка ништо дури и даредложам нешто заедно да правиме одбива затоакогамисе чисти чистам обавезно секој втор ден се брише прашина не ради него туку ради малата на секои 5 дена усисавам ама не водам сметка за него знам со правосмукалак даму влезам кога сшпие и ич не мие гајле кога нејќе дапомага и когаќе дојде она ова е два пат во 4 месеци до сеа и ќе му каже фати одма трча да помогне е тогаш почнува караницата и кој ја испровоцирал ? свекрвата ќе се меша ако сопругот дозволува а како што тргнала работата испаѓа секој е врзан за сукњата на мама
Извини вака, ама до мт е. Па и до тебе. Уште во врска, а ти да и` чистиш дома на мајка му? Тоа е нормално? Уште вика дека таа како мајка те сакала? Јас мислам дека тој многу добро знае колку е саатот, ама така му чини. После бркањево, тој се`уште мисли дека ве сака со цело срце? Така лесно паднал на финтата со баба му, ко тој да не ја познавал пред ти да дојдеш. Ова е игра против тебе, да, со разликата што во неа е вклучен и твојот вереник. И Славица (ако не се зезаше во тој дел за домаќинлукот ), јас не се согласувам со тоа дека ако е млада снајка треба да покажува домаќинлук и вештини. Да се помогне во домот, да, ако е човечки побарано и ако не те третира како послуга, ама да живее под притисок дали ќе ја изберат за Вешта Жена на годината, за да ја шуткаат ко да ја нашле на улица, дефинитивно не. Не им требало снајка тогаш, требало да разлистаат огласите за домашна помошничка.
Јас сум во истата ситуација, како вереница во куќата. Се и свашта се дешавало пишував погоре, ама вереникот да ме тера да чистам по мајка му, не баш. Се случувало обратното, пошто она си е по шетањето да си оди да ака, а мене да ми останат милион глупости за завршување, и он да изреагира, ќе ми рече само дај да средиме што си е наше, другото си е на госпожата работа, не си и слуга. И крај. Така да мила, ти имаш проблем со мажот. Мене не ме праша свекрва ми до кај сум спремна, дали ќе шијам, дали ќе купувам, што како нели невеста, ич. Ама затоа за нејзиното спремање на велико се збори, само она збори-она слуша. Не ја трзам воопшто, а ни вереникот. Јас не го вртам против неа, ниту коментирам. Сам гледа, не е глупав. А да трчкам да ги служам, да се припотресувам дали лажичето од кафето било миено или немиено во лавабо, ама ич. Се во граници на нормала, јас не сум си отишла од кај мајка ми за да служам други. Секој своите задачи, и со усул мешање едни со други, затоа што мене барем не ми искочи на арно. Кога ќе мијам садови ќе ги измијам сите, ама некогаш кога нема да можам, сакам и моите да ми се измиени. Она делење мое-твое, премногу енергија ми одзема. Е жими за пеглање сум идиот, признавам. Пеглам само моето и неговото, едино може постелнини и пешкири да испеглам за сите. Смрт ми е тоа пеглањето, најголема мака ми е... Наоѓам 300 маани во пегланото од други, така да ич не се мешаме со пеглата, и не не боли ни двете глава. Прво среди си ги работите со мажот, па после со сите домашнни!
јас немам проблем со маж ми ама свеки моја луге не води хигиена што дури и мириса на километар ама нејзе ако не и е срам мене па воопшто.др ми беше зборот садовите ги мие со сјај кој е растворан во вода за да имала повеке (живееме во заедница ама јас си купувам за мене некој раб таа за нејзе)луѓе бре сите тави,тенџериња се грди за гледање жолти жолти,еднаш пробав со жица да ги истругам жицата отиде во аут за 3 мин и таа ми вика што се мачеш тоа е со год такво.дај бе молим те да ти се згаде живото,ке пие кафе филџано ке го заплакне на 2-3 пати и толку и јас мора да ги премивам отом потом што не ми е тешко ама ми префрла мн сум била некоја си Чиста Дана.Епа ај таа е 60 год ама јас имам 21 јас ако не фатам да зачистам таа нема шанси,мене ми доагаат гости мене ке ме озборуваат дека не е чисто.Случка пред 3 дена идам во WC после нејзе што не е прв пат на капакот од шолјата да најдам мочка ми се згади и реков дека тоа не личи на ниш таа ми вика е како да не ја не сум тоа направила,а јас после нејзе дали 2 мин влегов ама ајде и мм и префрла за тие раб,али тоа е а свекорот е бетер ама ајде нека се зиви и здрави ке ги потрпиме затоа што сепак се луѓе во години.
Како за инвентарот на свекрва ми да збориш, само наместо жолти, нејзините се црни. До што е било мрсно - чинам никогаш не е измиено. Тоа така со години (од кога се купени), па сега не јас, ни Св. Петар не може да ги исчисти. Имав јас пробувано, имам триено, триено - рацеве да ми отпаднат, а од нив имам добиено коментар: што се мачиш, тоа пак ќе си поцрне. Тавата од пржење компири - ќе стои со се зејтин до наредно пржење, а тогаш само ќе го истури стариот зејтин и ќе стави нов, за никакво миење не станува збор. Она што некогаш било тефлон, или незнам каков материјал - сега се лупи, како кора да има фатено. Има пар ствари кои се сочувани и јас само во нив готвам. Јас ја убедувам дека штетно е да готви во тие закоравените, таа ме убедува дека не е штетно. И навистина ми е шубе да јадам ако помислам дека во таква тава пржела. Јас сите би ги исфрлила и би купила нови, само работата е што не се мои да ги фрлам, не се во моја куќа. Ми се чини дека здравјето од готвење во тие тави и‘ е нарушено - Бог да чува, се плашам за сите нас.