Ако маж и не е на нејзината страна, свекрвата ќе е немоќна.Да не трпи мој совет , поготово ни крива ни должна другарка ти.
Е зошто ? За ова често се расправам и не можам да се разберам пред јадење чоколадо не се дава ама со неразбрани луѓе нема никогаш да се разбериш.....
Не дека е отровно, ама е за поголеми дечиња, а не за бебе. Јас и кај моите сум носела каша направена од дома, оти нивното јадење со вегета, црн пипер и потпршка не е за мало бебе. И тука нема лутење. А ти го почитуваш тоа што ти каже снаата што треба, а што не треба да јаде внук ти?
Нормално дека почитувам и му спремам согласно возраста. Сигурно на бебе нема во кашичка да му ставам зачини како за возрасен. И за него и за сите внуци и деца кои сум ги чувала ќе си прашам што смее што не смее, дали е под казна за нешто да бидам доследна да не рушам авторитет. Ама да ми дојде со направено дома као еве ова е за него не му давај од твоето ми е крајно безобразно. А и која нормалн баба бе нема да му спреми посебно за детето, сигурно нема на бебе да му даде со запршки, мрсно итн.
Е па изгледа кај мене во околина се само нормални зашто не ми иде бре во глава да земам да му давам манџа на бебе со сите зачини и чуда. Кај нас за бебе се спремало посебно, ако се прави да речеме пире ќе се направи дел за детето, а во другиот дел се ставаат зачини и се по ред за возрасни. И месо исто и се.
Блазе тебе. Е вака,се дава се.Пошто ти млада мајка,што знаеш.Таа 3 деца одгледала,со запршки,зачини,итн.Па еве ништо не му е нели. На бебе од 6 месеци му даваат колбаси 130ден.кг.да проба.Ни јас не јадам такви а не пак бебе. И нема да го гледаат без мене па нека сум најлошата на свет.
Се гледа дека немаш деца. До 1 година не се дава сол. Многу мајки земаат и посебно месо телешко не јунешко, и мисиркино и од младо пиле. Дури и органски зеленчуци земаат поскапо. И сето ова паѓа во вода со чоколадото. За син ми јас варев посебно, свекрва ми, мајка ми. Си имаше чашки со замрзнато месо и во двете куќи и само тој јадеше од тоа. Нема логика да давам јунешко кога има телешко три пати поскапо. И тенџерче посебно си имаше. Пробор за јадење. Се се. Многу е нормално бебе да има посебен третман, затоа што е бебе.
Воопшто не гледам што е безобразното кога некој ти донесе дете на чување, па и јадење, за да не мора ти да готвеш посебно, туку да ти биде на готово и да не се мислеш што да зготвиш и дали го имаш тоа. Секој со своето размислување. За некои работи се согласувам со тебе, ама не и за ова носење јадење од дома
Фала што ме просветли. А тоа дали имам или немам деца имам исчувано повеќе туѓи што е многу поголема дговорност. Ти кажав во моја околина се прави поесбно за бебе согласно возраста а посебно за возрасни. Што тука не ти е јасно?
Зошто би се налутила мајка да ти донесе ручек за сопствено дете? Како се дрзнувате да одлучувате за туѓо дете? Дете се сака и чува и без мешање во оброци.
Ех ова веќе е претеризам и не е нормално. Се знае што е храна за дете, што за возрасен. Пишав, разбирам да се исполни желба на детето во одредени количини зависно од возраста и во одредени периоди ама колбаси да се дава како да е нормално и добро тоа е веќе терање инает со мајката, не дека не знае.
Свекор ми беше тоа,ама исти се. Точно,знаат колку внимавам на се,и за инает така прават. Сите ги ранеле децата како нив,само јас поинаку,па затоа само настинати и слаби ми биле. Тие имаат над 100кг. Децава ми се слаби,ама и јас и мм сме слаби.Само леб им нудат да се поправеле А овие цел ден јадат и витки на мама се
Леле ова ме потсети на свеки. Јас до сега никогаш буквално не сум го оставила на чување повеќе од еден час, еднаш моравме да излеземе со мм имавме кратка работа и овие му дале џигер да проба, машко било морало се да проба, се изнервирав толку многу и од сега ако треба да го оставам да го почуваат они идат горе кај нас, доле кај нив веќе и мм забрани детето да се носи.
Ќе се замешам ве читам цело време. Тој што немал мака, нема да разбере. Не знам зошто ве чуди. Свекрвите па и мајките секогаш размислуваат така, што разбираш ти, ние деца две сме одгледале знаеме како треба. Буквално свеки на сестра ми, мало бебе го имаше прејадено со спанаќ, иако детето сеуште не јадеше спанаќ (бидејќи што разбира сестра ми??) И детево не можеше да се покака, зелено какаше 3 дена и одбиваше да јаде од што му беше тешко. Мајка ми иако знаеше дека сестрава не сака вода да му се дава на бебето, одеше со лажичето по детево, дека и нас ни давала кога сме биле бебиња. Значи кога станува збор за дете, мајката знае најдобро. Или ќе го чуваат по мои правила или ич немора да чуваат. Па уште ќе се навределе ако сум однела јадење. Памтам мајка ми брцаше во гравот со лепче и му даваше на детево затоа што на времето дедо ми така ми давал и ја сум била пресреќна, од малку ништо немало да биде. Оди бре разбери се
Нај жално е што млади мајки ова го прават. Бар тие што ги знам. Оти така им кажале свекрвите и мајките.Само јас црна овца. Вчера ги слегов на пола саат,им исчистив калинки,моркови,краставица,и однесов да грицкаат бидеќи ручани беа. Кажа поголемава дека несака да седи,појдов до маркет,направив колачи и слегов да ги земам. Отворено смоки,другото стои. Плачела малата за дома ја залажувале А викам нешто песничка,игра, ааа слабо тоа,стари се неможат. Јас почнав на кратко да ги подоставам одкако беба наполна 8 месеци а големава веќе 3.Ама поголемава кажуваше се што правеле,јаделе играле,па не даваа сешто.И строго најадени
Само да прашам, ако си видела некого кесата со печени пиперки да ја стави на кантата со ѓубре, ќе сакаш тој некој да ти спрема јадење за бебето? Или пак ти враќа кутија што си му ја однел со нешто, ти вика измиена е, а внатре остатоци од тоа што стоело.