Ова свекривине сите скарани со хигиена се. Устава пена ми фати дури и глупаво ми беше на жена на таа воздраст да и кажувам дека раце после тоалет се мијат и кога си доаѓаш од работа, а не одма дете да ми фаќа. Сега па со ова коронава суќур почна да мие раце после дрндање со денови. Се покајав 1000 пати што и го оставив на чување 2 месеца, од дете што јадеше се почна да јаде само смоки, попара кисело млеко и паштети, пошто госпоѓата ја мрзеше да му направи нешто. И кога ќе и кажеш па уште и навредена и познатата реченица " и ние исчувавме деца". Еднаш и реков ти учена се имаш родено за мајка да бидеш зошто " све знаеш". Затоа ни сопствените синови не ја сакаат, ниту снаи ниту роднини никој на кафе и дружење не ја вика само со мајка и и таа иста како неа.
Ама нели е глупо да им го збориш тоа на возрасни жени, збориме за најбанална ствар ко миење раце, еј. Мислиш дете мало го учиш како се живее. Јас сум приметила други одредени работи кои ми се wow, али не ми иде да ги кажам зашто ми е стварно глупо. Глупо ми е дури и на маж ми да му ги потенцирам, иако знам дека е свесен.
Глупаво е ама па уште поглупаво е тоа жена на 50/60 години да не го знае или да не го прави. Мене ми е гајле за неа туку не сакам со тие раце да ги фаќа децата и леб да им дава. Па најлогично е дека кога ќе го користиш тоалетот треба да се измиеш раце или кога доаѓаш од надвор и си корстел јавен превоз дека рацете обавезно се мијат, а не се седнува на маса леб да јадеш или ручек да правиш.
Си кажавме со маж ми. Ако сакаат да не посетат, здравје кога ќе си отидеме, они две недели во годината, мајка ми две недели. Толку. Свеки е во некој филм, ќе доаѓала 6 месеци внуци ќе чувала. Јас овде делени неможам да ги трпам ни 20 минути, не па таму во 60/70 квадрати да седам месеци со нив. До душа она е толку забегана шо не прифаќа дека ќе си одиме, упорно си ги прави муабетите ко таа опција да не постои и стално кога ќе се спомне она као зачудена е. Завчера мм вика "кога ќе си одиме веќе, неможам", оваа вика "не се секирај, ќе играм, ќе ми се падне лото, ќе имаме пари", мртва озбилна, а никој не спомна пари во тој муабет. Она си е убедена дека финансии се проблем, а ние највеќе од нив двајца бегаме.
Nema da doagaat i nasive taka vikaa.Ama na telefon wow sekoj ddn i samo nekakvi raboti i muabeti n koj ne mu e mesto i vreme.isto i zolva mi sekoj bozji denn
Ме потсети ова со ѕвонењево, свекрва ми ѕвони секоја недела навечер за да го потсети мм да го исфрли ѓубрето. И имаме кажано повеќепати дека нема потреба да не потсетува, ама таа за секој случај пак си ѕвони.
И мојата не е досадна ама има испади кога сака да дознае нешто , да ни "помага" кога никој ништо не и побарал,секогаш го фаворизира братот на мажот ми и на таа страна е повеќе насочена и на почетокот мн се нервирав сега сум на дистанца , башка ме има увредено со некој постапки можела да има супер пријателка ама ете честопати свекрвите не гледаат ко конкуренција во домаќинството и сл. Што по мене не е нормално ама на Балканов се е помешано.
Тука некаде сме, другиот син, ќерката и зетот совршенство без мана, како тие направиле како тие се средиле се плански си правеле јас и мм не способни а ние сме единствените кои живееме оделно од нив и немаме никаква поддршка.
И премногу, јас сакам да и кажам на мојава аман де мене ли ме чекаш вц то да го средам, па шо праиш по цел ден, јас сум на работа немам време, ама ти нели сакаш да ни помагаш? Се нудеше да ни готви , Па затоа и сме им трн во око, наместо да речат браво идете напред тие, те спуштаат, ни случајно да си понапред од фаворизираните, одма напади. Мажот ми си е слеп уште не гледа што му се прае од неговото семејство за жал.
Девојки не знам баш дали прашањето е за тука. Прашањето ми е за славење на Бадник заедно со свекор и свекрва. Живееме во иста куќа, ама на посебен спрат со се посебно. Лани бевме верени и славевме заедно, меѓутоа тие си се со свои навики, јас со мои. Прв Бадник ни е ова како венчани и можеби е себично, но сакам сама со сопругот да го поминам празникот. Мерак ми е сама да си спремам и да си уживаме сами. Секој празник сум на работа и во вакви ретки моменти би сакала да си се посветам. Што мислите вие?
У старт пресечи, јас еве мака мачам од што ги научивме така, и сега никако да им ја тргнам идеата дека за бадник и божиќ треба да сум таму. А мачно ми е, ај со мајка ми, па со нив, па утре дент пак. Оваа година решивме тој период да идеме на неколку дена на зимување, зошто стварно сакам да сме сами.
Секако и треба сами да ди бидете и да си прајте. После тоа доле на кафе симнете се. Во краен случај ако се фатат ко слеп за стап дека треба заедно, не се замарај. Прај си горе ти и после прајте пак заедно. Еден куп парови знам што одат прво кај родителите на девојчето кршат погача, па после кај дечкото истиот ден.
Јас сум значи лошата свекрва оти од мали давав се да се проба. Големава до некаде и ја пазев што како, малава мислам дека од утроба на чоколада беше . Мајка ми затоа баш како што викате вие, по книга ги ранеше двете, то манџички, кашички по протокол и стандарди. И се ме караше, како јас сум многу лабава, а снаа ми се по книга правела . Јас зимски деца чорапи под шпилхозни не и облеков ниеднаш. Од кога почнаа зеленчук да пробуваат по две три зрна сол ставав во кашичките, ќе ме утепаше кога виде. Со цртани и со телефони само јадеше малово, цело маало со тањирот сум го вртела . Поарно што имам женски деца оти да беа синови, снаите немаше да ми дадат внучињата да си ги видам. Јес да па јас стара мајка сум, склероза ќе ме фати додека дочекам внучиња
Исто и ние додека бевме верени бевме кај нив, бев и трудна и имав многу мачнини, па свеки се понуди да готви. Многу убаво ми беше, супер си поминавме ама следната година откако се венчавме си бевме сами со маж и бебе. Секако дека може сами да си бидете, вие сте семејство и нема љутиш тука. Ќе им кажете и тоа е тоа.
Исто и јас читам и се присетувам како беше со моите деца и внуци. И се согласувам со се. И тоа со мацање лебот ми е многу познато. Мајки околу мене му мацкаа на дете од 8 месеци од манџата со бел леб и тоа му било оброк или ручек и им се чудев. Тој „оброк“ нема ниту зеленчук, ниту месо, ниту растителни влакна, ниту витамини. Ама затоа зејтин, зачин и запршка на белото брашно е мнооогу здрав оброк. Затоа не го сакав тоа мацкање, не дека нешто ќе му биде на детето ако проба, туку зошто гледаш да го нараниш со тоа што му треба. Мислам дека нема свекрва што не се направила паметна кога се работи за хранење на внучето. Јас кога видов кај мојата мајка што е интелектуалка, внимателна премногу во односите со сите (посебно со снаа и зет), такво однесување се запрепастив. Прво внуче во семејство, девојчето на брат ми, си имаше проблем со настинки, слаб имунитет, со секрет од нос што и се слева дур спие. Тешко дишеше ноќе и крчеше (после и операција на крајници и правеа). Брат ми и снаа ми го носеа по лекари им рекоа за крајниците ама и да не и даваат млеко пред спење, дека најверојатно е нетолерантна на лактоза (сега е голема и поднесува млеко). Мајка ми знаеше дека има логика, зошто и таа е нетолерантна на лактоза, и прави гадење и не пие ич млеко. Брат ми исто многу кива кога пие млеко. Зошто не ја употреби логиката тогаш не знам..ваљда од суета или недоверба во брат ми.. И и паднало жал, демек детево е мало како тоа да не пие млеко мало дете и и дала еднаш шишенце кога ја чувала, колку да заспие. После некое време кога почнала да крчи во сон внукава, да и се слева од носот секрет, мајка ми се преплашила мислела ќе се угуши. Се ми кажа дома кога си дојдов, вика леле каков грев сторив, детето се мачеше, по моја вина. Јас не им верував, мислев бубачките на син ми се...што ќе правев ако направеше пострашна реакција... Никогаш повеќе не одеше против зборот на родителите. Си ја научи лекцијата. А немало со неа проблем за оброците, се знаело ред кај неа отсекогаш, прво ручекот, па десертот. Никогаш не им нудела кондиторски производи и не ја мрзело да им прави домашни десерти, овошни салати, да им украсува, да им се попривлечни за јадење. Што ѓавол ја натера тогаш да се сили не знам, ваљда и она не беше многу искусна баба тогаш..