Треба да се реални и старите, тоа е за добро на сите, најмногу на детето. Ја ценам вољата, ама треба да си прифатат дека над 70 години, колку и да се витални, не треба да чуваат секој ден, цел ден деца. Татко ми еднаш го прашав за чување на син ми кога имаше 3 години, он пензионер, мајка ми уште работеше и немав друг. Ми рече: запиши си го во градинка и не рачунај на мене. Можам да земам од школо, да носам, да поседам еден саат дур да дојдете, да ги носам на курсеви, часови, да му дадам да јаде што си зготвила ама бебиситерка на оваа возраст неможам да бидам. Не знам ни дали ќе бидам здрав утре. Да требало да чуваме деца по цел ден на 70 години, децата ќе ги раѓавме на 50-60 а не на 20-30. Ќе се нафати, ќе клапне, после што? Дали по детето ќе трчаш дали по старите... Градинка си треба од повеќе причини.
Затоа ги вклучив и мајката и свеки. Не е дека бранам некоја. Како да се случува прпблем со егото, демек јас знам, вие не. Среќа што лесно поминало и ја научила лекцијата. Јас сега очекувам да се породам за некој месец, билдам нерви затоа што знам дека ќе се расправам за вакви работи.
Ист проблем имав и јас... И глупо ти е да кажеш.. ама мораш ради детето. Уште се чудам дека луѓе не мијат раце редовно...
Епа истото и го реков, ако беше нормално на тие години бебиња да се чуваат, негувателките в градинка ќе беа по 70 години. Сфаќам некогаш на кратко да го почува, ама некогаш и на кратко. Веројатно нејзината воља доаѓа од фактот дека неколку пати ја почувала малата на пола саат-саат колку да испазариме и бебето е мирничко. Ама и го оставаш најадено, преосблечено, заспано или пак наспано.
Мажот на другарка ти не е мутав, туку е добро обучен (well groomed) од страна на нарцисоиден родител. Тоа значи дека мајка му го обликувала според своите потреби од кога е роден и тој не знае дека таа врска мајка-дете може да биде и поинаква. Жена му нема ништо да смени кај неа, таа ќе си остане манипулатор. Може само да проба да му помогне на маж и да разбере дека родителот му има психички проблем и дека тој не е должен да го трпи тоа цел живот и да му помогне да се тргне сам од неа зошто тој е нејзина прва и директна жртва. И во право си не е нормално. Врските со нарцисоидните не се нормални и здрави врски и за некој од страна што гледа е несфатливо зошто жртвата останува во таква врска и трпи. За тој што е манипулиран излезот од таква врска не е лесен особено ако тој што манипулира е родителот. Нив им е потешко него ли на оние кои се во врска со нарцисоиден партнер. Дечко, маж, девојка или жена ќе најдеш и друга, ама родители ти се само тие.
Голем дел од бабите се чувствуваат навредени ако не ги чуваат внуците, као што ни фали, да не не знаеме едно бебе да изгледаме. А ако ги чуваат пак се жалат дека им е напорно чувањето.
Има некој адет останато од старите, дека за бадник треба да се биде кај постарите и тие треба да спремаат, барем така е во мојот крај. Во моја околина иако се делени гледам дека секогаш кај свекорот и свекрвата се за бадник. Но секој треба да си прави како што сака, зависи и какви ви се односите со нив и колку сте блиски. Ако убаво си живеете зошто да не бидете сите заедно? Доколку не сакаш, не мораш разговарај со сопругот и тој нека им каже и спремајте си секоја посебно. Јас планирам годинава сами да си бидеме со сопругот.
Така беше и во Скопје, додека пак во Куманово кога одевме кај другата баба одевме за Божиќ. Ама сега се е поинаку.
Јас да сум сега со овај памет. Ќе напрам едно благо ќе слезам долу кај старите ќе си поседам 2 саати и ќе си се качам горе има време ќе си седам со мажотми со едно винце. Сите задоволни, има време ќе спремаш ...
Ние од кога сме дојдени па само тоа е муабетот. Да најдиме побрзо стан и да дојдат дете да ми гледаат , а јас да работам Дома кога бевме не ја погледнуваа , а сега па да дошле. Сачувај боже...не дека сака да гледа , сака да дојде па да може да работи , да се набута . Она немисли за нас , она мисли за ќерка и ако може да ја снајде ....тоа е прочитани книги
Бадник е празник кој се посветува на најблиските, љубов и сочувство. И странец да ти тропне на врата треба да го пуштиш на овој ден, не пак да се делиш од родителите на твојот маж. На тој ден бидете заедно, а останатите денови бидете си делени повторно. Не ми изгледа убаво вие двајца сами они двајца сами. Која е целта на овој празник тогаш?!
Не се сложувам. Зошто да не си бидат сами за Бадник? Ние сме на ист плац, но посебна куќа, па Бадник сами си правиме. На Божиќ може заеднички ручек, за Бадник сами. Плус тие се на посебен спрат. Не гледам зошто заедно да се.
Бадник се празнува во кругот на најтесното семејство, во случајот они се посебно семејство кое нормално сака да си прослави во нивниот дом. Дали тебе ти изгледа убаво не е битно, за Божик се оди на ручек кај пошироката фамилија, треба да се разграничи дека семејство е маж, жена и деца, бабите и дедовците се поширока фамилија. Нормално дека едно младо семејство си сака да си прави свои спомени и традиции, не да се прикачува на други.
Себично е малку, ама нема врска. Секој нека си прави како сака. Кога ќе дојдете на нивна возраст ќе го сфатите тоа кога ќе го осетите на своја кожа. Не те чини ништо самото собирање, а со тоа ќе покажеш дека си човек. Плус знаете колку добро е кога ќе си седнете на готово подготвено?!
Јас живеам во заедница, свекрва работи по 9 сати на ден. Кога сака да поминува време со внучето го зема и си се забавува.. Ок, ама кога требаше да полагам за кола и за јазик (живеам во странство) требаше некој да ми го причува, ќутеше. Морала да работи. Ок маж ми излезе од работа тие денови и ми го причува. Арно ама и го плеснав во лице пред некој ден. Значи во заедница сме и немам никаква помош, и реков кога ми требаше мене сам маж ми го чуваше детето никој не ми поможи. Ќутеше, епа уште ќе и го плескам, секогаш. Кога ќе падне дете (во последно паѓа поради што се учи да оди), трча дојди кај баба дојди да го смирела. Е пред некој ден не и го дадов и го завртив грбот. Се налути жена и јас и се налутив. Мајката!!! Ако сакам ќе и го дадам и онака немам никаква помош од неа.
Не сакам да седнам на подготвено, да ти кажам искрено. Ние само првата година ( кога бевме верени) бевме заедно за Бадник и имаше она подготвено тоа што јас не го јадам и плус со нејзини закони кога да се јаде, што да се јаде. Затоа сами најдобро. Како велат, за Бадник дома да си
Јас не се согласувам, Бадник се слави со најтесното семејство, а Божиќ е денот кога се оди на гости на ручек кај фамилијата на мажот и на сопругата. Ние лани дека прва година бевме со мм во куќава сакавме сами да си бидеме за Бадник, ама неговите ептен притиснаа и ајде се договоривме да одиме и кај нив прво да кршиме лебче и да јадеме, ама јас и сама си направив вечера се што треба и лебче, после се качивме горе и пак си кршевме со сите адети, а оваа година и воопшто немам намера да одам доле, секој посебно ќе си спрема и ќе си вечера.