Форумџика на годината

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски
    Мене ми е уживање тоа спремање, сега и со ќерка ми заедно месиме си играме, едноставно овие празници ми се најубави а за божиќ ги посетуваме старите.
    А чекај малку како да се одреди кај кои родители да се оди? Или оние на сопругата се помалку луѓе. Нас никој не ни замерил Бадник дома се слави, а домот ми е со маж ми и ќерка ми.
     
    На Anyshka, Mia 21, Осе и 13 други им се допаѓа ова.
  2. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Се оди кај оние кај кои сите се чувствувате убаво и опуштено.
     
    На Pacient srna, Осе, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Ама сте строги...
    Бадник е празник за најблиските. татко ми е сам и одиме кај него.
    Покасно одиме и кај неговите.
    Пак сме си ние семејство, никој тоа не го оспорува,ниту Бадник ако сме сами го потврдува.
     
    На angelagirl123456, happygirl, EuHenIa и 22 други им се допаѓа ова.
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.241
    Допаѓања:
    14.327
    Па да де, тоа се прави. Но јас јадам само крап и сакам тавче гравче, а не течен како што го прави она. И така де. Чудно е што сакам за Бадник со сопругот и со детето само?
     
    На Anyshka, Осе и Mnik им се допаѓа ова.
  5. DoubleK

    DoubleK Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.211
    Ние како и за се сме делени-Бадник со нив бидејќи се над нас во спрат, а Божик кај моите на ручек,
    Нема да се вечни, не се противам воопшто ама секој со својот избор
     
    На angelagirl123456, manako1, elimkd и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Кој како сака ќе си прави и како му одговара, во случајот ако сакате да си славите сами, ќе им најавите со време на старите да не планираат дека ќе доаѓате на ручек. Кој сака нека си слави со стари, кој сака сами. Нема лутење тука и навреди. Ние првата година славевме заедно, од втората па наваму си бевме дома за Бадник, а за Божиќ кај старите.
     
    На Anyshka, Mia 21, Осе и 5 други им се допаѓа ова.
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски
    Такво место е заедничкиот дом, инаку кога се работи за гости секој си влече на своја страна.:)
    На 2 места не би идела, а и едноставно уживам да се припремам, декорирам убавината е во малите нешта еве и список имам направено уште сега:D, јас од кога знам за себе никогаш не не носеле кај баби и дедовци за бадник туку дома, не знам зошто старите би се лутеле и тие си славеле со децата сами, нели се во свое време децата пораснале и си оформиле дом.
     
    На Anyshka, Mia 21, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.197
    Допаѓања:
    42.045
    Пол:
    Женски
    Не бе кој рече дека е чудно, Бог да чува
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    63.893
    Пол:
    Женски
    Бадник е за сами дома, сами мислам на маж и деца..е сега ако се живее во една куќа и се руча на едно место тогаш да сите заедно со пола пола работи спремно, немора свекрвата само да прави, може и снашка за промена тавче гравче место чорба грав..

    Ама најубаво делени сите сами како си сакаат...
     
    На Anyshka, Осе, Idedemja и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    9.550
    Пол:
    Женски
    Секој крај има свои обичаи. Како си практикуваат, како им е традицијата, така нека си прават. На луѓето им треба чуството на континуитет, кое се добива кога ја продолжуваат традицијата. Така се осеќаат блиску до своите а тоа е и поентата на празникот. Еве знам на пр. дека охриѓани не кршат лебче со паричка за Бадник, туку за василица. Мајка ми и татко ми се и двајцата од Скопје, и секогаш практикувале да си бидат секој дома за Бадник. Ако живееле во исто домаќинство со старите, младите седнувале заедно со нив (без разлика дали имале свој спрат). Ова сум го имала како пример во моето семејство додека сум била дете ама и во семејствата на моите роднини. Се собираат на вечера, не на ручек. Не оделе на тој ден никако во други куќи, ниту кај родителите. Тоа го правеле наредниот ден, за Божиќ. Ова беше исто и во куќата на свекрва ми. Додека бевме заедно сите седнуваме на една маса да вечераме. Единствена разлика имаше во менито, односно свекрва ми правеше јадење како што си правеле со нејзината свекрва (која била од галичкиот крај и си ги терала нејзините обичаи). Бадниковата вечера кај неа беше без ич зејтин, зошто практикуваа строг пост. Значи беше многу скромна трпеза, без многу различни јадења, ама вкусна и со внимание зготвено. Гравчето не беше запржувано, туку како што го викаше бело гравче само со сол варено во тенџере. Баба му на мм додавала и зрна пченка во него (за бериќет). Покрај лебчето со паричка, свекрва ми правеше и една пита солена, со фил од ореви и тоа беше специјалитетот на трпезата. Многу ми е криво што не научив да ја правам, иако ја гледав како ја прави и ме учеше додека беше жива, зошто беше премногу вкусна :inlove: (морам негде рецептот да го најдам). Искрено, мислам дека ни сарма ни риба не стававме на масата (сарми мрсни со месо правеа за Божиќ обично). За десерт се ставаа костени, суво или свежо овошје и тоа беше доволно. @Black girl најбитно е да има слога во домот и со најблиските. Традициите се различни, ама сите имаат иста цел и поента. Јас сум долги години во брак и имав прилика да ги запознаам обичаите на уште два различни краја (од кои потекнуваа родителите на мм), покрај моите скопските. Добар дел од нив и сама ги прифатив, некои пак обичаи од моите родители ги задржав. Децата сакам да ги знаат и едните и другите. Низ годините си направивме и некои свои нови традиции со децата за празниците.
     
    На Осе, manako1, Ljubova и 10 други им се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.197
    Допаѓања:
    42.045
    Пол:
    Женски
    Ние сме делени сите посебно во куќата, ама за Бадник седнуваме на вечера кај свекрвата и свекорот. Јас сум задолжена за рибата, јатрвата за гравот, свекрвата за останатото. Заедно ја поставуваме масата. Мене ми е убаво така сите собрани. За Божиќ сме кај моите на ручек. Всушност за повеќето празници сме кај моите на ручек. Јас сакам да си се собереме барем за празниците и заедно да ги прославеме. Првата нова година со бебе, ги собравме кај нас моите и на мм и заедно ја дочекавме. Јас обично сум дифтар и си сакам сама и приватност, ама за празниците сакам со блиските да си бидам. Најубаво ми е така
     
    На warrior, angelagirl123456, Mia 21 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. januari19

    januari19 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    1.763
    Пол:
    Женски
    Има една изрека "Не го прави тоа што не сакаш да ти го прават тебе"
    Тие се два големи празници кои се слават во кругот на семејството. За Бадник секогаш сме се собирале на една трпеза на почетокот готвеше мајка ми, последниве години готвиме заедно јас нешто благо она солено. Сама со сопругот јадам секој ден ама за вакви празници и круната и егото си ги вадам колку и да ми смета свекрвата, золвата и сл.
    Ова го кажувам бидејки со моите родители живееме во ист град, да сме со свекрва ми и свекор ми во ист град сигурно исто би постапиле. Иако не ми се по ќејф ама се родители на мојот сопруг.
     
    На Mia 21, MissChievous, tina2018 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    9.550
    Пол:
    Женски
    Точно. Ова последното ми се чини многу жени го забораваат.
     
    На Hortenzija, Mikha4, kanella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    9.047
    Пол:
    Женски
    Обичајот е дома да си за Бадник. Братучед ми неколку години живееја во заедница со тетка ми и во тој период и заедно славеа Бадник. Ама кога се преселија во стан и кажале дека дома ќе останат за Бадник, теткава ко разочарана. Абе и викам ти велеше дека за Бадниковата вечера треба секој дома да е. Да, да, ама до лани заедно славевме. Ама и викам до лани и заедно живеевте.
     
    На Anyshka, Mia 21, Осе и 8 други им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.935
    Допаѓања:
    183.813
    Пол:
    Женски
    Сите знајме Василица е вистинска, вие за Бадник сте се фатиле.
    [​IMG]


    На посериозна нота, се е ствар на договор и да сакаш да си дома и да не одиш нигде е легитимно. Само е фер и другата страна да знај за то. Сепак се спрема нели. Зато и неќам очекувања и притисоци, туку комуникација. Некој вакви традиции ги сфаќа како време за потесно семејство, некои за пошироко. И то е океј. Лично, ние на празници одиме наизменично кај една баба, кај друга следен празник. И така асоцирам празниците пошто јас славам само од традиционален аспект и само зошто ги асоцирам со family time шо сме го граделе од ко сум родена. И сакам да одам кај бабите. Чисто оти нема да ми се во животот тука постојано. Ама океј е ако сте младо семејство и сакате да имате време за себе и да научите да се организирате сами. Сосем е легитимно. И зато не сфаќам ништо околу ситуацијата. :D
     
    На Mia 21, Осе, GirlRose и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    9.694
    Пол:
    Женски
    Ако се некој во заедница нормално е една трпеза да се постави и сите да се соберат, ама не гледам потреба за тоа доколку младите се делени, дали на друг спрат, различни куќи и слично. Нема што да се лутат старите, ама тоа е не се сите исти.
     
    На Anyshka, Mia 21, bertold и 5 други им се допаѓа ова.
  17. lale22

    lale22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2021
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да се заедно, ама нема ни штета да поминиш два саати со родителите на мажот, посебно па ако си во иста ќуќа сигурно нивна па иако се разбрани луѓе зошто да не.
     
    На Mia 21, Осе и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  18. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    2.653
    Јас живеам на посебен спрат и сум во супер одлични односи со свекор и свекрва.
    Откако реновиравме си мислев посебно да си славам Бадник, ама вака кога размислив и кога ми се створи слика во глава они доле сами, ние горе сами и каков е тој празник ако на најубавиот ден се делиме ??
    За замерки, ете јас знам, сите знаеме дека трпезата Бадникова треба да е посна, ама свекрва ми си прави сукана пита со сирење... И нека си прави, додека може нека сука нека прави како што си сака, ако можам нешто да и помогнам арно, не ќе се расправам за една пита Бог да чува.
    Башка моите се разведени и цел живот Бадник го славев од куќа на куќа што се вели (де таму малце, де ваму малце) и сега кога ќе се собереме сите на маса за Бадник и Божиќ, мене срцево ми е полно и нема ништо поубаво од тоа!
     
    На warrior, Izaabella, angelagirl123456 и 20 други им се допаѓа ова.
  19. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    3.980
    Пол:
    Женски
    Се оди кај двете семејства.
     
  20. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.062
    Пол:
    Женски
    Значи мажот кај неговите жената кај нејзините?
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.