А зошто се лутите и и го плескате? Нели е пологично и во ред таткото да го почува детето сепак е татко. А бабата доколку е во можност да ви излезе во пресрет доколку не според мене не треба лутење. И зошто мора да имате помош за да и го дадете детето. Некои работи во животот треба да се прават безусловно.
Реченицата маж ми ми го причува детето ми боде очи, не е ваше? Како ти го причува? Бебо има 2 месеца скоро ден не сум прифатила помош ниту побарала нити ми е во план, мајка ми живее на 5 мин од мене има многу работа ни на кафе не иде не дете да ми гледа, личната карта и возачката не ми се земени ниту можам да отидам да си најдам матичен немам на кого да ја оставам а матичниот не ми работи веќе па никогаш не би ми текнало да им се лутам и на свекрва ми и на мајка ми за тоа. Нити працеле нити раѓале ако сакаат ќе дојдат ќе ја видат и ако имаат време ако не јас и маж ми како ќе се договотиме и организираме така.
Ако не прочита пиша дека живеат во заедница и за ништо нема помош, под тоа подразбирам дека ниту околу домашните обврски свекрвата не помага. Кога се живее во заедница работата се дели, пример еден ќе прави ручек, еден ќе чисти, друг дете ќе чува и во круг треба да се менуваат, а не може еден и домашните обврски да ги брка и дете да гледа и да пазари и све. Пример да живеат одделно нема право да се лути, ама вака има и те како.
На кого како му е арно така нека прави. Додека живеевме со свекрва ми правевме заедничка трпeза. Не дека ми пречеше жената, ама во себе си замислува како еден ден јас и мм заедно со децата ќе бидеме сами на тој ден. Некако Бадник сакам да го споделам со моите најблиски. Кога се преселивме на друг спрат, решивме сами да чекаме Бадник. Ни беше мерак со мм да спремаме. Освен тоа свекрва ми си правеше трпеза со нејзиниот свекор и свекрва и не се гледав јас таму. Божиќ и Велигден се иде по гости и долу и кај моите. Ете тој ден Бадник себично си го чуваме само за нас. И секогаш преубаво си поминуваме. Не сакам тие спомени да ги делам со никој. Можеби за некој ова ќе делува себично, ама се сметам за друг дом. А за Бадник секој треба да е дома...
Не битно и да е така, свекрва и работи ете по 9 саата, кога ќе дојде дома дали да одмори дали да чисти дали дете да гледа? Не пишала дека нема помош за ништо јас прочитав само околу детето дека се работи...
Во две реченици спомнува дека нема никаква помош од нејзе, мајкава е по цел ден со детето и јадење прави и све, а свеки битно работи по 9 часа и после тоа дома ништо ли не треба да фати?
Само ако маж ти е со посебни потреби, тогаш би сфатила да ти е криво што не помогнала да ВИ го чува детето. Во спротивно, ако е здрав, прав, што е проблемот да СИ го чува детето?
Ја нападнавте членката. Ако добро ја разбрав свекрвата не е спремна да и излезе во пресрет, не било само еднаш повеќе пати кога итно и требало некој да чува дете ја немало дали причините се оправдани или не тие си знаат најдобро меѓутоа кога нешто се прави од инает воопшто не е добро.
Кажи дека сакаш, не е голема работа. Секој нормален ке разбере што ви е желба. Ние годинава прв пат ке сме сами, претходно бевме сите заедно. Убаво ми беше и тогаш. Сега ке ми направи свекрва ми се, сама се пријави. Јас посни јадења не обожавам и ретко јадам, на мака бев што ке правам, ке треба да вртам да прашувам ова како она како. Среќа моја ми се понуди без да прашам. Можеби дека не сум верник и не ми е мерак за посно. Е затоа ми е мерак да го гледам синко како бара паричка. Да видите со каков мерак бирав елка, лампиони и се останато.
Кој ја "нападна"? Ако не е тапшање по рамо, тогаш напад е? Ич не си себична, тоа е сосема нормално. Значи кога двајца стапуваат во брак тие се семејството, а не со баби и дедовци. Дали сакаш сама со маж ти или да шириш со фамилија, тоа е веќе договор и желба. Јас моите празници ги дочекувам со маж ми, а по желба одиме кај неговите или моите, само ако и кога сакаме. Во празниците трева да се ужива, па особено како постојано работиш, и јас би сакала да сум со маж ми само.
Кога се вселивме со мм не бевме ни верени ни земени (во посебна куќа сме). Свеки сакаше да се слави Бадник со нив, ама мене ми беше мерак сами со дечко ми. Си напрајвме трпеза си вечеравме. Сега кога сме земени исто сами ќе си прајме. Кога би биле во заедница (или иста куќа) или би праеле со нив или посебно ама би се симнале да поседиме со нив. Некако е безвеза во иста куќа на празник да не се видиме да поседиме макар само кафе да се напиеме.
Не можам да поверувам која драма се направи од Бадник, а толку е едноставно како: сакаш правиш сам, сакаш правиш со други. Е сега вие ако немате храброст на луѓето да им кажувате јасно и директно дека сакате или не сакате нешто, тоа е друг проблем.
Не можам на сите да ве цитирам, па еве тука ќе ви одговорам на сите. Живееме во заедница, се меша околу детето се, да било вака да било така. Нормално дека маж ми ќе си го причува детето кога ми треба (излезе од работа поради тоа), ама мене од помош свеки никако не ми е, тоа ми беше муабетот. Ете кажав не ми помага, а кога ќе падне бебче да плаче дојди кај баба ( не и го дадов па ТАА се налути) е нема јас сакав сама да си го смирам, ако немам никаква помош кога ми треба, значи стварно ми требаше и сатите кога ги правев за возачка го носев кај маќеа “свекрва” место таа да ми излезе во пресрет. За домашните обврски не можам да грешам душа прави јадење, понекогаш заедно пазариме понекогаш само таа, околу чистењето се сама чистам. Нема врска тоа живееме ок во заедница, сакав да кажам дека не ми е излезена во пресрет кога ми требаше, сепак полагање имав два пати..
Тебе чекај, сеуште не ти е пораснато бебче и ако имаш некоја битна обврска да извршиш во животот секако дека ќе бараш некој да ти го причува читај ПРИЧУВА,а за гледање околу бебче и јас од раце не го испуштав кога имаше 2 месеци. Во мојот случај мајка ми не може да го причува затоа што е Мк.
Во ред не викам дека некогаш нема да треба па и да бе треба на ден да ја земат немам проблем, во очи ми забоде реченицата маж ми ми го причува. Не ТИ го причува си го чува детето и треба да го чува.
Колку пати и кажавте на жената едно те исто??? Си го чувал неговото дете, та си го чувал. Сигурно кога го напиша ова, таа мислеше она да го причувала, мажот да не излегува од работа и да губи саати. Ама не, уште 100 пати повторивте, како на вас никогаш да нема да ви притреба некој да ви излезе во пресрет да ви го погледне детето на некој саат некогаш. Саде семоќни.