Јас не разбрав дали членката бара помош, мислење или дојде само тука за да си ги искаже маките. Ако е за мислење, не е фер да се лути на свекрвата. Ако се лути на свекрвата тогаш треба и на мајка и. Не е лесно баш да се ослободиш од работа , а не е лесно и на стари години 9 саати да работиш па после дете да чуваш. Некогаш треба да се има разбирање и за другата страна. Ќе ја налутиш и ич никогаш нема да го чува. А на детето да му ја забраниш бабата не можеш и да сакаш.
Чек сега... Таткото да не излегува од работа и да не губи саати за да го чува сопственото дете, ама свекрвата мора да излезе од работа за да го причува внучето?!
Не! Јас мислам дека таа била во можност, ама не го причувала. Ако требало да излегува од раб е друго дваесет.
Па, јас како што разбрав и свекрвата работи. Ама, нејсе... не е должна да чува дете, особено при здрав, прав татко. Не знам како ваквите очекувања ви се нормални?
Жено, да го ПРИчува тој ден кога женава немала навистина кој, а имала неодложна обврска. Не читате ли дека иначе цело време таа си го чува??? Нема очекувања, еднаш во неколку месеци ако се случило, не знам за какви очекувања зборуваш.
Не се разбираме изглеа? Едно е да прашаш дали може да ти го причува, а сосема друго е да очекуваш дека мора да го причува и да се лутиш како мало дете ако не сака или не може? Детето е обврска на родителите и ничија друга! Ако размислувате поинаку...
Вака сега, многу длабоко навлеговме. Добро маж ми треба да чува дете ете затоа и излезе три сати од работа да го причува додека јас полагав 2Х. Маж ми не може да менува смени работи една смена. Од 7 сабајле до 5. Свекрва ми работи прва и втора смена, може да промене смена го има тоа правено за нејзин интерес. Кога јас кажав дека полагање имам на тој датум во толку и толку часот ќутеше. Тоа ми е криво.
Она што ти не го разбираш е дека она се лути што свекрва и не сакала да го ПРИчува. Без разлика дали работела или вртела хулахоп, ако не сака не мора и нема лутење. Таткото искочил од работа и си го чувал детето и пак и е криво што маж и сам го чувал. Што не е јасно?
Јас си го чувам од утро до мрак, сама си станувам навечер кога ќе бара млекце некогаш по 3 пати. Сама си го хранам, капам и плус морам да го изведам надвор да се прошета. Не очекувам никој да ме замене во улогата мајка. Само тој ден ми беше криво и маж ми што мораше да губи сати 3х3 6 саати за два пати полагање, па мораше после за викенд да работи. Можеше свеки да промени смена не ќе скапнеше ако причуваше малку.
Да криво ми е кога можеше прво за сопственото дете (маж ми) да излезе во пресрет, за мене не мораше ич. Син и сепак излезе од на работа па мораше по викенди да се брка да работи за изгубените сати Кога можеше зошто да не? Не ве разбирам никако, па јбг луѓе сме. А
А претходно кога го кажа денот за полаганње ја замоли да се смени на пример па те одби? А освен свекрвати нема никој др што може да го почува? Не те напаѓам само прашувам.... можеби е од оние кои си планираат предвреме можеби и никој несакал да ја смени за тогаш...а може и не ни прашала бидејки немислела дека ќе треба...
Јбг и ја имам дете ама немам очекувања од никого да ми го чува. Ако маж ти и ти сте тука, не ми е јасно што се лутиш ко мало дете? Ќе мењате смени, ќе се снаоѓате, тоа е тоа. Немаш простор за лутење
Нема што да ти е криво. Не мора да го причува ни минут. Штом дома не ти е товар, тогаш сте како цимери. Маж ти не одработувал месец дена, еден викенд е тоа. Во врска со плачењето, можеби е инстинкт. Сум забележала дека кога плаче синко затоа што се чукнал сите трчаат да го смират. Не само свекрва ми, сите се на нозе да го залажат. И моите, посебно татко ми го зема да го носи некаде да се залаже. Да сум луда ке кажам свекрва ми сака да го џапне од раце да се покаже дека е добра. А не е тоа току е внук и сите ги боли кога плаче синко. Точно е дека нема подобро од баби и дедовци кои се тука во секој момент да чуваат дете, ги имам и нема подобра опција. Нам за шетање ни се наоѓаат и бескрајно сум благодарна. Знам дека детето е среќно и згрижено. Ама се случувало да си имаат нивни обврски, гости, уморни итн. Во тие случаи јас и маж ми сме се снаоѓале. Ни најмалку не сум била лута. Или се случувало да сакам да излезам од дома на гости, од дома работам и некогаш ми е досадно, не одбивале затоа што имаат живот и не сум се лутела.
И кажала дека не е покрај неа кога најмногу и треба. Кога веќе толку си го сака внукот, синот, снаата и имала простор можеби ќе се замисли да направи нешто за следен пат.
Кои сте вие во реалниот живот што сами исчувавте деца, баш би сакала да запознаам некоја во живо Околу мене сите баби помагаат во чување ама на форумот секогаш сме собрани најдобрите. Шала на страна, нормално дека децата се обврска само на родителите ама што е со тоа тупење на темава? Зошто бе да не ми причува дете? Не само свекрва, било кој. Не сме помалку мајки ако го оставиме детето за да завршиме нешто. Јас го оставам во краен случај ама не гледам баш ништо страшно во тоа. И да, ќе се налутам ако можела да ми помогне, а не сакала. И ајварот што го прави секоја есен е нејзина обврска и избор ама ме вика да и помогнам. И што, да легачам дома само за да не одам? Аман луѓе, зошто сме толку дивтари, нема ништо лошо ни да побараш, ни да понудиш помош.
На сите им е јасно како ден дека не е должна свекрвата да чува деца.... Ама и тоа дека снаата не смеела да се налути е без везе. Никој од вас не замерува кога не му се излегло во пресрет за било што? А имало можност? Тоа се меѓучовечки односи, правење услуги.... Не била должна па не била должна. Демек она рече правно ќе ја гони. На нејзино место јас не би манифестирала лутина ама на прво нејзино барање за услуга... Цврц!!
Чекај жено не и е дужност, ама ако беше во можност зошто да не? Не знам, си гледа маж ми. Сепак малтретирање за него беше. Комшиката повеќе ми е најдена во пресрет. А ми рече ќе го причувала ако немало кој, ама плачеше кај неа и не и го оставив.