Така јас еднаш пишав дека големата понекогаш ја оставам на некој за да завршам работа кога мм е на работа, па ко ми рипнаа овде Се на се во овие 4г дали 10 пати ја чувала некоја баба и тоа кога беше бебе за да завршиме работа и двајцата и затоа сега не можеме никаде да одеме без неа. Пред некој ден плачеше оти сакаше на именден да ја носеме со нас, а знам дека цело време ќе ѝ биде досадно и ќе сака на телефонот, ама кога запна со мама и тато сакам и крај. Понекогаш сакам и сами да излеземе ама нема шанси без неа. Кога не е оставана со други тоа е.
Јас познавам и такви. И со повеќе деца не едно. Не знам како ги воспитуваат ама бубалчиња им се децата. Не е лошо да помогнеш, и да си човек. Ама некои не се. Таа на синот му направила да му е тешко, не на снаата. Можеби и е тешко да го чува. Имаше еден период на синко кога проодуваше и беше пренапорен. Јас едвај го дочувував а не постари луѓе. Тој период не го чуваа многу многу.
Ех ние сме сега во тој период, синко проода, ама многу паѓа и не знае кај тера. За така лета го чува да не падне, не и е тешко. Е сега кога требаше да полагам не беше уште проодан ниту се пушташе, само си лазеше си играше со играчки и тоа не требаше многу.
Еден куп феминки има тука кои живеат во странство и сами чуваат деца. И оние кои живеат во Скопје и немаат баба сервис. Па, ете ги живи, здрави им се децата. Не дека е лошо да имаш помош од баби и дедовци, ама не е задолжително, ниту пак треба да се очекува истото. И тие луѓе имаат живот! А за меѓучовечките односи... сакаш да кажеш дека секогаш кога некој ти побарал услуга си излегла во пресрет?
А кој им рече да немаат живот? Ако го причуваат за да се заврши некоја работа, што е толку чудно и трагично??
Во случајов не е некој, туку СНААТА. Е така, можеше да излезе во пресрет си преќуте не знам од кои причини, ниту ја промени смената ниту спомна нешто околу тоа.
Не е должност, ама човечки е во исклучителни ситуации. И другарка ми, и сосетката не се должни, па многу пати кога било итно ми ги причувале децата, а и јас нивните. За мајка ми па да не правам муабет, свекрва ми во друг град живее, ама верувам и таа би. И не секој може да излезе така лесно од работа, не татко,мајка, Свети Петар нека е. Наставници, медицински персонал, градежен работник, касиерка итн... кој ќе им дозволи така кога ќе им прдне да излезат од работа. Не работат сите во државна администрација со нозете во вис по цел ден, па да можат кога сакаат фрца-дрца да си прават.
Ништо не е трагично де, ама да го запостават сопствениот живот за да на вас секогаш ви бидат на располагање е лигавешки. Па уште и се лутела?!
Ми требало очајно.Отидов да се пораѓам држејќи го првото дете во скут 8 прста отворена.Јебига тоа е...некои имаат повеќе среќа некои помалку
Не зборам само за баби дедовци. Комшии, пријатели се нашле во некои ситуации. Не сакам погрешно да сум сфатена, ниту да повредам некого ама не е срамота да замолиш некој да го погледа детето за итно, а најмалку баба или дедо да се.
Никогаш не и имам побарано да го причува. Кажав додека ставав сати за возачка го носев кај свекор ми, еднаш тој беше болен со температура не можеше од кревет да стане, се јави маж ми вика откажи. Не можам викам во последен час да откажам, па отидов кај свекор ми со бебче ми вика жена му остави го јас ќе го чувам, а свекрва ми ниту праша кога имам сати и кој ќе го причува. Неколку пати ми требаше,не ми помогна, сама си знае зошто и да криво ми е.
Ама пак не се разбираме. И свекрвата и мажот работат. Ако мажот излезе од работа за да го чува детето е трагедија, а ако свекрвата не го направи истото ќе правиме драми? Не знам, можеби не се разбираме? И мене мајка ми, па и сестрите ми ја чувале кога сум имала потреба, ама не ми паднало на памет да се лутам или да пишувам по форуми кога ме одбиле (без разлика дали не можеле или не сакале)
Абе дали си сериозна? Еднаш во една година да треба да го погледа неколку саати, си го ЗАПОСТАВУВАЛА сопствениот живот Кога сакате да поентирате, не знаете кај терате со безсмислени изјави.
Теди еве ја на пример сум таков човек ако сам не ми се понудиш не ти барам.Сега јас да молам ти да гледаш внуче не ми иде,или сакаш да ги причуваш или не.Осеќам како да им е товар,и не ги ни прашувам.Да немаш кејф еднаш неделно внуче да прошеташ еден саат немам коментар.
Леле изгледа ти не ме читаш или тераш инат. Можеше да ја промени смената, ја има менувано за свој интерес. Од прва во друга или обратно.. Маж ми работи една смена..
Како бе тоа се чудиш кои се тие што изгледале сами деца? Па колку има што им се починати родителите, живеат во други градови далеку од баби и дедовци (ко нашиот случај) или преселени во странство …. Да, тешко е сам да чуваш дете ама не и неизводливо или вааау да се чудиме. Ако сакаш и ќе се запознаеме во живо не е проблем
Ете така, затоа и не ја прашав. Него правев муабет и викам имам полагање за кола на тој и тој датум во толку и толку часот, молк. Ок сфатив.. Истото и за полагање за јазик.. ок
Те сфаќам, те сфаќам и тебе зошто. Чисто се надоврзав на други муабети. И ја сум се нудела на другарки, и мене ми ја чувале еве рецимо за погреб. Некад стварно ти треба некој 1ч да погледа дете. Не е крај на светот и да те одбијат се е на добра воља и желба.
Па така де, тоа велам, зависи кој што работи и колку е лесно да подизлезе од работа или да побара друга смена. Јас пример на комшивката и го чував детето да оди на интервју за работа, мажот и работи теренска работа, а јас работам од дома. Имав можност, и излегов во пресрет.