Зборуваме за причување кога е навистина потребно. Татко ми почина, на маж ми роднина и моја тетка ми ја чуваше малата неколку саати. Тогаш ми беше и те како потребно зашто сите моравме на погребот.
Баш ми е жал за татко ти, лесна му земја. Верувај ни за погреб од комшија немам кој да ми го причува, знам и лично многу како мене исто
Да ги има, ете братучед ми и жена му тука живеат исто сами. Ама чекај кога и треба нешто битно трча бара кој да и го причува детето на сат два. Свеки не живее со неа па мора да бара од други помош.
Ќе платев жена јас ако не се понудеа роднините. Татко ми сакав да го испратам. Ама ок, само на форумов има личности што немаат потреба од помош. И јас така мислев пред да имам дете, ама реалноста е друга. Не знаеш кога ќе ти притреба помош од некој
Ја сум мајка што сама си ги чува децата(со татко им)мала разлика се две ипол год.Лично на мене не ми треба ниту признание ниту орден за најмајка што сама си ги чува децата.Помило ќе ми беше да имаше некој да излезе во пресрет да рече дај бе дете прошетајте со маж ти еднаш отидете на вечера.Ок е си створил дете и е само обврска на родителите.Ама што правиме со она мажот и жената да си се посветат малку еден на друг,да излезат да прошетаат.Јас па сега се би дала некој да ги причува прошета па макар и ме зборел по цело маало како ми ги чувале децата.Пет ипол год немаме излезено сами со маж ми.Веќе ни желба немаме.А не е ок ни тоа.
Аууу пресвета маченице, извини вака ние грешните што бараме други да причуват дете нагласувам причуват! Абе малку хуманост...
Taка е, затоа се надевам ова ќе допре до луѓето, да помагаме кога можеме. Ако одвојам саат два да помогнам на близок, да им причувам дете, иако не ми е должност, за нив ќе значи многу. Погреби, интервјуа, средување документи... ако треба за другарка ќе го чувам и да оди и нокти да си направи или на депилација да оди, ако тој еден саат ја направи среќна. Не знам, за мене не е трагедија, баш би ми било драго.
Епа така кога утреден ќе остари свекрвата и снаава ќе има право да бира дали ќе и се најде или не. Ако и треба помош за до вц, снаичево ќе има право да не сака, па бабата нека плаќа помошничка. Пред се, треба да сме луѓе и ако не си се најдат едни со други, под ист кров, кој ќе им се најде?
Аууу камо среќа мене некој да имаше да ми ги причува .. Свекрва немам, а и кога беше жива некоја помош немав а и не ми требаше оти тогаш не работев,а сегаа.. мајка ми работи,некогаш ќе го земе син ми на викенд но ретко,плаче за нас. Се сами сме со мм, работиме од дома, он 10 часа , деца куќа голема треба да се одржува .. но радо би прифатила помош, и тоа не ме прави помалку мајка отколку сега ..
Абе знам јас, јасно ми е. Туку знаеш на форумов сме сите срцки, најдобри, домаќинки, мајки... Јас знаеш кога почнав да го оставам на баби? Сега пред некој месец и тоа 5-6 пати досега на 1-2 саати. Кај моите го оставам кога ми треба за подолго. Познавам и јас двојки кои си ги израснаа децата ама им требало доста често помош да се причува детето. Нормално, луѓе сме. Ете работам од дома, малиот не е во градинка болен е, маж ми е надвор од Мк. Ми треба помош и ќе дојде свекор ми утре да ми се најде низ дома. Не се осеќам како помалку мајка. Еднаш го оставив кај моите и бевме во кафана со маж ми. Не е итна работа ама ми се идеше и бев. Замисли да не можеш да излезеш да седнеш некаде како човек да се опуштиш само затоа што си станал родител
И јас сама го чувам дур е маж ми на работа, т. е. од сабајле оди во градинка, попладне некогаш сакам да излеземе сами или нешто да направам на раат, ама кога ќе ми текне кај кого треба да го оставам, се предомислувам. Предност ми е што оди во градинка, па одсабајле правам се што морам.
Да си ми жива и здрава за ова. И старите ако паднат, нека се снаоѓаат како знаат и умеат за да не си го запоставуваат младите својот живот.
Супер за тебе, мене ми фали социјалниот живот премногу, ми фали да се опуштам, ми фалат многу работи. Немам време скоро за ништо како и секоја мајка ама кога ми се пружа шанса ја користам. Од свеки никогаш директно не сум побарала помош ама од мајка ми барам и ретко ме одбива. И нејзе и е мерак, детето ја обожава, јас си вршам работа. Win win.
Чекај, дали ти воопшто праша? Дали таа одби? Има луѓе кои сакаат да ги прашаш. И не сакаат да се наметнуваат. Може и да се разбере како мешање. Јас никогаш не сум чекала да ме прашаат дали сакам да го чуваат. Прашувам дали може тогаш и тогаш за тоа и тоа да го чувате синко. Еве мој пример. Тетка ми со која сум блиска живее на минута од мене. Братучетка ми го обожава синко и многу сака да го чува. Постојано ми велат кога ке го донесеш да го чуваме, и го земаат. Сам си оди, јаде, прави муабет, супер му е. Им било глупо да прашуваат често да го земаат, а мене ми е глупо да им кажам ај да го пратам на гости.
Нема што да се праша, јасна е ситуацијата. Живееме во еден дом и се знае дека нема кој да го причува бебче освен маж ми ако излезе од работа. За мешање се меша во се не секирај се. Иначе и таа не ме прашува дали можеш да ми ги испеглаш алиштата, туку само ги наоѓа испеглани, сложени, цакум пакум. Не можам сега од маж ми моите и од бебче да ги пеглам, а нејзините да ги прескокнувам а притоа да ќутам..
За ручек и таа не прашува дали ви се јаде, зар не? Нареден пат прашај и ако те одбие тогаш ке имаш право да се лутиш. Вака јас не гледам причина реална.