Боже Господе! Жената пиша оти готви свекрвата и ти се залета да се фатиш за тоа, еј?! Ама заборави оти додека свекрвата готви, снаата чисти и сега??? Колку сте безобразни, не ми се верува! Ликуши, од едно правите 100!
Таа се фати дека пеглала алишта нејзини без прашање. Свекрвата готви за сите без да праша. На исто се. За чување дете можеби сака да ја прашаат. Не е убаво да збориш за мајката на маж ти по цел форум, а притоа не си ја прашала. Лута била што сама не се понудила. Пази бабата треба сама да се понуди. Возрасни луѓе комуницираат.
Јас мислев била прашана и одбила, ама како се одмотува приказната, поинаку испаѓа. Требало да се зборне, да се праша. Јас замолувам ако сакам помош, не ми паѓа круната. Можел синот да и рече мамо дали може да направиме некако да го почуваш малиот, не ми е едноставно да излегувам од работа. И те молам да се рече не е на одмет. Јас стварно мислев одбила жената.
И јас мислев. И мене никој не ми вели дај ке го чувам ти оди каде сакаш. Кажуваме јасно дека имаме потреба од нив да го чуваат синко и дали ке сакаат. Кога сме на свадба или слава, било што, знаат да прашаат кој ке го чува, моите или неговите ама се се договара. Братудетка ми ми го зема само да го игра а јас да одмарам, ама како што кажав, таа е дечарка и тоа и е задоволство.
АКо само јадењето ти е проблем ,јас би си направила тоа што сакам и би симнала доле . А ако е моментот за сами мт или и двајцата треба да им кажете вака и вака ,од годинава сакаме сами да сме на Бадник ќе се видиме нареден ден на доручек пример. ТОчно да ,но не треба и баба да се лути ако мајката кога ќе и текне на бабата да го гледа или чува не го дава ,зошто ако ти мене не ми се најдеш во најтешкото како најблизок нема што да ми солиш памет во лесното. Не може кога ми треба да се правиш глува а кога ќе падне детето ,моето дете ! Да ми се дереш дека не го гледам затоа паѓа !(мојата е ваква) Точно обврска на родителите ,ама за се не само за чувањето. Или ко ќе е густо ќе бегаме ,ама кога треба да се кажува дај му чоколадо пример ,цел ден ќе збориме.
Ќе навлезам уште подлабоко сега, не требаше ни да пишувам кога знам колку свекрво браначи има тука. Ок ајде нека сме фифти фифти со куќните обврски, ама што е со тоа сега кога сака да ја возам некаде и ја возам јас плус со бебче кога седи кога не, плачело го наполнал пампарсот, со тоа сѐ јас се справувам. Никогаш ја немам одбиено од почит. Ајде бре комшиката ми се понуди да го чува кога полагав, а не свекрва ете и комшиката не ја прашав, читај сама се понуди. Свеки живее со нас ја знае ситуацијата. Сум се нудела и јас на други ко човек. Толку од мене ја завршувам оваа дискусија не можам да се вртам во круг.
Не беше работата да одам каде сакам и да шетам ( со мене си го земам тогаш ) полагање беше тоа еј полагање битен ден за мене. Седнав со неа на маса и и кажав дека имам полагање на тој и тој ден во толку часот. Значи се знае дека имам дете дека мора некој да го чува. Не можам со мене да го носам Ама чек си заќути жената не ја интересираше ни кој ќе го причува. Мајка ми ме праша “со кого ќе го оставиш детето”. Ех мајко да ми беше тука тебе ќе ти го оставев. Нема врска..
@BabyD0ll Делумно си во право. Сепак не си ја прашала и не те одбила, туку била индиферентна. Да очекуваш некој да прави нешто само затоа што ти правиш е детско размислување. Има една поговорка нешто вака: "не можеш да очекуваш од лавот да не те изеде, само затоа што ти не јадеш лавови" или така некако. Доколку со ова си на јасно, тогаш нема толку трагично да го сфаќаш однесувањето на свекрва ти. The point is колку помалку очекуваме од другите, толку подобро за нас.
Па не очекувам и ништо од неа никогаш, затоа во овој случај и не ја прашав. Битни денови беа за мене, не знам дали е детско или не ама сама си знам кој ми се има најдено во тешки денови, јас то го гледам, а секој си знае за себе. Не е должна ама ај можеше за син и бар да се најде да не се јури од работа да излегува, тука не е лесно од работа да излезеш, целиот беше во стрес.. Јас сепак положив и дента сите ми се јавија таа беше на работа и не ми се јави да праша дали положив и да честита. А за син и дали јадел да праша, се јавува нонстоп. Може сум детска ама тоа е јас гледам на овие работи.
Џабе се објснуваш, во глобала голем дел гледаат само контра да ти одат. А 99% се најдени во слична ситуација за различни работи. Да, можеби требало директно да ја прашаш, ама некогаш е доволно преќутувањето, за да ти е јасно. И имаш право да се лутиш, човек си, имаш чувства. Само памти за утреден.
Знам како е да се излезе од работа ако не си Мк. и знам како е да си само со маж и бебе во странство. Исто знам и како голем дел од младите гледаат на помошта од родителите во Мк. Огромна улога играат очекувањата, кои може да доведат до големи разочарувања, како во твојот случај. Не е дека не си очекувала баш. А објективно гледано, не е така страшно. По некое време ќе гледаш друго на работите Btw. честитки за положеното
Па нека се контраат бе, ете нека се подобри снајки, нека сме ние полошите, да не сме знаеле како со свеки цццц…
Многу принципиелни цури на темава. Браос за вас. Старите имале свој животот. И младите имаат свој живот. Деца, работа, дом, трчаници куп. Утре ко ќе им клепне газот на старите, младиве не треба да ги погледнат јер имаат свој турбо живот. Не можам да ве разберам во кој свет живеете. Ко да не сте во Македонија. Ако бабата го прошета внучето 1 саат, тоа треба да и биде задоволство. Сите знаеме колку се мили внуците. Не значи дека сме и го упропсстиле животот. За обврска го тргаат гзот, за Солење памет први се. И јас би се налутила да ме изигнорира кога сум во тесно и би памела долго за вратка. Не е убаво, ама јбг таква сум. Вистински родител нема да лечи комплекси младите да ја молат, туку сама ќе се понуди кога и се кажува дека имаат ситуација. И утре снаава треба да зема ден од работа да ја носи во болница?
А зошто да се објаснувам? Ние сме посебна куќа и немам намера да кажувам што како, па и да се правдам.
Не е поентата повеќе или помалку мајка на муабетот, не знам зошто одма вака се сфаќаат муабетите. Ок, може убаво е детето да ти го чува некој на моменти, но муабетот е во лутењето. Ако сака ок, ак не сака пак е ок. Нема должност, она ги исчувала своите, па ако не мпже или не сака внуци да чува, тоа е нејзино право. Утре од Х причини да ме одбие моја свека ако ја прашам, ич не би се лутела да ме одбие. А особено не ако маж ми е тука.
Добро, разбравме за тебе, не мора уште неколку пати да кажеш. Само што, не знам зошто инсистирате и друг дека не би требало да се налути или атер да му остане, кога ни знаете колку членкава и излегла во пресрет на свекрва и, колку и помага и сл. Можеби стварно има причина да се осеќа повредено. На никој не сте му дома да судите така, а притоа вие да користите прилика да се покажете колку сте самостални и способни. Посебно ова второво.
Ок, па ти ко вегета у се се мешаш. Не мислам на мене конкретно, така ми оди да се изразам. Ако ти смета драга моето пишување, имаш опција да ме игнорираш и многу ќе ти биде полесно, да не мора да се умешаш со друг кога дискутирам за нешто.
Не си ми јасна. Значи во ред е да се лутиш ако друг не ти причува дете? Наивно е да мислиш дека ако помагаш ке ти помагаат. По не знам кој пат ке кажам, баби и дедовци не се дадилки на повик. Ако сакаат ке чуваат ако не не. Детето си има мајка и татко и тие ке се снаоѓаат за се. Дали е тешко лесно тоа си е нивно. Може ке сум безобразна ама неспремни луѓе не треба да се одлучат за родители да станат. И потоа на форум офкаат свекрвата лоша. Лоши се очекувањата некој друг да превземе твоја одговорност.