Wow. “Nespremni” lugje ne treba da imaat deca bidejki ete nekogas imaat potreba nekoj da im pricuva dete na saat dva. Super
Вие сте родени за преувеличување. Јас овде ни видов неспремен родител, ни па помислив на таков. За такви не би ни дискутирала. Ама пак ќе кажам, за вадење од контекст и омаловажување на другиот, а себеиздигнување преку туѓата ситуација сте створени.
Не можам да разберам што ви е проблемот... ве читам и се чудам. Збориме за саат два причувување дете, ни ќе и упропастиш ден, ни живот. Апсолутно е природно и нормално бабите и дедовците да сакаат да поминат време со детето плус да ускочат на снајка. Утре снајка ќе ускочи за друго и готово. Луѓе сме, треба да си се најдеме. Ни за гуша некого ќе фатиш, ни ќе истепаш, од милост треба да сака да го причува. Ако не може има работа, зафатена е, веќе има план, е друг муабет. Ама сте накострешени во темава, страшно.
Ми се згади жими се. Јас не отидов да го испратам татко ми кога го изнесуваа од дома,не дојде одма кога и се јавив. Е потешко од тоа нема. Тука на заслужувам да бидам родител? Срамота.
Да се надоврзам, неспремност е ако детето е оставено со баба и дедо да живее, покрај родители, а ако се остави 1-2 часа да се причува тоа е друго, и јас сум од тие што не сакам дете да ми расте со баби, ќе го причуваат по потреба нема што да изиграваат родители на 60 години.
Имам чувство како некои мислења да се од лажни профили, зад кои стои здружение на огорчени свекрви. Ако не е така тогаш членкиве здравје аждер свекрвици ќе станат ако имаат машки деца.
Дали ако родителите работат а детето од Х причини не оди во градинка (читај здравствени ) и ги користи бабите за чување е НЕспремен родител за дете т.е родителите НЕродители? ОМГ некои од размислувањата се бетер од свекрвите што се криват овде. никој не треба на никого да му суди за ништо- ниту оти бабата не причувала ( несакала/неможела ), ниту родителите оти работеле, давале или не давале дете баби да му чуваат од Х причини.
Леле Мила стварно Ако некој фалел колку помош има околу готвење и се тоа си била ти. Може не ти го чуваат. Ама не работиш и седиш дома да го чуваш. Камоли да имавме сите такви можности ама е стварно тешко денес кога треба ручек да спремиш во 17ч преморен од работа и дете да гледаш. Не ти е убаво. Никој не се родил спремен да биде родител тоа е нешто кое што се учи. Како родители растеме и созреваме заедно со децата.
Претежно денешниве млади парови функционираат ко во врска, детето кај свекрва , она пуста од жал секако ке ги чува, ама не е тоа тоа, јас разбирам дете да ти чуваат до 4-5 часот додека си на работа , ама после тоа се знае детето чија обврска е. А за жал сум сведок на фамилии во кои бабата ги гледа внуците, тие спијат со нејзе, дури родителите не си ги бараат, што знам мене тоа не ми е нормално. Секој еден кога решава дека ќе има дете треба да знае што го очекува. Во тој контекст ми беше кажано мислењето погоре. Сепак ова е Балкан и кај нас е се наопаку.
Оф, свашта!!! Навистина е незрело размислувањето дека бабите се должни и треба да им биде мило да причувуваат деца, а ако недајбоже не сакаат или не можат, тогаш одма се планираат стратегии како да им се врати Со што се занимавате во животот? Значи, вие кога ќе помагате некому за возврат очекувате услуга? Зошто воопшто помагате ако очекувате нешто за возврат? Нели за меѓучовечки односи се зборува, а тука кусур фаќате? Децата се ваша и ничија одговорност и никој освен вие немате одговроност ниту пак има обврска да ви ги чува! Колку побргу го сфатите тоа, подобро за вас! Дај не се лигавете жити се! Возрасни персони...
Вака значи да ви кажам жени, синчето сама си го чувам откако се роди, сама се научив да го капам, да го хранам, рецепти учев специјално за него, гледав кога и како да му давам се. Значи САМА, еве сега ќе прави една година нека е здрав и жив сеуште сама си го гледам, свекрва ми работи и дете не фаќа во раце ретко само кога сака да се забавува, никој не и го брани. Извини @MilaSs12 ама сметам дека сум и те како способна да гледам дете сама, за разлика од тебе што и се поклонуваш на свекрвата за еден ручек и да ти го причува бебче ти да можеш да одмориш. Немам одморено една година, ноќе пеглам понекогаш Криво ми е што никој од блиските кои имаа можност не ми излезе во пресрет, значи само 2 пати оваа година имав полагање и не ми го причува. Да, ќутеше ме изигнорира, тоа значеше снајди се сама како знаеш. Се снајдовме со маж ми, излезе од на работа, кралицата свекрва не поможи а можеше и да лута сум и ќе бидам лута за тоа секогаш.
Спремен родител е да очекуваш трета личност да се понуди сама да ти чува дете? А има опција таткото да излезе од работа и да дополни часови за викенд. Значи лоша е бабата што не се понудила да причува дете? Притоа не ја ни прашале. Бабата мора да сака и мора да го чува детето. Вау супер мислење. Други ми го чуваат кога имам потреба. Ама прашувам дали можат, дали ги боли нешто затоа што се со проблеми со кичма, притисок, работат, главоболка итн. Се случувало да не може да го чуваат и сме седеле дома или со нас одел. Ништо страшно. Ми го чуваат. И ми готват? И што е тоа болката? Сега работам, од пред пола година некаде. Со тоа што се форсирам да сум со синко постојано, и да работам, па ми излегува да спијам 6 часа, а со маж го чуваме најизменично другиот да работи. Не си спредем родител ако си убеден дека баба/ дедо мора да сака да чува дете. Ако не сака е лоша. Членката мислам дека не работи. А свекрвата работи. Финатта е што маж и требал да излезе неколку часа порано. Исклучителна ситуација. Тогаш не си дорасната да разбереш дека не е нејзино да мора да сака. Ако е два пати во година, толку пати маж ти излегол од работа, зошто да се лутиш? Жената работи а ти не. И пак таа лоша што не го причувала. Никој ништо не изгубил неповратно, маж ти еден викенд работел плус и поминало.
Еве мене мајка ми ми го чува малиот, јас сум на раб.,дм исто, немаше место во градинка, па не сум помалку мајка од тие што сами чуваат. Како да го чувам сама кога сум на работа? А не сум во состпјба финансиска јас да седам дома и да не работам за да го чувам. Кога си доаѓам одма си го земам јас и си го чувам цело време. Кој како може се снаоѓа.