Орден за најмајка ќе ти доделиме сега. Уште некое манџиче да знаеш да спремиш, а не од свеки да чекаш, таман си. Има и многу понамачени од тебе нс форумов ама не гледам некоја да се чука ептен во гради. И да, кога ќе разбереш дека членкава унапред спомнала дека треба да полага, оваа си преќутела? Ете маж и излегол од работа и членкава дојде овде да се пожали, женава несмее чувства да има според тебе, ама мајки кралици, семоќни сегде ве има. Кога ни на 5 минути нема да го оставаш детето на други тогаш имаш право да кажуваш. Па и неспремна за родител ја направи. Бог да чува
Многу сакам да знам како е да ти помага двегодишно дете за чистење? Мојата е четири и пол години, значи треба веќе и да знае да готви
И ги подава крпите Шала на страна мојот е 3 години и ги вади алиштата од машина и ми подава. Ама ова јас го терам за да биде до мене дур пружам оти ќе го тепа брат му
Извини вака работиш ли? Јас да не работам, а синко да го праќам да ми го чува некој “да не е дома” бе ќе полудам, на игли ќе седам, ако си сум дома и не работам пред очиве мои ќе е нонстоп и да се распрчам од домашни обврски, богами распрчена и сум и не го оставам на други пред очи мои ќе е.
Мене во една постара дискусија ме направи ненормална зошто 2 ипол год. дете од електричен бокал ставало вода со мене во нудли, нејзиново се подразбира дека чистело сега. Да се чудиш
@MilaSs12 за конкретниов случај ти прва почна да етикетираш "неспремни" убаво прочитав. За претходно сесеќавам тогаш имам пишано мислење според дадената ситуација. Инаку да, според мене многу е природно да имаш очекување дека најблизок круг на фамилија би ти помогнал во ситуации кога ти треба. Во случајот на членката и притребало некој да го причува детето саат два а госпоѓата наудрена се направила. Дали ја прашала или незнам што не навлегувам они си ја знаат комуникацијата дома. Ако е така зошто после свекрвица и бара да ја развозува?Должна ли е снашката да ја вози? Неспособна ли е сама да се снајде?? Никој тука не се пожали дека свекрвата е должна да им чува деца, збориме за ситуации кога имаш потреба а најблиските ти вртат грб. И не е само за деца, за било што, најблиска фамилија ако не си помага кој?? .
Ама како да ти кажам, ова го напишавме 100 пати, членката или не сака да разбере или стварно со инка треба. Па криво ќе ми е нормално, еве комшиката ми рече остави го кај мене, ајде пробавме и почна да плаче, не ја познава доволно, туѓ стан. Абе од свекрва тотално бев изигнорирана кога и кажав дека имам полагање, како да не постојам. Мајка ми ме праша кај ќе го оставаш детето, со маж ми и реков. А да беше тука мајка ми да и го оставев свеки ќе се лутеше зошто кај мајка ми го оставам. Абе ги знам на памет исти се сите
И мојот чисти, јас сложи ги алиштата тој извади ги, ајде јас поново. Јас одам во куња да кувам тој сите пластики ги вади. Креветот кога го местам и тој го крева јорганот, па по фиоките све вади. Си ми помага. Sorry за офф топик..
Јас ти верувам и мојот се меша, смука, кога готвиме нешто во се сака да учествува, ама јас бев "ненормална и измислував", тогаш, a да и бев немајка нудли што сум дала и жежок бокал што ми држел со мене. Не се замарај ти реков сабајле, џабе е на форумов.
Чисто онака информативно, кој е спремен да стане родител? Ако желбата да создадеш потомство ја поистоветуваш со спремност, на погрешна траса чекориш. Секогаш ќе постои доза на страв од X причини, за потенцијалниот родител, сосема валидни. Особено во Македонија, земја каде немаш никаква сигурност за ништо. И да, во ред е да очекуваш сопствените родители или свекорот и свекрвата да бидат во можност да излезат во пресрет. Побогу, родители ми се, родители му се, ако они не помогнат, кој? И да должни се да помагаат, како што јас би била должна доколку имам дете, да му помагам додека можам и умеам. Затоа што неговото постоење било моја желба и избор, а не обратно. И тоа не те прави лош родител, туку човек кој има лимитирано време, енергија и потреба некогаш да бидеш сам со своите мисли. Колку парови има надвор од државава, што буквално плачат за некој да им помогне. Глуми самостојна, ама факт е, дека кога може полесно да го поминеш периодот, зошто да се мачиш за да докажеш некаква самостојност. Мислиш орден ќе добиеш.
Па не дека е нереално дете од 2 и пол години да помага по дома. Мојата ги ставаше алиштата од корпа во перална за перење. Мислам, и тоа е помагање, ем и занимација за детето.
Спомнала ама не прашала. Има луѓе кои сакаат да ги прашаш. Ама и да прашала и ја одбиела, пак е океј. Затоа што нема обврска. Баба е а не мајка. Јас поминувам со средство за стакло тој по мене со сува крпа. Или му велам среди ги играчките а јас по него со правосмукалка. Или јас диплам тој носи во соба. Па славиме кога ке направи како што треба. Исто и јас го запослувам за да не побегне и да се повреди. Ама на таа возраст сакаат да се од корист и да ги фалиш. Како што кажав наназад, да читаше ке прочиташе дека работам од летово. Зошто да не го оставиш на други? Што има лошо да се дружи бебе со баба и дедо само? И јас сама одам кај моите и маж ми кај неговите. По стоти пат, кој кажа дека не треба? Треба и убаво е. Ама има лоши луѓе кои не сакаат. Обврска секако не им е. Тоа го зборам цело време! Спремен си кога ке се освестиш дека детето и се околу него е твоја одговорност. И да е нахрането и чисто и да му е топло се се. Одговорни се родителите. Сите останати можат ама не мораат да помогнат. Ако сакаат добро. Ако не сакаат не треба да се преувеличува зошто не сакале. Пази, мене свекрва ми ми готви затоа што сака. Тоа не чини. Сверква и треба да го чува детето. Не сака. Пак не чини.
Ама ти нагаѓаш бре. Незнаеш како функционираат како луѓе кои живеат под исти кров. Може таква им е комуникацијата. Си се запнала може сакала да ја праша, тоа па тоа. Ја распна женава. Нештово се случило и поминало, членката се пожали и толку.
Мојата свекрва ако сака сама да ти направи услуга се нуди сама, ако ја ја прашам ќе и биде како товар дека мора да прифати. Такви сме луѓето така е традицијата и таа кога сака нешто индиректно прашува и јас се нудам самата. Така функционираме. Ајде сега нека пуцаат критики за тоа како функционираме.
Од каде да знаеме како функционирате? Ни знаеме ни па смета. Зошто маж ти не ја прашал? Ние обично ги прашуваме секој своите. Секако јас и свекрва ми ја прашувам, не ми е ни тешко ни проблем, ама сме си поделени, кога кои го чуваат, тој да праша. Додека живеевме заедно не го чекав маж ми да прашам нешто.
@MilaSs12 нема ништп лошо во тоа што го оставаш кај нив па ти одиш на работа. Така планирам и јас во Март да работам а бебче да го оставам со свекор/свекрва. Ако ме читаш подобро, кажав дека не би можела да го оставам во друга куќа додека јас дома се излежавам. Аман бе жено упорно се трудиш да ме направиш лоша и себична цело време. Не ти е прв пат и пред една година ме напаѓаше доста, ти го запамтив никот..
Леле а зошто да се лути па само она ли е баба. Или мајката на снаата е смртна закана за свеки. Иначе свекрвите тоа си го сфаќаат дека на снаата и чуваат дете не дека и на синот е....