Како може личност која не е родител да биде одговорна за тоа што не помогнала? Како на дете кога ке му кажеш ке ти купам па се лути ако не му купиш. Не можам а да не мислам дека не сте влегле спремни во родителство кога очекувате некој да мора да сака да помогне.
Ај уште еднаш пиши, не разбрав доволно од пишаното до сега... Како беше кој е спремен, кој мора, кој не сака?
Ајде пак со спремноста и неспремноста се фатија, жени, мајки, краљици...и јас сум го минала истото, сама по еден месец со дете, носи во градинка, трчај на работа, земај дете во 17 ч и утре пак исто. Немало кој да помогне затоа што работеа сите...ама да имало кој и те како ќе сум барала за тие денови помош, дали од мои дали од негови. Сите што викате имате очекувања, ама не сте спремни не сте имале никогаш проблем за помош, никогаш не сте се нашле во тесно, никогаш не ве одбиле мама или свекрвица...ама сит на гладен не верува. Или и да ве одбијат еднаш на 6 месеци па и не е страшно и онака секој ден ми го чуваат или ми носат ручек, ама инаку сте со крст на чело ау боже сачувај, некадарници. И престанете да се фалите како чувате сами деца и ручеци и куќа гледате, нели тоа е нормално и се можете сами. И јас чувам сама сега две деца, од дома работам, ама немам ручек секој ден, куќата кај и да е ќе е прооди. Ама баш ме брига ете кога можам и колку ќе можам...Толку сте jugmental на анонимни форуми. Кога ќе напишете нема што да се лутите...јас како што разбрав членката се лути затоа што прво и рекле ќе помагаат, после никаде ги нема и за циничните коментари ...шо му правиш на детето вака да плаче...на шо личи тоа да ти го кажат.
[/QUOTE] Леле што се не прочитав.Вие сте го направиле веќе детето и на сред бременост сте кажале дека очекувате помош кога маж ти нема да е дома.Ама што не прашавте пред да го направите,дали ќе се согласат да помогнат. Друго она можеби викала дека ќе помага ама видела баш дека не и оди лесно дека неможе и сл.Не е грев да неможе да помогне. И очекувањата ви се премногу различни,она очекува само да и се јавите на два три дена а ти очекуваш да ти го чува.Тешко било плачело грчеви имало сакало во раце.Епа нашиве што сакаа,мислиш ги легнуваме во креветче и глас не им се слушаше??Ретки се таквите деца. Девојко имаш среќа мајка ти што ти помага и ти се наоѓа.Ама ти си дрска и безобразна,мислиш со самиот чин баби им следува и обврска да ги чуваат.Па уште ќе ја казнуваш преку тоа што ќе си свртела нова страна,детето немало да го гледа и сл.Така не се прави мила.Многу погрешно.Во твојов случај не е 2+2=4 Мојот свекор премногу му згреши на маж ми,тоа си е меѓу нив,ама не си ги гледа внуците.Еве ни роденден не им честиташе.Знаеш ли дека никогаш лошо им немам кажано за дедо им.Мислиш ли дека децата треба да си ги трујам со лоши емоции заради постапките на возрасните. Ова е типичен пример на дрска и безобразна снаа.
[/QUOTE] Јас како што разбрав членкава барала секојдневна помош од свеки ко ќе се породела. Зошто бе? Зошто помош? Толку ли не знаеше да го чуваш на почетокот? Една членка имаше напишано, “мечката знае да го чува мечето, а луѓево бебче не знаеле” Јас сама си го чувам секој ден, кај мене беше тоа што морав да полагам, не ќе го седнев со комисијата позади во кола, мораше некој да го причува. Еве и денес имаме 4 сати возење со маж ми во друг град, со нас си го земаме иако бабаму ќе биде дома и нема што да прави. Ќе цркне воопшто не сака долг пат, морам живци да спремам да го забавувам..
Не знам што е проблемот со ваквите сфаќања. Бара помош, затоа што не знае. Затоа што се плаши. Затоа што смета дека кога веќе имаш искуство, знаеш што правиш. Затоа што не се работи за купување на материјален предмет со упатство за употреба, туку за човечко битие за кое не си никогаш спремен во целост. Така било тоа, учен се раѓаш и веднаш знаеш како да постапиш со бебе. И не споредувајте животно и човек, затоа што има еден дел се вика свест и совест. Ако беше исто, сега ќе тркалаше шишарки во шума, а не да пишуваш на фемина. И да сосема е во ред да очекува помош, со оглед на тоа што е сама, а дополнително треба да подработува. Како мајки, срамота е тоа што ја деградирате нејзината способност и начинот како пробува да се справи со една нова сосема непозната етапа во животот. Секој за себе. Не ја бара вашата свекрва, туку мајката на својот сопруг, кој патем поголемиот дел од времето е отсутен. Да беше лесно, ќе беа сите самохрани родители. Сите вие знаевте како треба, само членката е неспособна. И јас на нејзино место, би се налутила. Ако родителите не се тука да ни помагаат во тешки моменти, што да очекуваме понатака. Не дека бара свекрвата до 18 години да и го чува детето. Од една страна пишувате колку е тешко со бебе, дека се се менува, од друга страна плукате по оние што бараат помош. Нека си бараат помош, тоа е сосема во ред.
Се согласувам со @simona_baby дека со станувањето баба не значи дека мора да дојде и обврската на чување внуче. Тоа е индивидуално, еве во мојов случај свекрва ми ми го чува кога сум на работа,бидејќи е дома и најбитно од се сака да го чува. Јас сум таква личност ако видам дека некој сосила прави нешто за мене одма ќе го поштедам.Пред се ради детето, не сакам да биде окружено со негативна енергија и да го чува некој од што мора. Среќа во мојот случај не е така. Околу него ми почитува се што ќе и кажам(кога појадок, кога да спие, кога да има ужина),секако подготвено се од моја страна, не давам такви обврски да треба да му готви, а и по мој тертип е храната. Е сега за други работи околу домот се случило да имаме недоразбирање тоа во секоја куќа го има.Кој ќе каже дека се нема ниеднаш скарано или лаже или не го служи добро помнењето. Обично со договор правиме се и немало проблем. Како за жена која е цело време дома, со домашни обврски и чување деца цел живот без многу мешање со луѓе знае многу и да ме советува и да биде објективна во дадени ситуации и околу дете да се снајде. Муабетот ми беше не трчајте одма со заклучоци. Ако сакала да го чува ќе го чуваше. Изгледа не сака. А членката нема право да се лути.Секој има свој живот и ќе го живее како сака.
Она решила да стане мајка и незнае што да очекува зошто прв пат станува мајка.И сите ние.Ок е да бараш помош не е ок да очекуваш дека е морално да ја добиеш помошта.Е сега и таа како баба очекувала дека е искусна дека ќе може да помага ама едноставно не успеала. Мојот татко има проблеми со шеќерот,порано не беше таков ама еве со годините станува нервозен.Гледам дека кога е со децата неможе долго да биде со нив,му се ствара нервоза.И сега он нема да ме одбие ама јас знам дека го истоштува да ги чува.И едноставно е не му барам помош.Тоа е да сме живи и здрави.
Како нејзините потреби, живот и сфаќања се исти како твоите? Татко ти, ти е тебе татко. Која е потребата да наметнуваш мислење за туѓа ситуација, која воопшто не ја разбираш? Лесно е да бидеш со бебе, кога маж ти е на пат пола месец? Остани сама 15 дена во месецот и говори на темава како успешно се справуваш со сите предизвици кои ги носи мајчинството.
Не е проблем што бара помош, туку што се лути што не ја добива. Ама човек во афект на нервоза, нормално е да реагира несоодветно. И ко што прочитав свекрвата не седела со скрстени раце туку и таа оди на работа. А во првите постови баш прочитав дека бебето е поврзано со бабата, сега читам дека не е. Како и да е, секој се нашол во ситуација да му треба помош. Убаво е да имаш некој надвор од блиското семејство што ќе можеш да му платиш за неколку часа да го чува. И јас сум во странска земја сама и следната година здравје ќе имам бебе. Дечко ми исто често патува во странство на неколку денови. Уште сега се поврзувам со пријателки и колешки што се бремени за утре задутре кај го гледа нејзиното 2 -3 саати ќе го гледа и моето. Или пак јас нејзиното. Тука бабите западњачки нејќат ни да чујат да гледаат внуци, не се ко нашиве во МК, баба ми работата ја остави за да не чува. Мајка ми од МК не може да дојде, а ако дојде ред брат ми да го чува детето, секако дека ќе му платам ако му е во работен ден. И тој човек си има трошоци не може слободни денови туку така да зема. Пробај да си најдеш такви личности за да не дојдеш пак во таква ситуација. И не очајувај, не се расправај со семејството, сите ги имаме тие стравови, но ќе издржиме.
И таа уште на почетокот на бременоста се договорила, свекрва и да и помага, како што ти се договараш со своите пријателки да бидете една покрај друга, за било каква потреба. Извини, ама пријатели и родители не е исто. Баш несебично треба да се очекува помош од оние што ти се ближни, а не од оние со кои што пиеш кафе. Замисли која беда е пријателка да може да помогне, која патем има свои обврски, работа, бебе, а не најближниот род на сопругот. Идела на работа, во ред, уморна е, еден саат може да дојдеш и да прашаш, како може да ти помогнам. Не дека вечно ќе очекува некој од некого помош или хинтови како да израснеш една индивидуа. Жално е што фамилијата ја гледате како нешто далечно и да не можете да се потпрете на истата во дадена ситуација. И да лутењето е сосема соодветна реакција. Маж и сигурно не заминал во швалерај некаде, туку да спечали некој денар да обезбеди комфорен живот за себе, својата сопруга и своето дете и тоа е сосема разбирливо, со оглед на нашава ни скапана земја што не можеш крај со крај да врзеш. И кога веќе ја знаеш ситуацијата и претходно си обавестена дека ќе треба да се најдеш на снаата, што е проблемот?! Во мојата фамилија, кога имаше нов член во семејството, сите трчаа да помагаат, што детето да го позанимаваат, што по дома нешто да извршат, затоа што мајката буквално не беше способна од кревет да мрдне, од X причини. Јас исто така, скоро секој ден бев присустна, ако ништо друго како поддршка. И замисли да и свртеа грб? Жално е и грев е да размислувате така, затоа што не знаете како луѓето моментално живеат и функционираат.
Свеки кај мене викаше, само ти роди внуче, јас ќе земам одмор, боледување, неплатен, се што треба да ти се најдам. Не дека јас би го барала тоа од неа, ама знае дека од некои причини моите се спречени да помагаат, и се понуди она. Во случај кога ќе се породам да не се ни понуди или да ќути кога ќе барам помош, нормално и јас би се напнала. И мешаат две работи членките. Никој не рече дека на бабата и е задолжително да помага, ама срцр и душа ќе ме боли 15 дена да не се ни јави да праша еден сок да не треба да донесе кога знае сама жена со бебе дома. Ама што знам јас, све најдомаќинки, најмајки збрани на форумов, човек да се чуди што во реалноста нема ни 3% од нив.
Да нормално дека најблиските секогаш треба да бидат тука да помогнат и без да се бара тоа од нив - ама никој не ја знае другата страна од приказната тука, можеби свекрвата си има лични причини/проблеми поради кои не може да доаѓа секој втор ден да чува дете? И таа валјда има свој живот и свои причини, не е членката центар на светот, колку и да звучи ова грубо. Јас не се согласувам дека сите млади мајки треба да се мачат до истоштување за да ја заслужат титулата "мајка", бесмислено ми е, ама затоа ако имаш средства ќе си дозволиш да си најмиш жена за помош. Не можеш да поставуваш високи критериуми за луѓето во твојата околина и да се лутиш кога нема да ги исполнат само затоа што ти сметаш дека е така правилно.Плус, никој не чита магично мисли, не знам зошто не проба прво убаво и јасно да ја замоли дека ѝ треба повеќе помош наместо да ја очекува затоа што "така треба".
Да имаа дополнителни средства за да најмат помош во тие дадени моменти, темава упола страни ќе имаше. Не секој може да си дозволи. Дури слободно можам да кажам, ретко кој може да си дозволи. И помошта најчесто се бара, кога ќе ти заврши трудничкото. А тогаш веќе си се навикнал, си стекнал некое знаење, си ја надминал онаа најпотребна фаза во животот. Погоре членката беше окарактеризирана како дрска и безобразна, тоа па на што личи? Како барањето на помош е дрско и безобразно? Мајчинството е индивидуално, жените минуваат низ бројни емоционални и телесни промени. Барем членките што се остварени како родители треба да знаат и да сочуствуваат. Ова повеќе ми изгледа на натпревар, која е помајка. Жена на жена, која минува низ исто и слично, треба најголема поддршка да биде. И според мене, треба мајката да биде центар на светот, барем во почетните фази на мајчинството, затоа што, секојдневно се зборува колку е тежок пораѓајот, колку случаеви има на постпородилна депресија, па дали има млеко, нема, дали бебето напредува, дали греши некаде. Да тргнеме од себе, иако имаме обврски и свој живот, мислам кој нема, алтруистички ни доаѓа да помагаме за ближните. Погоре напишав и за мојот пример од семејството. Сите имаа обврски, ама се оставаа на пауза за да помогнат. Не е проблемот за очекувањето за помош, проблемот е, ако си жена, мајка и знаеш колку е потребна помош во почетните фази, да не стиснеш заби и несебично да ја дадеш својата помош, макар и минимална. Да потенцирам, не зборуваме за лик кој сме го сретнале на пазар, туку за мајка на својот сопруг. Не знам, барем јас така размислувам, фамилијата дека треба да биде тука за било што.
Па дрско и безобразно е да ги подбереш свекорот и свекрвата зошто не доаѓаат да ти го причуваат детето.Сите ние знаеме колку е убаво кога би имале помош од двете фамилии.И човечки е да помогнеш,ама едноставно не помогнале.Моите свекор и свекрва ги гледаа децата 4 до 5 пати годишно и тоа ако им ги однесеш да ги видат.Они изгубија не јас.Децата ја немаат таа близина со нив,они пропуштија многу фази од нивното растење.Ама да ги казнувам заради тоа што не помогнале ни на крај памет не ми дошло затоа што само ние ќе си ја полневме душата со јадови и злоба.
Скроз си во право, но мислам дека овде се работи за недостиг на комуникација. Прво не треба да очекуваме дека некој треба мислите да ни ги чита и треба јасно да кажеме што очекуваме од некои луѓе. Можеби на свекрвата ѝ е незгодно и страв да не биде наметлива па чека снаата да ја побара кога стварно ќе ѝ треба помош. Гледаме и по темава дека повеќето проблеми и предрасуди кон свекрвите се од мешање и помагање после породувањето, па жената си мисли дека ќе пречи и чека да ја побараат. Исто и претходната членка која се жалеше дека свекрвата не се понудила кога оваа кажала дека има за полагање, исто како само да ја известила а не ја ни прашала дали може да им излезе во пресрет.
Темава е пола со жени кои пред да стапат во брак не си ја сфатиле сериозноста на имање дете и не си размислиле ситуацијата во која ќе бидат. Па не мора на 20и некоја да се излета за дете, брак. Заработете со дечковците/сопрузите па раѓајте. Така ќе ви биде полесно и да живеете сами, да си плаќате жена ако ви треба. Плус ако "на време" се завршат обврски некои нема да бидат кога ќе имаш дете и така... Секој сам си го креира животот.
А ти мислиш ова како на америчките филмови е со жените за чување деца? Треба да одам некаде и се јавувам на рендом жена, доаѓа и детето супер ја прифаќа, си седи со неа, а јас си вршам работа? Не е важно дали на 20 или 30, еве јас родив на 29 и претепана сум. Имам пари, плаќав градинки, стално е болен и дома е. И да речеме ќе платам жена, ќе го чува, пак треба да го оставиш болен и да го мислиш додека работиш. Воопшто не е едноставно. Уствари теоретски е прелесно особено кога немаш дете и не знаеш, кога го имаш, животот и размислувањата ти се менуваат целосно.
Да бе, пошто животот е права линија без нагоре надолу. Што ако те ограбат и ти земат многу од тоа што си заработил? Или ти се деси пожар дома и дадеш сè за реновација или нов дом и останеш без денар? Што ако настрадаш у сообраќајка и ти треба подолг период да ти помагаат бар малку? Или едноставно се разболиш? Пак ќе се правдаат дека океј е ако не сакаат најблиските да ти помогнат, кој ти е крив што така ти се десило. Пу јазк од фамилијата ако е така.
@GrimTheReaper според твоите мислења излегува дека свекрвата не смее да има работа и приватен живот, туку мора постојано да биде спремна за кога ќе и текне на снаата дека детето треба 2 3 саати да го чува? Ете на дечко му мајката е почината, јас на кој да се лутам? Се си има цена, ако нема кој ќе си платиш. Знам жени за да не изгубат работно место одма тргнувале на работа и повеќе од пола плата давале за гледачка. Никој не е должен освен мајката и таткото да чува дете... ни баба ни дедо, ни тетка, ни вујко. И верувам дека секоја мајка била некогаш од некој одбиена за чување, и што треба со цела фамилија да се скара? Се претерува со тоа, не можела не можела зошто има да се лути и да го одделува детето од свекрвата? Ако е така што не се лути и на маж и? Таа предходната членка значи за работата на мажот има разбирање, за мајка и има разбирање, ама за свекрвата ај ќе се лутиме. Не ги јачете само така по дома да се караат.