Форумџика на годината

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.239
    Допаѓања:
    44.184
    Пол:
    Женски
    Не викам не, затоа напишав под услов ако можат да одвојат.
    Точно така, во право си.Не постои дрскост во потребата за помош.Дури и сметам дека на мајките им се потценува потребата за помош, бидејќи се гледа на мајчинството како нешто што мора да се знае и немаш тука простор за жалење, што е секако погрешно.

    Но, постои извесна доза безобразност во очекувањето дека некој мора да биде тука да ти помага.Како што кажав и претходно, треба да се земе предвид дека и таа свекрва има свој живот, проблеми и причини.Не може да се очекува да биде достапна по желба на мајката, едноставно не ја знаеме и таа страна од приказната.

    Друго што сакав да спомнам, ова може да е и позитивно, бидејќи знаеме дека штом се вмешаат семејството на сопругот и семејство на жената, кога тогаш почнуваат проблеми.Нормално, ќе почнат двете баби да си одат по свое, па мајката ќе не може да излезе на крај бидејќи постојано ќе добива суптилни(и несуптилни) коментари дека не знае доволно зашто е млада, па понатаму да не спомнувам за невидливото ривалство и натпревар меѓу бабите кое кога тогаш се појавува...и на крај секогаш испаѓа колку повеќе се вмешани луѓе од страна, толку повеќе нервози.
     
    Последна измена: 25 декември 2021
    На Mnik и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Имајте на ум дека тешкиот период е до 2 години. После тоа детето знае само да се заигра, да учествува дома во активности, надвор да си игра без да набиваш кондиција. Имајте на ум како баби, тетки, вујни дека со причувување на дете помагате мајката да одмори од 24-часовната работа, да се избања без да трча со шампон на глава, да заврши основни работи во банка, факултет, работа, детето е посреќно со вашето внимание или едно чоколадо и најважното животот ви се продолжува со тие најискрени суштества на светот.
    Секој си има свои обврски и уживања ама 2 саати неделно поминато со внуче сигурно дека може само позитивно да ви влијае, а не да ви го смени животот на полошо.
    Крај краева, колку е суров животот не знаеш кога ќе ти затреба помош.
     
    На kukla21, katalina, MikicaBt и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    872
    Пол:
    Женски
    Ама кој рече за гледање дете по 10 саата на ден...аман и двете кажаа за погледнување на 1-2 саати во итни и неодложни ситуации. Читате тоа што ви одговара. Пак ќе кажам тука се контраат само тие што имаат нон стоп помош и никогаш не прикрцало или тие што немат никаква помош и друг излез па мораат седат дома со децата. Превише осудувате, превише... а тоа кога викате па прашајте за помош со убаво, јас верувам дека и те како сите околу нас знаат и се свесни кога ни треба помош, само нивна волја дали сакаат или не. Само доста со тоа да изолирате случаеви, да вадите од контекст и да преувеличувате.
     
    На Сара Лав, Heidi, Madrugada и 3 други им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.407
    Јас сум на страната на членката и воопшто не дадов повод за истата да навлегува во конфликт, затоа што ако ти ги гледаш решенијата низ призма на караница, има и друг цивилизиран пристап кон проблематиката. А за истиот, јас барем не се сметам за компетента да навлагам, затоа што од штури информации не може буквално ништо да знаеш, освен она што е презентирано.
    Додавање на хипотетички ситуации, со цел да ја окарактеризираш членката како мајка која не може да се справи сама со ситуацијата, не ја менува нејзината фактичка ситуација, која има сосема друга реалност и тек.
    И како да се лути на маж и, читаш ли што пишуваш. Верувам, да имал добро платена работа, не би сакал да се одвојува од своето семејство. Кој родител, освен во случај на елементарно потребни финансии, се нафаќа да не си го гледа семејството од лични и егоистични причини?!
    И која е твојата цел, за да ја нападнеш? Добиваш нешто? Глеј си ја сопствената черга. Ако некој се лути, има причина за истото, од чиста мира никој не сака нервози да создава. Макар била и лутината предизвикана од баналност. Во нејзината глава, тоа изгледа сосема во друга конотација. И има право да се лути, ако бил даден повод за очекување.
     
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    20.212
    @unadescarada, ама и сама пишуваш дека работите се смениле. Свекрвата која се согласила на секојдневна помош во периодот кога била невратотена, сега оди на работа. Тогаш немала други обврски, сега има. Ситуацијата се сменила.
    Во ред, што друго може да направиш ти сега за да ти биде полесно? Можно ли е маж ти овој период да не поминува толку време на терен? Можно ли е да се договориш со свекрва ти да доаѓа пример два пати неделно маж ти кога е на работа за ти да одмориш, таа да биде со детето? Другарка некоја која би се нафатила да помогне? Комшика со која добро стоиш?
     
    На Celltica, Mnik и Angie1432 им се допаѓа ова.
  6. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.407
    И твојава ситуација е пандан за како треба да изгледаат едни добри односи? Што баба и дедо се они, ако внуците си ги гледаат 4-5 пати годишно? Јас кај баба ми, со денови сум седела, летен одмор, кој ги шиша моите, поинтересно ми било. Ме зимале од градинка и школо, кој како можел и како ќе стигнел. И јас враќам, по заслуга. Цело време трчам кога некому треба помош. Не навлагај, за да ми докажеш нешто, не си во право. Семејството го гледам во сосема друга конотација, да сме тука едни за други. Ако некој не сака да биде присутен, нема и јас да бидам присутна, за било што.
    Едит. Ќе дојде моментот кога родителот на некој ќе побара помош во длабока старост. Circle оf life. Си била тука за мене во најпотребен период, јас ќе бидам тука за тебе, кога ќе ти биде најтешко.
     
    На meggle, januari19, MissChievous и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.722
    Допаѓања:
    17.938
    Пол:
    Женски
    Ете така си е.Бабите и дедовците губат со тоа ш
    Па ја не го величам односот со неговите родители,сега веќе родител свекрвата почина.Дали јас некаде кажав вака треба.Ние не сме виновни што нивниот однос е таков со нас.Ние максимално сме се потрудиле.
    Колку побрзо сфати дека не сакаат да и помогнат толку побрзо ќе и олесни.Никакви очекувања да нема.Еве дај и ти совет како свекрвата да ја натера да и помогне.Имаш таков совет???
    Јас кажав и која е најголемата казна без ти да се трудиш да ги казниш.Свекрва ми си почина а не им се изнагледа на внучињата.Повеќе ќе ја Казнев ако не и ги однесев внуците и тие 5 6 пати?Доволна казна е што детето плаче кога ќе го земат во раце.
     
  8. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.329
    Пол:
    Женски
    Јас како сфатив женава сака помош секој ден од свеки околу детето иначе детето не ќе се поврзело со нив ако не и помага неа и ако не го чува секој ден.
    Јас сум за тоа да ти помогнат кога треба, ама не сум за тоа свеки да ти помога околу бебче секој ден. Фактички да го гледате пола, пола..
    Патем на почеток и самиот инстинкт ти кажува како треба со бебче, педијатри и тн.
     
    На kikikikirika, Mnik и Angie1432 им се допаѓа ова.
  9. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.833
    Пол:
    Женски
    Ич нема да ме боли. Се би дала, во овие 3 години, едно 15 дена да не ја/ги видам/чујам.:rofl::rofl:
    Шала на страна, не сме сите исти, ама јас најубаво си се снаоѓав/снаоѓам сама. На моменти и мм ми сметаше првата година. Ама ја сум самживник и така сум научена никој да не ми се плетка, освен мм, реално. Он беше отсутен цел месец кога бебе имаше 5 месеци и свеки кога и да дојдеше само ми сметаше. Некогаш и до самите нас е.
     
    На Anyshka, Oneo, Jana06 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.407
    Е ако де, што ако очекува. Те афектира некако нејзиното очекување? Никој не сака некој да му се шуња низ дома. Потреба е во прашање. Плус дополнителен товар, што е сама на себе. Сама ќе сфати кога е доста и кога ќе може сама да се справи со новонастанатата промена.
     
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.833
    Пол:
    Женски
    Ама луѓе може и свекрвата несака да се меша, за да не добие утреден поголеми обврски. Незнаеме реално како е, зошто кога е маж и тука, го бараат за да го видат бебето. Значи вака тетка ми притрчуваше за се можно, кога ќе побараше снаа ми, па ене ја сега, едното е второ одделение, другото е годиначе, братучед ми по цели денови на работа, снаа ми дома, тетка ми спрема дете за во школо, тоа со нејзе спие, го носи, спрема ручеци, во меѓувреме бебе чува што е во фаза на проодување, снаа ми поголемиот дел од денот легачи, и она кажува дека тетка ми и помагала. Тетка ми децата и ги порасна, не и помага. Така да... Секој со својата перцепција, може свекрва и бега од преголеми обврски.
     
    На baby-star, kikikikirika и elimkd им се допаѓа ова.
  12. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.329
    Пол:
    Женски
    Па ајде бе нека ги потбере што не и помагаат секој ден, ко да и се стварно дужни нешто.. :)
     
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    4.609
    Пол:
    Женски
    А зошто не ги почитуваме мислењата на другите и секој што не мисли како вас го цитирате?

    И баш јас повикувам на разбирање и не буцкам како вас со "каква баба е таа"?

    Какви баба и дедо биле тие ако го гледале детето 3- 4 пати годишно? Значи ако не гледа дете не е роднина, браво! И зборите за цивилизиран пристап.

    И што проблем било саат два? Е па понекогаш е проблем. Снаата за внук ми така ми се пожали не сум го гледала кога она сака, туку кога јас сакам. И објаснив дека детето да го гледам ми претставува задоволство, и сакам да му се посветам тогаш целосно. Ако јас не сум спиела оти сум била до 5 во диско, или на работа, како може тоа дете да го гледам. Ми вика па морало ли во диско да седиш до 5. Викам да, јас на 25 да сакав са чував дете а не да одам во диско досега ќе го родев. Сега и она ми враќа ме зафркава, ќе ми го чувала она кога ќе сака, и велам 100% си во право, си имаш твој живот и фамилија за хранење.

    Значи парите на снаата се мили да не плаќа за дадилка еден ден, а на свекрвата што ќе отсуствува од работа и нема да има дневница не се. Двојни стандарди колку сакаш.
     
    На baby-star, cresa-jagoda и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.407
    Повторно се инсистира на конфликт. Не, туку може отворено да разговара, колку и е потребна помош и да замоли барем тој одреден период да и дадат поддршка и колку можат повеќе да бидат вклучени, додека не се опорави самата ситуација. Не се должни, туку човечки, родителски и алтруистички е да бидеш дел од нечива нова приказна, за која претходно и 1000 книги да прочиташ, не може да бидеш спремен во целост. Сплет на околности, животот е непредвидлив.
     
  15. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Јас да наминам само да кажам дека може да очекувате дека е во ред да ви помогнат, ама да сметате дека нив треба да им текне дека вас ви треба помош или да им спомнувате суптилно дека како имате некои обврски без да кажете директно дека ви требаат да ги причуваат децата не е во ред.

    И мене некогаш ми треба помош од мајка ми или татко ми за лични потреби, без разлика на тоа што немам деца, ама директно кажувам и оставам простор да можат да се организираат.

    Мислам дека такви се луѓево и во Македонија, ќе ти вртат од околу без директно да ти кажат, па после ти ќе си крив ако не ти текне што сакале да ти кажат. Никој не е должен да толкува нечии неможности за директна комуникација.
     
    На baby-star, Mikha4, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.643
    Допаѓања:
    19.578
    Бејби па ти и се налути на свеки дека не земала деј офф за детето да ти го причува, како да ти е дужна нешто :D
    Стварно не ве разбирам. Секој нека тера како му одговара. Некој сака повеќе помош некој не. Па и погоре инстикт и педијатри си спомнала. Мхм важи. Мене инстиктот ми проработе бебе кога потпорасна пред тоа изгубена бев. А педијатри 3ца да прашаш 3 различни работи ќе чуеш.
    Место да си дадете поддршка една на друга вие во 5 страни се колвате.
     
    На Anyshka, buba4e89, Zumbulche и 6 други им се допаѓа ова.
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.407
    А кој рече да отсуствува од работа. Еден саат немаш во текот на денот, чисто бре, да види дали си жива, добра ли си, нешто да не треба. И пази не зборуваме за роднини од 15то колено. За родители нејзини и на сопругот. И да сметам дека за правилен раст и развој, покрај родителите, и бабите и дедовци имаат своја неспорна улога во формирање на една здрава индивидуа. Е сега, за жал, постојат и немили настани. Не дека, ако ги нема тие фигури, животот на детето ќе отиде во друга насока. Ама да си жив, прав и да немаш време или да не сакаш да имаш време, внуците да си ги видиш, не мора мене, туку внуците, жално ми е.
     
    Последна измена: 25 декември 2021
    На LuckyCharm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    3.314
    Апсолутно ова не го оспорувам. Ако ти си конфорна сама, тоа р одлично и подобро да тераш така. Јас сум таква во бременоста.
    Ама има жени на кои им треба помош или сакаат помош и тоа не е, исто така, за осуда. :)
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Овде само до некои членки би рекла... Животот не е црно бел. И не е од една до друга екстрема. Туку тоа измеѓу.
     
    На LuckyCharm, kikikikirika, Milkiway и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    14.906
    Пол:
    Женски
    ЧОВЕЧКИ е да очекуваш и да пружаш помош,толку само ќе кажам на темава.
     
    На LuckyCharm, januari19, MarijaMi90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.