Точно е тоа, ама паричката има две страни. Човечки е и да побараш и пружиш помош, човечки е и да прифатиш ако тој некој не може да ти помогне. Јас секогаш сум за да е блиско семејството во смисла и да си помагаат и да има хармонија, ама ова на членката од горе, суптилно и кажала дека полага, свекрвата преќутела, членкава пренавредена, па уште ќе се пресметува со неа, ќе ја подберела да и даде до знаење дека згрешила, притоа никаде директно не е прашана за помош. Некако нечовечки ако гледаш од другата страна нели?
Може и е незгодно да бара директно помош. Имаш пасивни, имаш активни луѓе. И да пасивноста во однос на очекувањата, доведуваат до конфликт на интереси. Ама па, знаејќи дека синот е во странство, знаејќи дека снаата треба да полага, што се прави на Тошо? Не сакала да биде наметлива. Подобро да ми каже, знам дека ти треба помош, ама тој период, имам тоа, тоа, тоа. Те молам види со некој друг, навистина не можам. Клучниот момент е тука, очекувањата кои ги има членката врз база на веќе договорено за тој период да биде присутна, и како всушност свекрвата има амнезија за она што дискутирале. Не се нафаќај ако не можеш, а не светиња да изиграваш и после кога ќе дојде тешкото, јас не сум од тука, не знам о чему се ради.
Како е во странство кога излегол 2 саата од работа на крај он да го чува детето? Или јас ги помешав приказните?
Ги помешавте членките,едната е со мажот цело време ама излегол од раб за да полага,а на другата членка мажот оди на терен по 15 дена во месецот и е сама.
Што е битно на крајот од денот? Помош е потребна, треба да се побара и треба да се даде. Тоа е моето мислење. Без разлика на дадена ситуација, во тој почетен период, навистина треба фамилијарно помагање.
Теоретски не мислам дека е прелесно. А и да, парите решаваат многу проблеми особено вакви семејни. И седат деца со жена, не дека ќе ја погодиш од прва ама изводливо е и тоа ептен, не е бајка. Реалност е
Реалност е за дете кое е израснато со други луѓе од мало, навика. Еве моево од бебе е само со мајка и татко, па сега би седел само со сестра ми или мајка ми, никој друг. И за нив две му требаше време да ги прифати. Не за џабе прво се прави адаптација на детето без разлика градинка или дадилка.
Не навлегувам во детали,не го ни прочитав првото мислење од кое се начнала целата дискусија,поентата ми е дека не е страшно да побараш и очекуваш помош,човечки е,не се сите еднакво способни. Свеки моја очекуваше дека многу повеќе ќе ја бараме и ангажираме а ние напротив,јас прво барам помош од мм е сега ако тој е зафатен си бара помош од неа,бидејќи е многу ретко немам спомен дека го одбила. Ако некои други имаат повеќе потреба од помош,им е поинаква ситуацијата не гледам ништо страшно да побараат,премногу и се нафрлија на жената,не може и не мора да бидеме супер херои и најмајки.
Уфф јас не реков да земе деј офф него да ја промени смената кога има можност. Оваа членка пишува сосем десетто, сака секој ден да и го чуваат бебче.
Не знаев кого да тагнам да одговорам. Прочитав се и ви благодарам за одвоеното време. Го знам тоа дека е празник и греота е ете сами да јадат и ние посебно затоа и побарав мислења. Ние јадеме посебно секогаш само ете некогаш за празник ручаме заедно. Луѓето се постари и немаме многу муабет. Јас сум комуникативна, но пред нив се кочам немаме теми на муабет. Лани дојдов од работа и свекрва ми имаше спремено. Паричката се падна кај мене но како да немав со кој да се израдувам штознам не сум опуштена. Мерак ми е сама да си зготвам, спремам се на раат да си поседиме сами. Му спомнав на сопругот но тој сака доле, малку се буни. Освен тоа тие ручаат околу 16 јас сакам покасно и многу поинаку си спремам се. Сеуште не сум донела одлука, ќе ве известам.
Ама зошто напаѓате незнам дека жената побарала помош од свекрвата. Добро ете ако неможел мажот од кој треба да побара од комшивката. Ми помагале за децата кога требало и кога можеле. Еве сега мажотми ги носи двапати дневно на инфузии двата, нормално, кој треба да ги носи комшиите. Затоа сме семејство и фамилија да си помагаме кога ќе треба и можиме само така можиме да имаме успех.
Највеќе реакции имаше од муабетот "ќе ги подберам" или во смисол "се прави баба, а не помага ко мајка ми", изборот на зборови е преглуп. За шо да ги подбере? Зошто она има родено дете, а не свекрва и?
Не. Јас колку што сфатив само маж и кога ќе дојде од пат се лигават околу детето, да го видат, плачат го немаат видено. Снаата лоша не ни го носи. Бар така ја разбирам членката. Низ истото поминав. Низ истово другарка проаѓа, ко од ист калап да се праени. Живи ги нема да го видат детето и после 3м имаш плачење како не го виделе 3м, како сега детето нив не ги познава, како снаата не ни даваше да го видиме... И јас исто би им рекла директно ако 10дена живи ги нема,а штом дојде мм одма да трчаат по детето. Проѕирни се.
Еве јас исто, мм беше на терен 12-13 дена а бебето беше старо еден месец. Во тие денови се јавија блиски луѓе кои се понудија ако има потреба од нешто да помогнат, а госпоѓа свеки еднаш не влезе в соба кај нас. Не за помош, туку ете да си го види внучето. Само на два три пати се зачекавме во двор, и тогаш ќе застанеше на 5 минути. Ко беше муабетот со градинката ја прашав баш за тоа. Ами вика не знаев дали сакаш да влегувам. Ако е за тоа, еве сега влегува, а и сега не знае дали сакам.
Да, убаво ми кажала и убаво направила. Не знаела дали сакам да влегува и затоа не влегувала. Еве сега кога влегува а пак не знае дали сакам да влегува, да ја обавестам дека не сакам?
Па не знам, ете си ја потпрашала зошто не влегува, мош тоа она си го сфанала како ти да сакаш да влегува. Штом не сакаш да ти доаѓа требала си да си ќутиш
Ама @forumce таа во меѓувреме почна да влегува, не е дека почна откако ја прашав. Така да не е дека од муабетот сфатила дека сакам да влегува, па почнала да влегува.