Да си прашам нешто. Дали од кога ве запросија, од страната на мажите сите кажуваа како добиле ќерка, сестра, внука, и после некое време тие маски паднаа?
Точно е дека детето е обврска на родителите и баш никој друг не е должен да го чува, но нели мислите дека е нормално бабите некогаш да ни излезат во пресрет кога навистина имаме потреба? Како што би очекувале совет, утеха, помош, за било кој друг проблем од родител, така и за ова. Ако јас сум блиска со сопствената мајка и споделувам и среќа и тага, и помагам и ми помага во секаков момент, не треба да ми причува дете само затоа што јас сум го родила а не таа? Претерувате. Должност не им е, ама го прават тоа за нас да ни помогнат и освен тоа, бидејќи им е мило и едвај чекаат. Секако исклучоци има секогаш. Патем не сум оставила бебе досега на чување, но сум сигурна дека во иднина би имала потреба и не гледам тука никаков проблем. Ако треба да го чува свекрва, секако дека син и ќе ја праша дали може. Едноставно е, ги прашуваш, ако можат - фала им.
Еве ситуација од неделата- бевме собрани кај свекорот и свекрвата, свекрва ми ме праша дали крв сум испитала ( тешка анемија до онесвестување) јас и одговорив не-немам малата на кого да ја оставам, свекор ми кажа глупа шала на тој рачун (донеси ја сабајле во 10 кљј јатрва ти-која заминуваше за германија истото сабајле) она си преќуте, треба да се лутам сега по ваше? Не бе брат нејкеш,неможеш, не мораш ! Нема лутиш.
Ама сите сме различни. Има дечиња Божји бубалки, кај ги оставиш таму ќе ги најдиш, има дечиња што сакаат 24/7 лепенка да се. Има мајки/снаи што не сакаат туѓа помош, што сакаат ама не бараат, што бараат и без потреба, што бараат само кога им треба, што нема од кого да побараат... Има мајки како некоја членка поназад што на пораѓај заминала со првото дете в раце, и такви што оставаат цел ден бебе на чување за да одат на шопинг или на кафе со другарки и такви што и без бебе бараат помош околу домашни обврски оти ете, не можат да се снајдат. Има баби што стојат на располагање за помош, што помагаат само ако се замолени и што не мислат дека треба да се на располагање ни за чување ни за причувување внуци. И такви што од мерак готват ручеци за снаите и се шетаат со тенџерињата по куќи и такви што очекуваат дека снаите треба нозете да им ги мијаат. И за секое функционирање, дали во заедница, дали поделени со/без очекување на (при)помош се договара со разговор. Ако однапред знае мајка/свекрва дека од нејзе не се бара и не се очекува помош, без кавги и расправии може да ѝ се даде на знаење дека не треба да е тука секој ден или пак да ѕвони на 1ч. Ако пак се договорат на обострана повремена помош, нема зошто да се лутат старите ако некогаш се одбиени од младите за некоја услуга или пак младите ако се одбиени од старите кога имале потреба од нив. Ако се договорат дека функционираат зависни едни од други, тогаш сите треба да се флексибилни и со компромиси да се држат до договорот. При било кои отстапки пак се разговара, според мене секој со своите родители. Ама ние многу често, не само во однос со свекрва, очекуваме некој друг да знае што мислиме и што очекуваме без да разговараме или да замолиме за нешто или пак без да дадеме до знаење дека не сакаме нешто. Ете некои луѓе не знаат да читаат мисли, а некои не знаат да читаат ни меѓу редови. Некои знаат, ама се прават дека не знаат. Затоа се кажува јасно. Не можам да барам наназад која членка сакаше да ја подбери свекрвата дека не ѝ помага додека маж ѝ е на терен. Ако веќе сте се договориле дека додека тој е отсутен, таа ќе биде тука за да ти помага, кога ќе си дојди седнете и разговарајте повторно. Ако овој пат ве одбие, тогаш барајте друго решение со маж ти. Без лутиш, не се сите баби исти и не се сите мајки исти. Некои би откажале и од работа за да чуваат внуци, на други им е во ред да се гледаат 2 пати со внуците. И затоа не можиш да очекуваш дека свекрва ти ќе биде иста како мајка ти. Со 100 паузи го пишувам постов, затоа е каша попара.
Снаа за синот и доволно е тоа. Нити сум им ќерка,нит сестра ... А и не гледам потреба од тоа. Ме знаат како снаат на тој и таа и доволно е. Лично јас и несакам повеќе од тоа.
Мислам дека ти ја сфатив поентата на прашањето. Инаку да, во почетокот кога идеа луѓе на честито свекрва ми беше најгласна дека наводно сум и била како ќерка, со истиот муабет "не добивме снаа, таа ни е ќерка". Нормално сето тоа беше лице правење и за многу краток период маските паднаа и не се разочарав воопшто пошто знаев дека така ќе биде. Не можам да и бидам ниту јас ним ќерка, ниту тие мене родители. Не побарав ништо од нив, но сакав да се почитуваме и да си живееме убаво. Кога видов дека не бива баталив. Утре кога брат ми ќе се жени ќе добијам снаа за брат, не сестра. Ќе го сакам и почитувам девојчето и ќе помагам максимално, таа за мене нема да е туѓина, но не може да ми биде како сестра. Не сакам лице правење и сметам дека треба секогаш да постои една средина но и дистанца, за да си живееме убаво.
Целокупниот пост иако навидум е доста либерален и со разбирање, сепак ќе го земам во обзир цитираното, затоа што сметам дека не си единствена што го има тоа размислување. Во ред е мајката да излезе на шопинг и да пие кафе со другарките. Без разлика во кој контекст е напишано, а не е сигурно напишано во позитивна насока. Се создава една грижа на совест, ако направи нешто за себе, дека 24/7, секој ден, недела, месец, мора да биде со бебето. Зошто тој товар да се наметне? Напротив, јас ценам мајки кои прават баланс во животот, затоа што истиот тече и понатака, без разлика на ново создадена ситуација. Нема право на day-off? Здраво е и за физичкото и за психичкото здравје. Макар и цел ден да и требало, заслужува. Дали грешам, не знам, но сметам дека е потребно и воопшто не треба да се гледа во негативна конотација.
Секако дека е во ред. Мајката освен мајка е и жена и сопруга и нечија другарка, не и завршува ниедна улога откако ќе стане мајка. Делот што си ме цитирала сакав да кажам дека додека некои жени биле приморани или сами одбрале да одат на породување со едно дете в раце, други имаат желба или можност да остават дете на некого и да се посветат на себе, сопругот, пријателите, кариерата. И со целиот пост не сакав да кажам дека сум либерална, туку дека нема правило и шема по која мора сите да се водат.
Јас би се надоврзала на твоето мислење кое го почитувам и јас сум либерална, и Се е тоа супер, само што и нашите мајки и свекрви не живеат сами, претежно во заедници, треба да се има и осет, затоа што додека неговите родители шетаат,работат мајката оди во шопинг и пие кафе, некој друг тоа дете го слуша како вреска , има тантруми ,ти сее качува директно во соба додека спиеш и сл. Не знам од оваа перспектива во се треба умереност, и да се мисли и на Др а не само на нас како ни е. Темава е опширна сите сме со разни искуства .
Јасно. И да живеат сами и тие не се само баби. И тие се жени, нечии сопруги, мајки, баби, колешки, пријателки, роднини.. Како шо не застанува светот за жената што станала мајка, така ни за таа што е баба.
Точно и тие баби си имаат свој живот, доволно се намачиле со сопствените деца па сега на старост треба пак да изиграваат мајки, искрено немаат и нерви а и самите сакаат веќе мир, само ете од жал понекогаш се согласуваат да чуваат деца, сметаат дека помагаат така.
Не. Си добиле снаа и тоа е тоа. Каков однос имавме на почеток, таков ни е и сега. Со свека сме супер, често знаеме да се задлабочиме во муабет, никогаш не сме си замериле ништо. Она има ќерка, јас имам мајка и односот не е споредлив, така да и двете сме си на земја во тој поглед.
Ова е нешто најлошо, нема поголемо лице правење од тоа некој да те нарекува „ќерка“, а само што си му влегла дома. Од ќерко, ќерко, после низ нос ќе ти го избаци. Најдобро си е веднаш да се постават границите, да не се залажувате, оти свекрвата никогаш нема да ти е како мајка, секогаш ќе те гледа како помалку од своите деца.
Многу точно мене свекрвата ме нарекуваше ќерка од првото запознавање па тоа коментарите по социјалните мрежи беа хит ќе помислиш стварно е така се до моментот кога ја замолив да биде искрена и да не ми збори позади грб е тогаш кажа дека ја мразам. Што научивме дека таа не ме ни запознала.
Исто, ќерка, ќерка, па ме молеше да живеам со нив (за од корист, да ѝ ги плаќам долговите). После почна да ни се меша во врската, да ми забранува да излегувам ако не му направам јадење на „мажот ми“ и на крај да дознаам шо сѐ ми правела зад грб уште од кога се запознавме. Фала богу веќе не ми е свекрва, ниту па синот што го подучува не ми е маж.
Дури не ни ми се верува и мене ова што ќе го пишам, жеништево излезе скроз ненормално. Не верував дека некогаш ќе се пожалам во темава, не дека немала некој испади до сега ама не биле толку големи за да пишам тука. Пред два саата се качи госпоѓата да го види детето и си седна, а јас му ги собирав играчките бидејќи беше бомба собата со играчки, и како секогаш таман јас ги собирам син ми одма ја фаќа корпата и ја превртува на опаку и пак ги растура, и со некоја играчка ја погодил по нога на што дотичната свекрва моја му рече на детето смотан еден, па после Пуу ама си смотан, глупав еден. Јас ја погледнав ептен остро и се воздржав да не и речам нешто, за после тоа да му рече пред мене на детето ПИЧКА ТИ МАТЕРИНА, е тука толку ми ги спој жичките ама пак се воздржав да не се испокарам и да ја отерам исклучиво само затоа што имам почит спрема нејзините години и спрема мажот ми. Ама на повисок тон и реков каде ти е културата како може вака да го пцуеш детето и да го вреѓаш, го извреѓа не ти реков ништо сега па и го пцуеш, а она ми вика демек на шала го рекла тоа, па и ми вика еее де од едно пцуење нема трудна да останеш. Не сакав повеќе да се расправам и годинава да ми почнува со кавги, ама сега од кога си отиде многу ме јаде од внатре што не и се развикав така убаво и да ја отерам и јас нејзе у пм. Леле колку е ненормална не ми се верува, а после тоа па го влече детето да го гушнела, (син ми секогаш бега кога сака она да го гушне), и јас и го извлеков детето и реков чим го пцуеш нема што да го гушкаш, и преку детето ми се обраќа леле бабе ама е лоша ваа мајка ти, јас во памет си викам не си видела ти што е лоша. А пред да си оди па ми вика симнете се доле додека има благо да ви дадам. Сега размислувам кога ќе дојде мажот ми да му кажам да и соопшти дека веќе не сакам да се качува горе, што мислите за ова?