Простакуша. За жал, со прости луѓе не можеш да се разбереш. Маж ти требало да и ја затне устата во тој момент, освен ако и тој ете не го дели простачкото размислување. Јас имав ситуација кога зеде да не замара еднаш, во смисла, не знам што чекате за дете. Маж ми одма и се втурува кога си тропка глупости некогаш, но се осетив должна и јас тогаш да и објаснам со фино и со убаво дека тоа е наша работа. Оттогаш не замара, бар не нам, а по луѓе што збори ич мува не ме лази.
Како да реагираш ти кога маж ти не реагира. Не аи ти таа што треба да реагира, уствари си, ама не кон нејзе туку кон тој што молчи. Со погрешен човек се нервираш.
Твојата од околу врти со муабетиве, за разлика од мојава кога директно ми рече " ТИ МА си се проверила дали си способна за дете "
да бев јас ќе преречев. Не знам бе, не ги разбирам луѓево. Јас имам два сина утре кога би се женеле нивна работа ќе се нивните планови за деца. Може ќе се договорат да немаат деца, нивни живот, што треба јас да им водам евиденција? Мислам стварно некои работи се неверојатно глупи
Баба ми на 37 години влезе во менопауза, мајка ми на 39.. Не треба да те притискаат, ама не ти е толку далеку менопаузата и тебе, а периодот на менопауза не е само период кога се намалува или се прекинува можноста да имаш дете, туку тоа е период на нервози, потење, хормонски пореметувања, неприфаќање на фактот дека организамот односно нашето тело старее. Мајка ми кога влезе во менопауза мислам дека пекол ми беше, постојано некој и беше виновен, ќе ми рече нешто, јас и викав не знам, она почнуваше да плаче поради тоа што не ја слушам и не ја разбирам, едноставно тој период беше период кој мораше само да се преживее. Ако дете на 10 години го помине тоа што јас го поминав на 18, мислам дека ќе се поремети за цел живот, среќа овде беа на форумот некој членки кој го поминале истото и ми беа од голема помош тогаш.. Твој живот, твој избор, ама не си толку млада и далеку од менопауза како што си мислиш.
Боже Нина што трескаш глупости. Мајка ти,баба ти се изгубив. 27 има не 37 па да влегува во менопауза. Има жени што и после 40+ имаат. Таа друго зборуваше,не за менопауза. Господе Боже,само да треснете нешто.
Во брак сме 6 години и се уште немаме деца, здравје кога ќе дојде нашиот момент тогаш ќе се израдуваме и ние. Порано многу се нервирав, плачев и сама се обвинував, сега едноставно тие луѓе не постојат за мене иако живееме во заедница јас пресекот и си реков доста беше се. Се однесувам како воопшто да не постојат, ни здраво ни право не разговараме и многу многу ми е поубаво несакам да комуницираме ни за добро ни за лошо. Инаку мојот мм убав на мајка се однесува како ништо да не се случило како се да е во ред како да сме една среќна фамилија.
Убаво си прајш,продолжи си така. Јас секој ден си викам “Како Бог никој не е” и си терам дајле. Да се нервираш за други, да си губиш здравје а да си фаќаат сеир другите не вреди.
Колку врска немаат годините со плодноста, јас на 25 не успеав да родам, на 37 два пати, од "несакајќи" останав бремена. Да и кажеш на свеки да си гледа своја работа. Мојава од Свирипичино е без 2 одд школо па не се усуди да искоментира такво нешто, мм на кров ќе ја закачеше. Ама мажите ви се криви што мамичките пораснале јазик до комшии.
Ако роди на 35, кога она ќе влезе во менопауза, дома ќе има и тинејџер, тоа ми беше поентата.. Тинејџер плус мајка во менопауза не е баш добра комбинација, тоа од искуство го кажувам..
Абе како да не, мајка ми ме роди на 39 до 45 имала добиено после не. Кога сака нека си раѓа,тоа не е мерило.
Море будала бев што им се нервирав, плачев и понижував здравје си изгубив. Сега едноставно не постојат, ни здраво не викам буквално ни збор не изговорам со нив.
Тоа што мајка ти и баба ти влегле тогаш во менопауза е исклучок а не правило. Жени на 45+ години раѓаат така да секој треба да си гледа за себе. Може во синот е проблемот( ако воопшто има) така да невкусно е да де коментира, како другите да не знаат што е менопауза.
Јас родив на 44, а мм е 60+ Се уште не сме во менопауза. Планирам и уште едно да раѓам. Или да си седам мадро, хм?
Генетски предиспозиции се во прашање, ако знаеш дека баба ти и мајка ти рано влегле во менопауза веројатноста и ти да влезеш рано во менопауза е голема, ама како што кажав, важно е да се знае кога влегле они за да знаеш отприлика што и како те чека, иако не постои баш одредено правило дека ќе биде така..
Границата кога девојчињата добиваат прв циклус денес е сменета од таа кога добивале порано. Читам дека сега девојчиња во 1-2 одд добиваат, јас кога бев дете во 4то кога доби една од одделение се чудевме. И за менопауза е сменета границата. Многу жени прерано во менопауза точно е. И неплодност е голем проблем денес, секој трет пар се бори со неплодност. Тоа не дава право никому да збори никому за плодност и деца. Кој кога сака и кога може. Како што сега мене не треба да ми се меша никој да родам уште едно. Редно е да престанете со индивидуални примери, јас вака друга онака. И јас останав бремена од прва на непланирано и не го земам тоа за пример во дискусија каде што е небитно. Јас има последици од царски други 10 жени немаат и не е битно воопшто.
Ne si sedi madro,raboti na slucaj,toa se mladi devojcinja sto ne go razbiraat zivotot uste,ne zameraj.