Море како сакате вртете,кој помали кој поголеми проблеми,кој контактира кој не,на кого му купиле на кого не му купиле стан......нели се родители на сопругот кога тогаш кога ќе паднат пак ќе мора да се контактира па сакале нејќеле исто ни се фаќа-еве ја мојава свекрва колку год да не контактираме(алкохоличар е)и маж ми не може да ја поднесе,па кога ќе му јават дека паднала на улица од чисто човечки и људски ќе помогне колку год да не ја оправдува, а нормално и мене ме вика јас сум уз него колку год да ја мразам,го сакам него и не заслужува да го оставам сам нели..... така да порано или подоцна ете ти ги на праг проблемите
да, обврската кон родителот како и да е си останува, а што мислите дали е подобро да имаш золва или девер? јас немам золва... некои викаат дека е подобро да имаш бидејќи ке се омажи и се ти останува, ама од друга страна во врска со овие одговорности како што кажа Dona Ares подобро е да имаш девер, како во мојот случај- ние со сопругот сме една фамилија, а деверот и јатрвата заедно со свекрва и свекор се друга фамилија и сета одговорност ја има деверот, бидејки мму го дадоа станот, т.е. заедно живеат сите таму, а ние сами си купивме и автоматски си купивме МИР и се ослободивме од обврските.
Па што знам можеби золва е подобро,мојата золва е во Италија зивее веќе 15 години,ни доаѓа,ни ја гледаме ни контактираме,маж ми се скара со неа околу родителите,таа го наследи станот на свекрва ми и свекорот а уво не ја боли,ни финансии праќа ни се јавува а родителите им се проблематични многу,пијат,трожат пари а никој не плаѓа сметки...абе хорор...али у секој случај не ни смета,никаде ја нема па ако сака се нека земе-само мирот да не ми го зима...
Ова што го напишаtessie [/u Навистина од срце и искрено кажано,но ретки се тие свекрви. Ти си срекна кога имаш таква мојата свекрва,оваа мојата како ѓавол душата ке ти ја вади,но и подарувам со цел да и кажам дека нејзината злоба неможе да ме уништи,макар што ме ништи сепак на таков човек кој е зол подобро да му направиш добро дело тогаш вистински си го уништил.Бидеки сите проблеми што ги имаме единствен кривец е
Ричи имам кажувано дека за малку ќе си имав трајни проблеми со свекрвата ради полнење на главата со глупости од страна на золва ми. Кај мене многу помогна што гледа дека 1) Баш ми е гајле шо збори по комшиките, шо фаца ќе напраи на моето јадење, дали ќе се увреди од нешто (да се разбереме, се трудам колку што можам да бидам коректна, но не се замарам шо ќе ја израдува, натажи и тн, не сум и` психијатар); 2) Дека не може да го сврти мм против мене затоа што сум го бранела и од некои нивни размислувања (кога интригаш како золва ми не успеа, што останува за неа); 3) Со мм искрено се сакаме и тој е свесен дека сум во состојба очите да му ги ископам на тој кој сака да му наштети. А од друга страна, тој секогаш ме брани и навредата кон мене нагласува дека е и навреда кон него. И да сакала да развие некој крвопијски однос, сум и` ја треснала вратата на патот кон тоа. Ама многу е тешко кога ќе почнеш со добар и внимателен пристап и ќе те научи некој така и после да се менуваш. Јас од почетокот си зацртав дека ќе се однесувам опуштено и удобно како во свој дом затоа што тоа и е. Никого нема да навредам или да ставам во незгодна положба, но без пардон ќе се бранам од нападите. Дистанца и малку повеќе самодоверба му е мајката.
Ni ednoto,ni drugoto,zosto jas gi imam dvete.deverot vo lepenka do mene sto izmegu vrata ne povrzuva,intima nikakva i zozva mazena ,bez "suveniri"koja ne ziveela ni 24 casa so svekrva pa neznae i nemoze da zamisli kakvi se repliki ima vo zaednica,uste ke ti rece sto ne gledate televiz.na edno mesto za da se stedi struja,drva.
тесси мојава ништо не гледа или се праи дека не гледа реално жената не ја мразам иако е никаква со само една нејзина мн лоша навика да не праи болни сите мене и ќерками освен син . Можам да ви исцитирам една ситуација: Идеме на контролен брис со девојчево и не сопира на пат со зборовите каде идете . Викам еве со девојчево малку надвор . Ме застануваи ми вика а бе да не е болна на лекар да не ја носите . Одговарам кусо не и си тргам да продолжам пак ме застанува и ми вика ама каде одите ладно е за шетање сакаш нејќеш и викам за контролен брис девојчето е здраво онака на контрола и она ми вика а да не има температура да не мн болна . И ми зоврива мене филмот и и викам зашто постојано мислиш дека сме болни дај нешто позитивно веќе и си заминав . По едно недела дена ми звони на телефон и ми вика што праи Калина и и викам заспа следи прашање да не не е добра со здравјето мене пак ми зоврива филмот и и и викам качи се и увери се дека е здрава спие нормално како секое дете и она ми вика ааааа јас мислев болничка е ти како си со здравјето јас уште толку се нервирам и и викам добра сум . И ми вика абе ммти не дошол 3 дена кај нас како е и и викам шета постојано ( сакајќи даи дадам до знаење дека мн дома не се врти ) и она ми вика е ако де нека шета што му работа леле ќе ја утепав и и реков ај кога сакаш да го видиш јави се даму кажам да биде дома икачи се на кафе и ја излажав дека цуцката станала за да и речам чао
Реков нема да ја коментирам жената, ама срце јуначко неиздржа. Мајка ми ме учеше дека свекрвата е мајка на тој што го сакаш, и дека мора да ја почитуваш, неа не ја бираш, а мажот да... Откако се веривме, јас со моите 28 год, ја викав мамо( куршум за мене, демек ме родила, али ај...си замислував дека тоа и е име)...Мн се трудев, ги почитував сите, имав јатрва која живее башка, но секој втор ден со деврот беа на ручек, со две мали деца...а свекор ми и свекрвата не работат, така да одеа парите на мојот вереник, а и моите...ама нели син им е..после ручек другатаа снаа, за 3 години врска(додека одев тамо) нити еднаш не ги изми садовите, тоа некако стана моја должност...и па ај...ко песната--ама ако, кога се работи за тебе, ама ако... Откога се веривме, жената почна скоро па отворено да покачува омраза кон мене, дека син и ме слусаше..ми пререкуваше, ми ја критикуваше фамилијата..ме учеше да готвам( незнам дали јас изгубив толераниција--ама се поврзано со неа мн ме нервираше).. После се случија уште мал милион работи, а она секогаш беше ложачот на проблемите...и мојот вереник почна да се престројува кон нив...затоа што беа мн горди, и неможеа да ја прифатат помошта од татко ми која човекот за моја срека им ја нудеше...а се наогаа во голема мака... нема да ми биде свекрва, ја откажав свадбата...ама памет за друг пат...нити мамо тато...нити мн фина... Дали јас ко снаа, мн очекував, дали изгубив трпение... за да функционира овој однос свекрва -снаа--мислам дека треба секој на своја страна, и тоа што подалеку...па за да дојде на гости да треба да смени два автобуса и да се премисли...
Имаш кичма ,девојко,браво. Во еден од моите постови,имам пишувано за тоа како свекрвите им ги кршат кичмите на снаите,посебно кај оние кои помлади се мажеле. Тоа е,живот-некој ќе лежи и ќе чека на готово,а друг да се мачи и платата уште на рака да им ја дава на старите. Молчи,имало Господ,си прогледала на време,си се спасила од маките.
Ах tessie и јас баш истите три точки почнав да ги практикувам како тебе од ко се скаравме нормално само на мојава тоа и е некако многу криво дека сум самостална и дека си го повлеков мм на моја страна нормално и дека знај дека сум способна за се сама и нејке не попушта и упорно еве си немаме ама баш никаков контакт ко нејке таа нејкам ни јас поминуваме заминуваме ништо не си викаме а живееме во две соби ама мене не ми пречи дури си сум сложна со мм па тие со сакаат нека прават
леле значи сите сме со проблеми,,и тоа се знае какви......ние синојќа прв пат по 7 месеци откако сме ззаедно со мм се скаравме со неа...и тоа дека предходно околу ручек тие се подзакачија малце,,јас не се вмешав во тоа,,,по 4-5 часа,,еве ја стигна била кја золвами,,,јас со убаво ја прашувам таа се раздери...ми вика откако се зедовте вие јас секој ден се карам со син ми,,а нема врска тоA и плус јас никогаш не сум му рекла него нешто за неа или за некој друг негов близок,,,јас и викам штоооооо???прашај го него нека ти каже како е....и ми се нафрли,ти не готвиш,ти не чистиш...хахах,,а нема везе тоа,,откако сум јас во оваа куќа јас сум таа што готви,,значи таа вистинска мрза е,,јас чистам,,мм никогаш гладен не излегол од дома..итн..значи знам повеќе од неа...и и икажав дека не смее така да ме вреѓа.дека јас си имма свои квалитети,,и нема да трпам така...плус сега се вработив,,и ми вика ееееее сега си вработена,не ви требам јас,правете што сакате,,јас и викам зошто правуш така не можам да сфатам...ти си му мајка,,јас сум му жена,,,што туку споредуваш?таа лјубов е различна,сфати го тоа,,,не ти е срам така што ме вреѓаш....итн........дојде мм и се му кажав...па се прај пред него не рекла вака,не рекла така,,,и и реков жал ми е што не беше присутен,,и дека требаше да ја снимам за да се слушни што рекла......дојде вжештена од кај золвами,,таму ме оговарале цел ден,,,тие мислат тој ако се развика нешто јас сум крива...боже боже.....тој пред неа кажа дека не сум јас крива што тој се кара,туку има милион финансиски проблеми,,итн...и плус ми вика зошто ручекот не е готов во `3 х,,,туку покасно?јас и викам јас се орјентирам според работата на мм...кога треба тој да јади тогаш правам,,,или нема врска некогаш правам и да не е така,,а таа верувајте вп 7 месеци 3 пати зготвила...па ми вика секој ден се ми чистела таа хахаах каква иронија,,секое утро се е катастрофа во дневната,,јас тоа го средувам........не знам повече што на превземам,,пак сега со золвата ме оговараа,,боже боже....и реков со син ти со ќеркати ќе се скараш ќе се смириш,,,ама срамота со мене вака што правиш........и плус вика кога доаѓаат твоите се збудалуваш,не знаеш што побрзо да ставиш на маса,,,акога доаѓа ќерками едвај кафе,,и ако нема чекаш јас да купам,,,,боже боже...а ќеркаи јас подобро ја пречекувам од неа...оваа жена никогаш на никој гостин не му понудила ништо друго освен кафе....сите знаат дека етака,,и роднини и пријатели....