Мајка ми ме родила на 18. Уште на 37-38 има влезено во менопауза Баба ми уште порано. За прабаба ми немам инфо. Е вујна ми до 60г имала циклус. Можда нејзиниот ген го имам. #божемили# #штосенеќепрочитам#
Човек шо ти, ко свекрвата на членката звучиш. Сите на оваа или на онаа возраст сме поминале со мајка во менопауза. Јас 10 години имав, ама немам доживотна траума од климаксот на мајка ми. Господеее
Не секогаш. Мојов не и дава на мајка му збор да каже, ја сече на секој муабет и се дере уплав има од него. Не дека женава е лоша, не дека ми згрешила нешто, ама едноставно е досадна. Дури и кога јас внесена ја слушам што збори, чисто од култура, мм и се развикува да не ме замара
Јас добив на 10 години.Четврто одделение, уште си играв со топка у маало, ама ете ми дојде рано. Имам 40 и уште добивам некој ден порано, еднаш ме прерипа цел месец откако прележав ковид, докторката рече не би требало да е од тоа, ама кој знае. Без никаква терапија си доаѓа редовно, ми се поместила овулацијата, може и зошто тој период бев преслаба, не јадев како треба, стрес на работа, едно друго, се собрало. Сега пак си добивам нормално. За климакс, има начин како да се предвиди, регулира и терапија која спречува нервози, потења и ред други појави, па според тоа не значи дека мајката ќе биде неподнослива за средината. Во ПМС сум Бог да чува, од нервоза до буквална агресија, до тага, па до енормна параноја. Ете, до толку. Може климактериумот ќе ме смири, кој знае. Муабетот е дека свекрвата не смеела ни да помисли ваков коментар да даде ни под точка разно и заслужува соодветен одговор. Мене да ми излаеше вакво нешто, за инат ќе и речев не сакам да раѓам и ќе ја оставев со прашалници да и кружат околу главата.
И мојов е ист, не со дерење, ама само да види дека си зборува некои небитни ствари и се вмешува во муабет и ја пресекува жената. Таа исто си е досадна, со тупаџиски муабети и со затуцани сфаќања. Јас не ни стигам да се изнервирам од нејзе, уште помалце да и кажувам нешто, овој само ја прекорува, што некогаш и криво ми паѓа.
Се слагам потполно. Неколку пати сум го кажала тоа, ама ете не може да ја слуша со муабети комшиката ова, колешката она.. он е тип на човек што не сака никакво оговарање, а она е баш обратното
Зависи мајката што човек е. Ако е мајка, не е совршена. Исто и јас сум мајка, ама ако си го бутам носот кај што не ми е место, незначи дека син ми нема право утреден некогаш да ми се дере. Или ако сме мајки сме безгрешни светици?
што е Господ никој не е, се во свое време. Луѓе дури по 15 години брак им се посреќило за деца. Ама сакам да кажам од нивна страна е многу глупаво тоа што ти го рекле. Мајка ми на 40 години ја роди сестра ми па што? Се во свое време. Знам дека како што болат зборови ништо не боли но терај си животот и од настрана што е како е нека ме те допира
Факт е дека ако таткото е ќелав, синот да стане ќелав кога ќе дојде на возраста на татко му е многу голема.. Ние во фамилија имаме генетски предиспозиции рано да ни белее косата, јас веќе на 16 години имав многу бели влакна, братучет ми на 30 години веќе повеќе од пола од косата му е бела, татко ми исто има скроз бела коса, од 40 години му е таква, имаше и табела една, да пресметаш според генетските предиспозиции за болести на твоето потесно семејство, влегување во менопауза, после причина за смрт на членови од потесното семејство кој што се базираат на болести кој се генетски особено на женските членови во твоето потесно семејство, да пресметаш до каде си со животот, според мојте пресметки кои се заосноваат на таа табела, многу е веројатно до мојте 50 години веќе да имам поминато повеќе од половина од животот иако секако ова треба да се земе со доза на резерва..
Јас во втора бременост имав мртов плод и мораше да поминам низ страшно болна киретажа.Решив од здравствен аспект да направам пауза од една година и веднаш потоа останав бремена. Е тогаш не знам што и стана на мојата ,баш е тип што не коментира , а кога и кажав ми рече ,баш се токмев да ти речам.Толку ме заболе во моментот ,што и по толку години паметам.Си помислив а што да не можев,како се дрзнуваат да чачкаат по приватност,не само свекрви воопшто сите.
Не ке да е само оговарањето. Ако не му се слуша може да каже да нњ збори пред него. Не да се дере на жена која го израснала.
Ај само за косата ќе ти одговорам. Мојата коса е бела уште од средна школа. Мајка ми и татко ми се уште се со тук таму по некое бело влакно. Потесната ми фамилија се здрави како дрен, јас имам 101 дијагноза. Ќе си помислам дека сум или посвоена или заменета у болница