Па го прочитав, сигурно има и други причини во животот што водат до тоа да и се дере. Што ако неколку пати до сега рекол дека несака пред него оговарање (на пример)? И мојов и се дере на мајка му и потполно е во право, го израснала да, со убаво и се кажани многу работи, ама она си тера по свое и тоа води до дерење.
Може да ја напушти собата. Каков е тој човек што се дере на мајка за глупости? Како може да оправдувате такво однесување? И мене мајка ми знае да ме изнервира ама си излегувам од соба и чао.
Секој е различен карактер и пак ќе речам ако е мајка не е светица. Еве ти пример: Иде свеки дома кај нас, малиот збеснува, мм му збори неколку пати да прекине, дете упорно. Станува го крева, го носи во детска, му пали светло и му вика ќе седиш овде под казна да размислиш што си направил и ќе почнеш да слушаш кога ти зборам. Малиов почнува да плаче оваа трча да го земела, а јас не мрдам, јсс кога карам мм ќути и обратно. Он и вика несмееш да го земеш, остај го, женава почнува да обесуе како се воспитува дете, плачело, греота бла бла, така не се воспитува, мм и вика ај симни си се доле, не се мешај, оваа упорна. И? Нема да се дереш? За некого ова се глупости, за некого не.
Ама Бубче,членката со која започна дискусијата не мислеше на генетика,иако спомна менопауза.Поентата беше дека зборовите болат ,кога ти знаеш за генетика и со години се бориш да добиеш дете ,а некој се наоѓа да ти продава памет.Колку само немаат осет луѓево,јас стварно не знам.
Не се глупости ова што го прави свекрва ти со мешањето, нити пак е светица, али со дерење пак ништо не можеш да постигнеш, освен што повеќе ќе се изнервираш себеси и сите наоколу. Јас ко дете слушав дерење и не можам да кажам дека ми било пријатно, туку знаев дека дома работите не биле во ред, ствара страв и несигурност во детето пример. Може да и каже фино лепо да се симне доле или да си замине жената.
Ја сече на секој збор. Уплав има. Се развикува да не ја замара. Мене ова ми е олицетворие на недорасната личност. Маж а во памет тинејџер. Две различни работи споредуваш. Прочитај горе.
Па јас не сум го воспитала така, требало на време да си го воспита Шала на страна, не е дека и се дере онака буквално, си подвикнува кога е досадна
Мајка ми е 50 сеуште не е во менопауза. Многу глуп муабет стварно. Не пишувајте такви глупости, има емотивни жени тука и такви што не можат да забременат со години. Не помислувате ли како ќе влијае на нив вашето мислење? Ај малку осет
Лелеее значи ние жениве унапред цел живот да го планираме, да почнеме уште на 20 години да влагаме у бракови и да планираме и раѓаме деца за да не се поклопат тинејџерство и климакс. Еве мајка ми на 18 ме родила, па не можам да ги препишам траумите што ги преживував до скоро на менопауза. И не сфаќам како можат луѓе од страна да се дрзнуваат да прашаат таква работа, меѓу мене и маж ми е дали сакаме и кога сакаме деца да имаме. Знам еден пример, блиска роднина со маж и не сакаат деца па свекрвата и закажуваше прегледи кај специјалисти за плодност мислејќи дека имаат таков проблем... Притисок ми се качува само што мислам на темава
Една познаничка на свекрва и за ваков муабет и врати "што си запнала со тоа дека е проблемот кај мене, син ти си прашала дали е способен да го направи" После не ја прашуваа
Добро де вие се напнавте за џабе, и ништо толку лошо не кажа членката, само сподели искуство од нејзина фамилија за менопауза. Не мора одма во транс паѓање, сите знаеме дека на жената и отчукува биолошкиот часовник и тоа не е нешто ново, исклучоци секогаш и за се има. На интернет ако отвориме има жени и на 70 што родиле, ама таа е сепак една во милион, а тоа не ја исклучува можноста дека некоја во менопауза може да влезе и на 30-5-6 години.
Вчера завчера имавме слична дискусија на темата Денови после овулација, за тоа колку ги напнуват свекрвите жените за плодноста. Ако не се лажам @elenaklasik сподели слична таква ситуација со свекрвата со мизерни осуди кон жените. Не станува збор за дали менопауза ќе и дојде на 27,37 или 47. Станува збор за мешање во туѓ живот. И тоа нема да го чуете само од свекрвата ама и од мајка ми слушав " таа и таа на 34 климакс ја фатил, ти што чекаш". Е океј без тој екстремно глуп коментар "машкото и на 40 ќе може". @SunnyGirl2 Или објасни и на таа коза што е проблемот или уште подобро, нека и објасни убав на мајка. Јас кога ме напнуваа за деца им велев дека собирам пари за ин витро, ако може 2000€ да ми дадат, и тогаш сите ќутат. A глупа требаше да им ги соберам парите кога толку знаат. Или им викав млада сум, замрзнав матични клетки на 40 ќе ги искористам, ама таа твојата проста и не знам дали знае што е тоа.
Месеците после свадбата, сеуште бевме на ист спрат. Јас имам навика при секое поголемо пазарување да си купувам по две пакувања влошки, да си имам резерва. Свекрва ми гледа што пазарувам, на ист спрат колку и да сакаш не можеш да се скриеш, неколку пати ми рече - ајде можеби сега нема да ти требаат, наредниот месец пак. Додека не ми пукна филмот, па директно и кажав дека претерува. После две години, од околу ме изврте како некоја пријателка и кажувала дека не и текнувало како мајка да и рече на ќерката да оди да се провери бидејќи они правеле свадба пред нас и уште немале деца И еве јас уште се мислам што сакаше да каже авторот со приказнава Можеби сакаше да ми каже дека и на неа не и текнува да му рече на синот да се испита... Или пак, дека на мајка ми не и текнува да ми рече да се проверам... Не си ставајте многу на срце што рекле и што пререкле, научете во едното да влегува од другото да излегува. Иако е тешко, знам. И директно кажувајте дека тоа не е нивна работа. Покажете заби. А сум ви кажала кога ми кажуваше лек за запек, 40 смокви во маслиново масло? А мм таков лабав и вика пробај па ако делува кажи. Така едно смешно ми дојде, ко јас од марс да сум падната А можеби леков и лечи запек, од кај да знам...
Баба ми така и рекла на мајка ми:сите снаи во комшии што дојдоа после тебе родија само ти не. Татко ми слушнал и и рекол зошто неа и збораш, до мене е проблемот и баба ми наведнала глава. Ова уште пред 45 год. сега божем современи свекрвите тие бетер заостанати и пецкароши.
Има некој што на 20 и некоја година мака мачи со стерилитет, има што на 40 години без проблем забременуваат. Така да твоето мислење дека не и е далеку менопауза не држи место. Се е индивидуално. Ама пак тоа не и дава право на свеки да коментира. Прашањето дали, колку и кога сакаат деца е тема на разговор меѓу партнерите.
Можеби, а можеби и не баш. Јас си спиев на ова уше зошто мајка ми дури на 57-8 изгуби циклус Баба ми не знам кога влегла во менопауза, ама знам дека ја родила мајка ми (како најмало дете) на 37-8. Ама, јас еве веќе подолго време се обидувам за бебенце. Резервите се тие што определуваат кога ќе се влезе во менопауза. Моите не се лоши, ама се далеку од тие на мајка ми. Баш пред некое време ја прашував за ова. Девојчето на 27 години најверојатно е мн далеку од менопауза. Ама генерално ако правиме муабет добро е матичните гинеколози да им обртат внимание за ова на младите девојчиња ако видат потенцијален проблем. А, искусен доктор може да види ако има некој проблем. А, како би реагирала на коментарот од свекрвата не знам. Многу е низок и прост, а среќа и нема врска со реалноста. Така да стварно не знам дали заслужува коментар, ама јас веројатно би го дала. Исто така точно е тоа дека мажите не се толку подложни на времето, ама точно е и дека во денешно време многу од нив и на 30 имаат проблеми со спермограмот.