Форумџика на годината

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    73.123
    Пол:
    Женски
    Не збориме за нормален муабет, збориме за навреди и закачки што болат. За тоа треба да интервенира, а не да ќути.
     
    На Anyshka, poppie, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  2. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Нормално дека не треба да ќути. Да ме навреди мајка му и да и преќути, нека си се врати одма кај неа!
     
    На poppie, crazylady, Luna91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    3.980
    Пол:
    Женски
    Тој лек со смокви го јадеме сите во вонтелесно, за прочистување на цел организам, знае по нешто жената.
     
    На MarijaMi90, Ani93, Orchidea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. SecretName1

    SecretName1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Здраво. Не знаев каде да побарам совет, па мислам дека ова е соодветна тема.
    Не знам дали јас преувеличувам или стварно е така, ама дали е нормално фамилијарен човек, со дете и жена, да разговара со мајка си по 4,5 пати во ден. Башка и со татко му. Свекрвата па ако не и се јави, или не го добие него, веднаш се јавува кај мене. И веднаш со прашања, каде сте, ви вртев не ве добив.. Значи луѓето немаат осет воопшто. Наутро се јавуваат обавезно, ако не им се јави сопругов, ако сме излезени со друштво пак ѕвонат и немаат осет ако им кажеш излезени сме да прекинат. По сто пати во ден исти разговори се водат и веќе се осеќам како да живеам со нив, постојано се знаат, не можеш нешто да кажеш, веднаш се прашуваат. Знам дека сопругов така им дозволи, па ако им дадеш прст, ти ја бараат цела рака. Секогаш знаат кој каде бил, со кого, што правел, што купил, што јадел.. значи се.. Ако му речам нешто на сопругот, се лути како демек ајде воопшто да не му се јавувам бла бла... Свекрвата и мене ми досаѓаше секој божји ден и не знаев што муабет да и правам, кога виде не ја барам почна малку да приговара дека не сум ја барала, како мислиш тоа ми е обврска мене. Некако во последно време ја нема мн. Ама ова со сопругов стварно ме иритира. Имало ситуации кај што ми треба нешто помош, или дете плаче или било што, а тој си разговара на телефон и тоа мн ме нервира. Барам совет како да го убедам сопругов дека не е во ред тоа, без да се лути. Ако има начин :D
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    4.609
    Пол:
    Женски
    Колку време живеете одделено од нив? Ако е скоро, нормално е после ќе намалат.

    Свекрвата ко и сите стари луѓе, досадно и е и си бара муабет. И тука не е ама ич виновна. Маж ти е тој што треба да и каже, слушај имам работа јавувај ни се поретко.

    Направи муабет со него, нека се договори со мајка му да се јавува 2 пати дневно само на пример (мада и тоа е многу). Јас сум многу толерантна личност ама таква ситуација да ми е дома ќе полудам. Јас полудував мајка ми на брат ми кога му се јавуваше и и се дерев, викам жено срамота е.

    Лесно ми е вака од страна да пишувам смири се, прави муабет со него, но да сум во таква ситуација баш ќе сум гадна. Ќе го заебавам (дури и пред пријатели) дека мамичка му се јавува секој саат. И ќе им кажам дека се што зборат е пренесено на мамичка. Па и дома ќе го пукнам ако и каже јадевме бурек, ќе кажам јогуртот го заборави.
     
    На Anyshka, crazylady, Ivan4e04 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.263
    Допаѓања:
    18.128
    Јас стварно не знам што толку има да се збори секој ден по 100 пати.
    Возрасен со 300 обврски, кака кики со мајка му по цел ден. Мене ова ич не ми е нормално.
    Стариве не ретко се без осет, ама на него како не му е мака не знам.
    Не знам како е најдобро да те посветувам, ама за себе знам декс пердуви би летале.
    Јас да шизнувам со деца обврски, он на телефон? Крила би му добил телефонот одма.
     
    На Anyshka, warrior, Ivan4e04 и 17 други им се допаѓа ова.
  7. SecretName1

    SecretName1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Во врска живеевме 5 години и 3 и нешто во брак. Порано не беше ваков, 2 пати макс се јавуваше. Не знам шо му стана стварно. Си викам дека сега поради коронава одиме многу ретко, еднаш на 3 месеци, а порано скоро секоја или преку една недела. Во друг град живеат. А и еднаш во ден со камера се слушаат, тоа му е изговор да го виделе внукот. И јас имам родители ама 2 пати ако се слушнам макс. И не секој ден со камерите. Знам дека проблемот е во него. Баш ќе пробам како што ми викаш.
     
    На crazylady и kikikikirika им се допаѓа ова.
  8. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Имам 33години и во брак сум 5 години и сеуште немаме деца,но не зашто не можеме туку едноставно не сакавме(никогаш не сме работеле на случајот за бебе до сега) имавме други планови за животот како заминување во странство, средување таму, шетање низ различни земји...едноставно имаме различна концепција за тоа како треба да ни се одвива животот откако ќе стапиме во брак и тоа е тоа...уште една година не планирам бременост а за понатака како ке даде Господ така...Немам никакви болести ни пак некогаш сум имала некаков гинеколошки проблем( освен кандида понекогаш ако воопшто и се рачуна за некаков проблем, не постои некој што ја немал).Во однос на менопауза мајка ми престана да добива на точно 50години а баба ми покасно на 50 и нешто...така да по некоја логика би требало да немам гајле за деца до кај 50че хаха..Свеќи моја знаеше на почетокот од бракот да спомне ајде дете ама кога и кажавме дека ќе заминуваме странство и не планираме да имаме во наредниве години заќуте и веќе не кажува ништо...( најверојатно не знае колку е тоа долго "Наредниве" хаха...Зборот ми е дека секој си го живее различно животот и со своја судбина,но тука во Македонија менталитетот е таков да ако одма не склепаш бебе уште во првата година од бракот вие како пар имате проблем и патите за бебе што врска немаше за нас(не се објаснував дека не е така),но баш ние бевте тие што уживаа и си го живеат животот по свој терк далеку во преубава земја со пари.А тие блиски луѓе што по некои постапки ко да приметив дека не сожалуваат зашто сеуште немаме дете,баш тие повеќето од нив не сите некако ко да се натегаа со дете ко да не уживаа вистински со тоа што им се случува а тоа е баш поради стигмата дека дете мора веднаш уште во првата година од бракот без разлика како ти е и дали сакаш,ама старите мора да се задоволат со внуче и снаата да се покаже дека е здрава и може да роди,а после тоа што си копаат очи не е битно и што љубоморат на другите што одлучиле поразлично да го почнат бракот и да им посочуваат на другите со некои постапки дека грешат што сеуште немаат деца.Да се разбереме и моето е правилно (што сум одлучила да немам сеуште деца и после 5 години брак ) и тие што сакаат да имаат одма деца..Се е супер се додека си среќен со својот избор и сметаш дека си на правилен пат, а не под притисок дека така мора...Е не мора...и сега дали сум нормална што сеуште не правам дете а сум 5 години во брак? Дали сум лоша снаа?
     
    Последна измена: 13 јануари 2022
    На Anyshka, crazylady, Ivan4e04 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Estella

    Estella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Женски
    Скроз се слагам . И морам да кажам кога ќе ја отворам темава чат пат гледам колку невоспитани суштества постојат.
    А зошто да се дере? Не знае ли да разговара?
     
  10. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    3.980
    Пол:
    Женски
    Не си лоша снаа, ама за вас можете да си пробате.
     
  11. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Секако дека не сум лоша снаа, не живеам за другите да ги задоволам, а за дете не сакаме сеуште...тоа е тоа
     
    Последна измена: 13 јануари 2022
    На crazylady и bertold им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Се работи за нејзин инат. Не го гледа детето таа и изводи бесни глисти,не може да ве контролира кај сте,што сте.
    Да гледа што правите дека не сте заедно. Убаво ти кажа членката.
     
    На crazylady и Осе им се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.649
    Допаѓања:
    40.151
    Пол:
    Женски
    Не е нормално. Ајде, да е по работа нешто, па да разбере човек ама ова е лигушење.
    И да ти кажам, проблемот е до маж ти. Зелен е он уште
     
    На crazylady и tina2018 им се допаѓа ова.
  14. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.714
    Пол:
    Женски
    Ќе ја прашам може син ти е неспособен да го направи чим се мачи толку време, може не е до мене само.
     
    На SunnyGirl2, bertold и DoubleK им се допаѓа ова.
  15. SecretName1

    SecretName1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам така. Ваљда ако му падне незгодно пред други, ќе се освести. Не знам што да кажам веќе. Како должен се осеќа дека мора да му се јави. Ако се јави кај едниот, мора и кај др. Инаку одма опомена ќе добие:puke: Мене мн веќе почна да ми смета, се осеќам како дома да ми се шетаат. 24 часа под надзор сум. Ако кажеш дека ќе одиш негде, од кога ќе се вратиш на наредно слушање, прашува што си купил. Претеризам.. Се надевам дека ќе се смени :(
     
    На Anyshka, crazylady, bertold и 3 други им се допаѓа ова.
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.711
    Пол:
    Женски
    Жените не се крави за расплод па да и се брое кога деца кога менопауза во денешно време да му се на некој мешаш по тоа прашање си екстремно необразуван и неписмен.
     
    На Anyshka, crazylady, MeowMeow и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.833
    Пол:
    Женски
    Шо се чудите за стариве, мене патронажна сестра ми се јави да ме праша дали одам редовно на гинеколошки прегледи и ми рече "ајде сега ние рачунаме да родиш второ, веќе потпораснато е првото, таман ќе си се разлика". Жената не ја ни знам која е од сестрите, ама битно она мене ми рачуна за раѓање второ. Македонија вечна
     
    На Anyshka, Cosmic Girl, warrior и 19 други им се допаѓа ова.
  18. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    9.047
    Пол:
    Женски
    Многумина си земаат за право да се мешаат во интимни работи. Во една ситуација на моја познаничка (детето тогаш и беше 3-4 години) и вели еден човек кај што беа појдени во институција за да завршат некоја работа, ајде што чекате за второ, а не ја ни знае лично. А на женава сопругот тогаш брзо и почина.
     
    На Anyshka, Cosmic Girl, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    14.138
    Пол:
    Женски
    Мене една баба сакав да седнам на автобуска ама дека клупите на автобуските во Скопје се железни и ладни се зимно време, и само за да седнам туку викна НЕМОЈЈ, не седнувај, јас се свртев накај неа, и она ми вика немој да седнуваш ладно е многу, ќе си направиш проблем, деца треба да раѓаш кај и да е.. Само ја погледнав, и си отидов позади автобуската да си застанам за да не продолжам со муабетот бидејќи ми беше сувишно било што да и вратам..
     
    На Cosmic Girl, Mnik и Ljubova им се допаѓа ова.
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    55.551
    Пол:
    Женски
    Ќе ве видам вас кога ќе ви пораснат синовите и ќе се оженат, дали нема да сакате да се слушнете со нив.
    Како си ги воспитувате мажињата послушно, алал да ви е.
    Вие со мама може да се слушате 5 пати на ден, ама сопругот со неговата мајка не смее:drunk:
     
    На hermosa, minne992, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.